Белград
12ᴼ /
12ᴼ
Битола, градот на првите филмски кадри на Балканот, продолжува да ја слави кинематографијата и нејзините великани. На Широк Сокак е поставена информативна табла со QR код, преку кој сите минувачи, туристи и патувачи можат да ја симнат и погледнат видеосторијата „Патека на славните на Широк Сокак“, посветена на лауреатите на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.Видеосторијата ја раскажува приказната за ѕвездите на кои се ...
Струга Трим Лум – Пелистер 2:0 Екипата на Пелистер е поразен во Струга со резултат 2:0, полувреме 0:0, во рамките на Првата македонска фудбалска лига, а на клупата го немаша тренерот Капинковски поради обрвски со У18 репрезентацијата на Македонија. Најголем дел од првиот дел помина без некои шанси за гол на двете страни. Струга се обие преку Компаоре и Бојку, но без успех. Во второто полувреме прва шанса за Струга во 60 минута, а потоа и ...
На 28.09.2025 во 13:56 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул. „Филип Втори Македонски“ и ул. „Наум Наумовски Борче“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 30-годишна жена и патничко возило „фолксваген туран“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 47 годишник, двајцата од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 42 годишник од ...
Централниот настан на осмото издание на меѓународната поетско- културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ ќе се одржи на први октомври (среда) со почеток во 19:00 часот во прекрасниот амбиент на Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје. На почетокот на вечерта, присутните ќе имаат можност да проследат кус аудио снимка изворно со гласот на Анте Поповски. Низ динамично осмислената програма ќе нè води Александра ...
Минатиот четврток, во неделата на 46. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, книжевниот клуб UTOPIA во Битола беше домаќин на специјален културен настан посветен на животот и делото на драматургот Горан Стефановски. Под наслов „Внатрешниот филм“, вечерта ги спои филмот, зборот и меморијата – создавајќи интимно патување низ темите што го обележаа неговиот опус. Фокусот на вечерта беше документарниот филм „Траги“ на авторките ...
-Локалните избори 2025 се осми од независноста на државата, а четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи. 504 битолчани се најдоа на листите, 8 кандидати за градоначалник, 496 кандидати за советници на 16 листи. Денеска, 29 септември, и официјално почнува изборната кампања за локалните избори закажани за 19 октомври, во рамките на која партиите и независните кандидати ќе имаат можност да ги претстават своите програми пред ...
“Целта на секоја диктатура е да доведе до научена беспомошност“ – Душан Поткоњак Се поставува прашањето какво е влијанието на ситуацијата во која се наоѓаме на макро и микро ниво врз менталното здравје кај луѓето. Дали може да доведе до т.н. „научена безпомошност“. Кога се случуваат лоши работи, сакаме да веруваме дека ќе сториме сé што е потребно за промена на ситуацијата. Истражувањата за она што е познато како научена беспомошност покажале ...
Обуката е наменета само за евидентирани невработени лица, Времетраење: 3 месеци, Учесниците кои ќе бидат дел од оваа обука преку оваа мерка добиваат и 3 месечен бруто надомест во висина од 12.000,00 денари. Во текот на обуката, студентите изучуваат голем број платформи кои се потребни за започнување на нова кариера. Заинтересираните невработени лица може да го изразат својот интерес и да поднесат Пријава во Агенција за вработување – Битола, ...
Денес, понеделник, 29 септеември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 20 степени. Утре, вторник, 30 септември, во Битола времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 20 степени. ...
Секоја година за време на одржувањето на фестивалот на филмската камера “Браќа Манаки“ во Битола се плете приказната за црвениот тепих кој се поставува и по него влегуваат битолчани и нивните гости на отворањето и затвирањето на фестивалот.Поминуваат гостите од странство, поминуваат наградените, глумците чии филм го гледаат битолчани, поминуваат многумина…Низ фотографиите на Сашо Ристевски ќе ви прикажеме кој се помина по црвениот тепих и како ...
