Mercedes-Benz А-класата штотуку доби фејслифт и тоа би можело да биде последната итерација на компактниот модел. Надворешните промени на A-класата се минимални. Навистина, можеби ќе ви треба лупа за да ги забележите промените. Тие вклучуваат освежена решетка на ладилникот со шема на ѕвезди, нови фарови кои можат да бидат опремени со LED диоди, четири нови дизајни на тркала, стандардни LED задни светла и нов заден дифузер. Промените ...

Минатата година се регистрирани 6,5 милиони нови електрични модели, а годинава се очекуваат речиси 10 милиони Глобалната продажба на електрични автомобили продолжува да расте до рекордни бројки. Според податоците на EV-Volumes, во август се регистрирани 847.590 нови единици, што е за 60 отсто повеќе во однос на истиот период лани. На глобално ниво, уделот на пазарот е зголемен на 15 проценти (11 проценти целосно електрични и четири проценти ...

Токму кога се мислеше дека деновите му се избројани, марката со четири прстени реши да го спаси својот компактен спортски автомобил и да му даде нов живот, но под поинаков пристап Audi TT се спротивставува и ќе преживее реинкарниран како целосно електричен модел, но додека не дојде времето за електрична верзија, „Господарот на прстените“ сега слави 25 години од лансирањето на првата генерација на TT. Повеќе од важна годишнина што ја ...

PEUGEOT ќе биде првиот бренд на Групацијата Stellantis што ќе ја лансира новата генерација на хибридни погонски единици, уште еднаш нагласувајќи ја желбата да им овозможи на што повеќе луѓе пристап до електрифицирана мобилност. Првпат понудена кај SUV возилата PEUGEOT 3008 и PEUGEOT 5008 пред да се пренесе и кај другите модели во гамата, оваа нова генерација на хибридна технологија комбинира ефикасност и едноставност на користење. Се состои од ...

Aurus, луксузниот руски производител, има нова играчка за богатите олигарси Неговото име е Komendant и најлесно може да го доживеете како руска верзија на Rolls Royce Cullinan. Дури и изгледот е многу сличен, а со понудата на луксуз, ученикот во некои детали го надминал учителот. Создаден за да обезбеди „беспрекорна удобност на секое патување“, овој „мажествен и монументален“ луксузен теренец, како што е опишано во официјалното соопштение, ...

Природните подземни микроорганизми трошат јаглерод во рамките на фосилните горива, ослободувајќи притоа од 20 до 50 тони водород по поле Американскиот старт-ап, Cemvita Factory, со поддршка на инвеститори како Mistubishi и United Airlines, ветува производство на чист т.н. златен водород за помалку од 1 USD/kg преку многу интересна техника. Една компанија од Тексас има намера да пумпа посебни микроби во исцрпените и напуштени нафтени и гасни ...

Најлегендарниот модел на Renault се враќа со стил Како што веќе беше најавено, Renault по „петката“ реши да ја оживее и иконската „четворка“. Иако многумина ја доживуваа првата генерација на Kangoo како враќање на Renault 4, вистинската реинкарнација на моделот ќе се случи дури сега. Поточно на 17 октомври, кога Renault на 89-тиот салон за автомобили во Париз ќе го претстави концептниот модел базиран на оригиналниот R4. Во Renault засега се ...

BMW поднел апликација која покажува дека има намера да произведе четири целосно нови електрични теренци Станува збор за моделите iX6, iX7, iX8 и iX9, имиња кои се регистрирани во Германија, а кои го следат начинот на именување на електричните теренци на BMW. Овие имиња првпат се појавија пред пет години, но пред да почне електрификацијата во индустријата. Апликацијата за заштита на името е показател дека BMW го интензивира развојот на ...

Ford F серијата е убедливо најпродаваниот пикап во светот Минатата година беа испорачани над милион единици, иако моделот всушност се продава само во САД, Канада, Мексико и неколку земји на Блискиот Исток. Понудата на овој модел е поделена во три многу различни категории кои немаат многу допирни точки со исклучок на името. Основниот F-150 се води како лесна категорија, а потоа следат F-250, F-350 и F-450 како дел од таканаречената серија ...

Предното стоп светло ќе биде наменето за пешаци на премини, како и за велосипедисти и други возачи Едно од главните правила за безбедност на патиштата е да се види и да се биде виден. Ова мото го следи и Lumaco Innovations AG, кој го дизајнирал системот за предни стоп светла. Основач на компанијата е Лубомир Марјак од Кисуце, Словачка, кој исто така поседува европски патент за оваа технологија и кој очекува предното стоп светло да го намали ...

