Сподели РЕАКЦИЈА ОД КЛУБОТ НА ПРАТЕНИЧКИ “Почитувани граѓанки и граѓани! Ние, жените – пратенички од Клубот на пратенички во Собранието, со оваа реакција повикуваме на доследно почитување на законите, навремена и ефикасна реакција од сите надлежни институции за заштита, спречување и превенција на насилството врз жените. Ние едногласно ги поддржавме измените на Кривичниот законик со кои фемицидот се препознава и се третира како кривично ...

Сподели Министерството за јавна администрација денеска го одржа првиот дел од најголемата програма за професионален развој на административни службеници во историјата на државата. Генеричките обуки кои се спроведуваат под слоганот “Инвестиција во административните службеници е инвестиција во иднината на јавниот сектор” во првата фаза ќе опфати 1.000 службеници од различни институции. Првите обуки започнуваат во Скопје со учество на над 500 ...

Сподели Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека во периодот од 17.09.2025 (09:30 часот) до 18.09.2025 (09:30 часот) беа спроведени индикативни мерења на суспендирани цврсти честички со големина до 10 микрометри (PM₁₀), на мерното место во зоната на Трубарево. Мерењата се извршени со автоматскиот систем AMBICON RTM–PM, нефлометар кој овозможува реално време следење на концентрациите на честички во воздухот, со ...

Сподели Македонскиот народен театар вечерва ќе ја отвори првата фестивалска вечер на новиот европски фестивал „Acting Europe – Театар без граници“, кој ќе се одржи од 18 до 21 септември во Ќустендил, соседна Бугарија. Тамошната публика ќе има можност да ја погледне претставата „Ничија земја“ од Данис Тановиќ, во режија на Александар Морфов, со искусните актери: Сашко Коцев, Тони Михајловски, Гораст Цветковски, Александар Микиќ, Борче ...

Сподели На 19 септември (петок), со почеток во 18:30 часот, во галеријата на Македонскиот културно-информативен центар во Софија ќе се одржи отворањето на изложбата на Друштвото на ликовните уметници на Македонија со наслов „Експериментален цртеж“. Изложбата ќе биде отворена во присуство на претседателката на ДЛУМ, проф. д-р Јана Манева Чупоска, претставници на Управниот одбор, на Советот и членови на Друштвото. Учествуваат 42 ликовни ...

Сподели Двојното убиството во Велес е уште еден во низата трагични случаи во изминативе 15 месеци, а кои се доказ дека институциите на ВМРО-ДПМНЕ не успеваат да се справат со ситуацијата, не успеваат да го стават системот во функција да тој може да превенира и да ги штити граѓаните и за тоа мора да има одговорност, посочи заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска, во емисијата 24 Анализа на телевизијата 24. ...

Сподели Министерот за здравство, Азир Алиу, на прашањето во неговото интервју за Алсат-М што се случи со ветувањето за вработувања во здравството, како што беше ветувањето за 150 вработувања во Клиничката болница во Тетово, изјави дека не станува збор за неисполнети ветувања, туку за процес што е започнат и е при крај. „Ние не ветивме, туку реализиравме. Процесот не е целосно завршен, но сите чекори за вработување на овие лица се завршени, ...

Сподели Гостивар е една од избраните општини на повикот WiFi4WB (Wi-Fi за Западен Балкан) – иницијатива која ќе донесе бесплатен и брз интернет во јавните простори, информираат од Општината. “Нашите граѓани ќе имаат можност да се поврзат полесно, побрзо и без трошоци, придобивајќи од оваа иновација која ја зајакнува нашата врска со дигиталниот свет. Оваа иницијатива се спроведува преку програмата EU4Digital Action, која е поддржана од ...

Сподели Граѓаните од денеска можат да пријавуваат случаи на незаконита, партиска или приватна употреба на службени возила, на 070 399 050 и на електронската адреса prijavizloupotreba@sozr.gov.mk, како дел од мерките на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) за ставање крај на злоупотребите на службените возила и зголемување на транспарентноста. За полесно препознавање на возилата, веќе во процедура е унифицирањето на возилата со ...

Сподели Во однос на информациите кои излегоа во јавноста дека деца во градинка во Центар пронашле искористен шприц, Градинката „13 Ноември” информира дека детето го извадило шприцот без игла од џебот откако се вратило дома, а потоа откако поминал празникот, по три дена родителите ја алармирале градинката. Двајцата родители имале состанок со директорката. По кажувањата на детето, инволвирани во играта со шприцот биле уште три-четири деца, ...

