LinkSense.mk Дојче банк вчера соопшти дека ќе укине 3.500 работни места како дел од напорите да ги намали трошоците за 2,5 милијарди евра (2,7 милијарди долари) до следната година и да го зголеми профитот, иако најголемиот германски заемодавец има корист од повисоките глобални каматни стапки. Банката посочи дека ќе се обиде да ја рационализира својата маркетинг мрежа и компјутерски системи и софтвер за да ги намали трошоците. Се наведува дека ...

LinkSense.mk Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски во седиштето на партијата денеска имал средба со претседателот на Алијансата на Албанците Арбен Таравари, на која, како што наведува на Фејсбук, разговарале за реализацијата на програмата на Владата, за динамиката на работа во наредниот период, како и за политиките кои значат исполнување на стратешката цел на земјата за членството во ЕУ и партнерството со САД. -Наши заеднички цели на коишто ...

LinkSense.mk Централна Норвешка ја погоди бурата Ингун, најсилна во последните 30 години.Во некои делови дуваа урагански ветрови, до 180 километри на час. Метеоролошката служба го објави највисокиот, црвен аларм. Портпаролот на полицијата во регионот Троенделаг, Бјорнар Гасвик, изјави за норвешката новинска агенција НТБ дека агенцијата за јавна безбедност примила меѓу 40 и 50 пријави од луѓе погодени од невремето во текот на ноќта и дека ...

LinkSense.mk Земјотрес со интензитет од 4,5 степени според Рихтеровата скала околу 3 часот по полноќ го погоди источниот дел на Австрија. Епицентарот на земјотресот бил меѓу Виена и Грац, на длабочина од околу 10 километри, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар. Не е предизвикана материјална штета. Жителите на Австрија на веб-страницата на Европскиот медитерански сеизмолошки центар наведуваат дека земјотресот ги разбудил, а ...

LinkSense.mk Кипарската, летонската и португалската полиција уапсија 15 лица поврзани со десетици лажни бракови од интерес на Кипар, остров во источниот дел на Медитеранот, соопшти синоќа кипарската полиција. На 29 јануари во акција на полициската агенција Европол, предводена од кипарската полиција, на Кипар беа уапсени 13 лица, додека истиот ден во Португалија и Латвија беа уапсени две лица. „Истрагата откри докази против голем број луѓе ...

LinkSense.mk Светската здравствена организација предупредува на ширење на сипаници во делови од САД и Европа поради се почестото невакцинирање на децата. Епидемија на мали сипаници прогласена е во Романија и делови од Босна и Херцеговина, а во Велика Британија е издаден црвен аларм. Како што стапките на вакцинација се намалуваат, смртноста од сипаници ширум светот скокна за 40 отсто минатата година, јавуваат агенциите. Епидемиолозите ја ...

LinkSense.mk Познатиот фудбалер и угледен стручњак се пријави за селектор на Гана. Роберт Просинечки беше познат како еден од најдобрите европски фудбалери на крајот на 20 век. Тој е еден од ретките што играше за Реал Мадрид и Барселона, а беше европски првак со Црвена звезда. Забележа одлични резултати со хрватската репрезентација (бронза на СП 1998), но стана светски првак и со јуниорите на Југославија во 1987 година во Чиле. На крајот од ...

LinkSense.mk Мајка и нејзините две мали деца биле итно пренесени во болница по сомнителен напад со киселина во Лондон, соопшти полицијата. Како што јави Би-Би-Си, сведоци опишале „ужасна“ сцена откако мајка и нејзините две девојчиња биле полиени во нивниот автомобил со „корозивна супстанца“ во јужен Лондон. Семејството, тројца полицајци кои реагирале и двајца други кои се обиделе да помогнат се пренесени во болница Полицијата трага по ...

LinkSense.mk Силно ги поддржуваме напорите на Северна Македонија да бара одговорност од оние кои ја злоупотребуваат довербата на јавноста за лична корист, изјави за Гласот на Америка на македонски портпарол на Стејт департментот, на прашање за иницијативата на Министерството за надворешни работи да се санкционираат и дома лицата и субјектите што се ставаат на црната листа на САД. – Иако не коментираме за законодавството што се очекува, ние ...

LinkSense.mk По студеното утро, времето денеска ќе биде сончево со мала облачност, се вели во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Наутро, по одделни котлини ќе има појава на магла. Облачноста се очекува во вечерните часови да се зголемува, а ќе дува и слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе биде од минус 10 до минус 2 степени, а во текот на денот од 6 до 14 Целзиусови степени. Во Скопје, времето ...

LinkSense.mk Хина Лидерите на земјите членки на Европската унија денеска ќе се соберат на вонреден самит во Брисел, каде ќе се обидат да го скршат отпорот на унгарскиот премиер Виктор Орбан да одобри пакет макрофинансиска помош за Украина. Во последните денови и недели се водеа интензивни разговори за да се дојде до решение, но исходот се уште не е сигурен. „Целта е да се убеди Унгарија да се приклучи на останатите 25 земји. До сега не успеа ...

