Сојузната судијка Арасели Мартинез-Олгин привремено го запре преземањето на компанијата „Ворнер Брос. Дискавери“, вредно 110 милијарди долари, од страна на „Парамаунт Скајденс“, оценувајќи дека таа трансакција најверојатно би ги прекршила американските антимонополски закони. Судијката во понеделникот им наложи на компаниите за 14 дена да го одложат финализирањето на договорот. „Парамаунт“ и „Ворнер Брос.“ планираа трансакцијата да ја ...

Администрацијата на Доналд Трамп најави дека ќе воведе нови царини од 50 отсто за дел од канадските производи, обвинувајќи ја Канада за неправеден третман на американскиот алкохол, автомобили и млечни производи, со што дополнително ги засили трговските тензии меѓу двете соседни земји. Меѓу производите што ќе бидат опфатени со новите царини се млекото, хокеарската опрема, пивото и иверицата, но не и клучниот увоз на суровини како ...

Воениот конфликт меѓу Соединетите Американски Држави и Иран продолжува да ескалира, откако двете страни десетти ден по ред извршија меѓусебни напади, додека дипломатските посредници интензивно се обидуваат да воспостават нов прекин на огнот. Во меѓувреме, јеменската милитантна група Хути се закани со поморска блокада во Црвеното Море, што дополнително ја зголемува загриженоста за безбедноста на глобалните енергетски рути. Американската ...

„Фолксваген“ (Volkswagen AG) е во напредни преговори со групацијата „ЏСВ“ (JSW Group) за продажба на удел во својата индиска подружница, велат извори запознаени со разговорите, додека германскиот производител на автомобили бара партнер што ќе внесе свеж капитал и ќе помогне во зајакнувањето на неговото работење на третиот најголем автомобилски пазар во светот. Двете страни работат на можен договор во наредните недели, според кој „ЏСВ“ ќе ...

Еден сопственик на бродови се обидува да ги убеди екипажите да пловат низ Ормускиот Теснец нудејќи им дополнителна шестмесечна плата доколку се согласат да минат низ овој клучен нафтен коридор, ставајќи ги морнарите пред тежок избор меѓу голема финансиска награда и ризикот по сопствениот живот. „Синокор“ (Sinokor Group), најголемиот светски сопственик на супертанкери, им испратил таква понуда на своите морнари за двонасочно патување, ...

Владата вчера донесе одлука за намалување на акцизите за нафтените деривати, но и покрај тоа, цената на дизелот и на бензинот од полноќ значително се покачија– дизелот за дури шест денари за литар, а бензините за три денари за литар. Ова е второ последователно поскапување на дериватите, откако минатиот понеделник, РКЕ ги зголеми цените за 5,50 денари за дизелот и 1,50 денари за суперот. Од Владата рекоа дека доколку не ги намалеле акцизите, ...

Првите шест месеци перформансите на акциите котирани на Македонската берза не ги задоволија инвеститорите, ако ја гледаме вредноста на индексот, особено во споредба со претходните две години. После одличната 2024-та, кога МБИ10 порасна за неверојатни 67 отсто, во 2025 следеше стагнација, односно пад на индексот од 1,43 отсто. Трендот продолжи засилено и во актуелнава 2026, кога МБИ10 забележува пад од 5,3 отсто во првите шест месеци, или ...

Од своето основање во 2001 година Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ) со седиште во Љубљана, Словенија, има ангажирано повеќе од 30.000 јавни службеници, поддржал над 120 институции, спровел повеќе од 2.000 настани за учење низ регионот на југоисточна Европа и Турција, а иницијативите поддржани од ЦЕФ придонеле за посилно управување со реформите и напорите за пристапување кон ЕУ во опфатените земји. Го искористивме Годишниот ...

Федералните резерви со децении беа последната линија на одбрана на финансискиот систем. За време на големите кризи, нивниот одговор се движеше од намалување на каматните стапки и купување државни обврзници до историската одлука за купување ЕТФ-ови (фондови со кои се тргува на берза) кои следат корпоративни обврзници за време на пандемијата. Затоа, денес се поставува прашањето дали во некоја идна криза Федералните резерви би можеле да купат и ...

Кинеските здравствени власти одобриле повеќе нови лекови за третман на канцер од нивните американски колеги во последните неколку години, според студија објавена во понеделник, која покажува дека инвестициите во кинеската биотехнолошка индустрија ја зголемуваат нејзината конкурентност на глобално ниво. Помеѓу 2020 и 2025 година, Националната администрација за медицински производи на Кина одобрила за продажба 94 нови лекови против рак во ...

