LinkSense.mk Полските камионџии продолжуваат да држат блокади на неколку гранични премини долж границата со Украина, барајќи ограничување на увозот на стоки од нивниот источен сосед и предупредуваат за нелојална конкуренција. На почетокот на месецот полски камионџии поставија протестни бариери на три гранични премини долж приближно 530 километри долгата полско-украинска граница, заради што моментно во колоните долги повеќе десетици километри има ...

LinkSense.mk Јеховините сведоци ќе ги препознаете по тоа што одат од врата до врата и ја делат својата литература по улиците, но веројатно не сте знаеле дека во минатиот век за сите свои активности и „успеси“ редовно мораа да ги известуваат водачите на нивните собранија (конгрегации), кои сакаа да знаат колку точно часови нивните следбеници вложуваат во таква услуга. Тие извештаи, „мерени“ по час, биле клучна мерка за духовната виталност на ...

LinkSense.mk Северна Кореја го прекина договорот, стар пет години, со Јужна Кореја за намалување на воените тензии меѓу тие две држави, јавува Би-Би-Си, пишувајќи за новата напнатост на границата на двете земји кои формално се во војна од 1953 година. Новиот судир меѓу Сеул и Пјонгјанг експлодираше во вторникот, кога Пјонгјанг објави дека успешно лансирал шпионски сателит во вселената. Сеул одговори дека суспендира дел од договорот од 2018 ...

LinkSense.mk Учителка која фрлила молив на ученик во француско основно училиште сега се соочува со можно кривично гонење, но станува и симбол на лошата состојба на образовниот систем. Синдикатите на учителите и наставниците изразија незадоволство од системот откако полицијата ја повика на испрашување учителката на која и се земени отпечатоци од прсти, откако е покрената истрага поттикната од тужбата од родителите на момчето. Неименуваната ...

LinkSense.mk Министерството за образование и наука распредели над 240 милиони денари со кои ја поддржа работата на научно – истражувачките работници и го стимулира развојот на науката. Со овие средства се модернизираа условите во повеќе лаборатории на високообразовните и научните установи, се акредитираа нови методи за работа, а воедно и се финансираа 7 проекти од посебен јавен интерес на седумте јавни научни установи во државата. Ова го истакна ...

LinkSense.mk Една недела пред Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, останува оценката дека се зголемуваат тензиите околу иднината на најголемата регионална безбедносна организација. Се финализира адаптацијата на салата „Борис Трајковски“ за потребите на Министерскиот совет наОБСЕ што ќе се одржи следната недела во Скопје, обезбедени се возила за околу 67 делегации, а министерот за надворешни работи Бујар Османи ги одбројува деновите до ...

LinkSense.mk Комитетот на постојани претставници земјите членки на ЕУ ги утврди ставовите на Европскиот совет во однос на предложените измени на Директивата за жителство, во делот на регулирање на условите под кои државјани на трети земји можат да добијат дозвола на долгорочен престој во Унијата. Според шпанскиот министер за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка Гомез можноста за добивање дозвола за престој на подолг рок е од суштинско ...

LinkSense.mk Кина објави дека не открила нов или необичен патоген поврзан со зголемувањето на случаите на респираторни заболувања на северот од земјата, соопшти Светската здравствена организација која побарала детални информации од Пекинг. „Кинеските власти изјавија дека не е откриен нов или необичен патоген, ниту невообичаени клинички знаци, вклучително и во Пекинг и Лиаонинг, туку само општо зголемување на бројот на случаи на респираторни ...

LinkSense.mk Њујоркшкиот градоначалник, Ерик Адамс, е обвинет за сексуална злоупотреба, објавија денеска американски медиуми. Неименувана жена го обвини Адамс за сексуален напад во 1993 година, кога двајцата, според судските документи, работеле за градот. Адамс во тоа време бил полицаец. „Тужителката била сексуално нападната од обвинетиот Ерик Адамс во Њујорк во 1993 година додека двајцата работеле за градот Њујорк“, се наведува во правниот ...

LinkSense.mk Прекумерната употреба на антибиотици опасно ја поткопува нивната ефикасност и ја зголемува отпорноста која може да биде одговорна за 10 милиони смртни случаи годишно во светот до 2050 година, предупреди европскиот огранок на Светската здравствена организација (СЗО). „Развојот и ширењето на супербактериите се забрзува со злоупотреба на антимикробни лекови, што го отежнува ефикасното лекување на инфекциите“, се вели во соопштението на ...

LinkSense.mk Турската централна банка денеска ја зголеми основната каматна стапка шести месец по ред на 40 отсто, што е највисоко ниво откако турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган е на власт. Банката ја зголеми основната каматна стапка (еднонеделната репо стапка) за пет процентни поени во однос на минатиот месец. Финансиската институција во соопштението за печат наведува дека нивото на затегнување на монетарната политика е многу блиску до она ...

