Активни се пет пожари од вкупно 37 што се регистрирани вчера во државава, информира Центрот за управување со кризи (ЦУК). Според ЦУК, активни се пожарите во: Општина Македонски Брод, високо над с.Белица, во месноста „Аргулица“ под Солунска глава на непристапен терен (каде што гори борова шума); Општина Штип, кај с.Селце на планинскиот дел Серта од Конечка Планина (нискостеблеста шума); Општина Чашка, месност „Горна и Долна Бабина Дупка“ ...

Лозари денеска го блокираа патот Кавадарци – Неготино, кај месноста „Ило Виларов”, барајќи подобри услови за лозаропроизводство. Тие рекоа дека преку мирен протест бараат да се слушне нивниот глас и да ја изразат својата разочараност, од, како што рекоа, лошата гроздоберска сезона. Се пропуштаат итните случаеви. Полицијата е присутна на лице место, а сите што тргнале во овој дел на државата, се пренасочуваат да се движат преку Росоман. – ...

Во август 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски на месечно ниво за 0,6 проценти, а на годишно ниво за 1,2 отсто. Според Државниот завод за статистика, во август 2023, во споредба со јули 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за 1,2 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа ...

Цените за воден надомест за наводнување на земјоделските површини и култури остануваат исти и непроменети во однос на минатогодишните цени и цените од претходните години, информираа денеска од АД Водостопанство на РСМ Скопје, Подружница ,,Тиквеш” Кавадарци. – Зголемување на цените за воден надомест за наводнување на земјоделските култури ќе нема. Водокорисниците кои користеле вода за наводнување по гравитационен пат и од пумпните станици, за ...

На тертиторијата на државава вчера имало вкупно 33 пожари. Активни од вчерашните се уште седум, а утрово има известување за четири нови пожари, два во Општина Ѓорче Петров и по еден во општините Петровец и Шуто Oризари, каде што се запалени отпадоци, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). По дел од пожарите што загрозуваа села, како што се наведува во соопштението, се дејствувало и со два противпожарни авион на ДЗС и со еден ...

Регулативата за изградба на фотоволтаични централи предвидува целосно почитување на регулативата за пренамена на земјоделско земјиште во градежно. Министерството за земјоделство (МЗШВ) внимава земјоделското земјиште да биде за производство на храна, а она од полоша категорија на кое доминантно не се произведува храна, да се користи за изградба на фотоволтаични централи, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски. – Добар дел од постојните ...

ЕУРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1) од полноќ поевтинуват за три, а бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за 2,50 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 83 денари, на Екстра лесното масло за домаќинство 82, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 81, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 83,00 денари за литар. За 0,886 денари се намалува и цената на ...

За два сантиметра е намелен водостојот на Дојранското, а за еден на Преспанското Езеро, додека нивото на Охридското Езеро е исто како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Со тоа водостојот на Преспанското Езеро е на 14 сантиметри под апсолутно појавениот минимум и е за 1,9 метри понизок од просекот за октомври. Пониско од просечното и тоа за шест сантиметри е и нивото на ...

Незадоволни лозари ќе протестираат в среда на регионалниот пат Неготино – Кавадарци, информираа денеска од Иницијативниот одбор што го организира протестот кај месноста „Ило Виларов“. – Протестот ќе започне во десет часот, веќе пријавивме и во полиција. Очекуваме присуство на лозари, незадоволни од откупните цени на грозјето, соопштија од Иницијативниот одбор на револтираните лозаропроизводители. Оттаму нагласија дека бараат соодветно ...

Трошоците на животот во септември годинава, во однос на септември лани, бележат зголемување од 6.6 %, а цените на мало од 4.7 %. Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците на животот во септември 2023 година, во споредба со претходниот месец, се намалиле за 0.1%, а цените на мало за 1.0%. Намалување на индексите на трошоците на животот во септември 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и ...

Состојбата со пожарите на отворен простор е исклучително алармантна. Само во текот на вчерашниот ден имаше 60 пожари, вели директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, апелирајќи до земјоделците да не ги палат стрништата, а сточарите пасиштата. – И покрај вчерашното интезивно гаснење шест пожари на отворено гореа во текот на целата ноќ и се уште се активни, од кои четири се поголеми и поопасни. До вечер ќе станат многу ...

