На 29.10.2025 во СВР Тетово од Клиничката болница Тетово е пријавено дека екипа на Итна медицинска помош добила пријава од угостителски објект во Тетово дека на еден од гостите кој бил седнат на една од масите му се слошило, а кога дошле во објектот, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт кај лицето. Констатирано е дека лицето е 61 годишен маж. Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово и јавен обвинител, по чија наредба телото на ...

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ Горан Герасимовски, денеска најави дека покрај обезбедувањето на нови канти за смет, се воведува и новина, 200 специјални канти за отпад од домашни миленици на територија на Центар. „Покрај новите канти за смет, воведуваме и новина, специјални канти за отпад од домашни миленици, слични на овој модел што како прототип го изработивме во општината. Во нив ќе има и бесплатни кесички ...

Кандидатот за градоначалник на Валандово од СДСМ Перо Костадинов во дебатната емисија на МТВ, ја побара поддршката од граѓаните за наредниот мандат и ја презентираше својата програма. „Ја барам поддршката од граѓаните на општина Валандово, за сите заедно да продолжиме да создаваме локална средина во која ќе се чувствуваме достоинствено, слободно, која ќе напредува во секоја сфера, на секое поле, која ќе напредува како што изминатиот период одеше ...

Изјава за медиуми, д-р Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром: Младите ќе бидат во фокусот на мојата работа како градоначалник на општина Аеродром. Затоа предвидуваме формирање посебна програма што ќе нуди финансиска поддршка на млади лица до 29 години што сакаат да започнат сопствен бизнис. Грантови за стартапи до 4 000 евра по апликација. Обуки за претприемаштво, дигитален маркетинг и бизнис-планирање. ...

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.  ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, ...

На 29.10.2025 во 15:15 часот во с.Речане, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар лишија лице гостиварско поради основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 од КЗ. Истиот ден во 14:10 часот, согласно судска наредба, бил извршен претрес во дом и помошни простории на приведениот, при што тој пријавил дека во една од ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на вечерашниот граѓански собир во Конче, порача дека жителите од оваа општина најдобро ја препознаваат разликата меѓу работата на кандидатот за градоначалник од СДСМ, Благој Илиев, и актуелниот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ. „Благој работеше во минатиот мандат. Знаете како се однесуваше додека беше градоначалник, знаете дека вратата му беше секогаш отворена, работеше за ...

„Нема општина во која СДСМ има градоначалник, а да ветената програма не е завршена 90 или 100 проценти“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на граѓанскиот собир во Конче, за поддршка на кандидатот за градоначалник Благој Илиев. Тој истакна дека граѓаните најдобро ја чувствуваат разликата кога општините ги водат луѓе кои работат чесно и посветено во интерес на сите. „Многу добро знаете како Благојче работеше во минатиот мандат, како се ...

Поранешниот француски претседател Никола Саркози, кој моментно издржува затворска казна, продолжува симболично да ја претставува својата земја – дури и зад решетки. Како што објави порталот „Атлантико“, неодамнешните закани од одредени затвореници за одмазда за Моамер Гадафи покажуваат колку е длабок јазот помеѓу француското општество и дел од мигрантското население. Според анализата на француските новинари, случајот открива отворен презир кон ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан повторно беше цел на критики во рамките на Европската Унија откога полскиот премиер Доналд Туск изјави дека неговиот колега е фасциниран од Москва и дека сака да ја обликува Унгарија по моделот на Русија. „Орбан неодамна изгледаше фасциниран од Москва и сега верува дека би било подобро да се изгради државен модел донекаде по моделот на Русија“, рече Туск, според „Гардијан“. Унгарскиот премиер постојано го ...

Неодамна во Германија е регистрирана нова доминантна варијанта на коронавирусот, која привлекува внимание на јавноста поради нејзиното необично потекло и можни симптоми. Моментално доминантната варијанта на XFG, која странските медиуми често ја нарекуваат „варијанта Франкенштајн“, наводно е поврзана со силно печење во грлото, опишано како „грло како жилет“, покрај вообичаените симптоми на COVID-19. Светската здравствена организација (СЗО) и ...

