Белград
5ᴼ /
5ᴼ
LinkSense.mk Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш вчера повика на „унифициран, траен и глобален“ одговор на ризиците поврзани со брзиот развој на вештачката интелигенција. Првиот Самит за безбедност на вештачката интелигенција заврши денеска, а симболично се одржа на селскиот имот „Блечли парк“, северно од Лондон, каде што за време на Втората светска војна беше седиштето на сојузничките операции за дешифрирање на германските комуникации. ...
LinkSense.mk Двата најголеми емитери на јаглерод диоксид во светот, САД и Кина ќе се сретнат овој викенд во Калифорнија за да разговараат за подготовките за климатската конференција на ОН КОП28 во Дубаи на крајот на ноември, соопшти Стејт департментот. Пред очекуваната посета на кинескиот претседател Си Џинпинг на САД, американскиот претставник за климата Џон Кери ќе разговара за „зголемените амбиции за заштита на климата“ и мерките за ...
LinkSense.mk Во 2022 година во ЕУ на располагање на туристите биле околу 28,9 милиони легла во над 620.000 туристичко-сместувачки капацитети, што претставува нивно зголемување за по околу еден процент во споредба со предпандемиската 2019 година. Според податоците на Европската статистичка служба – Евростат, над една третина од сите туристички легла биле во само две земји од ЕУ – Франција со околу 5,2 и Италија со речиси 5,1 милиони. Натаму ...
LinkSense.mk Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ денеска соопшти дека се уште нема да гради нова гигафабрика за батерии за електрични возила во Источна Европа поради слабата побарувачка. Извршниот директор на „Фолксваген“, Оливер Блум, изјави дека со оглед на моменталната ситуација на пазарот, вклучувајќи го и побавниот раст на побарувачката за електрични возила, засега нема деловни причини за изградба на нова гигафабрика во ...
LinkSense.mk Бугарската влада соопшти дека го одложува целниот датум за воведување на еврото за 2025 година. Иако претходно беше најавено дека Бугарија би можела да го воведе еврото на почетокот на 2024 година, владата информираше дека треба да се направат уште многу работи за да се создадат законски услови за овој акт. „ Неколку експерти се сомневаа во одржливоста на целниот датум за влез на Бугарија во еврозоната поради високата инфлација. ...
LinkSense.mk Британскиот нафтен гигант „Шел“ денеска објави добивка од 6,2 милијарди долари за третиот квартал, што е приближно во склад со проценките, затоа што компанијата профитираше од повисоките цени на нафтата и маржите за рафинирање. Аналитичарите очекуваа прилагодена заработка од 6,48 милијарди долари. Компанијата, исто така, најави откуп на акции вреден 3,5 милијарди долари што ќе се изврши во текот на следните три месеци. Големите ...
LinkSense.mk Делегати од 28 земји, вклучително и САД и Кина, се согласија вчера да работат заедно за да ги ограничат потенцијалните катастрофални ризици предизвикани од брзиот напредок во вештачката интелигенција. Фокусот на првиот меѓународен самит за безбедност на вештачката интелигенција, кој се одржува денеска и утре во Блечли Парк, поранешна шпионска база во близина на Лондон, е на најсовремената „гранична“ вештачка интелигенција, за која ...
LinkSense.mk Германскиот канцелар Олаф Шолц вчера во телефонски разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на кого му нагласил дека заштитата на цивилите во Појасот Газа е клучна, како и гаранцијата за испорака на хуманитарна помош. Како што соопшти кабинетот на Шолц, тој ја повтори „непоколебливата солидарност на Германија со Израел“. – Тој ја подвлече важноста од заштита на цивилите и хуманитарната помош за населението во Појасот ...
LinkSense.mk „Белград на вода“ сигурно е една од најскапите локации за живеење во Србија и интересно е да се види како всушност изгледа внатрешноста на тие станови. Во се, посебно се издвојува една недвижност која чини повеќе од еден милион евра, пишува српскиот портал „Задоволна“. Видео од овој луксузен стан се врти на социјалната мрежа Х и ги покажува неверојатно скапите детали. Имено, станот, по завршувањето на изградбата, бил целосно ...
LinkSense.mk Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди утринава индонезискиот остров Тимор, потресувајќи го главниот град на покраината, соопшти Американскиот институт за геолошки истражувања. Земјотресот се случил на длабочина од 36,1 километар на тој остров на истокот од архипелагот, во близина на градот Купанг, каде силно бил почувствуван, јавува АФП, но засега нема информации за жртви. Индонезиската агенција за ...