Се шири пожарот меѓу кавадаречките села Бегниште и Кошани, вечерва потврдија за МИА, од Територијалната противпожарна единица Кавадарци. – За жал, ветерот е наш противник во овој случај и упорно го разгорува и проширува пожарот. На терен имаме седум пожарникари со три возила на кои им помагаат и жители од село Бегниште, дополнително е повикан и приправниот тим на ТППЕ и побарана е интервенција од Ј.П ,,Македонски шуми”. Ги замолуваме ...

Во компаниите во ТИРЗ зоните за една година се отворени околу 2000 работни места, покажуваат податоците на Дирекцијата на технолошко-развојни зони. Бројот на вработени во зоните во септември се искачил на 17.558 што е за 13 проценти повеќе споредено со истиот период лани, а за 25 проценти повеќе во однос на септември 2021 година и за 31 процент во однос на 2020 година. – Редовната месечна анализа на Дирекцијата покажува дека континуираниот ...

Центарот за управување со кризи утринава информира дека на територија на државата има активни пет пожари и тоа во општините Македонски Брод, Штип, Врапчиште, Могила и Делчево. Во општина Македонски Брод гори нискостеблеста шума кај селото Белица, во општина Штип е опожарена нискостеблеста шума на планината Серта, а во општина Врапчиште горат пасишта во истоименото село. Во општина Могила во пределот меѓу селата Могила и Беранци гори ниска ...

„На овие штандови денеска се нашиот бакрдан, вкусното ѓомлезе, сочните сирења, кашкавали, македонското макало, нашиот македонски мед, ајвар, надалеку познатото македонско вино и уште многу други традиционални производи. Нивниот квалитет е највисок и баран а тоа е благодарение на нашата плодна почва и поднебје, на многуте сончеви денови, и пред се на вредните раце на нашите земјоделци“ рече премиерот Димитар Ковачевски на Вториот национален ...

Листата на производи со повластена стапка од 5 проценти на која се наоѓаат 1600 производи е детално прегледана и тоа се оние производи коишто во најголем дел се користат од страна на нашите граѓани во нивната секојдневна употреба. Подготвена е од врвни даночни и финансиски експерти, и доаѓа како дел од даночната реформа во државата за која денеска има најдобра потврда со потврдувањето во време на криза на кредитниот рејтинг на нашата држава. ...

„Северна Македонија сега е лидер во регионот по искористеност на мерките од европската ИПАРД програма. Тоа резултираше со зголемување на средствата за ИПАРД 3, на 97 милиони евра. Ова се мерки за развој на земјоделството по европски терк. А сето ова е уште еден доказ, колку земјоделството и производството на храна ни е високо на листата на приоритети“ рече премиерот Димитар Ковачевски на Вториот национален саем за храна и пијалаци во Скопје. ...

Развиените земји на конференција одржана во Бон ветија дека ќе одвојат 9,3 милијарди долари за помош на земјите во развој во борбата против климатските промени. Ветувањата се однесуваат на Зелениот климатски фонд, со седиште во Јужна Кореја, oд кој се финансира помошта за земјите во развој. Станува збор за најголемиот таков фонд кој има за цел да обезбеди пари за помош на сиромашните земји за намалувањето на емисиите на гасови, соочувањето ...

Основните прехранбени производи, кои се дел од секојдневната употреба на граѓаните, и понатаму ќе се оданочуваат по најниска даночна стапка на ДДВ од пет отсто, како што е предвидено со Законот за данок на додадена вредност. Оданочувањето на основните прехранбени производи е поблиску дефинирано со Одлуката за определување на добрата и услугите, кои подлежат на повластена стапка на ДДВ, која Владата ја донесе на 28 септември, а стапува на ...

Вкупната вредност на извозот на стоки од Северна Македонија, во периодот јануари – август 2023 година, изнесува 5 502 897 илјади евра и бележи пораст од 2.0 % во однос на истиот период лани. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 7 299 621 илјада евра, што е за 7.6 % помалку во споредба со претходната година, соопшти Државниот завод за статистика. Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – август 2023, е 75.4 %, ...

Евтината дневна тарифа на електричната енергија започнува со примена од 1 декември во периодот од 13 до 15 часот и во првите 10 дена од декември најголем дел од потрошувачите, односно најголем дел од домаќинствата ќе имаат пристап на евтината тарифа, потврди денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски. -Тарифниот систем за евтината дневна тарифа е донесен уште во јуни, објавен е во „Службен весник“, ...

