Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Од вторник следува период на претежно стабилно време. Утрата ќе бидат постудени а преку денот ќе преовладува сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Прогноза за 10.03.2026 Минимална температура: -3°C до 3°C Максимална температура: 12°C до 18°C Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Прогноза за 11.03.2026 Минимална температура: -4°C до 2°C Максимална температура: 13°C ...
Почнува летното сметање на времето. Последниот викенд од март, односно сабота кон недела, ноќта од 28 кон 29 март стрелките на часовникот ќе треба да се поместат за еден час нанапред. Па така во 2 часот ноќта на 29 март, стрелките на часовникот ќе треба да ги поместите на 3 часот. Летното сметање на времето ќе заврши на 25-ти октомври 2026. Почнува летното сметање на времето. Последниот викенд од март, односно сабота кон недела, ноќта од 28 ...
Соопштение на МВР: Во текот на последните две недели Министерството за внатрешни работи поднесе 21 кривични пријави за сторени вкупно 25 кривични дела во врска со семејно насилство, од кои шест кривични пријави се поднесени по брза постапка. Покрај ова на подрачје на СВР Скопје поднесени се пет кривични пријави за родово базирано насилство, од кои три се за „загрозување на сигурноста и две кривични пријави за кривично дело „демнење“. Притоа, ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија д-р Венко Филипче, на регионалната средба со општинските организации од изборната единица 4, што се одржа во Струмица, предупреди дека економската состојба во државата е сериозно влошена и дека постојат сериозни проблеми во јавните финансии, што веќе се одразува и врз работењето на компаниите. Филипче посочи дека буџетската дупка се продлабочува, а државата продолжува да се задолжува. ...
Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава во 4 часот и 32 минути во западните и југозападни делови на Републиката, во Дебар, Кичево, Охрид, Ресен и Струга беше почувствуван земјотресот чиј епицентар потекнува од Р. Грција, на околу 200 км јужно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML5.5, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет ...
Метју Лосон, амбасадор на Британија во земјава демантираше дека постојат преговори меѓу Лондон и Скопје за прифаќање мигранти. Тој во интервју за емисијата „Европат“ на ТВ 24, нагласи дека британската влада ниту преговарала, ниту има намера да наметнува решенија што би биле неприфатливи за македонската влада. Лонсон потенцираше дека таков договор не постои и никогаш не постоел. Метју Лосон, амбасадор на Британија во земјава демантираше дека ...
На 06.03.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 66-годишна., 38-годишна., 30-годишна, лице(85), лице (62) и лице(59), сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци. На 06.03.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка ...
Евакуацијата на македонските државјани од земјите од Блискиот Исток, која ќе се реализира со комерцијални чартер-летови, ќе започне во недела, соопшти Министерството за надворешни работи. – Министерството за надворешни работи и надворешна трговија попладнево склучи договор со авиокомпанија, согласно Законот за јавни набавки, по спроведена соодветна постапка. Согласно утврдениот план и предвидената динамика, се очекува до средината на следната ...
На 06/07.03.2026 во Скопје, на различни локациии, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода лице(36) од Скопје и лице(21) од Велес, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци. На 06/07.03.2026 во Скопје, на различни локациии, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода лице(36) од Скопје и лице(21) од ...
Петнаесетгодишен ученик кој бил на екскурзија во Грција починал откако паднал од хотелска тераса. Ученик од Франција починал откако паднал од третиот кат на хотел во Атина, објавија грчките медиуми. Трагедијата се случила на улицата Салому во центарот на грчката престолнина. Учениците, кои биле на екскурзија, престојувале во хотелот во времето на трагедијата. И покрај тоа што службите за итни случаи брзо пристигнале на местото на настанот, ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп испраќа повеќе од 20.000 бомби во Израел, користејќи вонредни овластувања за да го заобиколи одобрувањето од Конгресот, пишуваат американските медиуми. Стејт департментот прогласил вонредна состојба поврзана со војната со Иран, со што се овозможува итна продажба на оружје вредно речиси 660 милиони долари. Државниот секретар Марко Рубио утврдил дека „постои вонредна ситуација што бара ...