LinkSense.mk Папата Франциск денеска изјави дека од статистиката за зголемување на бројот на фемициди и насилство врз жените, јасно е дека е неопходно да се едуцираат мажите за почит и здрави односи, пренесува АНСА. „Можеме да видиме од многу тажните вести од овие денови, од страшните извештаи за насилство врз жените, колку е итно да се едуцираме за почит и грижа: да се формираат мажи кои се способни за здрави односи“, рече папата во неговата ...

LinkSense.mk Иранскиот претседател Ебрахим Раиси денеска изјави дека Израел „не постигнал ниту една од своите цели“ во повеќе од 40 дена војна против Хамас. Како што јави агенцијата ИРНА, Раиси рече дека „непријателот е поразен“. – Со привремениот прекин на огнот мораме да кажеме дека палестинскиот народ и отпорот постигнаа голема победа, додаде иранскиот претседател. – Ционистите најавија дека ќе ја заземат Газа и дека сакаат да го уништат ...

LinkSense.mk Северна Кореја успешно лансираше шпионски сателит, соопшти денеска Јужнокорејската разузнавачка служба. „Националната разузнавачка служба утврди дека лансирањето на шпионскиот сателит било успешно и дека тој е поставен во орбитата. Во лансирањето воен шпионски сателит помош на Северна Кореја и пружи Русија“, изјави пратеникот Јо Санг-бум, цитирајќи го соопштението на разузнавачката агенција. Јужнокорејската разузнавачка служба ...

LinkSense.mk Младиот фудбалер на данскиот Копенхаген, Руни Барџи, би можел веќе во јануари следната година да премине во Манчестер Јунајтед, но само под услов – да не успее планираното „киднапирање“ од страна на Челзи. Барџи пред точно седум дена наполни 18 години, а последните неколку сезони игра маестрално во Копенхаген. За данскиот клуб одигра 57 натпревари и постигна 15 голови. Роден е во Кувајт, а досега настапуваше за младинските ...

LinkSense.mk Убедлива победа на вчерашните предвремени парламентарни избори во Холандија извојува националистичката и десно популистичка Партија на слободата (ПВВ), чиј лидер Вилдерс, честопати нарекуван и „холандски Доналд Трамп“, е познат по своите антиисламски, антиимигрантски и анти-ЕУ ставови. Тој во својата 25-годишна политичка кариери патот до вчерашниот изборен резултат го градеше со популистичка реторика и нагласување на главните грижи ...

LinkSense.mk Бројот на убиени жени и девојки во светот во 2022 година се искачи на највисоко ниво во последните 20 години, соопштија Обединетите нации. Околу 89.000 жени и девојчиња биле намерно убиени минатата година, објави телото на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Women) и Канцеларијата на ОН за дрога и криминал (UNODC). – Алармантниот број на фемициди е јасен потсетник дека човештвото сè уште се бори со длабоко вкоренетите ...

LinkSense.mk Крадци упаднале во логистичко складиште во Дуизбург, западна Германија и украле 2.000 телевизори и 16.000 електрични четки за заби. Сѐ уште непознатите натрапници успеале да побегнат со одземените уреди. Меѓу украдените предмети е и сеф тежок повеќе од 100 килограми, соопшти полицијата. Се проценува дека пленот е вреден 1,4 милиони евра. Кражбата се случила овој викенд, но германската полиција вчера го објави соопштението. Според ...

LinkSense.mk На 21.11.2023 во 12 часот полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш- Отсек за економски криминал го лишија од слобода К.Ѓ. (33) од село Подареш, радовишко, вработен во Државен пазарен инспекторат, Одделение за инспекциски надзор Струмица со градовите Гевгелија, Валандово и Радовиш, поради сомнение за сторено продолжено кривично дело „примање поткуп“ по член 357, а во врска член 45 од Кривичниот закон. На ...

LinkSense.mk Унгарската владејачка партија Фидес чиј на претседател е актуелниот премиер, Виктор Орбан, поднесе вчера до парламентот предлог-закон за „заштита на националниот суверенитет“, за да се брани од, како што го нарече, несоодветно политичко мешање на странски лица или групи. Законот доаѓа во време кога националистот Орбан, кој во изминатите 13 години повеќе пати се судри со Европската унија околу демократските права во Унгарија, ја ...

LinkSense.mk Заменик претседателот за европски прашања, Бојан Маричиќ, оствари средба со Мануел Сарацин, специјален претставник на Сојузна Република Германија за Западен Балкан и Анжеј Франгеш специјалниот пратеник на Република Словенија за Западен Балкан. Фокусот на средбата беше посветен на реализацијата на евроинтеграцијата на Северна Македонија, со споделување на искуства и мислења за користење на бенефитите за планот за раст, уставните ...