-Деновиве кога е актуелно последното издание на филмскиот фестивал “Браќа Манаки“ да се постетиме на тоа како изгледаше Битола и фестивалот пред 10 години, заполна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.36. интернационален фестивал на филмската камера “Браќа Манаки“, во Битола, беше отворен со премиера на македонскиот филм “Лазар“, на режисерот Светозар Ристовски. Тогашниот директор на “Браќа ...
Професионалните спортисти се најмногу застапени на медиумите, а за разлика од нив оние “обичните“ спортисти немаат свој медиумски простор, а со своите спортски подвизи секако тоа го заслужуваат.Еден од нив “обичните“, а на кој му даваме заслужен простор е нашиот сограѓанин, вљубеник во велисипедот и планината е Николче Чкљамовски. Николче, денес, пред некој саат по по 200-ти пат со велосипед се искачи на врвот Пелистер, како дел од својот ...
Денес, недела, 28 септември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб со умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 18 степени. Утре, понеделник, 29 септември, во Битола времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб со умерен ветер од северен правец. Температурата во ...
На 28.09.2025 во 06:30 часот на ул „Пецо Божиновски” во Битола, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Битола го лишиja од слобода 24 годишник од Битола. При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило “алфа ромео“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал и при извршена контрола констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,51% промили алкохол во ...
ПАОК – Пелистер 94:82 Вечерва во спортската сала во спортската арена во Солун, Грција, кошаркарите на Пелистер од Битола продолжија со контролните натпревари во пресрет на новата натпреварувачка сезона.Зелено-белите“ по настапот во квалификациите за ЛШ против Реџо Емилија во Самоков, Бугарија, денеска повторно имаа нов меѓународен натпревар, а за ривал исклучително квалитетна екипа, екипата на ПАОК. Грчки ПАОК беше домаќин на “пелистерци“ во ...
Еурофарм Пелистер 2 – Охрид 22:25 (11:12) Ракометарите на Охрид тешко дојдоа до бодови во Битола, против екупата на Еурофарм Пелистер 2, а после многу мака го совладаа Еурофарм Пелистер 2 со резултат 22:25, полувреме 11:12. Стартот на натпреваро започна со грешки на “пелистерци“ а тоа донесе 1:4 за гостите, а потоа и највисоко водство 3:7. Потоа младите полека се вратија во игра и започнаа да ја намалуваат предноста, а на полувреме замина со ...
Еурофарм Пелистер – Струга 45:24 (20:16) Ракометарите на Еурофарм Пелистер во Битола ја забележаа третата победа во Суперлигата, откако рутински и убедливо ја победи Струга со 45:24, полувреме 20:16. На стартот на средбата во салата „Боро Чурлевски“ битолчани отворија добро и поведоа со 3:1. Стружани со серија од 0:3 и првпат поведоа, а тоа беше и последен пат. Со три гола на браќата Атанасијевиќ “пелистерци“ имаа 9:6. Струга се обиде да ...
“Calkin calacanei“ или шилец во пета е често сретнат термин за синдрон на болка во плантарната основа на стапалоро, поточно во петицата. Тоа всушност претставува таложење на клциумови наслаги во регијата на “Os calcanei” -петичната коска и инсерцијата на плантарната фасција и екстензирните мускули на стапалото како последица на прекумерно оптоварување. Причини се следни: -Професии со долго стоење во место, носење високи потпетици, рамни ...
На свеченото затворање на 46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола вечерва на Воли Фистер му беше врачена Специјалната награда Златна камера 300 за исклучителен придонес во светската кинематографија. Наградата му ја врачи директорот на фестивалот Димитрија Доксевски кој рече дека со голема радост му ја врачува оваа награда на човекот кој има срце поголемо од планина.-Овој генијален кинематографер, кој создава генијални дела и е еден од ...
-Празникот Воздвижение на чесниот крст, во народот познат како Крстовден, се празнува во чест на наоѓањето на крстот врз кој бил распнат Исус Христос и во чест на неговото враќање од Персија во Ерусалим. Поради неговата чудотворна моќ крстот е наречен и животворен крст. За подостоинствено празнување на празникот, но и за оддавање признание на светиот крст, како и за сочувствување со страдањата на Спасителот Исус Христос, Светата црква го ...
