Денарот е стабилен, а гаранција за тоа е високото ниво на девизните резерви, коешто и покрај бројните шокови и натаму расте и на крајот на септември изнесува 4,4 милијарди евра. Сегашното ниво на девизните резерви е повисоко од пред пандемијата за 40%, или за околу една милијарда евра, што е значителен пораст, особено во години исполнети со шокови невидени досега, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, која ...

Цените на нафтата се малку пониски во денешното азиско тргување. Цената на нафтата значително порасна во понеделникот, откако стивнаа стравувањата од дополнително влошување на ситуацијата на Блискиот Исток, а нафтениот пазар беше поттикнат со мерки за стимулирање на економијата во Кина. Минатата недела, најмногу поради загриженоста за развојот на економската активност во Кина, нафтата поевтини за околу седум отсто, но во понеделникот имаше ...

Пресметката на синдикалната кошничка за октомври 2024 година покажува дека нејзината висина изнесува 61.249 денари, што е само 50 денари помалку од септемвриската кошничка која беше 61.306 денари. Иако владата објави дека намалувањето на цените на над 70 производи ќе се одрази на „есенската кошничка“, тоа во реалноста не донесе значително олеснување за граѓаните. Според Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), доколку на оваа пресметка се ...

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во август 2024 година, во однос на август 2023 година, изнесува 113.2. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Образование (19.3 %), Уметност, забава и рекреација (18.9 %) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (17.3 %). ...

Мета отпушти дваесетина вработени во Лос Анџелес затоа што тие ги искористија своите кредити за оброци од 25 долари за да купат предмети за домаќинството, вклучително и чистачи за акни, чаши за вино и детергент за перење. Отпуштањата се случија минатата недела, само неколку дена пред компанијата вредна 1,5 милијарди долари да започне со реструктуирање на одредени тимови во WhatsApp, Instagram и Reality Labs, нејзината единица за зголемена и ...

Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, во интервју за 24ur по состанокот на Советот на ЕЦБ, истакна дека Словенија ја гледа како модел на економска стабилност и иновации. „Словенија, и покрај нејзината мала големина, се издвојува како пример за успешна економска политика во рамките на еврозоната. Нејзиниот глас се слуша на европската сцена, а во исто време брзо се прилагодува на глобалните промени и предизвици, што и ...

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници да ги исполнат своите законски обврски и навреме да ги поднесат ДДВ-04 пријавите за изминатиот даночен период. Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата е 25-ти октомври 2024 година (петок). Оваа обврска важи и за оние даночни обврзници кои во соодветниот период немаат реализирано оданочив промет. До моментов поднесени се само 6.607 од очекуваните 40.975 ДДВ пријави, што ...

Новите прогнози на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) укажуваат на тешка иднина за светската економија, обележана со слаб раст, ескалација на трговските тензии и висока задолженост, изјави денеска директорката на ММФ Кристалина Георгиева. „Не сум премногу песимист, бидејќи ако го погледнеме трендот на светската економија, точно е дека може да биде подобро, но и многу полошо“, рече Георгиева за време на дискусијата во седиштето на ММФ во ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,58 % во однос на одлуката од 14.10.2024 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,037%, кај дизелот за ...

Основањето на One Macedonia Telecommunications е првиот важен чекор за 4iG Group да стане значаен нов играч во Северна Македонија. Покрај професионалните соработки, деловните и оперативните синергии стекнати од претходните искуства во регионот, Групацијата 4iG ја има поддршката од македонската влада којашто очекува со доаѓањето на нов оператор да се зголеми пазарната конкуренција, да го подобри квалитетот на телекомуникациските мрежи, и со ...

Курсната листа на Народната банка на Република Северна Македонија се формира и објавува согласно Одлуката за начинот на формирање и објавување на курсевите на Народната банка на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/14, 102/14, 14/15 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 83/22) Курсна листа на Народната банка на Република Северна Македонија формирана на 17.10.2024 која се применува од ...