LinkSense.mk До петок ќе преовладува променливо облачно време, по одделни котлини со појава на магла. Под влијание на влажен и студен бран во сабота ќе има значителна промена на времето со пообилни врнежи, кои во текот на денот во поголем дел од земјата ќе преминуваат во снег и во пониските места. На планините ќе се формира поголема, а во некои пониски места помала снежна покривка. Ќе дува засилен северен ветер, а температурите значително ќе ...

LinkSense.mk Една третина од британските вработени признале дека на работа носеле пижами, покажуваат резултатите од истражувањето на фирмата за врабортување „Индид“ (Indeed). Анкетата покажува дека вработените носат пижами на работа во просек 46 работни дена годишно, при што секој 12 носи пижами секој ден. Речиси половина од анкетираните шефови изјавија дека персоналот станал премногу лежерен од пандемијата на Ковид-19 поради работа дома, а 29 ...

LinkSense.mk Во западните делови од Србија денеска падна првиот снег, а во Ужице и Ивањица има пет до десет сантиметри снежна покривка, јави дописникот на МИА од Белград. Покрај Ужице и Ивањица, снег падна и во Сјеница, какао и на планината Златар кај Нова Варош, а како што е најавено, на високите планини на југозападна и јужна Србија дождот кој утрово паѓа, во вечерните часови за кратко време ќе прерасне во снег. Според прогнозата во Србија, во ...

LinkSense.mk Папата Франциск денеска одвоено се сретна со израелските роднини на заложниците кои ги држат Хамас и Палестинците со семејствата во Газа и рече дека конфликтот отишол подалеку од војната и станал „тероризам“. Состаноците и коментарите на папата дојдоа неколку часа откако израелската Влада и Хамас се согласија за прекин на огнот во Газа за најмалку четири дена, што ќе овозможи да пристигне помош и да се ослободат најмалку 50 ...

LinkSense.mk Премиерот Димитар Ковачевски денеска потенцираше дека безбедносната ситуација во нашата држава е стабилна и не постојат никакви индиции за какво било нарушување на истата. -Ние сме три години земја членка на НАТО, од кои што јас речиси две години сум претседател на Владата. Нивото на информации кое што безбедносните служби на нашата држава ги имаат, а истите се дел од безбедносните служби на НАТО и информациите ги споделуваат со ...

LinkSense.mk Ковид-19 „останува закана“, соопшти Светската здравствена организација (СЗО), четири години по појавата на болеста која однесе милиони животи и го опустоши светот и глобалната економија. „Вирусот САРС-КоВ-2 моментално циркулира во сите земји и продолжува да претставува закана“, предупреди Марија Ван Керхов, научник од СЗО одговорна за борбата против пандемијата. „Мораме да останеме внимателни бидејќи вирусот циркулира, се развива – ...

LinkSense.mk Министерството за здравство информира дека се одобрени дополнителни 100 милиони денари за обезбедување на лекот „Kaftrio“ во комбинација со „Kalydeco“ на дополнителни пациенти со цистична фиброза. „Универзитетската клиника за детски болести доби согласност од Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување и Бирото за јавни набавки да спроведе итна постапка со директни преговори со овластениот дистрибутер на Вертекс. ...

LinkSense.mk Европската Унија го поздрави постигнатиот договор за ослободување на 50 киднапирани заложници од страна на Хамас во следните четири дена, период во која ќе има и пауза во непријателствата меѓу оваа терористичка организација и Израел. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во писмена изјава им изрази благодарност „на сите оние кои неуморно работеа преку дипломатски канали во последните недели за да го ...

LinkSense.mk Регионалната безбедност, војната во Украина, како и конфликтот на Блискиот Исток ќе бидат темите на кои ќе ги дискутираат Столтенберг и лидерите на земјите членки на НАТО од регионот на неформалниот самит што денеска се одржува во Скопје. Генералниот секретар Јенс Столтенберг од Скопје го поздрави договорот меѓу Хамас и Израел за ослободување заложници, постигнат со посредство на Катар и САД. „Го поздравувам договорот меѓу Хамас и ...

weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
2.06
77%
1017
weather icon

Загреб

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
81%
1017
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
3.09
72%
1015
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.82
88%
1017
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1017
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
5.14
86%
1010
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
72%
1011
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
67%
1012
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
88%
1015
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 9ᴼ
3.09
88%
1017
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
100%
1007
weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
71%
1013
Currency

61.64

Currency

52.9118

Currency

70.5804

Currency

35.1533

Currency

38.273

Currency

65.8934

Currency

7.48586

Currency

0.68919

Currency

0.34063

Currency

0.5251

Currency

1.24455

Currency

0.58842

Кобалт

58.42

Паладиум

46361.38

Калај

40.49

Платина

52864.82

Сребро

1876.20

Иридиум

145787.60

Никел

473258.99

Цинк

3.22

Бакар

10.96

Алуминиум

2.91

Злато

134976.58

Родиум

255598.44