Bugatti сериозно се впушта во продажба на производи кои немаат врска со автомобилите Покрај тоа што минатата година лансираше ограничена серија од 30 луксузни маси за билијард (?!), Bugatti има и своја линија на шампањ. Шампањот се произведува во соработка со францускиот производител Champagne Carbon, а се нудат неколку „модели“ по доста поволни цени. Во 2019 година, по повод 110 години Bugatti, беше претставен шампањот наречен Bugatti EB.01 ...

Летањето со авион сè уште е еден од најбезбедните начини на транспорт во светот. Се разбира, тоа не значи дека не се појавуваат дефекти и грешки. За жал, понекогаш пилотите се принудени да направат итно слетување, а немаат секогаш соодветно место и мора да импровизираат. Протагонистот на приложеното видео морал да се справи со дефект на моторот во неговиот авион Aero Commander 100 од 1967 година. Било неопходно да се изврши итно слетување. ...

Веќе некое време се зборуваше дека одредени карактеристики на возилата ќе се изнајмуваат, а некои производители тоа веќе и го прават Откако Lynk&Co го разви концептот за користење возило преку месечна програма за изнајмување, сега се нуди слична услуга во однос на опремата за автомобилите. Идејата е сите автомобили да се произведуваат со сета опрема, а потоа да се вклучат одредени опции по желба на сопственикот, на месечно ниво. Така, ...

Шведската компанија го напушта здружението на производители на автомобили Volvo не е задоволен од одлуката за забрана за производство на нови автомобили кои користат фосилни горива во ЕУ од 2035 година. И додека повеќето производители ја поддржуваат одлуката, а некои тивко се противат затоа што е премногу строга, Volvo смета дека одлуката е премногу блага. Ова е причината зошто шведскиот производител донесе драстична одлука, а тоа е ...

Италијанскиот бренд Ferrari, познат по конструкцијата на егзотичните автомобили, го изработи најтенкиот рачен часовник на светот, а неговата цена е чудесна и е еквивалентна на сумата за која би добиле дури четири хиперавтомобили. Дебелината на овој рачен часовник е само 1,75 милиметри, а Ferrari во овој проект помош добил од Richard Mille Првиот часовник кој е создаден како резултат на соработката помеѓу брендовите Richard Mille и Ferrari, ...

Централната конзола на автомобилот е преработена, а најважната вест е што веќе нема Touchpad, решение од кое Lexus се откажува Lexus темелно го редизајнираше својот седан од горната средна класа. Иако однадвор не се видливи некои големи промени, внатрешноста е темелно променета, а автомобилот добил и некои нови технички решенија за да го подигне искуството во внатрешноста и удобноста на повисоко ниво. Така, ES добил нов инфозабавен систем ...

Со последната одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,85% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 07.07.2022 година Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се ...

Раскинувањето и по кратка врска може да биде многу болно. Некои луѓе го доживуваат поблаго, некои не можат да се соберат долго време Други пак бараат начин за најстрашната „одмазда“. Еден од нив е и овој „пациент“ од приложеното видео, кој неодамна се пофали со својата „генијалност“. Откако раскинал со девојката, не можел да поднесе што му се случило. Затоа решил на многу брутален начин да и го загорчи животот на својата поранешна сакана. ...

Иако е во кинеска сопственост, Volvo не се откажува од своите европски капацитети Покрај постоечките фабрики, Volvo наскоро ќе започне со изградба и на нова фабрика. Како еден од првите производители кој најави повлекување на моторите со внатрешно согорување и целосна транзиција кон електрична енергија, Volvo планира да изгради фабрика за електрични автомобили како подготовка за иднината со нулта емисија. Ќе се гради во Словачка, недалеку од ...

Toyota својот кросовер Highlander на европските пазари го нуди од 2021 година, па следствено дојде време и за ажурирање на моделот. Ажурирањето главно се однесува на опремата на моделот, која вклучува тркала од 20 инчи, нова боја за каросеријата и мултимедијален систем Smart Connect со Cloud навигација. Изборот на мотори за Стариот континент е скромен, бидејќи брендот се потпира на хибридна единица, чија основа е 2,5-литарски мотор со 4 ...

Возачот на Ferrari, Шарл Леклер, триумфираше на трката за ГН на Австрија, 11-та трка од овогодинешниот шампионат во Formula 1 Младиот возач од Монте Карло на Red Bull Ring ја оствари третата сезонска, прва по третата сезонска трка во коло во Австралија, а петта во кариерата. Интересно е што ова е прв триумф за Леклер без да стартува од пол-позицијата. Воедно ова е првата победа за Ferrari во Спилберг од 2003 година. Леклер ја мина целта две ...