Светските цени на храната не се променија значително во септември во однос на август, а растот на цените на пченката и шеќерот делумно е неутрализиран со падот на цените на растителното масло, објави денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Светскиот индекс на цените на храната во септември изнесуваше 121,5 поени, додека во август беше на ниво од 121,4 поени. Цените на храната се за 10,7 отсто пониски ...

ОВР Струга поднесе кривична пријава против И.Б.(51) од струшкото село Велешта, против правен субјект од истото село и против Н.Ф.(41) од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба“ на дрва и „пустошење шуми“. СВР Охрид денеска соопшти дека при контрола, извршена на 4 октомври на планинскиот врв „Стрижак“ на планината Јабланица, полициски службеници ги затекнале И.Б., сопственик на правниот субјект, ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска е домаќин на првата министерска конференција за шумарство – „Најдобри практики и иксуства во обновувањето на шумите“, а на која учествуваат министрите за земјоделство на Црна Гора, Албанија, Косово и Бугарија, бројни експерти и професори во областа на шумарството од земјава и регионот. Целта на министерската конференција е зајакната регионална соработка во ...

Туризмот како никогаш досега им е потребен на државните економии и неговото значење и моќ ќе бидат видливи во наредните години уште повеќе, фокусирајќи се на целите за 2025 година во која треба да се надминат 3,7 милиони ноќевања и повеќе од 600 милиони долари туристички промет во македонската економија, истакна директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски на регионалната конференција за туризам под наслов ...

Од денес на сила ќе биде време режим на сообраќајот, кој води од Битола кон Националниот парк „Пелистер“. Од Општина Битола соопштија дека времениот режим на сообраќај се воведува заради почеток на градежните активностите за изградба на колектор за одведување на фекални отпадни води од локалитет „Бегова чешма“ до Национален парк „Пелистер“, во должина од 522 метри. По завршување на оваа фаза од проектот, ќе следува реконструкција на дел од ...

Киев соопшти дека ја привремено ја стопира тужбата пред Светската трговска организација (СТО) против неколку граничи земји-членки на ЕУ, вклучително и Полска, кои воведоа ограничувања за увозот на жито од Украина. – Додека бараме практично решение, нашите спорови во СТО засега се прекинати, изјави украинскиот заменик министер за економија Тарас Качка. Тој оцени дека споровите околу извозот на украинското жито ќе бидат „решени во наредните ...

Во земјава вчера имало вкупно 23 активни пожари на отворено, од кои активни се уште четири, инфрмира ЦУК. Во Општина Македонски Брод, во атарот на с.Белица, кај месноста „Аргулица“ (под Солунска Глава) гори ретка борова шума на карпест терен со длабоки провалии и речиси р невозможно за пристап на лица и за гаснење, во Општина Велес, кај с.Нежилово близу месноста „Изворите на Бабуна“ гори букова шума, во Општина Долнени, меѓу с Долгаец, ...

Во 2022 година Северна Македонија е 13 земја во светот за извозот и вредноста на македонското вино, а само до денеска, оваа година извозот на вино достигнува над 40 милиони евра, а она што особено го потенцираме е падот на вредноста на извозот на наливно и зголемувањето на вредноста на извозот на флаширано вино, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, во изјава на настан во Скопје, организиран по ...

Од декември, во периодот од 13 до 15 часот, ќе стартува дневната евтина тарифа за електрична енергија, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски. Покрај во овој период од денот, Бислимоски вели дека евтината тарифа останува да важи и во ноќните саати, од 22 часот до 7 часот изутрина. Дневната евтина тарифа се враќа откако беше укината на 1 јануари 2022, кога имаше зголемување на цената ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
0.0
93%
1001
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
78%
1000
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
89%
1001
weather icon

Софија

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
83%
1000
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.16
97%
1002
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
97%
1001
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
4.12
78%
1003
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
82%
1002
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
100%
1001
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
3.6
93%
1001
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
1.03
95%
1000
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 11ᴼ
2.57
69%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Платина

67162.91

Кобалт

64.04

Злато

159231.39

Паладиум

546.56

Иридиум

221848.72

Алуминиум

3.03

Рутениум

45750.51

Калај

46.91

Бакар

11.69

Сребро

2460.50

Родиум

336779.07

Цинк

3.25