На 14.10.2025 во 01:01 часот на ул. „Партизанска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 44 годишник од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген” со битолски регистарски ознаки, при што констатирале дека лицето го управува под дејство на алкохол, односно измерени му се 1.87 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде ...

На 13.10.2025 во 11:00 часот во СВР Битола е пријавено дека во ридот над германските гробишта во Битола било пронајдено тело на починато машко лице. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола, а по наредба на јавен обвинител, телото било дадено на обдукција. На 13.10.2025 во 09:57 часот во СВР Битола е пријавено дека во с. Крклино, битолско, пронајдна е стара граната. Од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола ...

Денес, вторник, 14 октомври, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 17 степени. Утре, среда, 15 октомври, во Битола, времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 16 степени. ...

Октомври во Gold Felicia носи две вечери исполнети со жива музика, добра енергија и атмосфера што потсетува зошто ова место е еден од централните пунктови на забавата во Битола. На 16 октомври, сцената повторно ѝ припаѓа на групата Либеро Бенд, чиј репертоар и настап секогаш предизвикуваат одлична публика и вистински ноќен ритам. Очекувајте вечер исполнета со хитови, музичка хармонија и расположение какво што само живиот настап може да донесе. ...

Ѓуро Илиќ од Битола кој деновиве ќе прослави голем јубилеј, 50 години тренерска кариера, доби големо светско признание. Јапонската будо федерација на Ѓуро Илиќ му го додели Орденот за заслуги на ЈБИФ за извонреден придонес за промоција на будо и јапонската самурајска култура ширум светот. -Ова е голем признание за мене, доделено од Јапонската будо федерација, ми претставува голема чест, а посебно што ова признание се поклопува со мојот голем ...

-Цедевита јуниор е квалитетна екипа што ја почитуваме, добро покриена на сите позиции, тим што инсистира на брз напад и транзиција, што игра агресивно на топка во одбраната, ние да го диктираме темпото и да сториме се веќе на првиот меч од ФИБА Европа купот да стигнеме до позитивен резултат, истакна стратегот на Пелистер. Пелистер забележа две убедливи победи на стартот од новата суперлигашка сезона, но тренерот Боро Даскаловски верува дека ...

Утре во Битола ќе се игра натпревар од Лигата на Шампиони, а Еурофарм Пелистер го пречекува европскиот ракометен гигант Барселона. Пред утрешниот натпревар зборуваше засилувањето од Полска, Анџеј Видомски. Видомски добива шанса да се докаже, а се очекува така и да биде и на натпреварот против Барселона, во рамки од петтото коло од новата сезона во Лигата на шампионите. -Првиот меч во Битола против Охрид имаше одлична атмосфера. Во Лигата на ...

По летото исполнето со сонце, патувања и активности на отворено, кожата влегува во есента уморна, дехидрирана и почувствителна од вообичаено. УВ зраците, морската сол, хлорот и топлината оставаат свои невидливи траги , микроскопски оштетувања, губење на влага и намалена еластичност. Со првите студени утра, кожата реагира: станува посува, понекогаш затегната, а тенот изгледа помалку жив. Токму затоа есента е идеалниот момент да ѝ дадеме ...

Пелистер Волеј – Јанта 1:3 (25:21, 19:25, 22:25, 20:25) Одбојкарките на Пелистер волеј од Битола вечерва со натпреварот против екипата на Јанта од Скопје ја отворија новата одбојкарска сезона, а ова беше нивни прв натпревар после враќањето во Првата лига. Битолскиот прволигаш влезе амбициозно во дуелот со шампионот и имаше одлична премиера во прволигашкото друштво потврдувајќи уште на стартот дека ќе биде силен прптивник за сите екипи. Пелистер ...

Сосема кратко време имаше влезници за натпреварот во Битола, во рамките на Лигата на шампиони, Еурофарм Пелистер – Барселона, а според клубски информации тие се продале за само 8 минути. Каталонскиот и европски гигант гостува во Битола, но нема влезници за во салата „Боро Чурлевски“. Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Барселона се игра во среда (15 октомври) со почеток од 20:45 часот. Главни судии се турските арбитри Курсад Ердоган и Ибрахим ...