Израелските сили упаднаа во град во јужен Либан во текот на ноќта, при што загина еден општински службеник, објавија вчера локалните медиуми, пренесе Анадолија. Државната новинска агенција ННА објави дека израелските трупи влегле во градот Блида, во округот Марџајун, користејќи воени и теренски возила и напредувајќи речиси еден километар на територијата на Либан, во она што го нарече „опасен и невиден напад“. Израелските војници ја нападнале ...

Тим специјалисти во Универзитетската болница во Магдебург, Германија, успешно лекуваа бебе родено 16 недели предвреме, со тежина од само 300 грама, а детето сега е здраво и добро се развива, се вели во соопштението на болницата. Семејството одлучи да остане анонимно, па болницата не објави кога се случило раѓањето на бебето. Перинаталниот центар, предводен од главниот лекар д-р Ралф Бетгер, е специјализиран за грижа за предвреме родени бебиња ...

Ќерката на -годишната жена која почина откако крузер ја остави на оддалечен остров, ја обвини бродската компанија за „недостаток на грижа и недостаток на здрав разум“. Телото на Сузан Рис беше пронајдено на островот Лизард, во Големиот корален гребен, еден ден откако таа не се врати на бродот од организирано планинарење, објави Би-би-си. Кетрин Рис изјави дека е шокирана и тажна што бродот Coral Adventurer испловил без нејзината мајка, која ја ...

Кина ќе го испрати најмладиот астронаут во својата историја на вселенската станица како дел од својот следен лет со екипаж, соопштија властите во четврток, додавајќи дека таму ќе бидат и четири лабораториски глувци. Вселенската станица Тјангонг, управувана од тимови со три астронаути кои ротираат на секои шест месеци, е круната на вселенската програма на Кина вредна милијарда долари, додека се обидува да ги стигне САД и Русија. Мисијата ...

Уште пет лица се уапсени во рамки на истрагата за спектакуларниот грабеж во музејот Лувр во Париз што се случи на 19 октомври, потврди за RTL париската обвинителка Лаура Бекуо, според француските медиуми. Еден од петте уапсени мажи беше главната цел на истражителите. Бекуо објасни дека постои „ДНК што, според наше мислење, го поврзува со извршената кражба“. Се очекува преостанатите четворица да можат да обезбедат клучни информации за текот на ...

Технолошките гиганти „Мета“, „Алфабет“ и „Мајкрософт“ вложуваат огромни суми пари во вештачката интелигенција, во трка за доминација на процутувачкиот пазар кој ги доведе нивните акции до рекордни максимуми, објавува Би-би-си. Финансиските извештаи објавени во среда покажуваат дека компаниите издвојуваат колосални суми за сè, од центри за податоци до најновите чипови – и покрај прашањата за тоа кога и како инвестициите ќе се исплатат. „Мета“, ...

Сенаторите вчера ги одобрија измените во францускиот закон за силување што би вклучувале експлицитна согласност, со што законодавството на земјата ќе се усогласи со повеќе од десетина други европски земји, во потег што доби нов импулс од судењето за масовно силување на Жизел Пелико. Францускиот кривичен закон претходно го дефинираше силувањето како чин на пенетрација или орален секс извршен со употреба на „сила, принуда, закана или ...

Министерката за правда на Словенија Андреја Катиќ и министерот за внатрешни работи Боштјан Поклукар си поднесоа оставки, а премиерот веднаш ги прифати. Ова следува по големата трагедија, кога маж маж бил брутално претепан пред ресторан во Ново Место во петокот вечерта, а подоцна им подлегнал на повредите. Словенците се кренаа на протести. Првичните информации според словенските медиуми младиот човек го повикал својот татко од клубот ...

Црногорските медиуми известуваат дека Владата на Црна Гора ќе донесе одлука за привремено укинување на безвизниот режим за турските граѓани по итна постапка, најави премиерот Милојко Спајиќ. Таква одлука треба да се донесе денес. Спајиќ напиша на мрежата X дека за да се зачува економската активност и добрите билатерални односи, Владата ќе започне интензивни разговори со Турција. „За да се пронајде најдобриот модел во заеднички интерес во духот ...

„ВМРО-ДПМНЕ сака повторно да ја врати Македонија во времето на страв, на уцени и притисоци, но граѓаните нема да потклекнат,“ порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на вечерашниот собир во Конче во поддршка на кандидатот за градоначалник од СДСМ, Благој Илиев. Тој остро ги осуди притисоците врз граѓаните во текот на кампањата, потенцирајќи дека власта на ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги заплаши луѓето преку институциите. „Со полиција, ...