Ново покачување од 2.500 денари во март, а во септември се враќа усогласувањето, најавија властите, со што се отвора патот за повторно враќање на моделот според кој пензиите ќе растат системски два пати годишно. – Главната цел на линеарното зголемување кое го направивме во септември беше да обезбедиме подобар животен стандард за пензионерите, но и да ги намалиме разликите меѓу највисоките и најниските пензии во државата, соопштија властите. ...

Важно известување на Управа за финансиско разузнавање: Во период на зголемени рекламни активности на социјалните мрежи поврзани со т.н. „платформи за остварување на брза заработка преку интернет“, Управата за финансиско разузнавање како надлежна институција основана за целите на прибирање и анализа на извештаи за сомнителни трансакции и други информации од значење за спречување и откривање перење пари и финансирање на тероризам, се ...

Во рамките на Втората фаза од Регионалната програма за зајакнување на капацитетите на централните банки на Западен Балкан, финансирана од ЕУ, започна спроведувањето на билатералната мерка помеѓу Банката на Португалија (БП) и Народната банка на Република Северна Македонија (НБРСМ). Главната цел на билатералната мерка е зајакнување на институционалниот капацитет за понатамошен развој на тековниот проект за интегриран систем за известување ...

Зелениот развој и транзицијата кон зелена економија отвораат нови можности за вработување, а како до нив беше, тема на Форумот „За развиена зелена економија потребни се зелени вештини“, што се одржа на Машински факултет. Форумот е во рамките на „Саемот за пракса и вработување“, кој се одржа на Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Студентите имаа можност да слушнат од експерти и професори за тоа како зелениот ...

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески учествуваше на Самитот на Европа и Азија, што се одржа во Истанбул, на тема: „Колаборативен пристап кон климатска акција“, во организација на Светската коморска федерација (World Chambers Federation – WCF) и Унијата на комори и стокови берзи на Турција (TOBB). Дебатирајќи за улогата на коморите во поттикнувањето на глобалната економска трансформација и климатските ...

Поскапеа дел од цигарите во Македонија. Повеќе популарни брендови од денес имаат за 10 денари повисока цена. Причината е новите измени на Законот за акцизите. Овие измени се во сила од почетокот на годинава. Со ова се зголемува акцизната стапка на цигарите, со цел да се стандардизираме кон ЕУ. Владата ќе добие околу 13 милиони евра годишно во буџетот. Ова нема да биде последно зголемување, бидејќи цените на тутунските производи ќе растат ...

До крајот на 2024 година, граѓаните на Северна Македонија ќе имаат неколку неработни денови, кои се одредени според државните празници и верските обележувања. Еве ги следните неработни денови што претстојат: 23 Октомври (среда) – Ден на Македонската револуционерна борба: Овој ден е државен празник и се одбележува како спомен на основањето на Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО). 8 Декември (недела) – Св. Климент Охридски: ...

Најновиот извештај на ММФ покажа дека глобалниот јавен долг ќе достигне 93 отсто од глобалниот бруто домашен производ до крајот на 2024 година и ќе се приближи до 100 процентни поени до 2030 година. да биде за 10 отсто повеќе од 2019 година. Извештајот вклучува „сериозно надолно сценарио“ кое покажува дека глобалниот јавен долг би можел да достигне 115 отсто од глобалниот БДП за само три години, 20 отсто повеќе од моментално прогнозираното. ...

Кинескиот производител на електрични автомобили, компанијата ЈМЕВ, размислува за изградба на фабрика во Србија, а Сремска Митровица е една од потенцијалните локации за оваа инвестиција. Градоначалникот на Сремска Митровица Бранислав Недимовиќ се сретна со претставници на компанијата ЈМЕВ, на која се разговараше за можностите за инвестирање во овој град. По средбата во Градското собрание, делегацијата ги посети работните зони во Сремска ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен за правни лица во Град Загреб за јули годинава изнесува 1.505 евра, што е номинално намалување од 0,3 отсто во однос на јуни, но зголемување од 15 отсто во однос на јули лани. Според податоците на Градската управа за економија, еколошка одржливост и стратешко планирање, највисока просечна месечна нето-плата за правните лица за јули е исплатена во екстракција на сурова нафта и природен гас, ...

