Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Секојдневно пред очите на целокупната јавност излегуваат сведоштва за злоупотреба на институциите, притисоци и уцените за време на владеењето на СДС и ДУИ. Власта на СДС беше одбележана по бруталните политички монтирани случаи, спроведени преку Русковска обвинителството и Кацарска судството, кои наместо по правото, гонеа и судеа според наредбите на Заев, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Судиите и ...
Бројот на дизел возилата (вклучувајќи ги и дизел хибридите) во Европската Унија во изминатата деценија се намалил за 67 отсто, за разлика од оние на бензински и електричен погон кои бележат раст, објави Еуростат. Во периодот од 2014 до 2024 година, во 20 земји од ЕУ за кои има податоци, а претставуваат 93 отсто од вкупниот пазар на Унијата, бројот на возила на бензин (вклучувајќи ги и хибридите) се зголемил за 60%. Огромен раст од 45 пати ...
Илјада и десет килограми небезбедна “здрава храна” уништија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) кај 14 оператори во рамки на 373 контроли спровдени неделава, кај оператори именувани како објекти за производство и промет со здрава храна. Со контролите утврдено е дека 14 оператори воопшпто не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата. За утврдените недоследности со контролите, издадени се 65 решенија, ...
Утре е Прочка или Велики Поклади, празник меѓу народот познат и како Проштени Поклади, спаѓа во најголемите христијански празници, според некои веднаш по Божик и Велигден. Проштевањето е обичај прифатен под влијание на црквата, додека гатањата, карневалите и слично се остатоци од претхристијанските предпролетни забави. Овој празник доаѓа по неколкуте зимски празници како што се: Бадник, Божик, Водици, Св. Трифун и ги поврзува со поголемиот ...
На Меѓународниот ден на мајчиниот јазик ја истакнуваме важноста на јазикот како суштински дел од нашиот идентитет, култура и духовно наследство. Мајчиниот јазик е првиот глас што го слушаме, првата мисла што ја оформуваме и темелот врз кој го градиме нашето знаење, стои во честитка на министерот за јавна администрација, Горан Минчев по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. -Како што рекол Блаже Конески, човекот чија татковина беше ...
Во финалето на турнирот во хокеј на мраз на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Милано, очекувано ќе играат Канада и САД. Најпрво во полуфиналните пресметки, Канада ја победи Финска со 3-2 (0-1, 1-1, 2-0), додека САД беа многу поубедливи против Словачка, триумфирајќи со 6-2 (2-0, 3-0, 1-2). САД досега ја освоија олимписката титула двапати, а имаат и осум сребрени медали. Последниот медал го освоија во 2010 година во Ванкувер, кога загубија во ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се воведуваат глобални царини од 10 проценти, откако Врховниот суд вчера ги укина неговите царински тарифи од април минатата година. – Голема чест ми е да потпишам во Овалната соба глобална тарифа од 10 проценти за сите земји, која стапува во сила речиси веднаш, напиша Трамп на Truth Social. Неколку часа претходно, Трамп ja најави за мерката, велејќи дека новите тарифи од 10 ...
Конференцијата на тема „Европската иднина на Западен Балкан: Политичка интеграција, регионална соработка и економска отпорност во време на глобални предизвици“ продолжува денеска во Скопје, со воведни обраќања и три панел дисусии, а на неа меѓу другите ќе се обратат премиерот Христијан Мицковски и поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов. Конференцијата, која е во организација на Паневропската Унија на Македонија, во соработка со Паневропската ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од минус еден до шест, а максималната ќе достигне од четири до дванаесет степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 8 јуни. Денеска е Св. великомаченик Теодор Стратилат.Свети Теодор Стратилат пострада во 319 година. Во тоа време тој беше началник на војската и на градот Ираклија. Црквата го слави посебно на 8 февруари (по стар календар), а денес го празнува пренесувањето на неговите мошти од Ираклија во неговиот роден град Евхаита, што е направено според завештанието, што свети Теодор му го даде на ...