LinkSense.mk „Во овие економски турбулентни години, според Светска банка, дигиталната економија учествуваше со околу 15% во глобалниот Бруто домашен производ (БДП), додека очекувањата се дека овој процент во 2030 година ќе се зголеми на 30% од глобалниот БДП, притоа создавајќи околу 30 милиони работни места“, рече заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, во ...
LinkSense.mk Јапонската компанија за производство на автомобили „Тојота“ повеќе од двојно ја зголеми својата добивка во првата половина од финансиската година, накачувајќи ја со тоа својата деловна прогноза за целата година. После шест месеци нето добивката запре на 2,590 милијарди јени (16,2 милијарди евра), а приходот беше 21,980 милијарди јени (137,5 милијарди евра), што е речиси за четвртина поголем од истиот период минатата година. ...
LinkSense.mk Европската комисија објави дека ја одобрила третата подобрена вакцина против Ковид, произведена од Новавакс. Вакцината дека се препорачува лицата над 12 години – само една доза, без разлика дали претходно биле имунизирани. Комисијата појаснува дека настојува да обезбеди вакцини прилагодени на новите соеви на вирусот Ковид за оние за кои се препорачува имунизација. Станува збор за лица со слаб имунитет, постари лица над 65 години, ...
LinkSense.mk Данска го спроведува социјалниот експеримент на векот. Таква оценка може да се прочита во данските весници, но и во други големи западни медиуми кои се заинтригирани како Данска, позната како држава на благосостојба со напредни социјални програми, има намера да го реши проблемот со имигрантите, за кои данските политичари процениле дека се премногу гетоизирани и дека на тој начин прават „паралелни општества“. Во основа, се работи за ...
LinkSense.mk На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 340 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 89 санкции, 29 мерка за возење без возачка дозвола, две санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло. Од МВР денеска информираа дека се изречени осум мерки за користење мобилен телефон при возење, 26 санкции за некористење сигурносен појас, 10 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила… Сообраќајните ...
LinkSense.mk Во земјите на ЕУ во 2022 година се произведени 6,1 милиони тони тестенини во вредност од 7,8 милијарди евра, што е за милион тони повеќе или 20 отсто повеќе од пред пет години. Како што објави Евростат, Италија е водечка членка на ЕУ во производството на тестенини со 4,2 милиони тони произведени минатата година, вредни 5,1 милијарди евра и учествува со 68 отсто од вкупното производство во ЕУ по волумен и 66 отсто по вредност. ...
LinkSense.mk „Мета“ пред два дена објави дека од ноември ќе понуди платени претплати за Европејците за да можат да користат Фејсбук и Инстаграм без реклами, јавија француските медиуми. На овој начин,сметаат од оваа американска компанија, социјалните мрежи ќе ги исполнат барањата на европското законодавство за лични податоци и насочено рекламирање. Корисниците во ЕУ, Швајцарија и остатокот од Европската економска област (Исланд, Норвешка, ...
LinkSense.mk Франција поднесе жалба против Европската Унија пред Општиот суд на ЕУ поради фаворизирање на англискиот пред останатите јазици, објави „Политико“, наведувајќи дека Париз го обвинува блокот дека некои од новите вработувања во европските институции ги врши врз основа на проценки направени само на англиски јазик. Според бриселскиот портал, реакцијата на Франција следи откако во процесот на селекција при вработувањето на нови службеници ...
LinkSense.mk Не така одамна, распоредот за патување на Далај Лама беше преполн. Откако тибетскиот духовен водач побегна во Индија во 1959 година, за шест децении тој посети десетици земји и се сретна со членови на кралски семејства, верски водачи и со четворица американски претседатели. Неодамна 88-годишникот го забави темпото. Една од причините се неговите години, Ковид исто така му го отежна патувањето како и казните што Кина им ги изрече на ...
LinkSense.mk Според податоците и анализите на Здружението за растително производство и прехранбена индустрија при Стопанската комора на Србија (ПКС), во текот на 2022 година од Северна Македонија увезени се најмногу јаболки, потоа домати, кромид, зелка, свежи пиперки и лубеници, јави дописникот на МИА од Белград. Според податоците и анализите на Здружението во 2022 година во Србија се увезени 305.990,5 тони овошје, односно за 9,1 отсто помалку ...
