LinkSense.mk Пет лица загинаа, а шест се повредени, меѓу кои и возачот, кога автомобил влета во паб во австралискиот град Дејлсфорд, соопшти денеска полицијата. Момче, двајца мажи на возраст од 30 и една жена на 40-годишна возраст починале на лице место, додека една тинејџерка починала во болница во Мелбурн, каде што била пренесена со хеликоптер по несреќата. Шеесет и шестгодишниот возач на БМВ бил пренесен во болница откако со својот автомобил ...

LinkSense.mk Целосниот прекин на вториот по големина австралиски мобилен оператор „Оптус“ (Optus) ги парализираше денеска телефонските и интернетските врски на повеќе од 10 милиони луѓе на континентот. Од раните утрински часови корисниците ширум земјата не можат да телефонираат ниту да пристапат на Интернет, јавуваат австралиските медиуми. Според извештајот на телевизијата „9Њус“, ова е најголемиот прекин на телекомуникациите во историјата на ...

LinkSense.mk Надлежните власти успеале да го вратат лавот кој избегал и залутал по улиците на градот Ладисполи во локалниот циркус во близина на Рим, а градоначалникот изразил надеж дека настанот ќе ја разбуди совеста и ќе ја спречи експлоатацијата на животните во циркусот. Градоначалникот Алесандро Грандо, кој управува со градот со околу 40.000 жители, ги повика во саботата вечерта своите сограѓани да не ги напуштаат своите домови додека ...

LinkSense.mk Мистериозното зуење што се слуша ноќе во град во Северна Ирска го натера градскиот совет да го истражи неговиот извор, пишува британскиот „Телеграф“. Жителите на Омаг, во округот Тајрон, се пожалија дека не можат да спијат поради „постојаното зуење“, а информации за бучавата првпат беа изнесени на крајот на октомври. Советникот Стивен Донели вели дека таинственото зуење, опишано како поразлично од сообраќајна бучава, се покажало ...

LinkSense.mk Товарниот авион што минатиот четврток требало да лета за Белгија од Њујорк, бил принуден да се врати на аеродромот „Џ.Ф. Кенеди“, откако коњ, кого го превезувале, се ослободил од заградениот простор, пишува „АБЦ Њуз“. Како што може да се слушне на снимката од разговорот меѓу екипажот на авионот и контролата на летот, коњот се ослободил 30-тина минути по полетувањето. Боингот 747 бил на надморска височина од околу 9.000 метри кога ...

LinkSense.mk Финска ќе затвори четири од деветте премини на границата со Русија за да го запре приливот на баратели на азил во оваа нордиска земја, изјави вчера премиерот Петери Орпо. Финскиот претседател во средата рече дека се чини оти зголемениот број баратели на азил кои пристигнуваат на источната граница на земјата е предизвикан од руската одмазда поради соработката во одбраната на Финска со Соединетите Американски Држави. „Владата денеска ...

LinkSense.mk Денеска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски потпиша трилатерален Меморандум за соработка во областа на криминалот поврзан со огнено оружје помеѓу Министерството за внатрешни работи, Основното јавно обвинителство и Царинската управа на Република Северна Македонија, а со цел зајакнување на соработката помеѓу трите најповикани институции во државата за гонење на криминалот поврзан со огнено оружје. Притоа, меморандумот ќе ...

LinkSense.mk Европската младинска картичка се дигитализираше и од денес е достапна за онлајн користење ширум државата и низ 30 држави ширум Европа. Со цел да се подобри и олесни процесот на користење, младинската картичка ќе се издава исклучиво во онлајн форма и преку неа ќе се овозможи дополнителен комодитет и пристап до сите бенефиции и попусти кои што следуваат. Европската младинска картичка е бесплатна, а може да ја добие секој млад човек на ...

LinkSense.mk Северна Македонија и Србија денеска потпишаа Меморандум за соработка за воспоставување на железничка мрежа со високи перформанси како дел од железничкиот Коридор 10. Меморандумот е потпишан во Владата на Република Србија од страна на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и српскиот министер за градежништво, сообраќај и инфраструктура Горан Весиќ, во присуство на премиерите Димитар Ковачевски и Ана Брнабиќ, јави ...

LinkSense.mk Работници во стотици кафетерии на Старбакс ја напуштија работата барајќи ангажирање на повеќе работници и подобар распоред, објави синдикатот Обединети работници. Штрајкот беше организиран на голем промотивен ден (Ден на Црвената чаша), кога Старбакс им доделува бесплатни црвени чаши со празнични украси на клиентите. Тој настан вообичаено привлекува голем број граѓани, па така лани прометот скокнал за 94 отсто во однос на дневниот ...