Денеска е 8 февруари (според стариот стил) и се слави Св. великомаченик Теодор Стратилат. Драгоценоста на маченичкиот подвиг зависи од величината на богатството што ќе го напушти христијанинот примајќи страдање наместо тоа богатство, како и од величината на страдањето што ќе го поднесе заради Христа. Свети Теодор, римски војвода, во војската на царот Ликиниј и градоначалник на градот Хераклеја, ја презре својата младост и убавина и ...
Уморни сме да ги слушаме извинувањата на поранешните европски функционери и политичари за тоа колку неправедно се постапувало кон нас во нивно време. На македонските граѓани не им се потребни сожалувања и post-festum извинувања, туку навремени, ex-ante решенија за деблокада на нашата евроинтеграција. Македонските граѓани одамна заслужија да бидат и европски граѓани. Само така и Унијата ќе си ја исчисти совеста кон македонските граѓани и кон ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја нападна одлуката на Врховниот суд со која се ограничува неговото овластување за царини и најави дека воведува нова глобална царина од 10 проценти почнувајќи од денеска, додека ги задржува во сила постојните царини за национална безбедност и „оние од ерата на Кина“. – Денеска ќе потпишам наредба за воведување на 10 отсто глобална царина под Секција 122 над и покрај нашите нормални царини кои ...
Канцеларијата на Општинското кривично јавно обвинителство во Загреб поднесе обвинение до Општинскиот кривичен суд во Загреб против двајца 18-годишници за предизвикување пожар во зградата на „Вјесник“ во ноември 2025 година. Како што е наведено во соопштението, тие се товарат за тешко кривично дело против јавната безбедност по член 222 став 1, во врска со член 215 став 1 од Кривичниот законик, јавија локалните медиуми. „Обвинението ги товари ...
Речиси со идентично сценарио со претходните протести на опозицијата, пред владата во Тирана, вечерва се одржа протестот на опозицијата, со фрлање молотови коктели и пиротехнички средства врз објекот, веднаш по говорот на лидерот на демократите Сали Бериша, а продолжи со насилното однесување и пред парламентот. Брзата интервенција на полицијата, со водени топови и солзавец, услови насобраните граѓани да се оддалечат од местото на протестот и ...
Фудбалската федерација на Бразил (ЦБФ) побара денеска од ФИФА и УЕФА строго да ги казнат инволвираните во случајот на расизам против фудбалерот на мадридски Реал, Винисиус. Во писмото се бара од ФИФА и од УЕФА да го истражат случајот и да преземат сите потребни мерки за да ги идентификуваат и казнат одговорните за расистичките изјави. Натпреварот во Лисабон против Бенфика од нокаут фазата во Лигата на шампиони, кој Реал Мадрид го доби со 1-0, ...
Возачот на Ферари, Шарл Леклер, беше најбрз на денешното тестирање во Бахреин, последно пред почетокот на новата сезона во Формула 1. Леклер постигна резултат од 1:32,992 минути и извозе 132 круга. Втор беше актуелниот шампион, возачот на Мекларен, Ландо Норис, со заостанување од 0,879 секунди, возејќи 47 круга, а трет возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, со заостанување од 1,117 секунди, возејќи 65 круга. Новата сезона започнува на 8 март со ...
Италијанскиот фудбалски клуб Интер потврди дека капитенот на тимот, Лаутаро Мартинез, заработил повреда по медицински прегледи. Станува збор за истегнување на мускулот на левиот лист, здобиено при поразот од 1-3 против Бодо/Глимт во Лигата на шампионите. Сепак, според „Скај Спорт Италија“, паузата би можела да трае најмалку еден месец, со што се потврдуваат и зборовите на тренерот Кристијан Киву, кој веднаш по натпреварот изјави дека се ...
Со новиот Закон за високо образование ние ќе го подобруваме квалитетот на образованието, а по неколку години сите ќе се уверат дека овој закон ќе донесе успех, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска на денешната јавната дебата посветена на новото законско решение што се одржа на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола. Во изјава за медиумите, министерката Јаневска потврди дека се што ќе биде аргументирано ќе биде ...