Нема дел од државата во којшто не поминавме во оваа кампања и нема ниту една категорија на граѓани кои се задоволни од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, истакна претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на вечерашниот граѓански собир во Конче. Филипче посочи дека за година и пол владата на ВМРО-ДПМНЕ не ги зголеми платите , ниту пак им помогна на граѓаните во услови кога цените на храната растат од месец во месец. ...

„Бараме поддршка за силно продолжување на тоа што беше од 2017 до 2021 година кога имавме градежна офанзива. Затоа сакаме тоа да продолжиме, да изградиме уште неколку училишта во подрачните места, уште неколку улички, останат во населените места, така да ќе останеме први во регионот, односно во државата, со 100% приклучени домаќинства во водовод, да имаме асфалтирани улици, зелени површини, нови училишта и нови градинки, тоа е најважната работа ...

Кандидатот за нов градоначалнички мандат во Општина Центар, Горан Герасимовски, најави проширување на капацитетите на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“. „Со зголемувањето на бројот на ученици, потребата за дополнителен простор стана приоритет. Затоа ќе инвестираме во проширување на капацитетите на училиштето со изградба на нови училници,“ рече Герасимовски. Во програмата се предвидува и промена на фасадната столарија и подовите, како и партерно и ...

Времето утре наутро ќе биде постудено со услови за појава на магла по одделни котлини и речни долини. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен. Во Скопје, утрото постудено, во делови од котлината магливо. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена ...

Под влијание на висок воздушен притисок следува период на стабилно и суво време со постудени утра, а дневната температура ќе биде во пораст, особено во деновите од викендот. Претпладне по одделни котлини и речни долини ќе има услови за појава на магла. Прогноза за 31.10.2025 Минимална температура: -1°C до 6°C Максимална температура: 16°C до 22°C Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде ...

На 28.10.2025 во 20:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Перо Наков“ во Скопје, патничко возило удрило во 11-годишна малолетничка од Скопје, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на ...

На 28.10.2025 во 15:00 часот во СВР Скопје, 28-годишна жена од кумановско пријави дека била измамена од лице вработено во туристичка агенција во Скопје за сума од 2 000 евра. Според пријавеното, кон крајот на февруари 2025, таа отишла во агенцијата да изврши уплата за патување, при што лицето кое работело, побарало парите да ги даде на рака веднаш, а сметката за извршена уплата да и биде дадена во наредните денови. Како што е пријавено, неколку ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на учеството на осмиот Париски мировен форум, се обрати на сесијата посветена на младите и европската перспектива на Балканот. Таа укажа на суштинската важност на регионалната соработка и повика на разбирање и дијалог потенцирајќи дека евроинтеграцијата не може да биде диктат, туку е дијалог. „Регионалната соработка за мене е неверојатно важна. Не може да избегаме од регионот, тој ни е судбина, ...

Гувернерот на северозападната мексиканска држава Синалоа, потресена од конфликт меѓу нарко-картелите, изјави дека родниот град на мексиканскиот нарко-бос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, кој моментално е во затвор, вчера бил цел на напад со експлозивни дронови. Бомбардирањето го погоди Бадирагуато, домот на предците на семејството Ел Чапо и историско упориште на трговијата со дрога во Мексико, принудувајќи десетици жители да ја напуштат областа, објасни ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
81%
1021
weather icon

Белград

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
100%
1024
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
0.51
80%
1025
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
69%
1021
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
78%
1020
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
0.51
96%
1026
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
3.13
67%
1019
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
76%
1020
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1021
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 6ᴼ
3.09
91%
1019
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
95%
1023
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
2.57
76%
1021
Currency

61.545

Currency

52.6235

Currency

70.3767

Currency

34.9764

Currency

38.1116

Currency

65.893

Currency

7.44979

Currency

0.66279

Currency

0.33764

Currency

0.52436

Currency

1.23507

Currency

0.58082

Родиум

256402.20

Сребро

2008.67

Бакар

10.84

Никел

467712.99

Иридиум

145787.60

Рутениум

29192.88

Паладиум

46650.73

Калај

40.84

Кобалт

58.42

Платина

53749.14

Злато

135736.19

Цинк

3.26