Од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола утрово ќе започне дистрибуцијата на 1 013 357 избирачки ливчиња за гласањето на вториот круг на Локалните избори 2025, информираат за МИА од Државната изборна комисија (ДИК). Ќе се бираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје. Во сабота гласаат болните и изнемоштените, затворениците и лицата во домашен притвор чии пријави се прифатени од општинските изборни комисии. Локалните избори, според ...

Под сегашните околности, нова „Студена војна“ би била најдоброто можно сценарио, бидејќи нема да има нормализација на односите со Москва уште многу години – oваа проценка беше споделена eксклузивно во коментар за „Укринформ“ од Фредерик Лејдквист, директор на Стокхолмскиот центар за источноевропски студии (SCEEUS) во Шведскиот институт за меѓународни односи. „Би рекол дека, веројатно, во догледна иднина, нова ситуација од типот на Студена војна ...

Остануваат уште три дена до гласањето в недела на 2 ноември, кога во 33 општини ќе се бираат градоначалници во вториот круг од локалните избори, додека во четири општини ќе се повтори првиот круг поради недоволен цензус. Засилена активност на терен и во медиумите и социјалните мрежи на кандидатите и партиите во потрага по гласови за победа во изборната трка. Се прават разни комбинаторики и договори за гласови и краткорочни коалиција. Зајкова со ...

Букурешт и другите членки на НАТО биле информирани за плановите на САД за намалување на распоредувањето на трупите на источното крило на Европа, соопшти романското Министерство за одбрана на 29 октомври. Како што пренесува Кијив Индипендент, овој потег доаѓа како дел од поширока преиспитување на глобалното присуство на американската војска и го одразува пресвртот на Вашингтон во надворешната политика, бидејќи неговите сојузи се соочуваат со ...

Пред долгоочекуваниот прв состанок во четврток меѓу Доналд Трамп и Си Џинпинг откако американскиот претседател се врати на функцијата, претставници од двете страни ги разработуваат контурите за тоа како би можел да изгледа трговскиот договор меѓу Вашингтон и Пекинг, договор што би можел да стави крај на месеците глобален економски хаос предизвикан од трговската војна меѓу САД и Кина, објави Гардијан. Двајцата лидери не се сретнале лично од 2019 ...

Обидите на Европската унија да усогласи заедничка позиција кон Белорусија — поради серија инциденти со големи балони кои преминуваат во воздушниот простор на Литванија — се заглавени веќе неколку дена, откако Унгарија се обидува да го „разводни“ јазикот на предложената изјава. Според извори на Политико, дипломат и двајца функционери кои зборувале под услов на анонимност, Будимпешта лобира изјавата да не го содржи ставот дека овие балонски летови ...

Два полски борбени авиони на 28 октомври пресретнаа руски авион Ил-20 на извидувачка мисија во меѓународниот воздушен простор над Балтичкото Море, соопшти полската војска, пренесува Кијив Индипендент. Се наведува дека рускиот авион летал без поднесен план за лет и со исклучен транспондер. Полските борбени авиони МиГ-29 го придружувале авионот од зоната на одговорност, соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили на 29 октомври, ...

На својата седница во Њујорк во петок, Советот за безбедност на Обединетите нации треба да ја разгледа ситуацијата во Босна и Херцеговина и да одлучи за продолжување на мандатот на воената мисија на Европската унија во БиХ, која таму дејствува повеќе од две децении, објавија регионални медиуми. Се очекува мандатот на мисијата Алтеа или ЕУФОР во Босна и Херцеговина да биде продолжен за уште една година откако ќе бидат отстранети сомнежите за тоа ...

Доколку Косово влезе во 2026 година без нова влада и одобрен буџет, последиците би можеле да бидат сериозни за функционирањето на државата. Ова е она што го предупредува економскиот експерт и поранешен министер за финансии Хаки Шатри, кој нагласува дека актуелната влада нема законски мандат да предложи нов буџет или да побара продолжување на постојниот, пишува Радио Слободна Европа на албански јазик. Тековниот буџет истекува на 31 декември 2025 ...

Најмалку 50 лица, меѓу кои и 22 деца, загинаа ноќеска во израелските напади врз Појасот Газа, додека еден израелски војник загина во борбите на палестинската територија, објавија француските медиуми. -Најмалку 50 лица загинаа, меѓу кои и 22 деца, во израелските напади врз Појасот Газа што траат од синоќа, изјави портпаролот на Цивилната заштита на Газа, Махмуд Басал, додавајќи дека уште околу 200 лица се ранети. Нападите се „јасно и флагрантно ...