Иран уништил клучен американски радар вреден околу 300 милиони долари, важен за насочување на американските противракетни системи во Заливот, објави „Блумберг“. Според американски функционер, радарот и придружната опрема биле уништени во воздушната база Мувафак Салти во Јордан во првите денови од војната. За нападот претходно извести и Си-Ен-Ен врз основа на комерцијални сателитски снимки. Станува збор за радар AN/TPY-2, кој се користи во ...
На аеродромот во Техеран се слушнале експлозии и избувнал пожар по израелските напади. Иранската полуофицијална агенција „Мехр“ објави снимки кои прикажуваат штета во Техеран во раните утрински часови во саботата, откако Израел започна обемен бран напади, а според наводите на „Мехр“ погоден бил и градскиот аеродром. Претходно беа објавени драматични снимки од пламен и експлозии на аеродромот Мехрабад во Техеран, како и авион во пламен. Не е ...
Авиокомпанијата „Емирати“ соопшти дека повторно ги активира летовите откако претходно денеска привремено ги суспендираше сите операции и ги повика патниците да не доаѓаат на аеродромот. Во новото соопштение компанијата наведува дека операциите постепено се обновуваат и дека патниците со потврдени резервации за денешните попладневни летови можат да дојдат на аеродром. „Нашата објава од 11:08 часот по време во Дубаи за оперативниот статус ...
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Иран никогаш нема да се предаде, додека судирите со Израел продолжуваат со размена на напади, а иранската војска возвраќа со удари и кон неколку земји од Персискиот Залив. Пезешкијан се огласи помалку од еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп порача дека неговата администрација нема да преговара со Техеран без, како што рече, безусловна предавање. Во телевизиско обраќање на ...
„Уште колку животи треба да згаснат за одговорност? Уште колку трагедии треба да се случат за Панче Тошковски да поднесе оставка?“, порача претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Каја Шукова на денешната прес конференција. „Јавноста е во тага, во шок но и бес. Во последната трагедија во Карпош згаснаа животи на мајка и малолетна ќерка. МВР на Панче Тошковски не ги заштити. 12 пријави имало за две години за семејно, физичко и психичко ...
Соопштение на Обвинителството – интегрален текст: Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид), а против него поведена е и постапка за – Загрозување на сигурноста според член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. На 1 март, во семејниот дом, во присуство и на друго ...
Утре и во понеделник претпладне ќе преовладува променливо облачно време со слаби локални врнежи од дожд. Од вторник следува период на стабилно време со услови за појава на утринска магла по котлините. Прогноза за 09.03.2026 Минимална температура: -2°C до 4°C Максимална температура: 9°C до 14°C Променливо облачно. Претпладне во западните делови ќе има услови за слаб дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...
Центарот за спроведување на законот во Југоисточна Европа (СЕЛЕК), е еден од најзначајните стратешки партнери на нашата држава во борбата со транснационалниот организиран криминал. Нашата соработка е фокусирана на сузбивање на недозволена трговија со дрога, царински измами и криумчарење мигранти, при што преку понатамошно интензивирање и продлабочување на партнерството се стремиме кон зајакнување на безбедноста во Југоисточна Европа. Ова беше ...
Денеска се одржа промотивно прикажување на едукативниот цртан филм „Кликни безбедно“, реализиран во рамките на проектот MKSafeNet – Центар за побезбеден интернет, имплементиран од Министерството за дигитална трансформација. Филмот е создаден како резултат на креативна соработка меѓу ученици и наставен кадар, со цел да се подигне свеста за безбедно, одговорно и етичко користење на интернетот кај децата и младите. На едноставен, разбирлив и ...
Соопштение на СДСМ – интегрален текст: Нема одговор од ВМРО-ОКГ за криминалните тендери вредни 100 милиони евра, нема одговори зошто не се покачува минималната плата, нема одговори за дилот со Груби, за 5 тони дрога преку граница, за врските со Адамовиќ и криминалецот Симе. Има нов дефокус со името. Секогаш кога немаат одговори кујните на ВМРО-ОКГ прават дефокус со нови црни кампањи. Наместо лажни кампањи, нека излезат пред граѓаните и нека ...
