Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џиакун, изјави дека Пекинг ја смета американската блокада на иранските пристаништа за „опасна и неодговорна“. Џиакун рече дека и покрај привременото примирје договорено од релевантните страни, САД го зголемиле военото распоредување и вовеле насочена блокада, потег што би можел да го влоши конфликтот, да го поткопа кревкото примирје и дополнително да ја загрози безбедноста на ...
Либанскиот министер за култура, Гасан Саламех, денес изјави дека претстојните разговори меѓу израелскиот и либанскиот амбасадор во Вашингтон се „прелиминарен состанок“ со цел запирање на израелските напади врз Либан. „Зборуваме за подготвителен состанок на амбасадорско ниво за да се постигне пауза во воените активности, ако не и прекин на огнот“, изјави тој за Ал Џезира. Саламех рече дека двете страни ќе можат да разговараат за можни ...
Кога Америка и Израел влегоа во војна на 28 февруари, се очекуваше Иран да го блокира бродскиот сообраќај во Ормутскиот теснец. Малкумина можеа да предвидат дека, помалку од два месеци подоцна, Доналд Трамп ќе воведе сопствена блокада, насочена кон сообраќајот кон и од иранските пристаништа и крајбрежните области, пишува „Економист“. Блокадата стапи на сила на 13 април. Трамп се надева дека економското задушување би можело да го принуди ...
Тековниот застој меѓу Иран и САД, заедно со неодамнешните американско-ирански разговори во Исламабад, јасно покажаа дека Вашингтон сè уште не разбрал дека јазикот на сила е неефикасен против Техеран, според рускиот амбасадор во Иран, Алексеј Дедов. – Според мене, САД сè уште не разбираат дека употребата на сила не дава резултати со Иран. Неодамнешните разговори во Исламабад може да се гледаат низ таа призма, изјави Дедов за новинската ...
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, денес, за време на телефонскиот разговор со неговиот француски колега Жан-Ноел Бароу, изјави дека неуспехот да се постигне договор во преговорите меѓу Иран и САД, со посредство на Пакистан, се должи на прекумерни барања и промени во позициите на Вашингтон. – Исламската Република Иран, и покрај апсолутната недоверба кон американската страна, влезе во преговорите со одговорен пристап и ...
Скопскиот Кривичен суд излезе со информации во врска со предметите поврзани со поранешниот премиер Никола Груевски. Од Кривичен соопштуваат дека против осудениот Груевски во моментов активни се две потерници за извршување на санкции. По пресуди познати како: -„Насилство во Центар“, со пресуда К.бр. 1904/16, за која е оформен предмет за извршување на затворска казна КУИКП 1094/21, во траење од 1 година и 6 месеци, чие извршување застарува на ...
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денес изјави дека силата на Иран произлегува од неговата „цивилизациска длабочина и духовна суштина“ и дека нападите врз земјата низ историјата на крајот ги довеле агресорите до каење. – За Иранците, татковината е нешто многу повеќе од само приврзаност кон земјата и почвата; тоа е наследство толку старо колку и цивилизацијата што се протега илјадници години наназад, ...
Најмалку пет лица, меѓу кои и тројца пожарникари, беа повредени кога избувна пожар во станбена зграда во Тирана, во близина на болницата „Мајка Тереза“. Засега не е познато како избувнал пожарот, кој брзо се проширил на целата зграда, а во операцијата за гаснење се вклучени и хеликоптери, кои летаат над областа и го гаснат пожарот од воздух. Video of a heavy fire erupting in apartment building in Tirana, Albania pic.twitter.com/H72IKMg4CH ...
Според соопштението на Централната команда на САД (CENTCOM), повеќе од 10.000 американски морнари, маринци и пилоти учествуваат во поморската блокада на Ормутскиот теснец, поддржани од повеќе од десетина воени бродови и десетици авиони. „Повеќе од 10.000 американски морнари, маринци и пилоти, заедно со повеќе од 12 воени бродови и стотина авиони, спроведуваат мисија за блокирање на бродовите што влегуваат и излегуваат од иранските ...
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Анкара ја разгледува можноста за воена интервенција против Израел, вклучително и испраќање војници, објави „Џерусалим пост“. – Исто како што влеговме во Карабах, исто како што влеговме во Либија, истото ќе го сториме и со нив, рече Ердоган, додавајќи дека Турција може да дејствува за да го спречи она што го нарече протерување на Палестинците од нивните територии. Тој тврдеше дека Израел, и ...