LinkSense.mk Според прелиминарната проценка, годишната стапка на инфлација во еврозоната во октомври паднала на 2,9 отсто од септемвриските 4,3 отсто, објави вчера Евростат. Инфлацијата во еврозоната сега е најниска од јули 2021 година. Евростат проценува дека цените на храната, алкохолот и тутунот во октомври пораснале за 7,5 отсто на годишно ниво, како и цените на услугите – за 4,6 отсто, индустриските производи освен енергијата – за 3,5 ...
LinkSense.mk Археолошкиот музеј на Каталонија во Барселона во саботата ги отвори вратите за нудисти, нудејќи им на заинтересираните посебна обиколка низ просториите без облека. Оваа 90-минутна тура е организирана во соработка со каталонскиот „Натуристички клуб“. – Сакавме да има поинтересна тура, а не обична тура со водич, изјави Едгар Местре, водич кој и самиот ја обиколи изложбата без облека. – Сакавме луѓето кои би дошле да ги погледнат ...
LinkSense.mk Со концерт на Даниел Апостолов (фагот) и Дарко Мариновски (пијано), вечер од 20 часот во Музејот на македонската борба ќе заврши годинашниот фестивал на македонски музички уметници „Златна лира“. На затворањето на фестивалот ќе биде доделена и наградата „Златна лира“ која Сојузот на музичките уметници на Македонија (СМУМ) ја доделува за врвни уметнички достигнувања во изминатата година. За 2022 година, наградата му се доделува на ...
LinkSense.mk На сцената на Националната опера и балет вечер ќе се изведе операта „Травијата“ од Џузепе Верди. Диригент на операта е Бисера Чадловска, режијата е на реномираната германска режисерка Верена Штојбер, креирајќи моќна продукција чии главни атрибути се смелото сценско дејствие и визуелниот квалитет, сценограф и костимограф е Софија Шнајдер (Германија), кореограф: Саша Евтимова. Во улогата на Виолета Валери ќе настапи Наде Талевска, во ...
LinkSense.mk Новиот конкурент на мрежата Икс (Х), Тредс (Threads) достигна речиси 100 милиони корисници месечно, изјави извршниот директор Марк Закерберг во презентацијата на резултатите од последниот квартал на матичната компанија Мета. Сè што беше претходно познато за развојот на Тредс беше дека услугата достигна 100 милиони регистрации за неколку дена кога беше лансирана на почетокот на јули. Фирмите за веб-аналитика процениле дека бројот на ...
LinkSense.mk Социјалната мрежа Икс почна да ја воведува услугата за аудио и видеоповици. Опциите може да се најдат во делот „Поставки“ за „Директни пораки“, а новите функции може и да се исклучат. Оваа новина во август ја најави извршната директорка Линда Јакарино, истакнувајќи дека ова е само чекор во еволуцијата на платфрмата кон тоа да стане „апликација за секого“, исто како што напомна и сопственикот Илон Маск. Корисниците ќе имаат можност ...
LinkSense.mk Американската поп-пејачка Мадона и натаму е женска уметница со најмногу продадени музички плочи на сите времиња, објави вчера Гинисовата книга на рекорди. Се истакнува и дека Мадона (65) има продадено повеќе од 400 милиони плочи во текот на нејзината 40-годишна кариера, пренесува „Пипл“ (People). Пејачката го држи рекордот од 2009 година, а по неа следат Ријана, Мараја Кери, Тејлор Свифт и Бијонсе. На почетокот на овој месец, Мадона ...
LinkSense.mk Амбасадорот на Израел во Обединетите нации вчера, во Советот за безбедност на ОН, си стави жолта ѕвезда на реверот од сакото, велејќи дека ќе ја носи додека Советот не ги осуди злосторствата на Хамас, а палестинскиот претставник, пак, рече дека Газа сега е „пеколот на Земјата“ и повика за спасување на нејзините жители. Гилад Ердан и неговиот персонал си закачија жолти Давидови ѕвезди со натпис „Никогаш повеќе“, додека присуствуваа ...
LinkSense.mk Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – септември 2023 година, продажбите на македонскиот фармацевтски гигант „Алкалоид“ достигнуваат 9.212.341.451 денари, што е за 13 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 12.483.936.387 денари, што е за 14 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Продажби според региони Консолидираните продажби ...
LinkSense.mk – Директорите на „Гугл“ во мај ја претставија функцијата „Имерсив вју“ за рути, којашто овозможува навигациски фотографии за планирани патеки. Сега оваа опција е достапна за корисниците ширум светот. Кога корисникот се движи пешки, на велосипед, во јавен превоз или во свое возило, новата опција ќе му овозможи и виртуелно да се движи по улиците следејќи визуелни слики на патеката што ја избрал. Функцијата, надградена со технологијата ...