Сподели Од 26 до 28 септември во Грција ќе се одржи значаен културен и книжевно-теоретски настан – првиот Конгрес на интелектуалци, со наслов „Меѓубалкански литературни среќавања“ и со поднаслов „Разбирајќи го Балканот низ литературата“. Во пресрет на Конгресот, беше објавена антологијата „Балкан – современа книжевна антологија“ (издание на „Маѝстрос“, Атина, септември 2025 г.). Составувачи на изданието со обем од 456 страници се Еви ...

Сподели Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на повторно подметнатиот пожар во Скопје и изјавата на министерот за внатрешни работи во кој демантираше дека постојат луѓе што палат, изјави: „Па јас сега не би навлегувал во првичната конструкција дека ме демантирал министерот за внатрешни работи, видовте утрово, се појави јасна снимка како се случува подметнување пожар во објект којшто ...

Сподели Секоја нова трагедија во Македонија е како дежа-ву. Сцената е иста: пламен, чад, луѓе во паника, загадување на животната средина и истите прашања: Кој ја пали Македонија? Кој е одговорен за тоа што земјата повторно „гори“? Дали сме сведоци на несреќна комбинација од техничка неподготвеност и институционален колапс, или зад пламенот стојат намерни структури, домашни или странски со свои скриени мотиви?, пишува Проф. д-р Јове ...

Сподели Заедно креираме за побезбедна училишна средина! Интернетот е одлично место за учење, дружење и забава, но исто така носи и одредени предизвици. Како можеме да го направиме онлајн просторот побезбеден и попријатен за сите? Ученици од основите и средните училишта низ нашата држава веќе осмислија неколку интересни и креативни начини како да го постигнеме ова – погледнете како! Како учениците ги решаваат овие предизвици? Ефектот на ...

Сподели Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост за еколошката катастрофа што го погоди главниот град по избувнувањето на пожарот во Трубарево, додека министерот за животна средина, Изет Меџити, остана невидлив и неодговорен пред кризата. Во моментите кога Скопје беше обвиено со токсични облаци, со мирис на изгорена пластика, гуми и батерии, граѓаните очекуваа информации, препораки и апел за заштита. Но, Меџити не ...

Сподели Поради основано сомнение дека со заеднички дејствија учествувале во извршување на кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 4 лица за кои од судија на претходна постапка вечерва ќе побара определување мерка краткотраен 48-часовен притвор за обезбедување докази. Нивните конкретни ...

Сподели Македонија има неспособна власт која раскажува приказни додека горат депонии и фабрики, а граѓаните ја плаќаат цената со сопственото здравје. Над 500 илјади жители на Скопје и околината се гушат во отровен чад од пожарите во Трубарево, Дрисла и Вардариште, а власта се крие зад измислени приказни за „хибридни напади“. Додека граѓаните вдишуваа канцерогени материи, институциите задоцнето реагираа, дури не излегоа навреме ниту да ги ...

Сподели Во рамки на меѓународниот фудбалски турнир „ИЛИНДЕН КУП 2025“ кој се одржуваше во Општина Илинден изминатите три дена, денеска се одиграа финалните натпревари на спортските терени во Илинден, Марино и Кадино. На турнирот имаше околу 3500 учесници од околу 217 екипи, од европски, балкански и македонски клубови, деца на возраст од 7 до 12 години. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски заедно со македонската ...

Сподели Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. На 10 септември, во вечерните часови, во паркот “Жена-борец” во Скопје, осомничените на возраст од 44 и 46 години, со умисла тешко телесно повредиле едно лице. ...

Сподели На 13.09.2025 во 11:30 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Г.Н.(59) од Тетово. Во неговиот дом и помошни простории, согласно судска наредба, извршен е претрес поради основано сомнение дека сторил кривично дело казниво по член 191 од Кривичниот законик. Претходно, на 11.09.2025, при акциска контрола во неговиот угостителски објект на улица „Јане Сандански”, поради истото сомнение од слобода беше ...

Сподели Институтот за јавно здравје врши следење на физичко хемиски својства во почва и вода и врши мониторинг на зрачење (радијација) во воздух, вода и почва. ИЈЗ поседува референтна акредтирана лабараторија со најсовремена опрема и дванесет мерни станици како и високо квалификуван и обучен кадар за следење на јонизирачко зрачење (радијација) во воздух. ИЈЗ во вистинско време (real time) мери и добива информации за евентуалното зрачење во ...

