Американското министерство за надворешни работи денес ги повика Американците веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји на Блискиот Исток, вклучувајќи ги Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, поради нападите на САД и Израел врз Иран. Помошникот државен секретар за конзуларни работи Мора Намдар изјави дека американските граѓани треба да заминат користејќи го достапниот комерцијален превоз „поради безбедносни ризици“. ...

Најмалку четири лица загинале, а шест се ранети во израелски напад врз четирикатна станбена зграда во источниот либански град Баалбек, јави либанската државна агенција ННА. Спасувачките екипи работат на извлекување луѓе од под урнатините. Нападот доаѓа по ескалацијата на борбите долж либанско-израелската граница, откако Хезболах испалил дронови и ракети кон Израел. Од тогаш групата продолжила со ракетни напади, а Израел извршил низа воздушни ...

Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа. „Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести. Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека сите вработени се безбедни по иранскиот напад со дрон врз комплексот на американскиот конзулат во Дубаи. Според него, дронот погодил паркинг покрај зградата на конзулатот, а голем број вработени го напуштиле објектот пред почетокот на американско-израелската акција против Иран, пренесе Си-Ен-Ен. Претставник на Обединетите Арапски Емирати изјавил дека конзулатот бил затворен во моментот на ...

Американскиот Стејт департмент ги овласти службениците на американската влада кои не се вклучени во итни задачи, како и на нивните семејства, да го напуштат Кипар поради конфликтот поврзан со Иран. Мерката е донесена поради ограничената можност на амбасадата на САД во Никозија да им помогне на американските државјани. Во исто време, амбасадата на САД во Јордан ги откажа состаноците и им наложи на вработените и на американските државјани да ...

Распоредот на проширување на Европската Унија не треба да го диктираат надворешни сили како што се Русија или Соединетите Американски Држави, изјави францускиот министер за Европа Бенjамин Адад во интервју за Политико, пред планираниот состанок на министрите во Кипар, кој беше откажан од безбедносни причини. „Ниту една сила надвор од ЕУ не треба да одлучува за проширувањето наместо земјите-членки“, изјави за Политико министерот, кој ја ...

САД денес им наредија на некои владини службеници и нивните семејства да ги напуштат Катар, Кувајт, Бахреин, Ирак и Јордан и затворија неколку дипломатски мисии низ регионот поради ескалацијата на конфликтот со Иран. Мисија на САД во Саудиска Арабија беше затворена утрово по нападот со беспилотни летала, а на Американците во Џеда, Ријад и Дахран им беше наредено да се засолнат. Американската амбасада во Кувајт соопшти дека ќе остане затворена ...

Снимката што ја геолоцираше Си-ен-ен покажува чад како се издига во Пардис, град источно од иранската престолнина Техеран, откако Израел објави дека го напаѓа главниот град, а американскиот претседател Доналд Трамп предупреди за „голем бран“ напади врз Иран. На снимките може да се слушнат експлозии, а најмалку три облаци чад се издигаат од планинска област. Експлозии одекнаа и во различни делови од покраината Исфахан во централен Иран во ...

Специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, изјави дека водечките ирански преговарачи на почетокот на годината се фалеле дека контролираат 460 килограми високо збогатен ураниум од 60 проценти, што би било доволно за изградба на 11 нуклеарни бомби. Во интервју за „Фокс њуз“, Виткоф рече дека иранските претставници се „горди“ што избегнуваат надзор и тврдеа дека имаат „неотуѓиво право“ да збогатуваат нуклеарно гориво. Сепак, САД тврдат дека ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против лице(64) и лице(41), двајцата од , гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба“ на дрва, „пустошење на шума“ и „фалсификување на исправа“. Првопријавениот, континуирано во атар на с.Речане, на место викано „Краста“ вршел сеча на дрва без одобрение издадено од надлежен орган, ги превезувал со своето патничко возило ...

Пролетниот дел од годината носи уште неколку слободни денови, меѓу кои Рамазан Бајрам на 20 март, па продолжениот велигденски викенд на 13 април, како и Денот на трудот на 1 мај, кој повторно ќе значи три дена можност за одмор. Во мај следува и празникот Св. Кирил и Методиј, 24 мај, кој во 2026 година се паѓа во недела, па затоа понеделникот, 25 мај, ќе биде неработен ден, обезбедувајќи уште еден проширен викенд. Во летниот период, Илинден ...