Интегрален текст од денешната прес конференција на СДСМ, Андреј Жерновски – член на Извршниот одбор: Директна порака до владејачката партија: Ветивте на народот враќање на името. Ветивте на народот дека ќе го поништите Преспанскиот договор. Нас нè обвинивте дека сме предавници. Но, еве веќе втора година сте на власт и никаков потег немате во тој правец. Зошто сега не го смените името? Зошто сега не го направите тој чекор? Излезете и покренете ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, заклучно со денес, во рамки на процесот на евакуација, во Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби се евидентирани 505 македонски државјани, од кои 458 престојуваат во Обединетите Арапски Емирати. Дополнително, 31 лице се пријавени од Кувајт, а 14 лица од Бахреин. Во Доха, заклучно со денес, се евидентирани 141 македонски државјанин. Лицата кои изразиле ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во ексклузивно интервју за Ен-би-си изјави дека сака целосна промена на раководството во Иран и дека има на ум неколку луѓе за кои верува дека би биле соодветни за нов лидер. Трамп, исто така, откри дека се преземаат чекори за да се осигури дека неговите кандидати ќе ја преживеат војната. „Сакаме да влеземе и да исчистиме сè“, рече Трамп во телефонски разговор, објави Ен-би-си Њуз. Во друго интервју за ...
Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека американските сили нападнале ирански брод за лансирање дронови, кој се запалил откако бил погоден. Соопштението беше објавено на социјалната мрежа Икс, со порака дека американските сили продолжуваат со операциите против иранската морнарица. U.S. forces aren't holding back on the mission to sink the entire Iranian Navy. Today, an Iranian drone carrier, roughly the size of a WWII aircraft ...
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет вчера им изјави на новинарите дека американската воена операција против Иран е во рана фаза и се одвива според планот. „Тукушто ја започнавме борбата и ќе се бориме решително“, рече Хегсет во своето јавно обраќање. Тој додаде дека Иран погрешно ја проценува ситуацијата ако мисли дека САД не можат да водат војна на долг рок. „Иран се надева дека не можеме да го издржиме ова, но тоа е погрешна ...
Жителите на Дубаи добија предупредување на своите мобилни телефони од Министерството за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати во кое се повикуваат да побараат засолниште поради можна ракетна закана. „Поради моменталната ситуација и можната ракетна закана, веднаш побарајте засолниште во најблиската безбедна зграда и оддалечете се од прозорците, вратите и отворените простори“, се вели во предупредувањето./Извор:Makfax Жителите на ...
Украина ја обвини Унгарија дека земала седум вработени во нејзината државна штедилница Ошадбанк како заложници, изјави украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха. Вработените биле во две возила што транспортирале готовина во вредност од 80 милиони долари помеѓу Австрија и Украина, а Сибиха напиша на платформата X дека причините за нивното притворање, како и нивната моментална состојба, се непознати. Украинските власти испратија ...
Францускиот претседател Емануел Макрон ѝ порача на јавноста дека Франција „не води војна“ на Блискиот Исток, и покрај тоа што испраќа воено засилување во регионот, вклучувајќи го и носачот на авиони Шарл де Гол, и дека го прави тоа за да ги заштити своите граѓани и сојузници погодени од иранската одмазда. „Ние не сме во војна. Франција не води војна на Блискиот Исток и нема да се вклучи таму. Многу добро ги разбирам и ги слушам вашите ...
Интегрален текст од денешната прес конференција на СДСМ, Симона Цветановски, членка на Извршниот одбор: Трагедијата во скопската населба Карпош, во која згаснаа животи на мајка и дете ги покажа сите сериозни пропусти на МВР. МВР на Тошковски потфрли. Две години постојано имало пријави за семејно, физичко и психичко насилство. Вкупно 12 пријави имало за сторителот, кој имал и други обвиненија и кривични пријави, а во последниот случај кај него ...