Сподели ДУИ 20 години го распаѓаше системот. Последиците ги сносиме сите, за жал граѓаните најмногу. ДУИ, која две децении по ред ги труеше граѓаните со корупција, денеска најде храброст да зборува за воздухот во Скопје. Дволичноста нема граници, реагираат од ВЛЕН. А каде бевте кога Скопје секоја година излегуваше на листите на најзагадените градови во светот со неколку ваши министри за животна средина? Каде бевте кога граѓаните ...

Сподели „Нема активно горење, но има силно чадење кое се пробива низ земјата и песокот од затрупаните места. Преостанува да се дозатрупа уште дел од опожарената површина. Делот каде се наоѓаа литиумските батерии е затрупан со песок. Пожарникарите работат на навлажнување на песокот, бидејќи иако е изгаснат пожарот, има силно чадење, оти ваквиот електронски отпад е исклучително тежок за гаснење“, изјави денеска Стојанче Ангелов, директор на ...

Сподели Министерството за животна средина и просторно планирање ја информира јавноста дека вчера избувна пожар во објект за рециклирање на батерии и електронски отпад. Станува збор за објект кој поседува валидна дозвола за управување со отпад, издадена од Министерството. Надлежните служби веднаш интервенираа и работат на целосно локализирање и гасење на пожарот. За да се обезбедат точни и транспарентни информации во врска со евентуалното ...

Сподели “Почитуван северномакедонски премиер, моето прашање е за вмровската агенција ,,Рубикон”, која ја обезбедуваше дискошталата во Кочани. Оваа агенција е основана како паравојска, со цел да ја замени фирмата ,,СГС” на Мијалков со кој божемски се скаравте. ,,Рубикон” е формирана веднаш после Вашата победа на локалните избори и веднаш почнува да добива тендери од вмровските општини. Вистински сопственик на оваа агенција е Александар ...

Сподели Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на изјавата за промоција на изборната коалиција за претстојните локални избори, на новинарско прашање во однос на депониите Вардариште и Дрисла посочи дека се работи за подметнати пожари за кои веќе има приведени и осомничени лица, истакнувајќи дека е обезбедена градежна механизација која од денес таму ќе биде во функција. „Апсолутно како Влада и како институции ги преземаме сите ...

Сподели По повеќедецениското живеење и творење во Венеција, македонската авторка Љупка Делева го презентира својот најнов проект „Трансформации – Flusso – Flux: 1998–2025“, кој има ретроспективен и критички карактер. Изложбата е мултимедијален архив на нејзиниот творечки опус, вклучувајќи фотографии, видеа, перформативни акции, акварели, цртежи, интервенции и други визуелни експерименти. Особено значајно е тоа што голем дел од овие проекти ...

Сподели Дрисла е единствената санитарна лиценцирана депонија, која од 2022 година не согорува отпад туку со автоклав стерилизира и компримира со што од истата нема никаква можност за загадување. Сите тековни активности на претпријатието се извршуваат согласно техничко-технолошкиот проектиран процес имајќи ги во предвид заштитата на животната средина, здравјето на човекот и природата, а во согласност со постоечките законски прописи. ...

Сподели Гаснењето на депонијата Дрисла со вода и пена не дава резултат. Депонијата и понатаму чади, а воздухот е загаден до степен што не може да се дише во целиот град. Како што посочувам неколкупати досега, веднаш во Дрисла треба да влезе тешка механизација, и веднаш да дејствува. Со земја и глина за да се избие воздухот и соодветен третман на гасот. Во спротивно, може да дојде до експлозија. Загрижува молкот на раководството на Дрисла. ...

Сподели На денешен ден, 12 септември, починал Драгутин Аврамовски-Гуте (11 март 1931 во Куманово – 12 септември 1986 во Скопје), истакнат македонски академски сликар и графичар. Тој е еден од основачите (1980) на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, станува професор на графичкиот отсек и прв декан на овој факултет (во 1985). Во 1951 година го завршува Уметничкото училиште во Скопје (каде професор му бил Лазар Личеноски), на отсекот ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
62%
1013
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
5.14
64%
1015
weather icon

Загреб

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
61%
1015
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
56%
1017
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
2.35
88%
1018
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
74%
1016
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
74%
1013
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1013
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
47%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
77%
1017
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
2.06
50%
1016
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
89%
1013
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Платина

61858.04

Бакар

10.65

Паладиум

44753.84

Цинк

0.00

Кобалт

3.86

Рутениум

56199.51

Калај

43.91

Злато

144593.23

Алуминиум

3.19

Родиум

358480.82

Сребро

2179.44

Иридиум

258288.78