Лажни се сите пријави за поставени експлозивни направи во учичишта во Скопје и во Куманово, соопшти МВР по извршените проверки. – Во СВР Скопје и СВР Куманово вчера околу 18 часот пријавено е дека на емаил адресите во 30 училишта во Скопје и 17 училишта во Куманово пристигнати се пораки за наводно поставени експлозивни направи во училишта. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека се ...

Полските борбени авиони МиГ-29 пресретнаа руски авион Ил-20 кој извршуваше извидувачка мисија во меѓународен воздушен простор над Балтичкото Море без поднесен план за лет и со исклучен транспондер, соопшти денеска полската војска. -Полските борбени авиони пресретнаа авион Ил-20 кој извршуваше извидувачка мисија во меѓународен воздушен простор, без поднесен план за лет и со исклучен транспондер, соопшти војската, според регионалните медиуми. ...

По спроведената истрага, Основното јавно обвинителство Кавадарци поднело обвинителен акт против едно лице за кривично дело убиство. Како што соопшти државното Јавно обвинителство, обвинетиот 43-годишник, на 27 јули годинава од користољубие го лишил од живот својот помлад брат. -На роденденот на жртвата, двајцата браќа започнале да се расправаат, бидејќи обвинетиот верувал дека неговиот брат сака да го преземе целиот имот. Поттикнат од чувства на ...

Повеќе од половина од граѓаните на Европската Унија (56 отсто) ја поддржуваат идејата за проширување на Унијата, покажуваат најновите податоци од Евробарометар. Најголема поддршка е забележана во Шведска (79%), Данска (75%) и Литванија (74%), додека најмала поддршка има во Австрија (45%), Чешка (43%) и Франција (43%). Младите Европејци се најголеми поддржувачи – 67% од испитаниците на возраст меѓу 15 и 24 години ја поддржуваат идејата за прием ...

И во вториот круг од кампањата за локалните избори во Северна Македонија продолжува загрижувачкиот тренд на злоупотреба на деца за политички цели. Но, во овој случај се работи не само за деца, туку и за злоупотреба на училишен простор. Драган Анастасов – Ладич, кандидат за градоначалник на Пробиштип од редовите на СДСМ, објави промотивно видео за изборната кампања во кое се користат малолетници, како и државни институции и затворениот базен во ...

Градоначалничката во заминување на Град Скопје, Данела Арсовска, повторно се обиде да се врати во фокусот – овојпат со целосна дезинформација. Во Фејсбук статус објавен пред 17 часа, таа напиша дека директорот на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“, Сабахудин Рустеми, по само неколку часа во притвор, бил ослободен, дека „не е виновен за ништо“ и дека „работата ја вршел чесно и совесно“. Меѓутоа, МВР поврди за ЦИВИЛ дека лиицата што беа приведени во ...

Поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик изјави дека најавениот референдум ќе се одржи бидејќи тоа е голем политички настан за Република Српска. Денес, Додик е во Минск, Белорусија, на Меѓународната конференција за безбедност, каде што ќе се сретне со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, објавија српски медиуми. Додик нагласи дека не се откажал од тоа, но дека муслиманите во РС го покренуваат прашањето за ...

Додека студентските продемократски протести не стивнуваат, довербата на српските граѓани во Европската унија нагло опаѓа. Политичката и општествена криза во Србија ја става ЕУ во тешка позиција – помеѓу одбраната на демократските вредности и заштитата на сопствените економски интереси. Насилниот инцидент пред парламентот во Белград, кога беше повреден еден човек, дополнително ја вжешти атмосферата. Владата го нарече настанот „терористички напад“ ...

Руските сили користеле дронови за лов и раселување на цивили од нивните домови во близина на фронтовската линија во Украина, објави Ројтерс на 27 октомври, повикувајќи се на нова истрага на ОН презентирана на Генералното собрание, пренесува Кијив Индипендент. Во извештајот на Независната меѓународна комисија за истрага за Украина се опишани цивили кои биле бркани на долги растојанија од беспилотни летала со монтирани камери, а понекогаш потоа ...

Неверојатен пример за борба против руската пропаганда објави страницата Meanwhile in Ukraine, пренесувајќи видео клип од дебата на италијанска ТВ станица во која, италијанскиот сенатор и поранешен министер за економски развој, Карло Календа го оспорува тврдењето на Џефри Сакс, дека на демонстрантите во 2014 година им биле платени 15.000-20.000 долари. Сакс: Бев таму… САД им платија на демонстрантите 15.000-20.000 долари за да го соборат ...

Израелскиот политички аналитичар Ори Голдберг верува дека е малку веројатно спорот околу најновите останки на заробеници пренесени на Израел од Хамас да го попречи целиот прекин на огнот, во кој САД и неговите регионални партнери се длабоко вложени, објави Ал Џазира. Иако имаше повици од израелските крајно десничарски лидери Бен-Гвир и Смотрич да се „уништи“ или строго да се санкционира Хамас поради инцидентот, Нетанјаху е на крајот ...

