Преку искуствата во групата „Наставници за онлајн настава“ и од други извори дознаваме дека онлајн наставата не функционира! Десет дена од почетокот на учебната година, а календарите по онлајн настава се полупразни, се држат 2-3 часа дневно од предвидените 6-7, наставниците не се приклучуваат, кога се приклучуваат не ја вртат камерата кон таблата итн. Проблемите се бројни, но нема кој да зборува за нив! Се оди по логиката дека се работи за ...

Влегуваме во третата недела од почетокот на учебната година и онлајн наставата се уште не се одвива или каде што се држи е половична. Се разбира постојат исклучоци, но според информациите кои ги добивме од групата Наставници за онлајн настава тие се ретки. Минатата година na arno.mk пишувавме за проблемите на комбинираната настава, колку ќе биде тешко остварлива и сето тоа се гледа на терен. Но, бидејќи нема подобар избор за учениците кои се ...

На наставниците не им е лесно, тие се ставени во експериментални лаборатории со поволни услови за развивање вируси. Соочени со многу предизвици, се чини дека голем дел од нив ги занемаруваат децата кои учат онлајн. Понекогаш има објективни причини, но понекогаш е едноставно тешко да се држи комбинирана настава. Сепак, има наставници кои предаваат коректно и тие го даваат моделот на соодветна комбинирана настава. Еве што можеме да научиме од ...

Кога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн. Тие се одделени од другарите и од општеството и им треба помошта на наставниците. Ако им се даде довербата и вниманието, тие ќе вратат десетократно! Со инсистирањето на физичко присуство оваа учебна година, онлајн (комбинираната) настава е заборавена и заметена „под тепих“. Јасно е дека наставниците ...

Во историските записи за територијата на Македонија во XIV-от век постојат многу контрадикторни податоци. Доволно е да направите површно истражување на интернет, да ги споредите сајтовите со учебниците и ќе наидете на многу недоследности. Едните велат едно, другите друго…. Впрочем, така е и со целото наше минато, раскинати помеѓу страниците на историјата која ја пишуваат победниците. Кои сме ние во историската приказна се уште не се знае, но ...

Минатата година издадовме седум книгички кои ги споделивме за бесплатно читање и преземање од нашиот портал. Заедно со другите издадени во претходните години, ви ги споделуваме (во случај да сте заборавиле!) повторно тука сите книги од едицијата „Фактопедија“. И не заборавајте секој ден да учите и дознавате нешто ново, зашто образованието не е само на училиште (а ако е наше, па уште и онлајн, тешко вас!), туку и по училиштето (ова важи и за ...

Според студијата објавена на 19 март 2022 во магазинот SAGE Open која ја вклучила анализата на платата на наставниците во корелација со успехот на учениците во САД е утврдено дека кога наставниците се платени повеќе и учениците имаат подобри резултати! Студијата е направена врз огромен примерок од 10.000 училишни области во САД (секоја област има неколку училишта) што секако влијае уште повеќе врз нејзината веродостојност. Според студијата ...

Од новата Темплум книга „Џинџуџе во земјата на афионите“, обемната антологија на македонскиот краток расказ (застапени се 73 автор(к)и со 219 раскази), пренесуваме пет микро фикции. Книгата излегува во едицијата Магма која годинава одбележува 20 години. Повеќе за книгата подолу. Бранко Прља КАП! И ПАК. Си била една капка, што имала страв од капнување. Еден ден си кажала: ‒ Да не се капне треба, да не се биде капнувачки миг. Да се биде стоик, ...

Во една земја каде што културата се мери според награди и признанија, младите автори честопати тешко доаѓаат до израз. Се разбира има и исклучоци, издавачки куќи кои им даваат предност на младите квалитетни автори, како Или-Или, ПНВ публикации или Темплум. Наградите доаѓаат по објавувањето кај нив! Во недостаток на едно централно место каде што како во инка се спојува алтернативната култура, како што беше Културниот центар Точка, постојат ...

Ви носиме нова бесплатна книга на нашиот портал наречена „Шапката му ет арна, ама глаата му ет празна“ – 50 цитати и поговорки за образованието! Цитатите и поговорките, како и креативните биографии на личностите ги има собрано и напишано Бранко Прља. Книгичката е 14-та во едицијата „Фактопедија“. Во неа е поместен избор на (според нас) наијнтересни дваесеттина цитати поврзани со образованието. Оваа тема е актуелна кај нас, особено изминативе ...

Насловот на текстов е преземен од коментар на долгогодишниот критичар и хроничар на македонската рок и алтернативна музичка сцена Тошо Филиповски. Тој е новинар и автор на неколку книги како „Македонски Рок Времеплов“, „Македонска Рок Енциклопедија“, „МИЗАР – Откровенија 1981-2021“ и други. Неговиот коментар се однесува на настапот на средношколскиот бенд DIBS во МКЦ на 7 мај 2022 година. Живееме во интересно време. Од една страна (или од ...

