Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Денот на жената заслужува внимание, почит и прекрасни моменти. Ве покануваме да го одбележиме заедно во ресторанот на Хотел Молика, со музика, вкусна храна и пријатна атмосфера во срцето на Пелистер. 7 март – вечерна забава со вечера Уживајте во свечена вечера, добра музика и одлично расположение – совршена можност за дружење и прослава со пријателките и најблиските. 8 март – свечен празничен ручек Прославете го празникот со богат ручек ...
Шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер од Битола дополнително се екипира за остатокот на сезоната. Клубот доведе нов кружен напаѓач, со што ја пополни празнината по заминувањето на Мохамед Калед Валид на почетокот од годината. Нов член е хрватскиот кружен напаѓач Никола Граховац. 27-годишниот пивотмен се обврза на договор со битолскиот клуб до крајот на сезоната, со опција за продолжување и за следната. Тој доаѓа во Битола од ...
Општина Битола во соработка со јавното претпријатие „Паркинзи“ со физички пречки, односно столпчиња означи пешачка патека од двете страни на дел од улицата „Св.Кирил и Методиј“ која води од кај градската библиотека кон зградата на поранешната општина. Со ова веќе нема да има паркирање автомобили кои го попречуваа движењето на пешаците, улицата е еднонасочна, а вертикалната и хоризонталната сигнализација ја обезбедуваат патеката за слободно ...
Денес, среда, 18 февруари, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 9 степени. Утре, четврток, 19 февруари, во Битола, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 12 степени. Денес, ...
Ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола ќе го дочекаат тимот на Висла Плок во првиот натпревар за 2026 година во Лигата на шампионите, а за прв пат на клупата на “пелистерци“ на натпревар од Лигата ќе биде Стевче Алушовски. Алушевски го анализира ривалот, но и својот тим и ја повика публиката да ја наполни салата, а вети дека неговиот тим ќе ѝ возврати со пожртвуваност за добар резултат. -Чест и задоволство ми е што пак сум тренер на ...
Прецизна дијагностика со најновиот “CT Siemens SOMATOM go.Up“, јасни снимки за неколку минути, со минимална доза на зрачење. Безболно. Брзо. Прецизно. НАЈНОВИ КТ-МЕТОДИ -КТ Остеодензитометрија (QCT) Прецизно мерење на густината на коските и рано откривање на остеопороза – идеално кај пациенти со дегенеративни промени или хронични болки во грбот. -КТ Калциум Скор (Calcium Score) Најсигурна неинвазивна проценка на калциумските наслаги во ...
-Ален Рустемов во поединечни и Филип Кузмановски во екипни спортови се спортисти на Битола за 2025 година, признание за животно дело за спорт за кошаркарскиот тренер Благој Печалев. -За општествено одговорни компании признанија добија “Бимилк“, Симпекс“ и“Рино Интернационал“ од Битола, а посебни признанија беа доделени за поединци, планинари, репрезентативки, селектори, спортски работници… -Доделени младински награди, награди од училишниот ...
Ѓуро Илиќ од Битола основач на будо-центарот од Битола, џудо мајстор 7 Дан, аикидо мајстор 8 Дан и 9 Дан за џиу џицу, преку кратко видео ќе покаже како да подготвите и што да тренирате за полагање на појаси. Овој пат преку видео ќе ви прикажеме дел од вежбите за појагање “Yout“ програма за појаси yellow belt појас.Овој пат преку видео ќе ви прикажеме дел од вежбите за појагање “Yout“ програма за појаси yellow belt појас. Ѓуро Илиќ од ...
Во салата на будо центарот во Битола се одржаа испити за полагање за нови повисоки појаси, а полагаа најмалите членови на џудо клубот Пелистер, односно се одржа полагање за ученички појаси. Полагањето беше спроведено од страна на тричлена клубска комисија и претставник од Дан Комисијата на ЏФСМ, Дејан Мицкоски, а техничката организација беше на џудо клубот Пелистер од Битола.Претседателот на џудо клубот Пелистер, Ѓуро Илиќ, џудо мајстор 7 ...