Maserati официјално го покажа купето од новата генерација, кое е достапно во три варијанти – Modena, Trofeo и Folgore Maserati веќе во неколку наврати ја покажа дизајнерската насока на новата генерација на купето GranTurismo преку делумно камуфлирани примероци, за сега Италијанците конечно да го претстават автомобилот во целосно производствена форма без никаква камуфлажа. Новата генерација, која се базира на нова лесна платформа од алуминиум, ...

Со новата одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,20% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 30.09.2022 година Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ...

Многу возачи остануваат лојални на една марка, особено во тешки времиња како овие Токму тоа го покажува најновата студија на J.D. Power, која се занимава со сопственоста на автомобили и лојалност кон брендовите. J.D. Power’s 2022 U.S. Automotive Brand Loyalty Study го опфаќа американскиот пазар, а резултатите многу веројатно кореспондираат и со Европа. Имено, поголемиот дел од сопствениците на автомобили кога купуваат нов автомобил ...

Верстапен веќе овој викенд можеше да ја завери титулата светски шампион во Formula 1, но не извозе добра трка, а со тоа ја пропушти и првата „меч топка“ Тоа не беше случај и со неговиот тимски колега Серхио Перес, кој беше најбрз на патеката во Сингапур и дојде до негова втора сезонска победа, а четврта во кариерата. Трката доцнеше еден час поради силниот дожд пред почетокот, а се возеше во променливи услови. Перес поведе од самиот старт, и ...

Јужна Кореја има за цел значително да го зголеми производството на електрични возила и да го удвои уделот на глобалниот пазар на домашните производители на автомобили на 12 проценти до 2030 година. На овој начин сакаат да бидат „глобална сила во автомобилската индустрија“, се вели во соопштение на Министерството за индустрија на Јужна Кореја За таа цел, владата ветила дека ќе обезбеди даночни олеснувања и различни мерки за поддршка за ...

Кросоверот со средна големина со име DS 7 го загуби суфиксот Crossback при претставувањето на рестилизираната верзија, додека сега истата судбина го снајде и освежениот компакт од истата марка со зголемено растојание од подлогата. Поминаа околу четири години од дебито на моделот DS 3, а оттогаш до денес, овој кросовер долг 4.118 mm беше наречен DS 3 Crossback, што беше неопходно поради постоењето на отворот со три врати, оној наречен DS 3. ...

Со новата одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,06% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 26.09.2022 година Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ...

Извршниот директор на Tesla најави дека Cybertruck ќе може да плови околу десет километри Извршниот директор на Tesla, Илон Маск, објави дека новиот модел Cybertruck ќе биде „доволно водоотпорен за накратко да послужи како чамец што може да поминува низ реки, езера и мориња кои не се премногу разбранувани“. Во коментар под сопствената објава, Маск вели дека Cybertruck ќе може да плови околу десет километри. Cybertruck беше претставен на ...

Квалитетите како што се корисност, ниска цена, ниска потрошувачка на гориво се главните карактеристики на романската Dacia. Иако во последно време немаат многу ниска цена во однос на порано, но сепак е најниска или меѓу најниските. Се поставува прашањето што би се случило доколку дизајнерите на марката се осмелат да цртаат спортски автомобил. Резултатот може да биде моделот Speeder. Луѓето во Garaz.cz и дизајнерот Ростислав Прокоп направиле ...

Уникатниот Ferrari SP51 Spider е изграден врз основа на серискиот модел 812 GTS и ги задржува неговите основни пропорции Автомобилот изработен од одделот за специјални проекти на Ferrari е направен за непознат клиент од Тајван и е потпишан од шефот за дизајн на марката, Флавио Манцони. Уникатниот Ferrari SP51 Spider е изграден врз основа на серискиот модел 812 GTS и ги задржува неговите основни пропорции, но има огромен црн преден довод за ...

Во август на Pebble Beach, Lamborghini го претстави ажурираниот Urus во помоќна верзија Performante, воедно и нов рекордер на Pikes Peak, меѓутоа, вистинскиот наследник на исклучително популарниот Super SUV во неговата основна форма е новата S верзија. Компанијата од Sant’Agata Bolognese за прв пат ќе продава две верзии на духовниот наследник на моделот LM002. Може да се каже дека служи како суптилна алтернатива на Performante, онолку колку ...

Евтини електрични автомобили се можни, но со еден многу важен компромис – батерија со скромен капацитет Tata Motors е најголемиот производител на автомобили во Индија и една од најголемите компании во светот, а нивниот електричен оддел штотуку го лансираше Tata Tiago EV, електрично возило со многу прифатлива цена. Моделот е класифициран во категорија на урбани возила, односно сегмент А. Станува збор за возило долго 3.770 mm со меѓуоскино ...