По три години во Битола повторно ќе гледаме дуели од врвот на македонската одбојка. Денес гостува минатогодишниот шампион, а според Одбојкарската Федерација на Македонија ОФМ ова ќе биди дерби на 1. коло кое ќе биди пренесувано директно на националниот сервис МРТ3 со почеток во 18:00 часот. Вистинското место за следење на вакви натпревари е реновираната сала на Пелистер Волеј во средното медицинско училиште “Д-р Јован Калаузи“, а поддршката на ...

“ПАРТНЕР ХЕН“ е компанија која поставува високи стандарди во дистрибуцијата и продажбата на производи за еднократна употреба, со фокус на решенија за ресторани, кафе барови, кујни, маркети и домаќинства.Компанија е специјализирана за дистрибуција и продажба на големо на производи за пакување и сервирање храна, со посебен акцент на: -Алуминиумска фолија – квалитетна, издржлива, достапна во повеќе димензии -Салвети, хартиени брисачи и хигиенски ...

Парите, од психолошки аспект, не се само економско средство, туку имаат длабока симболична и емоционална улога во нашиот живот. Тие влијаат врз начинот на кој ја доживуваме безбедноста, вредноста, контролата, слободата, па дури и љубовта. Од психолошка гледна точка, парите често се: -симбол на сигурност – Ако имам доволно, сум безбеден/на. -симбол на слобода – Ако имам пари, никој не може да ми кажува што да правам. -симбол на моќ и контрола – ...

Денес, понеделник, 13 октомври, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Температурата во Битола до 18 степени. Утре, вторник, 14 октомври, во Битола времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен ...

Пелистер – Динамо Букурешт 2:0 (0:0) Екипата на Пелистер од Битола го прослави 80. роденден на клубот во ревијален меч со Динамо Букурешт од Романија, кој се одигра на стадионот “Петар Милошевски“, а попознат како стадион под Тумбекафе, победи со резултат 2:0, полувреме 0:0, а два гола кои паднаа во завршницата на натпреварот.На овој натпревар и навивачите на Пелистер, навивачката група “Чкембари“ прославија 40. години постоење.Публиката имаше ...

-ФК Пелистер од Битола денеска прослави три јубилеја, 80 години од постоењето на клубот, 40 години од навивачката група “Чкембари“ и 50 години од “златната“ генерација на клубот која што го направи најголемиот успех и за првпат заигра во Втората југословенска лига. -Се одржа и свечена церемонија на која клубот ги одликува своите легенди. Попладнево во Офицерски дом во Битола, Општина Битола, сопственик на Пелистер со свечена академија го ...

Одигран приајтелски натпревар помеѓу кадетските селекции на РК Еурофарм Пелистер и репрезентација на Македонија, каде што победа издвојува националната селекција. После рамноправната игра во првото полувреме, во вториот дел шанса за настап добија сите играчи за настап во тимот на Еурофарм Пелистер, со што се изгуби рамноправниот ритам, при што нашиот национален состав направи резултатска предност. Одлична партија за тимот на Еурофарм Пелистер ...

-Битола од секогаш имала шампиони во мото-крос, но кога зборуваме за мото-кросот пред 10 години, како е и насловот на рубриката, не можеме да не го споменеме Борче Костов кој неколку сезони беше во врвот на овој спорт во Македонија, а имаше и значајни настапи на Источно европскиот шампионат, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство. Борче Костов започна со својата натпреварувачка кариера ...

Денес, недела, 12 октомври, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претпладне променливо облачно, во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 18 степени. Утре, понеделник, 13 октомври, во Битола времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен ...

Вечерва во галелеријата “Ранко Струмениковски“ во Битола по повод 11. Октомври, Денот на народното востание, свечено беше отворена ликовна изложба на нашиот сограѓанин, посмртно, на Илија Кочовски, а ова е јубилејна изложба на слики и графики по повод чествувањето на неговиот 80-годишнината од неговото раѓање.Голем број на гости, љубители на ликовната уметност, а посебно на творештвото на Кочовски, беа присутни на изложбата, а галеристот д-р ...

ФТ Митко Василев, физиотерапефт, специјалист кинезитерапија и мануална терапија, од ординацијата “Кинет мед“ ве информира за дијагностика и терапија за разни заболувања и третмани за нив. Низ овие разговори ќе добиваме и стручни информации, а за истите постои голема заинтересираност. Овој пат ФТ Митко Василев ќе ве информира за ахилодиниа, модерна болест на нашето време, за што вели: -Ахилодиниа – по новите истражувања има две насоки тендиноза ...