Државната изборна комисија (ДИК) денеска во рамки на продолжението на 150- седница ги објави конечните резултати од Локалните избори за вкупно 44 општини. Во 33 општини ќе има втор круг на гласање на 2 ноември. -Единаесет општини се приклучуваат на 33-те општини за кои во четвртокот објавивме конечни резултати за избор на градоначалници, каде што изборите се завршени во прв круг. Со денешнава објава на 11-те општини за избор на градоначалник во ...

Европската Унија го осудува израелскиот напад насочен кон единица на Привремените сили на ОН во Либан (УНИФИЛ) во неделата, што претставува најнов во низата слични инциденти во последните недели, порача портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Ануар Ел Ануни. – ЕУ потсетува дека безбедноста на персоналот и објектите на ОН мора да бидат осигурани во согласност со меѓународното право и Резолуцијата 1701 на ...

Остануваат уште пет дена за претставување на кандидатите за градоначалници и членови на советите во општините за обезбедување поддршка во вториот круг на локалните избори, а се очекуваат и одлуки за коалициите за гласањето в недела на 2 ноември. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги информираат радиодифузерите дека денеска е крајниот рок за објавување резултати од испитувањето на јавното мислење за вториот круг од Локалните ...

Европската Унија и нејзините 27 земји членки во 2024 година од јавните средства издвоиле 31,7 милијарди евра за поддршка на земјите во развој за намалување на емисиите на стакленички гасови и за прилагодување на влијанијата од климатските промени. За истите цели, ЕУ дополнително мобилизирала и 11 милијарди евра од приватни извори. Овие податоци се наведени во соопштение објавено од Советот на ЕУ во пресрет на Конференцијата на ОН за климатските ...

Албанската владејачка коалиција ВЛЕН синоќа прикажа целосно единство во поддршка на Билал Касами, актуелен градоначалник на Тетово, кој се кандидира за втор мандат на локалните избори. Еден од лидерите на коалицијата, Зеќирја Ибрахими, сподели на социјалните мрежи заедничка фотографија од лидерите на ВЛЕН, направена во Тетово, придружена со јасна порака за поддршка на Касами. „Работен состанок со сегашниот и идниот градоначалник на Тетово. ...

Унгарија планира да се здружи со Чешка и Словачка за формирање на соработка скептична кон поддршката за Украина, изјавил главниот политички советник на премиерот Виктор Орбан за Полиитко. Според советникот Балаш Орбан, Орбан се надева на заеднички настап со чешкиот популист Андреј Бабиш и словачкиот премиер Роберт Фицо, со цел усогласување на ставовите пред состаноците на Европскиот совет. Иако официјален сојуз сè уште не е формиран, можно е ...

Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, синоќа објави дека денеска ќе донесе одлука за привремено укинување на безвизниот режим за турските граѓани по итна постапка. „За да се зачува економската активност и добрите билатерални односи, во наредниот период ќе иницираме интензивни разговори со Република Турција со цел да се најде најдобриот модел во заеднички интерес во духот на добрата соработка и сојузништвото“, напиша Спајиќ на „X“. Како што ...

Министерот за финансии на САД, Скот Бесент, на 26 октомври го нарече претставникот на Кремљ, Кирил Дмитриев, „руски пропагандист“ откако вториот тврдеше дека санкциите на САД нема да влијаат врз економијата на Русија. Како што пренесува Кијив Индипендент, изјавата доаѓа откако администрацијата на Трамп, за прв пат, воведе нови санкции против Русија, насочени кон нејзините водечки нафтени компании. Дмитриев, руски функционер кој игра клучна улога ...

Началникот на војската на Судан го потврди повлекувањето на армијата од последното западно упориште ел-Фашер откако паравоените сили за брза поддршка (RSF) прогласија контрола врз градот. Како што пренесува Би-би-си, во телевизиско обраќање, генералот Абдел Фатах ал-Бурхан рече дека го одобрил повлекувањето како одговор на „систематското уништување и убивање цивили“. Тој рече дека се согласил со локалните лидери да „заминат и да одат на безбедно ...

weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
8.23
72%
1011
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
89%
1014
weather icon

Софија

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
80%
1010
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
9.85
82%
1013
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
95%
1015
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
2.57
87%
1001
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
87%
1004
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.0
100%
1005
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
11.32
88%
1016
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
3.09
94%
1014
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
4.12
67%
1008
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
1007
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Платина

52952.77

Калај

40.48

Алуминиум

2.91

Никел

473339.37

Сребро

1878.05

Злато

135056.24

Иридиум

145787.60

Цинк

3.23

Родиум

255598.44

Рутениум

29192.88

Бакар

10.95

Кобалт

58.42