Канадскиот министер за трговија со САД, Доминик Лебланк, изјави дека одлуката на Врховниот суд ја зајакнала позицијата на неговата земја дека царините на Трамп биле „неоправдани“. Сепак, тој додава дека останува да се работи на секторските царини во автомобилскиот сектор, како и за челикот и алуминиумот, кои негативно се одразија врз тие индустрии, јави Би-Би-Си. Тој исто така се осврна на ревизијата на USMCA (познат во Канада како CUSMA), ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, сите патни правци во државата се проодни, соопштуваат од ЈП Македонија пат. Оттаму дополнуваат дека на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони и апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. ...
Германската владејачка конзервативна партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денеска повторно го избра канцеларот Фридрих Мерц за свој претседател. Мерц беше поддржан од огромно мнозинство од 878 делегати, од вкупно 963 валидни гласови дадени на националниот собир на партијата во Штутгарт, пренесе ДПА. Ова беше негов втор најдобар резултат. Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 отсто од гласовите на онлајн партиска конференција, ...
Министрите очекуваат „привилегираната трговска позиција на Обединетото Кралство со САД“ да продолжи откако царините на американскиот претседател Доналд Трамп беа поништени од Врховниот суд на земјата. „Реципрочните тарифи“ на Трамп, воведени на поголемиот дел од светот минатиот април според законот за вонредни овластувања, денеска беа поништени од Врховниот суд на САД. Велика Британија ја доби најниската царинска стапка од 10 проценти, а ...
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, во интервју за “Топ Тема” на ТВ Телма, истакна дека проблемот со македонските превозници поврзан со воведувањето на новиот ЕЕС систем е високо на агендата во Брисел и дека се очекува решение во најскоро време. Тој потенцира дека Владата води интензивна дипломатска активност и директно лобирање во европските институции, со цел да се заштитат домашните транспортни ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп реагираше на одлуката на Врховниот суд да ги укине неговите царини, нарекувајќи ја „срамна“, јави Би-Би-Си. Тој ја даде оваа забелешка додека зборуваше на состанок со државните гувернери рано утрово, изјавил извор за британскиот медиум. Сè уште нема официјална реакција од Трамп, ниту од претставници на Белата куќа. Врховниот суд на САД денеска го блокираше Трамп во користењето на законот за вонредни ...
САД не побараа целосно прекинување на збогатувањето на ураниум за време на преговорите во Женева, а ниту Иран не понуди да го прекине збогатувањето на ураниум, изјави денеска иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи. „Ние не понудивме какво било прекинување, а американската страна не побара целосен прекин на збогатувањето“, рече Арагчи во интервју за онлајн каналот MS Now. Тој истакна дека дискусијата сега е за тоа како да се ...
Денеска, во просториите на Клуб на пратеници, беше одбележан Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, со присуство на претставници на државните институции, академици, универзитетски професори, истражувачи и други поканети гости. Во своето обраќање пред присутните, заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, ја истакна важноста на мајчиниот јазик како темел на културниот, институционалниот и општествениот идентитет, ...
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, на покана на министерот за регионален развој и јавна администрација, Tibor Navracsics, оствари еднодневна работна посета на Унгарија, насочена кон продлабочување на билатералната соработка и зајакнување на партнерството меѓу двете држави. Во фокусот на разговорите беше размената на искуства за поефикасно и целосно искористување на програмите на Европската Унија, како и поддршка на ...
Истрагата за аферата „Катаргејт“ поврзана со корупција и влијание може да продолжи откако судиите на апелациониот суд ги отфрлија тврдењата дека обвинителите лошо постапувале со случајот, пренесе Политико. Апелациониот суд во средата пресудил дека парламентарните имунитети на пратениците во Европскиот парламент кои се под истрага, вклучувајќи ја и поранешната потпретседателка на Парламентот, Ева Каили, не биле прекршени, објави денеска „Ле ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц следната недела ќе отпатува за Кина на разговори за политичките и економските врски, како и за безбедносните прашања, потврди денеска владата во Берлин. Ова ќе биде негова прва посета на земјата откако ја презеде функцијата, пренесе ДПА. Мерц в среда ќе биде пречекан со воени почести од кинескиот премиер Ли Чијанг во Пекинг, по што ќе следува заеднички ручек. Во попладневните часови предвидено е тој да одржи ...