Во Скопје синоќа беше одбележан Националниот ден на Унгарија. На приемот организиран од унгарскиот амбасадор Андраш Клајн присуствуваше претседателката Гордана Сиљановска Давкова. -Долгогодишното македонско-унгарско пријателство се темели на силни економски врски, културни и академски програми, заеднички иницијативи, како и на соработката во одбраната. Унгарија останува искрен и посветен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат, ...

Во пожарот што синоќа зафати дел од Домот за пензионери во Тузла смртно настрадаа 10 лица, а меѓу повредените има и припадници на спасувачките екипи, посочуваат прелиминарните информации од Управата на полицијата на Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот кантон во Бозна и Херцеговина. Пожар од поголеми размери го зафатил седмиот кат од зградата на Домот за пензионери во Тузла околу 20:45 часот. Според првичните информации на ...

Македонските властите продолжија да работат на патоказите за владеењето на правото, реформата на јавната администрација и функционирањето на демократските институции, како и на Акцискиот план за заштита на малцинствата, но важно е земјата да напредува и да ги финализира сите подготвителни работи поврзани со критериумите за отворање на Кластерот „Основи вредности“. Ова се наведува во вчера објавениот Извештај на Европската комисија за ...

Левичарскиот демократ Зоран Мамдани победи на изборите за градоначалник на Њујорк, според проекциите на американските медиуми објавени доцна синоќа. Со преброени над 97 отсто од гласовите, 34-годишниот кандидат обезбеди недостижна предност, објавија неколку американски медиуми, повикувајќи се на податоци од Изборната комисија на Њујорк. Неофицијалните резултати на веб-страницата на Комисијата покажуваат дека Мамдани освоил 50,4 отсто од ...

Бриселскиот меѓународен аеродром „Зевентем“ синоќа по вторпат беше затворен повеќе од час и половина поради забележан нов дрон, само неполн час откако водушниот сообраќај од и кон него беше возобновен по речиси едночасовен прекин, јави белгискиот јавен радиодифузен сервис на холандски јазик ВРТ. „Зевентем“ првично беше затворен за сообраќај нешто пред 20 часот откако во воздушниот простор над аеродромот беа забележани три дрона. По нешто повеќе ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени Целзиусови. И во Скопје ќе биде променливо облачно, а претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени Целзиусови. Според најавите од ...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 23 октомври. Денеска е Св. апостол Јаков Брат Господов. Овој Јаков се нарекува Брат Господов затоа што е син на Јосиф, свршеникот на Дева Марија т.е Богородица од неговиот претходен брак. Тој е еден од 70-те апостоли. Се нарекува Брат Господов уште и заради неговата посебна приврзаност кон Господ Исус Христос. По воскресението, Христос нему му се јавил, како што сведочи апостол Павле. ...

Денеска е 23 октомври, според стар стил, и се слави Св. апостол Јаков, брат Господов. Се нарекува брат Господов затоа што му беше син на праведниот Јосиф, свршеникот на Пресвета Богородица. Кога праведниот Јосиф беше на умирање, па сакаше да Му остави еден дел и на Господ Исус, синот на Пресветата Дева Марија, сите браќа се спротивставија на ова, не сметајќи Го Исус за свој брат. Јаков многу Го љубеше Исуса и изјави дека тој ќе го подели својот ...

Бриселскиот меѓународен аеродром „Зевентем“ вечерва околу 21 часот е отворен за сообраќај, откако беше затворен нешто повеќе од еден час поради безбедносни причини, информира белгискиот авиопревозник „Брисел Ерлајнс“. Нешто пред 20 часот сите полетувања и слетувања на „Зевентем“ беа откажани, откако воздушниот простор над аеродромот беше затворен за сообраќај поради тоа што во неговото подрачје биле забележани три дрона. Инцидентот го потврди и ...

Битола е град кој денес се менува, расте, се развива и се модернизира, истакна градоначалникот Тони Коњановски на вечерашната свечена академија организирана по повод 4 Ноември, Денот на ослободувањето на Битола. Пред гостите од градот, државата, но и делегации од збратимените градови од Украина, Бугарија, Србија и Турција, градоначалникот Коњановски потсети на минатото и повеќевековната битолска историја, и издвои акценти од неговата визија за ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека помошта во храна од програмата за сиромашните Американци (СНАП) ќе биде исплатена откако ќе заврши блокадата на федералната влада. Тој го изјави ова и покрај судската наредба со која се бара неговата администрација да ги изврши ноемвриските исплати до среда. – Помошта од програмата СНАП ќе биде исплатена само кога радикално левичарските демократи ќе ја отворат владата, што лесно можат да ...