Попаладмево во прес центарот на фудбалскиот клуб Пелистер од Битола се одржа средба со новинарите, а повод беше утрешниот фудбалски пријателски натпревар на екипите на Пелистер и Димано Букурешт, кој се игра во рамките на одбележувањето на 80 годишнината од формирањето на фудбалскиот клуб Пелистер.На пред конференцијата присуствуваа капитените и тренирите на двата клуба. Мирко Ивановски, капитен на Пелистер рече:-Емоции секогаш постојат кога се ...

Денес, сабота, 11 октомври, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, северен ветер. Температурата во Битола до 17 степени. Утре, недела, 12 октомври, во Битола, времето ќе биде претпладне променливо облачно, во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ...

По повод 11 Октомври- Ден на народното востание во нашата установа се организира изложба под наслов „Непокор и слобода“, посветена на храброста, решителноста и борбата на македонскиот народ за слобода и достоинство. Преку пишаните документи (книги и весници), изложбата потсетува на историскиот момент од 1941 година, кога започна организираната борба против фашизмот — чин на непокор и верба во подобра иднина. Непокор и слобода – вечна ...

Битола денес свечено го одбележа 11 Октомври – Денот на македонското народно востание, еден од најзначајните датуми во историјата на македонскиот народ. Овој ден претставува симбол на слободољубивиот дух и непокорот на македонскиот народ, кој пред 84 години, преку храброста и жртвата на борците од Народноослободителната борба, го означи почетокот на востанието против фашистичкиот окупатор и ја постави основата на современата македонска држава. ...

На 10.10.2025 во 22:30 часот на крстосница од ул. „Крушевска Република“ со ул. „Григор Прличев“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода две лица на возраст од 28 и 34 години, двајцата од Битола, затоа што при преглед кај нив, кај едно лице е пронајдена прашкаста материја. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок. На 10.10.2025 во 18:45 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од ...

Македонија – Ерменија 2:1 (0:1) Македонската фудбалска репрезентација до 21 година ја забележа првата победа во квалификациите за пласман на Европското првенство, откако вечерва во Битола триумфираше над Ерменија со 2-1, по пресвртот откако во првото полувреме македонските репрезентативци имаа негатива од еден гол.Воедно, ова е и прва победа на нашата селекција под водство на селекторот Горан Станиќ, во групата “Е“ по стартните порази од Полска ...

Пелистер – Чаир 104:74 -Пелистер со моќно второ полувреме го демолираше Чаир, деби на тренерот Даскаловски во Битола, пет тројки на Митревски, одлични минути на надежите на Пелистер, одлично загравање за европските натревари.Кошаркарите на Пелистер во Битола, на свој терен, во спортската сала “Боро Чурлевски“ во второто коло стигнаа и до втората убедлива победа во Супер лигата, на премиерата на домашен терен славејќи против Чаир со убедливи ...

Во рамки на својата општествено одговорна програма, компанијата MINT Insurance донираше книги за збогатување на библиотечниот фонд на Основното училиште „Климент Охридски“ во Битола. Со оваа донација, MINT Insurance ја потврдува својата определба за поддршка на образованието и поттикнување на љубовта кон читањето кај најмладите.„Веруваме дека секоја книга што ќе стигне во рацете на децата е инвестиција во подобра иднина. Нашата цел е да ...

Кошаркарите на Пелистер од Битола од викендов влегуваат во пеколен ритам, откако по денешниот дуел со Чаир (19 часот, сала „Боро Чурлевски“ во Битола) битолчани ќе влезат во серија од два меча неделно, поради настапот во ФИБА Европскиот куп. Овој дуел првенственот се игра порано од останатите поради обврските на пелистерци во ФИБА Европа купот, седната седмица. Инаку, битолчани сезоната ја почнаа со убедливата победа над Работнички, додека ...

weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
5.14
72%
1008
weather icon

Загреб

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
93%
1010
weather icon

Софија

9ᴼ / 7ᴼ
8.23
81%
1010
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
4.87
86%
1012
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
93%
1010
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
4.47
90%
997
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
82%
1003
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
100%
1004
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
9.26
83%
1014
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
4.12
85%
1011
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
5.14
55%
1008
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
100%
1006
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Сребро

1837.41

Платина

53106.37

Калај

40.11

Никел

471972.96

Злато

135322.28

Цинк

3.24

Рутениум

29192.88

Иридиум

145787.60

Родиум

255598.44

Паладиум

45879.12

Бакар

10.76

Алуминиум

2.89