Енди Бернам вети „нов економски модел“ за Велика Британија, обидувајќи се да ги увери сонародниците дека неговото стапување на функцијата како нивен седми премиер за малку повеќе од една деценија ќе стави крај на политичката нестабилност во земјата. Бернам вети во своите први обраќања како премиер во понеделник дека ќе преземе итни мерки за намалување на трошоците за живот, вклучително и објаснување како да се финансираат тие мерки. Тој го ...

Добивката падна од 820 милиони евра и беше пониска од очекувањата на аналитичарите, кои во анкетата на „Блумберг“ во просек прогнозираа околу 624 милиони евра. Компанијата наведе дека поради конфликтот дошло до пад на интересот на патниците и до подоцнежни резервации поради загриженоста околу снабдувањето со авионско гориво. Како прв голем европски авиопревозник кој ги објави резултатите за овој период, „Рајанер“ даде увид во тоа како ...

Кинескиот стартап „Муншот“ (Moonshot) на 17 јули претстави нов модел на вештачка интелигенција кој привлече глобално внимание, како поради неговите моќни способности, така и поради тоа што предизвика потреси на светските берзански пазари. Моделот Кими К3 (Kimi K3 AI) на оваа компанија со седиште во Пекинг постигнува резултати на индустриски тестови кои се рамноправни со понудата на врвните играчи како „Опен еј-ај“ (Open AI) и „Антропик“ ...

Берзанскиот оптимизам што ги следеше растот на акциите почнува да губи сила, додека високите очекувања за корпоративните заработки се ставени под сериозна проверка. Ова се само дел од сигналите дека инвеститорите се подготвуваат за можно нестабилно лето. Волатилноста на берзите постепено се зголемува, бидејќи инвеститорите се соочуваат со сè поголем број ризици кои ја доведуваат во прашање досегашната позитивна слика за пазарите. ...

Воениот судир меѓу САД и Иран продолжува да се интензивира со нов бран меѓусебни напади, при што американската војска соопшти дека деветта ноќ по ред извршила воздушни удари врз ирански воени цели. Истовремено, бројот на загинати американски војници се зголемува, а тензиите во Ормускиот Теснец дополнително ја разгоруваат загриженоста за безбедноста на глобалното снабдување со енергенти. Според американската Централна команда (CENTCOM), ...

Минатата недела заврши со голема распродажба на финансиските пазари. Бранот на пад го предводеа акциите на производителите на полупроводници, со што групата компании што годинава беше главен двигател на растот на берзите се доближи до мечкин пазар. Слично расположение ја зафати и Источна Азија, каде што индексите Kospi – годинава еден од најуспешните берзански индекси во светот – и Nikkei 225, исто така, забележаа пад. Kospi на неделно ниво ...

Фудбалската завеса се спушти на „Метлајф“ синоќа во Њујорк, каде што беше одиграно финалето на Светското првенство 2026. По повеќе од еден месец исполнет со над 100 натпревари, и додека милиони навивачи ги сумираат впечатоците од најголемиот фудбалски турнир, инвеститорите веќе го насочуваат погледот кон неделата што следува и финансиските пазари. Новата недела носи неколку настани што би можеле да го одредат расположението на ...

Британска студија покажа дека редовното возење со велосипед го намалува ризикот од срцеви заболувања дури до 47 отсто, а Светската здравствена организација сè почесто ја препорачува оваа активност како важна алатка за превенција на хронични болести. Истражувањата во последните години јасно покажуваат дека велосипедот не е само превозно средство, туку и една од најдобрите инвестиции во физичкото, но и менталното здравје. Денес, ...

Летниот одмор повеќе не се сведува само на седум или десет дена на море. Сè повеќе луѓе годишниот одмор го делат на неколку пократки патувања. Неколку дена во јуни, кога се користат последните денови од стариот одмор, потоа следуваат викенд-бегства во јули и август, па уште еден подолг одмор кон крајот на летото или во септември. Променетите навики при патувањето создаваат нови можности за сопствениците на приватни сместувања, а се избираат и ...

„Дајсон“ (Dyson) соопшти дека не успева да одржи залихи од својот пренослив вентилатор Хашџет Мини Кул од 100 долари, откако беше претставен во април, наведувајќи дека главната причина се високите температури, особено во градовите каде што луѓето многу пешачат. Кога „Дајсон“ ќе ги обнови залихите на партнерските платформи како „Амазон“ (Amazon) и „Бест бај“ (Best Buy), вентилаторот обично се распродава за неколку часа, додаде компанијата. ...