LinkSense.mk Патниците кои планираат да летаат во или од 11 големи германски аеродроми денеска ќе мора да се снаоѓаат на друг начин, јави ДПА. Персоналот за аеродромска безбедност на аеродромите во Франкфурт, Хамбург, Бремен, Берлин, Лајпциг, Дизелдорф, Келн, Хановер, Штутгарт, Ерфурт и Дрезден почна еднодневен штрајк кој треба да трае до вечерва. Синдикатот Верди го почна штрајкот доцна синоќа на аеродромот во Келн/Бон, каде, според Верди, ...

LinkSense.mk Во Косово од денеска ќе почне да се применува регулативата на Централната банка (ЦБК), која предвидува плаќања во готовина и платежни трансакции исклучиво во евра, со преоден период за граѓаните да се приспособат на регулативата. Во указот на Банката се наведува дека ваквата уредба е донесена согласно Уставот на Косово и законот на Централната банка на Косово и дека ЦБК е единствената „монетарна власт која може да одлучува за ...

LinkSense.mk Во најновата сезона на „Вистинските домаќинки од Беверли Хилс“ (The Real Housewives of Beverly Hills), едно од најгледаните американски шоуа, холивудската дива и поранешна Бонд-девојка Дениз Ричардс, во друштво на остатокот од екипата, ужива во шолја чај „Good Nature“ на „Алкалоид“. Во десеттата епизода од актуелната 13-та сезона, една од ријалити-ѕвездите, Кристал Кунг Минкоф, на тако-забавата која ја организира за своето ...

LinkSense.mk Националниот институт за јавно здравје во Романија денеска соопшти дека во периодот од 1 до 28 јануари 2024 година во земјата се потврдени 4.205 случаи на сипаници (морбили), меѓу кои и шест смртни случаи. Министерството за здравство на Романија на почетокот на декември 2023 прогласи епидемија на морбили поради алармантниот број на заразени како и заради бројот на хоспитализации. Над 4.200 потврдени случаи на сипаници се ...

LinkSense.mk Утрото студено, преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -2, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени. Во Скопје сончево со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 10 степени. Следува период на стабилно време со ниски утрински температури и услови за појава на утринска магла по ...

LinkSense.mk Бруто домашниот производ (БДП) во земјите од еврозоната во последниот квартал лани бележеше стагнација и изнесуваше нула во однос на третиот квартал кога беше евидентиран пад од 0,1%, со што е избегната рецесија, покажуваат податоците објавени денеска од Еуростат, европската статистичка агенција. „Дваесетте земји кои ја користат единствената европска валута лани забележаа раст на економската активност од 0,5% во однос на 2022 ...

LinkSense.mk По налог на обвинителството, полицијата утринава приведе пет лица, поради сомнежи за продажба на цитостатици и лекови и поради други злоупотреби на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје. Приведени се поранешниот први луѓе на Клиниката, Нино В. и Нехат Н., и Спиро Д., Славица С. и Елена Џ. Од обвинителството соопштија дека извршени се претреси на три локации и дека истрагата е во тек, заради што, како ...

LinkSense.mk Светската метеоролошка организација (СМО) денеска официјално потврди нов рекорд на температура за континентална Европа од 48,8 степени Целзиусови во Италија на 11 август 2021 година и предупреди дека се очекуваат нови екстремни температури. Наодите се објавени во Меѓународниот весник за климатологија. „Меѓународен панел од научници за атмосферата ја потврдија температурата регистрирана од автоматизирана метеоролошка станица во ...

LinkSense.mk На почетокот на декември, Марк Хамлет ги почести таткото и мајката на неговата сопруга со излегување во локалниот паб во северна Англија. За да го забележи моментот, тој на Фејсбук сподели фотографија од постарата двојка, велејќи на шега дека мора да ги „легне во кревет“. „Не барам ништо лудо“, напиша тој. Речиси во истиот момент, љубезни странци од цела Британија почнале да испраќаат вино, пиво и сокови на нивната маса во пабот ...

LinkSense.mk Новото истражување на непрофитната организација „Angling Trust“ откри дека 83 отсто од реките во Англија покажуваат знаци на значително загадување и дека тоа е резултат на земјоделскиот отпад и канализацијата. Стотици риболовци учествувале во студијата откако забележале високи нивоа на загадување и отпад во водите во кои ловат риба, пишува „Гардијан“, додавајќи дека риболовците откриле дека 83 отсто од реките набљудувани во ...