Денеска околу 17:00 часот пријавена е сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила на патот А1 Прилеп – Росоман во близина на село Радобил. Од несреќата пет лица се здобиле со повреди, од кои три се пренесени во болница во Прилеп, а две во болница во Кавадарци, а лекар констатирал смрт кај две лица, информираа вечерва од МВР. Оттаму соопштија дека од 18:00 часот сообраќајот се одвива по една коловозна лента со наизменично пропуштање на ...

Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија изјави дека големата доверба што граѓаните ја дадоа на локалните избори претставува уште поголема одговорност. „Колку е поголема довербата, толку е поголема и одговорноста. Но, од друга страна, оваа победа некако може и многу други работи да ни покаже. Политичките кандидати на ВМРО-ДПМНЕ успеаја преку овие локални избори да покажат дека се ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги повика Евреите од Њујорк да гласаат против Зохран Мамдани, кандидатот на екстремното левичарско крило на Демократската партија, на изборите за градоначалник на градот. – Секој Евреин што гласа за Зохран Мамдани, докажан и самопрогласен мразител на Евреи, е глупав човек, напиша американскиот претседател на својата платформа Truth Social. Зохран Мамдани, 34-годишен муслимански демократски ...

Дик Чејни, поранешниот моќен американски потпретседател што инсистираше на инвазијата врз Ирак, почина на возраст од 84 години. Чејни беше шеф на Пентагон за време на мандатот на Џорџ Буш постариот и потпретседател на Буш помладиот. На втората функција беше одговорен за реакцијата на САД на терористичкиот напад од 11 септември 2001 година – за следењето на граѓаните, притворањето и измачувањето на нелегално грабнатите осомничени терористи. ...

Портпаролот на коалицијата „ВРЕДИ“, Дритон Сулејмани, денеска потврди дека Беким Сали ќе го наследи Изет Меџити на позицијата прв вицепремиер, откако Меџити беше избран за градоначалник на Општина Чаир. Меџити, кој досега беше прв вицепремиер, ќе ја преземе градоначалничката функција во Чаир. Наследник на позицијата прв вицепремиер e Беким Сали. Додека за позицијата министер за животна средина допрва ќе се одлучува и сѐ уште нема конкретно име. ...

СДС е се уште под шок од изборниот резултат. СДС нека се консолидираат, нека се вразумат, нека ја сфатат пораката од граѓаните. Немаме што друго да додадеме на ова соопштение на СДС, кое сигурно не е ни став на партијата, туку е изнудена и соло реакција на некој индивидуалец што не разбира политика и им го хакирал мејлот на СДС. Затоа што на 2 дена по катастрофата што им се случи, само некој што не е од земјава или е тотално во аут од ...

Две и пол децении по почнувањето на нашиот пат кон членство во ЕУ, ние се уште сме на истото место, не затоа што не ги исполнуваме Копенхашките критериуми, туку поради некои вештачки причини, порача премиерот Христијан Мицкоски на денешниот Самит за проширувањето во Брисел, организиран од страна на телевизијата Еуроњуз. Мицкоски потенцира дека земјава го започна патувањето кон ЕУ пред 25 години, кога го потпиша Договорот за стабилизација и ...

„Ако некој се осмели да малтретира некој друг што сака да се приклучи на клубот, зошто другите би молчеле?“, праша премиерот Христијан Мицкоски на самитот за проширување организиран од Еуроњуз, осврнувајќи се на спорот со Бугарија и последователното вето со кое владата на Софија се заканува на чекорите на Македонија на патот кон ЕУ. „Ако еднаш го прифатиме овој принцип, тој ќе ги уништи сите вредности изградени од Шуман, Де Гаспери и Аденауер“, ...

Наследник на Изет Меџити, кој доби градоначалнички мандат на Општина Чаир, ќе биде Беким Сали, потврди денеска на прес-конференција портпаролот на ВРЕДИ Дритон Сулејмани. -Ние веќе функционираме како ВРЕДИ и досегашните министри кои беа министри на ВРЕДИ а не на одделни политички партии, така и ќе продолжиме. Како што има најавено Меџити негов наследник на позицијата прв вицепремиер ќе биде Беким Сали, додека за министер за животна средина и ...

После десет години имаме нов амбиент во државата, изјави денеска министерот за здравство Азир Алиу, одговарајќи на новинарско прашање во врска со резултатите од локалните избори. Нашата коалиција, посочи, не беше задкулисна како што биле досега коалициите, значи едно збореа, а друго работеа. Во врска со тоа дали е стабилна коалицијата, рече дека докажале дека се различни од другите. – Докажавме дека и на централно и на локално ниво знаеме ...