LinkSense.mk Фото: ЕПА Бројот на смртни случаи од мали сипаници во светот минатата година се зголеми за цели 40 отсто, бидејќи за време на пандемијата на коронавирусот, бројот на вакцинирани луѓе драстично се намали – се вели во извештајот објавен од Светската здравствена организација (СЗО) и американскиот Центрите за контрола и превенција на болести. Оваа многу заразна болест минатата година предизвика епидемии во 37 земји во светот, што е ...

LinkSense.mk Патнички воз вчера се судри со машина за чистење снег во близина на Чикаго, при што беа повредени десетици луѓе. Во несреќата со повреди се здобиле 38 лица, главно патници, информираа од Итната помош на прес-конференција. „23 лица се пренесени во болници, две или три се тешко повредени, но никој не е животно загрозен“, им изјави на новинарите Кит Греј, претставникот на итната служба. Несреќата се случила околу 10.30 часот по локално ...

LinkSense.mk Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ инвестираше 23,6 милиони долари во американската биотехнолошка компанија „Микрон Биомедијал“, за развој на масовна примена на вакцини без употреба на инјекции. Новата технологија се темели на примена на вакцини со фластери со растворливи микроиглички. Светските здравствени експерти веќе долго време ја туркаат оваа технологија заради нејзиниот потенцијал да ја зголеми вакцинацијата против смртоносни ...

LinkSense.mk Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во рамки на Министерскиот состанок на САД – Јадранската повелба се сретна со помошничката на секретарот за одбрана на САД, Селест Валандер со која разговараше за македонско-американската одбранбена соработка, заедничките обуки и вежби, како и за улогата на нашата држава во регионалната безбедност и стабилност. Министерката Петровска изрази задоволство од резултатот на состанокот на ...

LinkSense.mk На конференција во Сиетл, САД, „Мајкрософт“ го претстави својот прв чип со вештачка интелигенција – „Маја 100“, којшто може да се натпреварува со многу бараните процесори на „Енвидија“. Технолошкиот гигант го претстави и чипот „Кобалт 100 арм“, наменет за општи компјутерски задачи и со слични функции како процесорите на „Интел“, пренесува „Си-ен-би-си“. „Мајкрософт“ во мигов го тестира чипот „Маја 100“ во чет-бот со ВИ на ...

LinkSense.mk Во Предлог-буџетот за 2024 година се проектирани средства за исплата на повисоки плати за вработените во јавната администрација и за исплата на повисоки пензии согласно утврденото системско решение, но нема да има повисоки плати за функционерите. Ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими во интервју во Централниот дневник на МРТ. „За она што е предвидено со потпишаниот Општ колективен договор, со кој од септември оваа ...

LinkSense.mk Акциите на Циско паднаа за 13% во тргувањето после работното време по извештајот, повлекувајќи ги надолу акциите на компаниите што вршат иста дејност, како што се „Ариста Нетворкс“ (Arista Networks), Џанипер Нетворкс (Juniper Networks) и „Сиена“ (Ciena). „’Циско’ забележа забавување на нови нарачки на производи за првиот квартал од фискалната 2024 година и верува дека главната причина е што корисниците во моментов се фокусирани на ...

LinkSense.mk Најмалку 25 луѓе загинаа, а десетици се примени во болница, од пожар во управна зграда на фабрика за јаглен во северната кинеска провинција Шанкси, објавија државните медиуми. Пожарот избувнал околу 6.50 часот (среда 23.50 часот по средноевропско време) во управната четирикатна зграда на компанијата за јаглен „Јонгџу“, во градот Лулијанг. „Бројот на загинати се искачи на 25. Пожарот е под контрола, а спасувачката операција ...

LinkSense.mk Припадници на специјалните единици на германското Министерство за внатрешни работи спроведуваат операција против неколку исламистички здруженија низ земјата. Средиштето на акцијата е Хамбург, а целта е да се добијат докази за забрана на овие здруженија и конфискација на имот, јавува германски „Велт“. Рацијата истовремено е спроведена во неколку германски сојузни држави. Полицајци упаднаа во повеќе од 50 згради ширум Германија, ...

LinkSense.mk Европската комисија испрати официјално барање до компанијата „Амазон“ за дополнителни информации за мерките што таа ги презела за усогласување со одредбите и обврските до Законот за дигитални услуги на ЕУ, поврзани со проценката на ризикот и мерките за заштита на потрошувачите на интернет, особено во однос на ширењето на илегални производи и гаранцијата на основните права. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, „Амазон“ мора да ...