LinkSense.mk Британската војска моментно расправа за тоа како да да воспостави сили до половина милион луѓе, во кои би имало и цивили, за одбрана на Обединетото Кралство во случај на војна од пошироки размери, посебно со земји како Русија, пишува „Сандеј Тајмс“. Генералот Сер Патрик Сандерс, началник на Главниот штаб, ја истакна потребата од обука и опремување на цивили за формирање нова „граѓанска војска“ во случај на конфликт. Целта е во ...

LinkSense.mk Виетнам и Филипините денеска се договорија да ја засилат соработката меѓу своите крајбрежни стражи и да спречат несакани инциденти во Јужното Кинеско Море. Двете земји од Југоисточна Азија имаат конкурентски права врз некои делови од морето, канал за 3 милијарди долари годишна бродска трговија, а на кое Кина полага право речиси во целост. Договорот од Ханој, чии детали не се откриени, може да го налути Пекинг, кој ја распореди ...

LinkSense.mk Членките на ЕУ поддржаа план за ослободување милијарди евра замрзнати средства на Руската централна банка како прв чекор кон нивно можно искористување за обнова на Украина. Синоќешната едногласна одлука, што допрва треба да биде официјализирана во наредните недели, е дел од покажувањето поддршка за Киев. Тоа доаѓа и во пресрет на самитот в четврток на кој се очекува лидерите на ЕУ да одобрат 50 милијарди евра финансиска поддршка ...

LinkSense.mk Во Германија минатата година беа повлечени од оптек повеќе лажни евро банкноти отколку во 2022 година, објави Бундесбанк (германска Централна банка). – Бројот на лажни банкноти повлечени од оптек во 2023 година е зголемен за 28,2 отсто во споредба со 2022 година, што изнесува 56.000 евра, се наведува во соопштението на Бундесбанк. Вкупната штета предизвикана од употреба на лажни банкноти изнесува 5,1 милион евра. Во исто време ...

LinkSense.mk Три лица се водат за исчезнати по експлозија што предизвика голем пожар во станбена населба во Ротердам вчера доцна вечерта. Едно лице е повредено и пренесено во болница, а пожарникарите се уште се обидуваат да го изгаснат големиот пожар предизвикан од експлозија во гаражата на зградата. Можно е во зградата да има повеќе жртви. Спасувачките служби се уште не успеале прецизно да го пребараат просторор бидејќи пожарот се уште ...

LinkSense.mk Производителот на автомобили Тесла во голема мера го запре производството во својата фабрика кај Берлин на околу две недели поради прекини во синџирот на снабдување предизвикани од нападите на бродовите во Црвеното Море, потврди денеска компанијата. Нападите на милитантите Хути од Јемен на главната поморска рута што води до Суецкиот канал ги натераа големите бродски фирми да ја избегнуваат областа и да користат алтернативни ...

LinkSense.mk Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска го потпишал указот за прогласување на Законот за употребата на македонскиот јазик, што во петокот го донесе Собранието на Република Северна Македонија. – Претседателот Пендаровски очекува дека примената на законот ќе придонесе за надминување на алармантните состојби во врска со неправилната употреба на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, и за зголемена, организирана и ...

LinkSense.mk Советот на ЕУ денеска усвои две регулативи со кои се предвидува постепена забрана на емисиите на гасови што содржат флуор, како флуоројаглеводородите, перфлуоројаглеродите и сулфур хексафлуоридот, но и на другите супстанции кои придонесуваат за глобалното затоплување и ја осиромашуваат озонската обвивка. Иако постојното законодавство на ЕУ, како што јави дописникот на МИА, веќе значително ја ограничи употребата на овие гасови и ...

LinkSense.mk Папата Франциск изјави дека е уверен дека критичарите на неговата одлука да дозволи благослов за истополовите парови на крајот ќе ги разберат тие благослови, освен Африканците кои се „посебен случај“, бидејќи за нив „хомосексуалноста е лоша од културолошка гледна точка“. Давањето благослов Папата го дозволи минатиот месец со документ, кој предизвика широка дебата во Католичката црква, а особено силен отпор пружија африканските ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
71%
1014
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
4.12
62%
1017
weather icon

Загреб

12ᴼ / 10ᴼ
1.54
58%
1019
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
58%
1018
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
1.08
93%
1018
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
1.03
80%
1019
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
75%
1013
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
81%
1014
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
58%
1015
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
3.13
75%
1016
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
1.54
55%
1018
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
3.6
100%
1013
Currency

61.6317

Currency

53.2406

Currency

71.214

Currency

37.2056

Currency

38.7434

Currency

67.4118

Currency

7.73126

Currency

0.64691

Currency

0.3352

Currency

0.5235

Currency

1.20128

Currency

0.56975

Паладиум

45911.27

Цинк

3.07

Платина

60154.05

Калај

43.90

Кобалт

66.14

Бакар

10.68

Злато

166450.52

Сребро

2840.84

Алуминиум

3.18

Иридиум

258288.78

Родиум

350443.14

Рутениум

56199.51