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон нагласи дека Иран останува цврсто посветен на дипломатијата, регионалната стабилност и заштитата на своите национални права во контекст на она што го нарече „воена агресија“ меѓу САД и Израел. Пезешкијан нагласи дека Иран е подготвен да продолжи со преговорите исклучиво во рамките на меѓународните закони и прописи, со цел заштита на ...
Стотици летови се откажани во Германија поради штрајкот на пилотите на авиокомпанијата „Луфтханза“, свикан поради несогласувањата со раководството на компанијата околу висината на платите и пензиската шема. Од почетокот на штрајкот во понеделникот по полноќ досега се откажани повеќе од 1.100 полетувања и слетувања на аеродромот во Франкфурт, кој е главен оперативен центар на „Луфтханза“ и најголем аеродром во земјата. Во Минхен се откажани ...
За Никола Груевски досега е поднесено едно барање за екстрадиција на 20.11.2018 година, како и дополнување на барањето во јуни 2019 година. Екстрадицијата беше побарана за сите предмети за кои постоеја сознанија дека се водат постапки пред македонските правосудни органи, односно за сите случаи за кои е распишана потерница, велат од Министерството за правда. „Република Унгарија го одби барањето за екстрадиција на 5.8.2019 година, со ...
Припадници на Министерството за внатрешни работи во Нови Сад, во соработка со Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, запленија шест килограми кокаин и го уапсија Д. В. (40) од Темерин. Возачот е осомничен за кривично дело неовластено производство и дистрибуција на наркотични дроги, соопшти денес Полициската управа во Нови Сад. По претресот на автомобилот на осомничениот, полицијата пронашла кокаин во торба на задното седиште. Припадници ...
Македонското рударство се соочува со сериозни предизвици, меѓу кои и континуираното намалување на бројот на рудари, додека глобално расте побарувачката за критични минерали. Во услови кога светот инвестира во нови рудници и капацитети за преработка со цел да ја намали зависноста од трети земји, особено од Кина и Русија, се поставува прашањето дали Македонија ќе успее да се вклучи во овие процеси. САД и Европската Унија веќе преземаат ...
Судот во Кавадарци определи по 30 дена притвор за двајцата грабнувачи од демиркаписко Корешница, потврдија попладнево од кавадаречкиот суд. Оттаму појаснија дека по предлог на Обвинителството, постапувал дежурен судија по претходна постапка и определил притвор од по 30 дена за грабнување. Претходно, од Обвинителството информираа дека побаран е притвор за двајца од Корешница, осомничени за грабнување. Оттаму појаснија дека Основното јавно ...
Вооружениот напаѓач Омер Кет објавуви заканувачки пораки на социјалните мрежи неколку дена пред да го изврши ужасното злосторство во средно училиште во Турција. Öğrenciler okuldan tahliye edilirken, olay yerine çok sayıda sağlık ve özel harekat polisi sevk edildi.pic.twitter.com/9U2IKEizwv — NewsByStewie (@Yusufofisil) April 14, 2026 Омер Кет (19), кој влезе во средното стручно и техничко училиште „Ахмет Којунџу“ во населбата Сиверек во ...
Полицаец во ПС ОН Струмица К.Ш. е осомничен за кривично дело „злоупотреба на службена должност и овластување“ и од судија за претходна постапка му се одредени мерки на претпазливост. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава по брза постапка против К.Ш., ќе поднесе и предлог за поведување ...
Податоците за следење на бродовите анализирани од BBC Verify покажуваат дека четири бродови поврзани со Иран поминале низ Ормутскиот теснец и покрај американската поморска блокада. Два од бродовите претходно застанале во иранските пристаништа, според MarineTraffic. Товарниот брод Christianna поминал низ теснецот во понеделник откако започнала блокадата, откако претходно се закотвил во иранското пристаниште Бандар Имам Хомеини. Rich Starry, ...