На 02.03.2026 во Скопје, на различни локациии, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода лице(42), лице(43), лице(41) и лице(27) сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста и марихуана. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци. На 02.03.2026 во Скопје, на различни локациии, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода лице(42), лице(43), лице(41) и ...

Третиот осомничен за бомбашкиот напад врз куќата на Здравко Чолиќ, вечерва е уапсен во ефикасна акција на Одделот за криминалистичка полиција, Полициската управа за градот Белград, по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, пишува „Курир“. Сомненијата според написите се дека двајцата претходно уапсени, биле директни сторители, додека третиот им набавил експлозивни направи, не само за нападот врз куќата на Здравко Чолиќ, туку и за ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека интензивно работи на обезбедување услови за соодветна и безбедна евакуација на македонските државјани од погодените подрачја, вклучително и од Обединетите Арапски Емирати, соопшти МНР. Во моментов се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, со користење комерцијални летови и, по потреба, владиниот авион. За Обединетите Арапски ...

„Мајката и детето, во временскиот интервал пред да паднат од балконот, од внатрешната страна се заклучиле во станот, и според информациите со кои располагам, немало друго лице присутно во станот“, изјави министерот Панче Тошковски. Според информациите кои го обелодени полицијата на 2 март, во 12:05 часот, во МВР била примена пријава за расправија меѓу сопружници. Полицијаци пристигнале во зградата во Тафталиџе 1 по 15 минути и разговарале со ...

Ние имаме власт која не сака да бидеме во ЕУ, затоа што ако сте членка на Европската Унија, нема пет тона дрога да се криумчарат во вашата држава, нема 161 тендер за семејна фирма, нема премиер да даде свој советник да стане уставен судија и нема сопруга на гласач на ВМРО-ДПМНЕ да биде избрана за член на Судскиот совет. Тоа не постои во Европската Унија. Затоа ние никогаш нема да видиме конкретен чекор на патот кон ЕУ од оваа власт, рече ...

Интегрален текст од соопштението на СДСМ: Што кажува ВМРО токму денеска на првата посетата на генералиот секретар на НАТО, Марк Руте на Македонија. Според ВМРО во НАТО сме примени затоа што таму некој така сакал СДСМ бил сервилен. Предавничка политика е членството во НАТО? Тоа било распродажба на државните интереси? Нека му го кажат ова денес на генералниот секретар Марк Руте: дека според ВМРО сме примени во НАТО затоа што таму некој така ...

На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го пречека генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој престојува во прва официјална посета. Сиљановска-Давкова и Руте одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на македонската и на делегацијата на НАТО. Според претседателката, посетата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во време на растечки непредвидливи ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека интензивно работи на обезбедување услови за соодветна и безбедна евакуација на македонските државјани од погодените подрачја, вклучително и од Обединетите Арапски Емирати. Во моментов се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, со користење комерцијални летови и, по потреба, владиниот авион. За Обединетите Арапски Емирати и Катар ...

Интегрален текст од денешната изјава на претседателот на СДСМ, Венко Филипче: Почитувани претставници на медиумите, денеска гостин во земјата е генералниот секретар на НАТО, господинот Марк Руте. Имавме прилика да го слушнеме неговото обраќање во Собранието. Би рекол дека членството во НАТО е резултат на стратешките, визионерските и државничките политики на Социјалдемократскиот сојуз во изминатите повеќе децении. Тој пат не беше лесен, ...

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 5 часот и 21 минути се случи земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, на околу 45 км западно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.2 Земјотресот е почувствуван во Гостивар и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. Според ...

Интервентната единица при Министерството за внатрешни работи доби нови тактички елеци донирани од компанијата Mozzart. Со оваа донација, компанијата ја потврди својата подготвеност да поддржи институции кои работат на заштита и безбедност на граѓаните. Тактичките елеци ќе придонесат за подобра заштита и ефикасност на припадниците на единицата при извршување на нивните задачи. „Со задоволство одговоривме на барањето за набавка на нови тактички ...

Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Во четврток се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, особено во попладневните часови и во текот на ноќта. Прогноза за 04.03.2026 Минимална температура: -1°C до 5°C Максимална температура: 13°C до 18°C Променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе ...

Иранската Револуционерна гарда објави дека нејзините последни ракетни напади биле насочени кон канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и седиштето на командантот на израелските воздухопловни сили. Во соопштението објавено од новинската агенција „Фарс“, гардата објави: „Целите беа канцеларијата на криминалниот премиер на ционистичкиот режим и седиштето на командантот на воздухопловните сили на режимот“. Се вели дека во нападот ...

На социјалните мрежи се појавуваат нови снимки од израелски напади врз Техеран, откако израелската војска соопшти дека започнала дополнителен широк напад врз иранската престолнина. Во Техеран се слушнале повеќе експлозии, јави иранската новинска агенција Тасним. Според извештаите, воздушен напад погодил област во близина на Плоштадот на револуцијата, каде што се одржувал собир на кој била осудувана, како што се наведува, агресијата. Во ...

Иран засега не планира да го затвори Oрмутскиот Теснец по нападите на САД и Израел, изјави министерот за надворешни работи Абас Арагчи во интервју за „Ал Џезира“. „Во оваа фаза не планираме мерки што би ја нарушиле пловидбата“, изјави тој. По ескалацијата на конфликтот, дел од бродските компании и осигурители го суспендираа транзитот низ теснецот. Преку Oрмутскиот Теснец дневно минуваат околу 20 милиони барели нафта и значителен дел од ...

Британската влада соопшти дека Обединетото Кралство не е во војна, и покрај нападот со дрон од иранско производство врз базата на Кралското воено воздухопловство (РАФ), Акротири, на Кипар. Според британските власти, дронот ја погодил пистата доцна во неделата. Нема повредени, а штетата е оценета како минимална. Подоцна биле пресретнати уште два дрона насочени кон островот. Министерот за Блискиот Исток Хамиш Фалконер изјави дека Иран не смее ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во заедничките американско-израелски напади во саботата се убиени потенцијални наследници на врховниот лидер на Иран. Неговите коментари, дадени за ABC News, доаѓаат во време на неизвесност околу транзицијата на власта во Иран по смртта на ајатолахот Али Хамнеи. Во разговор со новинарот Џонатан Карл, Трамп тврдеше дека нападот бил исклучително успешен. „Нападот беше толку успешен што ги ...

Грција, Франција и Германија испраќаат воена помош на Кипар по нападот со ирански дронови врз британската воздухопловна база РАФ Акротири на островот. Франција најави испраќање фрегата и копнени системи за противдронска и противракетна одбрана. Германија потврди дека ќе испрати воен брод, додека Грција веќе распореди четири борбени авиони Ф-16, а две нејзини фрегати се на пат кон островот. Потезите се дел од активирањето на заедничката ...

Американскиот државен секретар, Марко Рубио, изјави дека американските сили не би гаѓале намерно училиште, откако иранските државни медиуми објавија дека повеќе од 160 лица загинале во напад врз основно училиште за девојчиња во градот Минаб, на југот на Иран. Според иранските наводи, нападот се случил во саботата и претставува најсмртоносен инцидент од почетокот на војната меѓу САД, Израел и Иран. „Јасно е дека САД не би гаѓале намерно ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
68%
1016
weather icon

Белград

20ᴼ / 19ᴼ
5.14
45%
1015
weather icon

Загреб

16ᴼ / 15ᴼ
2.57
85%
1013
weather icon

Софија

20ᴼ / 18ᴼ
1.03
40%
1017
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
4.28
56%
1015
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 18ᴼ
1.34
54%
1012
weather icon

Атина

26ᴼ / 22ᴼ
4.63
56%
1018
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
37%
1017
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
59%
1018
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 23ᴼ
3.6
39%
1016
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
5.66
54%
1013
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
48%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

38.0157

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Иридиум

253540.09

Платина

66744.95

Бакар

12.46

Цинк

0.00

Алуминиум

3.53

Рутениум

51376.89

Сребро

2534.46

Родиум

319899.93

Злато

152465.86

Калај

52.70

Паладиум

49351.40

Кобалт

45.39