Скопје мутира, понекогаш во митолошка Химера, суштество составено од делови од различни ѕверови, секој погрд од другиот. Сепак, понекогаш, по дождот кој ги мие лошите наслаги, чудесната шума знае да роди и магични печурки. Една од нив е младата Хана Корнети, писателка, музичарка, културолог, филозоф и многу други нешта. Tаа е автор на збирката раскази „Млечни заби“ (2021, Или-или), неколку раскази објавени на англиски во странски онлајн ...

Едицијата „Фактопедија“ е замислена како неформална едукација, збирка на интересни факти од светот на науката, технологијата, уметноста, образованието, екологијата… оние нешта кои на уредниците на едицијата им се чинат значајни за правилен раст и развој на младите индивидуи во едно недоволно развиено општество. Сите книги „Фактопедија“ се достапни за бесплатно преземање, за печатена книгичка обратете се на contact@arno.mk. Книгичките, како од ...

Африка е позната како земја со богати ресурси и сиромашна популација. Прамајка на целиот човечки род, низ својата историја била експлоатирана од белиот човек на начини кои се застрашувачки. Само Белгискиот крал Леополд II кон крајот на 19 век е одговорен за смртта на 10 милиони луѓе во Конго. Конго е најголемата земја во супсахарска Африка, со голема популација од 105 милиони луѓе и богата со многу минерали без кои модерниот свет не би можел ...

Скопје е Велоград, со околу 110 километри велосипедски патеки (заедно со патеките на Водно), но ниту еден метар од нив не е во Драчево! 110 км можеби изгледа многу, но во споредба со некои европски градови, не сме ни блиску. На пример, градот Копенхаген е 3 пати помал од Скопје, а има 4 пати повеќе велосипедски патеки. Сепак, мораме да признаеме дека последниве 10-тина години се работи на велосипедската инфрастуктура во Скопје и тоа е добро. ...

Самото тоа што на оваа локација има импровизиран пазар, значи дека има реална потреба од регулиран зелен пазар. Околината е затрупана со отпад, црквата недоградена, заградена со бодликава жица која виси на сите страни. Зборуваме за близина на училиште и згради каде што има голем број деца. Освен што е нехигиенски и опасно по нив, сликата која ја гледаат секој ден не е добра за нивниот развој и животна перспектива. Треба да ги научиме на ред и ...

Тој лош кортизол! Според истражувањето „Алтруизам под стрес“ од Универзитетот во Хамбург (14 март 2022, Journal of Neuroscience), хормонот на стресот, кортизолот, ја намалува емпатијата (сочуството) кај луѓето и ја менува активноста во мозокот поврзана со процесот на одлучување во друштвени ситуации. Парадоксот во ситуацијата е дека ова се случува само кај луѓе кои по природа се емпатични! Живееме во стресно време и на науката одамна и е ...

Девојчињата и момчињата се поранливи на негативните ефекти од социјалните мрежи во различни периоди од тинејџерските години, според истражувањето објавено од страна на меѓународен тим научници, вклучително и експерти од Интернет институтот во Оксфорд. Студијата е објавена на 28 март 2022 во списанието Nature Communications и податоците од Англија покажуваат дека кај девојчињата постои негативна корелација помеѓу користењето на социјалните ...

После статистиките за тоа дека сме први во загадувањето, стига нова интересна статистика: Македонија е втора во светот според консумирањето цигари! Според оваа статистика од Википедија Македонија е на четврто место во светот, но ако се исклучат Андора и Луксембург, кои имаат бесцарински продавници за цигари со цени пониски и за 20 проценти од соседите, каде одат голем број странци, Македонија се качува на второ место. Ако кликнете ѕвездичката ...

Според ново истражување објавено во Journal of Marriage and Family државите во САД кои ја зголемиле минималната плата ги намалиле стапките на разводи кај оние со пониски примања. Студијата е прва која систематски го испита влијанието на зголемувањето на минималните плати врз стабилноста на бракот во Соединетите држави. Според истражувачите до сега не се правени вакви студии. „Претходно (истражувањата) покажале дека тешкотиите на посиромашните ...

Според новите истражувања, антидепресивите само го маскираат проблемот, имаат многу опасни нус-ефекти и всушност на долги стази ги влошуваат ефектите на депресијата. Ако се лоши зошто се користат? Психијатријата, особено во западниот свет, се потпира на антидепресивите за лекување на депресијата веќе со децении. До пред неколку години постоеше апсолутен консензус за нивното добро влијание врз пациентите и беше речиси табу да се зборува против ...