Четири години по премиерата на родстерот BMW Z4 од генерацијата G29 и продадени 55.000 примероци, дојде време за рестилизација и затегнување на борите. Ако се земе во предвид дека речиси половина од продажното достигнување е поврзано со побарувачката на домашниот пазар, Германија (26%), а потоа и американскиот (17%). Тогаш воопшто не е чудно што планираното рестилизирање на родстерот е, всушност, многу скромно по обем, но затоа, носи ...

Со сензори над главата на возачот, во кровните светилки и багажникот, овој систем може да открие дури и милиметарско движење низ внатрешноста на автомобилот Volvo најави дека нивниот нов SUV модел EX90 ќе биде опремен со радарска технологија која ќе детектира деца или домашни миленици оставени во автомобилот откако возачот ќе излезе од возилото. Радарот е дизајниран да биде доволно прецизен и чувствителен за да ги открие дури и најситните ...

Opel неодамна потврди дека трите букви GSe ќе се вратат за нивните поспортски автомобили опремени со хибридни или чисто електрични погонски единици. Меѓутоа, наместо „Grand Sport Einspritzung“ сега GSe има друго значење – „Grand Sport Electric“, а првиот модел со таа ознака стана новата Astra GSe во хечбек и караван верзија. Овде станува збор за plug-in хибриден погон со комбинирана моќност од 165 kW/225 КС и 360 Nm вртежен момент, обезбеден ...

Големо подобрување за природен дијалог помеѓу возачот и возилото Следната генерација на гласовниот асистент на BMW ќе биде изградена на Alexa технологија. Ова го соопштија Стефан Дурач, сениор потпретседател на компанијата за поврзување и развојни технички операции на BMW Group, и Дејв Лимп, сениор потпретседател за уреди и услуги во Amazon, на годишниот настан за промоција на уреди и услуги на Amazon. „Алекса технологијата ќе овозможи уште ...

Веќе сме навикнати на изненадувања од BMW, но овој модел досега предизвика најмногу критики, и позитивни и негативни Помина речиси една година од премиерата на концептното возило кое лесно буди емоции и кое го запознавме како BMW XM. Сега пред нас е позрела верзија на истата, односно сериска модификација која доаѓа како иконски модел за баварската компанија. Многу важно, ова е само првиот модел од гамата на под-марката М што доаѓа со ...

Празна кровна кутија може да ја зголеми потрошувачката на гориво дури до 15% Кровните кутии и носачи треба да се отстранат ако не се користат. Кровната кутија тежи во просек меѓу 15 и 20 килограми, ја зголемува отпорноста на воздухот, а со тоа и потрошувачката на гориво дури и до два литри. Еве и малку поконкретно. Знаете и самите дека автомобилите се дизајнирани да бидат аеродинамички најефикасни доколку на нив не додавате ништо. Ако сепак ...

Идејата е да се ограничи потрошувачката на енергија при големи брзини, што би ја подобрило автономијата Германскиот производител на опрема Bosch го развил CVT4EV, верзија на безстепенски менувач специјално дизајниран за електрични возила. Идејата е да се заштеди енергија. Електричните возила воглавно немаат менувачи и имаат еден преносен однос. Нивниот вртежен момент е всушност достапен од самиот почеток, а плафонот на вртежите може да ...

Lancia се подготвува да претстави три нови модели во следните шест години, вклучително Ypsilon кој пристигнува во 2024 година, Aurelia во 2026 година и Delta кој треба да се појави во 2028 година. Меѓу нив, Aurelia ќе биде најголемото откритие за италијанската марка во однос на каросеријата, со историското име што ќе се користи за целосно електричниот кросовер Оваа приказна вклучува шпекулативни рендери на Lancia Aurelia од Jean Francois ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
4.63
75%
1018
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
65%
1021
weather icon

Загреб

-1ᴼ / -1ᴼ
1.54
93%
1021
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1019
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
3.31
43%
1019
weather icon

Љубљана

1ᴼ / -1ᴼ
1.03
74%
1020
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
4.02
64%
1013
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
82%
1014
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
93%
1016
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 6ᴼ
3.13
61%
1018
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
5.66
60%
1019
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 4ᴼ
7.2
87%
1017
Currency

61.525

Currency

59.9831

Currency

73.2484

Currency

36.8536

Currency

41.58

Currency

65.4491

Currency

8.18023

Currency

0.58149

Currency

0.38035

Currency

0.52544

Currency

1.69383

Currency

0.69417

Алуминиум

2 $

Иридиум

135048 $

Кобалт

466 $

Никел

491031 $

Рутениум

14887 $

Калај

30 $

Сребро

975 $

Злато

86476 $

Бакар

8 $

Паладиум

29871 $

Платина

31415 $

Цинк

90699 $