Шакира мислеше дека победила. Откако судија во април ги поништи даночните побарувања во износ од 55 милиони евра (63 милиони долари), пејачката ја посвети победата на „обичните граѓани што системот секојдневно ги малтретира и ги гази, тргнувајќи од претпоставката дека се виновни“. Сепак, шпанската даночна управа тогаш побара од Врховниот суд да ја преиспита пресудата, со што спорот што колумбиската пејачка се обиде да го претвори во јавно ...

Европската централна банка најверојатно ќе се воздржи од второ зголемување на каматните стапки на состанокот следната недела, но ќе ја задржи таа можност отворена за септември. По зголемувањето на цената на задолжувањето во јуни, поради скокот на цените на енергијата, претставниците на ЕЦБ првично изразија уверување дека мировните преговори меѓу Вашингтон и Техеран ќе го ограничат влијанието на конфликтот врз потрошувачките цени во ...

„Муншот ВИ“ (Moonshot AI) ги известил инвеститорите дека ќе излезе на берза за шест месеци, користејќи ја можноста да прибере капитал откако неговиот најнов модел ја промени перцепцијата за можностите на Кина во областа на вештачката интелигенција и ги разниша глобалните технолошки пазари. Кинескиот пионер во областа на вештачката интелигенција официјално до своите инвеститори доставил предлог-одлука на акционерите, барајќи нивна согласност ...

Откако Норвешка минатиот викенд испадна од Светското првенство по поразот од Англија, 25-годишниот голгетер Ерлинг Халанд може барем да најде утеха во својата импресивна колекција чанти од престижниот бренд „Хернес“ (Hermes) и други дизајнерски куќи. И не е осамен во тоа. Фудбалери како Вирџил ван Дајк, кој носеше чанта „Шанел“ (Chanel) од дебитантската колекција на Матје Блази, и Џуд Белингем, амбасадор на „Луј Витон“ (Louis Vuitton) со ...

Соединетите Американски Држави во саботата извршија нови напади врз Иран, еден ден откако двајца американски војници загинаа во Јордан во ирански ракетни и напади со беспилотни летала. Централната команда на американската војска (CENTCOM) на социјалните мрежи соопшти дека целта на нападите била да се ослабне Иран, кој го загрозува комерцијалниот поморски сообраќај, како и дека САД мора „брзо да ги казнат силите на Корпусот на Исламската ...

Германија го зголеми нивото на закана поради ризикот од терористички напади, изјави министерот за внатрешни работи Александер Добринт во интервју, додека владата на канцеларот Фридрих Мерц се подготвува да ги прошири оперативните овластувања на германските разузнавачки служби. „Зголемениот обем на информации и разузнавачки сознанија ме поттикна претходно утврденото апстрактно ниво на закана да го подигнам на високо ниво“, изјави Добринт за ...

„Епл“ (Apple Inc.) и американското Министерство за правда преговараат за можна спогодба за решавање на тужбата од 2024 година, во која компанијата е обвинета за кршење на антимонополските прописи. Разговорите се во тек, но нема гаранции дека двете страни ќе постигнат договор. Датумот за почеток на судењето сè уште не е утврден, а „Епл“ годинава во повеќе наврати му понуди на Министерството за правда различни предлози за завршување на ...

Во изминатата година требаше да се покаже дека работите се движат во корист на биткоинот. Конгресот расправаше за нови законски прописи што требаше да им обезбедат поцврста правна основа на криптовалутите, а индустријата успеа да избегне скандали и принудни ликвидации што во минатото периодично ги уриваа цените на дигиталните токени. Сепак, вредноста на најпознатата криптовалута се преполови од октомври, кога достигна 126.000 долари. Со тој ...

Минатата недела, додека температурите во Европа достигнуваа рекордни нивоа, „Блумберг“ спроведе анкета меѓу своите клиенти, вклучувајќи трговци, портфолио-менаџери и стратези. Прашањето беше едноставно, но важно: дали некогаш е прифатливо да се носат шорцеви на работа? Само 45 отсто од испитаниците одговориле потврдно, што, искрено, е повеќе отколку што очекував. Отпорот кон шорцевите како дел од формалното канцелариско облекување е силен и ...

Кувајт ја преживеа една од најтешките ноќи од иранските одмазднички напади откако почна конфликтот на Блискиот Исток, при што втора електрана беше погодена за само два дена, а летовите беа суспендирани. Најновиот бран напади, кој предизвика повеќе активирања на сирените почнувајќи од зори во саботата, уследи по неколкудневните напади врз оваа заливска држава. Во нападите е погодена касарна на кувајтската армија, при што беа повредени повеќе ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
0.0
92%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.51
79%
1028
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1031
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.92
94%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
92%
1027
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
2.68
66%
1029
weather icon

Тирана

13ᴼ / 10ᴼ
2.06
67%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
87%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
1.03
78%
1032
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
1.3
80%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42