Врз основа на Одлуката на Управниот одбор, Општинскиот Сојуз на спортови на Битола утре по 62. пат ќе ги прогласи најдобрите спортисти на Битола за 2025 година. Традиционалното свечено прогласување на најдобрите спортисти и екипи на Битола, ќе се одржи утре, 17 февруари, во Нар0дниот театар Битола, со почеток во 19 часот. Видеото го изработи Гоце Веселиновски. Општинскиот Сојуз на спортови ќе избере за 2025 година, и тоа: -10 најдобри ...
На стартот на новата билјардската сезона се пријавија 99 играчи во “Б“ дивизијата и стандардните 16 во друштвото на најдобрите во “А“ дивизијата, а првиот турнир годинава беше во организација на билјард федерацијата на Македонија, а се одржа во билјард клубот Гран клуб од Скопје. Тимот на Лонгони пд Битола беше претставен од Илче Трајковски и Илија Димовски, а се натпреваруваа во дисциплина “9 – ка“. Довчерашниот јуниор, Илија Димовски, со ...
На 15.02.2026 во 16:46 часот на патот Битола – село Кравари, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Г.Р. (51) од село Оптичари, битолско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „форд“ со битолски регистарски ознаки, кое го управува, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,64 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од ...
“ЕСМ Топлификација“ Битола ги информира граѓаните дека дека по извршено засилување на паралелни приклучоци од топловодната мрежа, “Топлификација“ Битола ќе изведува асфалтирање на работните површини од следните улици: -ул. „Климент Охридски“ (Центар за култура) -ул. „Пеце Матичевски“ (ОУ „Гоце Делчев“) “ЕСМ Топлификација“ Битола ги информира граѓаните дека дека по извршено засилување на паралелни приклучоци од топловодната мрежа, ...
-Во организација на Сојузот на спортови на Битола во 2016 година, во ресторанот “Белведере“ се одржа традиционалниот избор на спортист на Битола за 2015 година, а се доделија награди и за 2014 година, започна со сеќавањата Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство, а во 2016 година и претседател на Сојузот на спортови на Битола.За спортист на Битола за 2015 година беше прогласена Дијана Неделковска, членка на ...
Социјалните мрежи како “Instagram“, “TikTok“ и “Facebook“ ни нудат постојан увид во туѓите животи. Со неколку движења на прстот на телефон гледаме туѓи успеси, прекрасни фотографии, насмеани семејства, патувања и професионални достигнувања. Иако свесно знаеме дека гледаме само дел од реалноста, често несвесно почнуваме да се споредуваме. Во нас тивко се појавува мислата дека другите се поуспешни, поубави, посреќни или понапред од нас. ...
Денес, понеделник, 16 февруари, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот можност за врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата во Битола до 11 степени. Утре, вторник, 17 февруари, во Битола, времето ќе биде врнежливо. Ќе дува засилен до силен северозападен ветер. Температурата во Битола до 7 ...
На 14.02.2026 во 20:30 часот на ул. “Александар Турунџев“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода двајца малолетници на возраст од 16 и 17 години затоа што кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок. На 14.02.2026 во 22:10 часот на ул. “Генерал Васко Карангелевски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода лице од Битола затоа што кај него ...
Компанијата “АБЦ Дојчиновски“ од Битола врши продажба на пелети, камини и котли за парно греење. “АБЦ Дојчиновски“ на потрошувачите им нуди голем избор, дестина типови на пелети, сите сертифицирани со сертификатот N+A2 или N+A1, по прифатливи цени, како и разни поволности при плаќање, чување и транспорт на пелетите. “АБЦ Дојчиновски“ покрај пелетите продава и печки, камини и котли на дрва и пелети, и секако резервни делови за нив. ...
Денес, недела, 5 февруари, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, а попладне од северен правец. Температурата во Битола до 14 степени. Утре, понеделник, 16 февруари, во Битола, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има ...
Во галеријата „Ранко Струмениковски“ во Битола свечено беше отворена изложбата посветена на големиот македонски уметник Јован Димовски (1928–2000), почесен член на групата уметници познати како ВДИСТ.Изложбата претстави околу осумдесет дела, создадени во распон од повеќе од половина век – од неговата прва слика од Академијата во Белград, до последното недовршено дело во Скопје. Вечерта беше вистинска прослава на уметноста, исполнета со ...