Кина се закани со „контрамерки“ ако САД „продолжат да ги зголемуваат тарифите“, за што Пекинг вели дека се базира на лажни медиумски извештаи за наводна кинеска воена помош за Иран. „Медиумските извештаи што ја обвинуваат Кина за обезбедување воена помош за Иран се целосно измислени“, изјави портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи на платформата X. „Доколку САД продолжат да ги зголемуваат тарифите врз основа на овие ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,73% во однос на одлуката од 6.4.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,703%, кај дизелот за ...
Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) годинава првпат со свој самостоен штанд ја претставува современата македонска литература за деца на престижниот Саем на книги за деца во Болоња, најзначајната меѓународна манифестација посветена на книжевноста за деца, илустрацијата и издаваштвото, која се одржува од 13 до 16 април. -Со внимателно осмислен настап, МАИ преку присутните изданија и специјално подготвените промотивни материјали ќе ја ...
Истражувачкиот тим на Binance објави нова пазарна анализа која покажува дека крипто-пазарот останал релативно отпорен во март и покрај тоа што геополитичките тензии меѓу САД и Иран предизвикаа нарушувања во глобалната трговија и енергетските пазари. Иако нестабилноста кај традиционалните средства беше зголемена, вкупната пазарна капитализација на криптовалутите сепак порасна за 1,8% и достигна 2,39 трилиони долари, што укажува дека ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема очекувања во врска со можната екстрадиција на Никола Груевски во Македонија, но нагласи дека доколку тој се појави во земјата, ќе биде уапсен и ќе ја издржува правосилната затворска казна. Потсети дека институциите се должни да ги спроведуваат судските одлуки. Во однос на екстрадицијата, Мицкоски упати дека тоа е прашање за унгарската влада и македонското Министерство за правда, бидејќи Унгарија ...
По две недели, на 28 април, на единиците во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, од 12 до 14 часот, со тајно гласање, ќе се избира ректор на УКИМ за мандатниот период 16 септември 2026 – 15 септември 2029 година. Во трка се двајца кандидати – актуелната ректорка, проф. д-р Биљана Ангелова, која е редовен професор на Економскиот институт во Скопје, и проф. д-р Дарко Данев, редовен професор на Машинскиот факултет во Скопје. ...
Побаран е притвор за двајца од демиркапиското село Корешница осомничени за грабнување, информираа денеска од Обвинителството. Оттаму појаснија дека Основното јавно обвинителство Кавадарци донело наредба за спроведување истражна постапка против две лица од селото Корешница, општина Демир Капија, за кои постоело основано сомнение дека биле соизвршители во кривично дело – грабнување согласно член 141 став 2 во врска со став 1 и во врска со член ...
Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денеска пред судот рече дека ја разбира содржината и не го признава делото и не се чувствува виновна за кривичното дело за кое се товари – одавање службена тајна и компјутерски фалсификат. – Сметам дека не сум сторила ништо за што сум обвинета – изјави Димитровска. Димитровска при произнесувањето пред судот рече дека сега е вработена во ...
Новоименуваниот претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) Ацо Ристов ја презеде функцијата од Лирим Сулејмани, заменик претседател на РКЕ. На средбата за примопредавање на функцијата членовите на комисијата го информираа новоименуваниот претседател Ристов за тековните активности во секторите за кои што е надлежна РКЕ, а кои се поврзани со ...
Тинејџер отворил оган во училиште, ранувајќи најмалку 16 лица, вклучувајќи ученици и наставници, во југоисточната турска покраина Шанлиурфи, пред да се самоубие, изјави гувернерот Хасан Шилдак, објавија новинските агенции. Поранешниот ученик, 19, отворил оган со пушка кон учениците и наставниците во средното училиште. Повредените биле итно префрлени во болница во округот Сиверек, рече Шилдак. Дванаесет од повредените се уште се во болница. ...
Најмалку 18 лица се повредени во пукање што се случило во училиште во Турција, откако ученик отворил оган со ловџиска пушка. #SONDAKİKA | Şanlıurfa'nın Siverek ilçesindeki Ahmet Koyuncu Mesleki ve Teknik Anadolu Lisesi'nde silah sesleri duyuldu! 🚨 Meydana gelen olayda saldırıyı bir öğrencinin gerçekleştirdiği öne sürüldü https://t.co/hRLBsHp6qW pic.twitter.com/FmfdxpBdP6 — Halk TV (@halktvcomtr) April 14, 2026 Инцидентот се случил во ...