Со купување на Mitsubishi Electric топлинска пумпа од “Бител“, можеш да аплицираш за 20% грант и одплата на 5 години преку програмата GEFF на Европската банка за обнова и развој Што значи тоа за тебе? -Помали сметки за струја -Поголема удобност во домот -До 20% од вложените пари се враќаат назад Аплицирањето е едноставно – изберете уред, поднесете ги документите и добијте поврат на средствата. Инвестирај паметно, инвестирај во ...
Денес, сабота, 27 септември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 22 степени. Утре, недела, 28 септември, во Битола времето ќе биде претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата во ...
Домаќините од Битола и нивните гости и на затворањето на јубилејното 46. издание на интернационален фестивал на филмската камера “Браќа Манаки“ поминаа по црвениот тепих пред влегување во големата сала на Центарот за култура во Битола, каде беа доделени наградите за најдобрите кинематографери.По црвениот тепих поминаа меѓународното жири на фестивалот кои одлучуваа за наградите – Денис Ленуар, Астрид Хојбрантнер, Валерио Карузо, Асја Крсмановиќ ...
-Боите на фолклорот на Јуруците за мене како кинематографер беа највпечатливи, рече Наум Доксевски Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ вечерва го затвора 46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“. Денеска на прес конференција беше тимот на филмот: Наум Доксевски, кинематографер, Ивана Шекутковска, продуцент, тројца од главните актери: Дора Акан Златанова, Агуш Агушев, и Ариф Јакуб, Ѓорѓи Унковски, режисер и Иван Унковски, продуцент. -Локациите за нас беа ...
На 25.09.2025 во 07:50 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од бул.„1 Мај“, ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„Јане Сандански“ во Битола, патничко возило „форд фокус“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 31 годошник од Битола, удрило во пешакот 85 годишна жена од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.К., констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола. На ...
Академската сликарка Лара Ташковска од Скопје приреди извонредна ликовна изложба во Галеријата “Ранко Струмениковски“, во Битола што претставува прво нејзино презентирање пред битолската публика.Во присуство на голем број поклоници на ликовната уметност на свечен начин беше отворена нејзината прва самостојна изложба во Битола како член на ДЛУБ, а за нејзинпто творештво говореа д-р Драган Ристевски, галерист и кустосот Владо Ѓорески, историчар ...
Деновиве се одбележува една година од отпочнување со хуман третман на животните во Општина Битола и со отпочнување на работа на прифатилиштето Хачико. Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, заедно со директорот на ЈП „Комуналец“ Горан Степановски, го посетија прифатилиштето, во присуство на ученици од ОУ „Тодор Ангелевски“ и претставници на невладиниот сектор. -Прифатилиштето има склучен договор со повеќе ветеринарни друштва од ...
Денес, петок, 26 септемри, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 22 степени. Утре, сабота, 27 септември, во Битола времето ќе биде претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата ...
Последниве 12 години немам работено со режисерот Кристофер Нолан, но тоа е еден дел од мојата филмска историја. Започнавме со работа на „Мементо“ во 2000-та година и тогаш сфативме дека многу добро се согласуваме, лесно комуницираме. Продолживме да работим заедно и на некој начин учевме еден од друг. Неговата кариера од година во година оди во нагорна кариера и минатата година беше избран на претседател на Друштвото на режисери на САД. Во ...
Боби Павловски ја претставува својата најнова песна насловена „Варка“ – уште една силна нишка во успешната приказна што ја гради на регионалната музичка сцена. Иако композицијата е снимена на српски јазик и е дел од најавениот албум наменет за пазарот во соседството, песната носи длабоко вкоренет македонски дух, и во музичкиот ритам и преку визуелниот наратив. Со „Варка“, Боби речиси го заокружува проектот што во изминатиот период го создаваше ...