Арно.мк отвора нова група за наречена „И Драчево е Скопје“ со цел за подобрување на условите во населбата. Групата е отворена затоа што не најдовме друга слична која ги користи социјалните медиуми за општествена промена, сите се занимаваат со „барам/издавам“ активности. Единствена која вреди да се спомене и зборува за проблемите во Драчево е групата „Млади за Драчево“. Во описот на групата пишува: 1) Депонии – да се исчистат постоечките диви ...

Како портал кој се занимава со арни нешта, освен науката и уметноста, екологијата е нашиот примарен фокус. Веќе пишувавме за општествено и еко-одговорни компании, зборувавме Кесанова, како една од компаниите која освен тоа што нуди квалитетни производи се грижи и за околината, и го споменавме примерот на DHL кој градската флота ја замени со електрични возила. Денес би сакале да позборуваме за нивното ново еколошко пакување. Според Симона ...

Канта.мк некогаш беше најавуван како одговор на прашањето: Како да им обезбедиме на граѓаните начин на кој може да придонесат кон подигнување на степенот на чистота во град Скопје?“ Денес сајтот не работи, апликацијата не постои, што стана со проектот? На сајтот на Скопјелаб, пишува „Апликацијата е развиена од страна на СмартАп – Лабораторија за социјални иновации Скопје, организацијата која го координира СкопјеЛаб – Центарот за иновации на ...

За да се намали загадувањето на воздухот потребни се три чекори: намалување на загадувањето од домаќинствата, сообраќајот и индустријата, но како да се направи тоа? 1) Намалување на загадувањето од домаќинствата: Според студиите старите печки на дрва кои најмногу се користат кај нас се голем извор на загадување, поради неефикасно согорување на дрвата. Потребно е тие да се заменат (со субвенциите се обезбедува истото, но не се враќа голем дел ...

Пластиката која ја селектирате (е можно да) ви се враќа како загаден воздух кој го дишете! Но, пред да преминеме на објаснувањето зошто тоа е (или може да биде) така, кликнете на видеово: Добредојдовте во чудесниот свет на рециклирањето пластика! Во видеото, на кратко раскажано, се зборува за ова: 1) Во 1960-тите (американските) компании биле обвинети за големите количини отпад 2) Во 1970-ти (американските) компании го замислиле рециклирањето ...

Александар Македонски во литературата е опишан со „виткана, темно руса коса, истакнато чело, кратка брада, црвеникава кожа, интензивен поглед и ниска, набиена и цврста фигура.“ На повеќе места се среќава описот дека “имал едно темно кафеаво и едно сино око“! Се разбира, и покрај различните скулптури, мозаици и пари со неговиот лик, не можеме да знаеме со сигурност како изгледал. Во минатото се направени разни обиди со помош на технологијата ...

Македонија не може да тргне напред затоа што погледот ни е насочен в’земи, надолу или во најдобар случај околу нас – што прави комшијата или кој политичар е виновен за секојдневието… Време е да го насочиме погледот напред и нагоре – кон тајните на вселената! Факт – Македонија нема астрономска опсерваторија. Ама за волја на вистината немаат ни Албанија, Косово, Црна Гора, ни Босна и Херцеговина, какво весело друштво! Кој одел во Скопското ...

Мегалитската опсерваторија Кокино не се наоѓа на листата на Светско наследство на УНЕСКО бидејќи „бројот на можните точки за набљудување и маркерите може да укаже на случајно астрономско порамнување.“ Од друга страна, НАСА во 2005 го потврди статусот на Кокино како античка мегалитска опсерваторија. Се проблематизира ставот на УНЕСКО особено поради фаворизирање на одредени локации во Европа и „спорните одлуки за избор на локациите и ...

По неколку дена од отворањето на групата Астрономска опсерваторија во Македонија, дознавме неколку интересни нешта за кои вреди да се продискутира, па ни се чини дека допрва ќе пишуваме за оваа тема. За овие (нови за нас лаиците, можеби познати за експертите) сознанија пред се е заслужен Александар Шулевски, истражувач поврзан со радио интерферометарот за ниски фреквенции LOFAR и постдокторант при институтот за астрономија на Универзитетот во ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
81%
1008
weather icon

Белград

7ᴼ / 4ᴼ
9.26
65%
1005
weather icon

Загреб

5ᴼ / 3ᴼ
5.14
92%
999
weather icon

Софија

1ᴼ / 1ᴼ
7.72
80%
1011
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.71
95%
1014
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.79
97%
999
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
5.66
80%
1011
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
6.17
39%
1000
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
87%
1000
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
4.12
92%
1014
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
4.12
97%
1005
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
66%
1015
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Бакар

12.10

Рутениум

45750.51

Сребро

3663.67

Калај

49.78

Иридиум

221848.72

Злато

159322.70

Алуминиум

3.06

Паладиум

56617.46

Родиум

339190.38

Платина

83354.78

Кобалт

64.04

Цинк

3.37