Европската комисија е попосветена од кога било досега за да го претвори проширувањето на ЕУ во реалност, бидејќи поголема Унија значи посилна и повлијателна Европа на глобалната сцена, порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен по повод објавувањето на годишниот Пакет за проширување, кои ги содржи извештаите за напредокот на земјите кандидати за членство на нивниот патк кон ЕУ. – Но, проширувањето мора и ќе остане процес ...

Премиерот Христијан Мицкоски, кој е во службена посета на Брисел денеска имаше средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. -Само што завршивме со средбата со претседателот на Европскиот совет, господинот Антонио Кошта, пријателска средба. Првата средба ја имавме точно пред една година кога господинот Кошта беше избран за претседател на Европскиот совет и од тогаш до денеска негуваме навистина пријателски и искрени односи. ...

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, во четврток, 6 ноември, заедно со вицепремиерот и министер за транспорт и врски на Република Бугарија, Гроздан Караџов ќе го потпишат Договорот за подготовка, изградба и оперативност на меѓуграничниот железнички тунел на Коридор 8. На потпишувањето кое ќе се случи на железничката станица Ѓуешево, предвидено е да присуствуваат претставници на Европската комисија, ...

Во алејата на великаните на градските гробишта Бутел во Скопје денеска беше одржана комеморација со откривање на спомен-биста на Илија Димовски – Гоче, командант на Првата македонско-егејска ударна бригада на Народно-ослободителната војска на Македонија. Со благослов на архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, панихида отслужија свештеници на МПЦ-ОА. За животот и делото на Илија Димовски Гоче зборуваше Ицо Најдовски Перин од Мелбурн, ...

Во машинската просторија на петтата единица на бугарската нуклеарна централа Козлодуј избувна пожар, што предизвика итна реакција кај работниците во централата. Поради густиот чад во просторијата, повикана е противпожарната служба, а се преземаат мерки за замена на оштетената опрема. Официјално беше објавено дека ситуацијата е под контрола и дека нема опасност за луѓето. Работниците во централата остануваат во готовност додека инцидентот не се ...

Четири борбени авиони беа полетаа од аеродромите во Романија преку ноќ откако беа откриени руски напади врз украинската пристанишна инфраструктура на Дунав. Во соопштението на романското Министерство за национална одбрана се вели дека во 0:17 часот наутро, два борбени авиони Ф-16 полетале од воздухопловната база Фетешти во согласност со процедурите за воздушна полиција. Подоцна, во 2:45 часот наутро, два германски авиони Еурофајтер полетале од ...

Украина мора да ги забрза реформите ако сака да ја исполни самонаметнатата цел за завршување на процесот на пристапување во ЕУ до крајот на 2028 година, според нацрт-извештајот за проширување на ЕУ што го виде ДПА и се очекува да биде презентиран денеска. Во нацрт-извештајот се забележува дека, и покрај „многу тешките околности“ во кои се наоѓа Украина поради војната со Русија, земјата покажа „извонредна посветеност на процесот на пристапување ...

Рускиот претседател Владимир Путин ѝ нареди на владата да изгради мултимодални транспортни и логистички центри по границите со Кина и Северна Кореја за зајакнување на инфраструктурата и трговските патишта во регионот на Далечниот Исток, соопшти денеска Кремљ. Наредбата беше меѓу листата директиви по Источниот економски форум, каде што Путин ја задолжи владата да одобри посебен план за долгорочен развој на рударството и производството на ретки ...

Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денеска го пушти во употреба комплетно реконструираниот повеќенаменски спортски центар во склоп на ООУ „Тихомир Милошевски“. Овој проект претставува уште еден значаен чекор во рамки на програмата на Министерството за спорт за изградба и реконструкција на спортска инфраструктура низ целата држава, со цел спортот да биде достапен секаде ...

weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
5.14
72%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
93%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
73%
1014
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
5.62
91%
1016
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
97%
1015
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
2.68
86%
1004
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
0.0
100%
1006
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
100%
1007
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
11.32
85%
1017
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
2.06
94%
1015
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
67%
1010
weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1009
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58801

Бакар

10.95

Иридиум

145787.60

Сребро

1878.05

Кобалт

58.42

Злато

135056.24

Рутениум

29192.88

Платина

52952.77

Родиум

255598.44

Никел

473339.37

Цинк

3.23

Паладиум

46425.68

Калај

40.48