Исплатени се 216.712.603,00 денари на 4.430 млекопроизводители. Исплатата е извршена на земјоделските стопанства – производители на кравјо, овчо и козјо млеко регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози и произведеното млеко го имаат предадено на регистрирани откупувачи на сурово млеко во месеците: август, септември, октомври, ноември и декември 2023 година. Висината на директните плаќања изнесува 5 денари по литар за кравјо млеко и ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,69 % во однос на одлуката од 10.10.2024 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 5,417%, кај дизелот ...

Преку постојано зајакнување на капацитетите на институциите, Народната банка го јакне системот за справување со фалсификуваните пари. Имајќи предвид дека јавните службеници, вршејќи ја својата должност, секојдневно доаѓаат во контакт со книжни и ковани пари и се првата бариера во заштитата на интегритетот на парите, нивното обучување за воочување сомнителни примероци, за нивно отстранување и за доставување до Народната банка е суштинско во ...

Претставници од Бордот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) пристигнуваат на 14 Октомври во петдневна посета на Северна Македонија, за време на која ќе се сретнат со Владини претставници, претставници од граѓанскиот сектор, инвеститори и претприемачи. Целта на посетата е да се запознаат со економската и инвестициона клима, и да ги идентификуваат клучните области на ангажманот на ЕБОР, во насока на интензивирање на деловниот и ...

Зимското сметање на времето во Македонија оваа година започнува на 27 октомври, во недела. Во 03:00 часот наутро, стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад, па ќе покажуваат 02:00 часот. Ова значи дека ќе добиеме еден дополнителен час за спиење, но исто така и дека ќе започнат пократки денови и подолги ноќи. Промената на времето од летно кон зимско има длабоки корени во историјата и е поврзана со обидите за поефикасно ...

Американската компанија „Боинг“ ќе ја намали работната сила за десет проценти – за околу 17.000 луѓе, додека загубите на компанијата се зголемуваат, а штрајкот на машинерите, со кој е прекината работата во оваа фабрика за авиони, влегува во петтата недела. Американската компанија нема да го испорача својот сè уште несертификуван авион со широко тело 777X до 2026 година, со што ќе се доведе во прашање планот кој веќе заостанува шест години, ...

Најголемиот производител и извозник на месо, компанијата „Danish Crown“ денеска објави дека планира да отпушти околу 500 работници во голема реорганизација, за да заштеди околу 73,35 милиони долари годишни трошоци. „Данската круна се опоравува од кризата и се соочува со радикални промени. Нашите трошоци се едноставно превисоки во споредба со нашата заработка“, рече извршниот директор Нилс Дуедал, кој го презеде кормилото на 1 септември, се ...

Курсната листа на Народната банка на Република Северна Македонија се формира и објавува согласно Одлуката за начинот на формирање и објавување на курсевите на Народната банка на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/14, 102/14, 14/15 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 83/22). Курсна листа на Народната банка на Република Северна Македонија формирана на 10.10.2024 која се применува од ...

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.10/2024 за долгови доспеани до 30.06.2024 и неплатени до 30.09.2024 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е: повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и повисок од 300.000 денари за правните лица. Листата на должници се ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
58%
1013
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
63%
1015
weather icon

Загреб

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
61%
1015
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
56%
1017
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
2.35
88%
1018
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
72%
1016
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
75%
1013
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1013
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
47%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
77%
1017
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
2.06
50%
1016
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
89%
1013
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Злато

144593.23

Паладиум

44753.84

Алуминиум

3.19

Иридиум

258288.78

Бакар

10.65

Родиум

358480.82

Рутениум

56199.51

Цинк

0.00

Платина

61858.04

Кобалт

3.86

Сребро

2179.44

Калај

43.91