Еурофарм – Пелистер 32:27 (16:12) Ракометарите на Еурофарм Пелистер во Битола против тимот на Прилеп и славеа со конечни 32-27 (16-12) во натпреварот од 21. коло на македонската Суперлига. “Пелистерци“ водеа со четири гола на паузата (16:12), Прилеп не се предаде и со солидна игра во второто полувреме се држеше во мала негатива. На средина од вториот дел Шипинкоски и Димитриоски целосно се доближија и во една ситуација тимот на Танески дури ...
На 13.02.2026 во 18:35 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.„Козјак“ во Битола, 17-годишник од Битола, управувајќи патничко возило „даеву тико“ со битолски регистарски ознаки, удрил во пешак на возрасот од 42 години од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 42-годишниот пешак, констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола и по извршени проверки е констатирано дека возилото го ...
Навивачката група “Чкембари“ од Битола остро реагира на настаните што се случија вчера при нашиот влез во салата во Куманово, кога на веќе пријавено и одобрено гостување во МВР ни беше соопштено дека не можеле да ни гарантираат безбедност и поради тоа не бевме примени. Недозволиво е луѓе да земаат слободни денови, да губат од својата работа, да патуваат стотици километри со љубов кон клубот, за на крај да останат пред врата. Ова не е ...
ФТ Митко Василев, физиотерапефт, специјалист кинезитерапија и мануална терапија, од ординацијата “Кинет мед“ ве информира за дијагностика и терапија за разни заболувања и третмани за нив. Низ овие разговори ќе добиваме и стручни информации, а за истите постои голема заинтересираност. Овој пат ФТ Митко Василев ќе ве информира за повредите на ротаторната манжетна, за што вели: Повредите на ротаторната манжетна се меѓу најчестите ...
-Пелистер одигра одличен меч против домаќинот, но немаше сили да се бори и со судиската неправда Пелистер не успеа да стигне до билет за полуфиналето во Купот на Македонија откако „зелено-белите“ загубија со резултат 66-75. Тренерот Даскаловски и сите кошаркари заслужуваат само пофалби за начинот на кој одиграа, целосно му парираа на домаќинот на куп-турнирот, но немаа сили да одговорат и на судиските неправди, особено оние во завршните пет ...
Денес, сабота, 14 февруари, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 13 степени. Утре, недела, 15 февруари, во Битола времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од ...
Вечерва во фоајето на Народниот театар од Битола свечено беше отворена на спорски фотографии насловена “Верувај во себе – направи шампион“ која ја организираше порталот “Битолањуз“ и Сојузот на спортови на Битола.На изложбата се изложени дваесет фотографии од Дамијана Ристевска – “Битолањуз“, Александар Котевски – “Дрим каст“, Александар Јовачиќ – фриленсер и Дејан Кузмановски – “Гол“.На изложбата беше присутен градоначалникот на Битола – ...
Општинскиот сојуз на спортови и Општина Битола по 62-ри пат ја организираат манифестацијата Избор на најдобрите спортисти и екипи на Битола за 2025 година. Повод за тоа беше денешната прес конференција. Годинашното мото на манифестацијата е „Верувај во себе, направи шампион“. Претседателот на Сојузот на спортови Сашко Павловски рече дека подготовките се во завршна фаза, очекуваат и гости од неколку федерации од Македонија и гости од ...
Завршниот турнир од Купот на Македонија започнува од денеска и се до недела ќе се одржува во Куманово, а денес Пелистер од Битола за ривал во четвртфиналето ќе го има токму домашниот тим. Денешниот четвртфинален маратон почнува точно од пладне, а мечот на „пелистерци“ со Куманово е „шлаг на програмата“ и ќе стартува со почеток во 19.30 часот. Противникот барем на хартија, поради домашниот терен ќе ја има фаворитската улога, но Пелистер ...
Денес, петок, 13 февруари, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно наместа со слаби врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 12 степени. Утре, сабота, 14 февруари во Битола времето ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од југоисточен ...