LinkSense.mk Министерката за одбрана Славјанка Петровска утрово во Скопје го отвори 20-тиот јубилеен Министерски состанок на кој учествуваат министри за одбрана и високи претставници на земјите – членки и земјите – набљудувачи на САД – Јадранската повелба. На отворањето, министерката истакна дека успехот на САД-Јадранската повелба е видлив затоа што со интеграцијата на четири земји од А5 во НАТО значително се зајакна безбедноста и се засили ...

LinkSense.mk Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска 16 ноември 2023 година, учествува на вториот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“. Во рамки на делегацијата која ја предводи премиерот Ковачевски, учествуваат и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, како и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. На официјалното ...

LinkSense.mk Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, претпладне долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени. Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до ...

LinkSense.mk На 63-годишна возраст денеска почина познатиот актер Жарко Лаушевиќ. „Ја информираме јавноста дека денеска,15 ноември 2023 година,по кратко и тешко боледување починанашиот сопруг и татко Жарко Лаушевиќ“, потврди за Танјуг во име на семејството Анита Лаушевиќ. Лаушевиќ е роден на 19 јануари 1960 година во Цетиње. Заврши гимназија во Подгорица (тогашен Титоград), а во 1982 година во Белград дипломираше актерство на Факултетот за ...

LinkSense.mk Во САД повторно падна инфлацијата, што вчера донесе видливо олеснување на берзите и обврзниците, а поскапеа благородните метали, но не и криптовалутите. Доларот беше под силен притисок. Октомвриската инфлација во САД изнесуваше 3,2% на годишно ниво (пред еден месец беше 3,7%), а не весели што темелната инфлација (која не ги вклучува цените на енергенсите и храната) падна посилно од очекуваното, и е моментално на најниско ниво во ...

LinkSense.mk Кога денеска на маса во Сан Франциско ќе седнат претседателите Џо Бајден и Кси Џинпинг, надежта е дека напредокот во преговорите за отворените економски прашања на САД и Кина ќе дадат поддршка на финансиските пазари. На тоа посебно се надева Кина, која се најде во цела низа поврзани проблеми. Индија е најбрзорастечката голема економија во светот, со поволна демографија и геополитички ветер во едрата, додека владите и ...

LinkSense.mk Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска се сретна со Крис Бартон, Комесар за трговија на Неговото Величество Кралот Чарлс Трети и претставници на амбасадата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. На средбата од двете страни беше заеднички оценето дека одличните политички односи помеѓу ...

LinkSense.mk Една од вулкански најактивните држави во светот прогласи вонредна состојба поради најновата закана од ерупција. Околу 4.000 луѓе се евакуирани од своите домови во Гриндавик, кој е најзагрозен град поради неговата непосредна близина до вулканот Фаградалсфјал, на полуостровот Рејкјанес. Веќе една недела Исланд е сеизмички хиперактивно подрачје, а жителите секојдневно чувствуваат по неколку стотици потреси на тлото. Од петокот е ...

LinkSense.mk Дигиталната платформа за посредување при изнајмување на сместување, Букинг (Booking.com), се договори со италијанските даночни власти за да стави крај на долгогодишниот спор околу даночниот долг од 153 милиони евра. Холандската компанија се согласи да плати 94 милиони евра данок на додадена вредност (ДДВ) и со тоа спорот е завршен, соопштија од италијанското државно обвинителство. Многу изнајмувачи рекламираат сместување на ...

LinkSense.mk Во грчкиот град Лариса во изминатите 20 дена бил потвреден 41 случај на вирусот Коксаки, соопштија од Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ), но потенцираа дека не постои поврзаност со неодамнешните поплави во конкретниот регион, јави дописничката на МИА од Атина. Според ЕОДИ, во периодот од 23 октомври заклучно со вчера од потврдените случаи кај 41 дете со клиничка слика на Коксаки, 35 се на возраст под шест ...

weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
2.06
77%
1017
weather icon

Загреб

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
81%
1017
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
3.09
72%
1015
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.82
88%
1017
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1017
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
5.14
86%
1010
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
72%
1011
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
67%
1012
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
88%
1015
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 9ᴼ
3.09
88%
1017
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
100%
1007
weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
71%
1013
Currency

61.64

Currency

52.9118

Currency

70.5804

Currency

35.1533

Currency

38.273

Currency

65.8934

Currency

7.48586

Currency

0.68919

Currency

0.34063

Currency

0.5251

Currency

1.24455

Currency

0.58842

Паладиум

46361.38

Иридиум

145787.60

Родиум

255598.44

Кобалт

58.42

Злато

134976.58

Бакар

10.96

Платина

52864.82

Цинк

3.22

Алуминиум

2.91

Никел

473258.99

Рутениум

29192.88

Сребро

1876.20