Неиспровоцирани возилата почнале да се собираат на едно место во Сан Франциско. Од компанијата потврдија дека имале проблем Дека целосно автономното возење се уште е далеку од реалноста покажува и примерот од САД каде голема група автономни такси возила од необјасниви причини се собрале на едно место и така го блокирале патот. Cruise е компанија на GM која со години тестира роботски такси возила во Сан Франциско, а од јуни компанијата има и ...

Според најавите од компанијата, Alfa во наредните години ќе се обиде да ја прошири својата понуда и на други класи на автомобили Alfa Romeo моментално е во многу незавидна позиција. По прекинот на производството на компактната Giulietta и спортскиот 4C, понудата се сведе на само два автомобили кои исто така не се во цутот на младоста – Giulia и Stelvio. Ова ја направи Alfa еден од производителите со најмал асортиман на модели во светот. ...

Синтетичките горива се CO2 неутрални и во иднина би можеле да бидат поевтини од нафтените деривати, иако засега нивната цена е астрономска Пред неколку дена, ЕУ донесе одлука со која се забранува продажба на нови автомобили на фосилни горива од 2035 година. Новите автомобили и лесните комерцијални возила ќе мора да возат целосно без емисија на CO2 од 2035 година, а електрификацијата би требало многу да помогне во тоа. Сето ова не значи дека ...

И покрај заедничката основа, на прв поглед тешко би рекле дека гледате во возило што има врска со Ranger. VW променил се! Volkswagen ја претстави новата генерација на својот пик-ап Amarok. Автомобилот е драстично модифициран во споредба со неговиот претходник до тој степен што немаат апсолутно ништо заедничко. Имено, наместо сопствена архитектура, Volkswagen одлучи да го изгради новиот Amarok на основата на Ford Ranger. Последната генерација ...

Побарувачката за чипови паѓа исто толку брзо како што се зголеми пред две години кога пандемијата на коронавирус принуди многу луѓе да работат и да учат онлајн „Глобалниот недостиг на компјутерски чипови можеби се намалува“, се заклучува во извештајот на Reuters, врз основа на фактот дека побарувачката за чипови паѓа исто толку брзо како што се зголеми пред две години кога пандемијата на коронавирус принуди многу луѓе да работат и да учат ...

Производството во фабриките на Tesla во Берлин и Шангај ќе биде прекинато во текот на следниот период, а причината, како што се наведува, е подобрување на производните процеси. Сепак, американската компанија има и разни други проблеми, а еден од нив е фактот дека продажбата во вториот квартал од оваа година била разочарувачка По најавите за отпуштање на работниците на Tesla, сега работната сила во Германија и Кина ќе мора да оди и на ...

Euro NCAP ги објави резултатите од новата рунда краш тестови, во кои се вклучени Alfa Romeo Tonale, BMW i4, Cupra Born, Kia Sportage, Mercedes Citan, Mercedes T-класа и Toyota Aygo X. Alfa Romeo Tonale, Cupra Born, Kia Sportage, Mercedes Citan и Mercedes T-класа ги оправдале очекувањата и се оценети со максимални пет ѕвезди, што не може во целост да се каже и за BMW i4 и Toyota Aygo X кои се здобиле со по четири ѕвезди. Ова се резултатите: ...

Сегашните електрични возила на Hyundai припаѓаат на подмарката Ioniq, a можно е и новиот модел да ја добие таа значка На 15 јули Hyundai ќе го одржи N Day, кога и ќе ја прикаже новата генерација на автомобили со високи перформанси. Дотогаш, сите ние можеме да се задоволиме со слика на покриено возило чија силуета сугерира дека доаѓа ново модерно купе. Објавата на Hyundai на Facebook дава уште едно навестување за претстојниот модел. „Сакате ...

Споредбата помеѓу BYD и Tesla не е целосно фер, бидејќи бројките за продажба на првата компанија не се однесуваат исклучиво на електрични возила Благодарение на силните продажни бројки оваа година, може официјално да се потврди дека BYD е глобален лидер кога станува збор за возилата со нова енергија (NEV). Оваа класификација на возила (NEV) се користи исклучиво во Кина и вклучува EV, PHEV и возила со водород, а во првите шест месеци од оваа ...

Citigroup во извештајот објавен во вторникот вели дека претпоставките за оваа прогноза вклучуваат глобална рецесија … Цените на нафтата би можеле да паднат на 65 долари за барел до крајот на оваа година и до 45 долари за барел до крајот на 2023 година, доколку светот влезе во рецесија што би ја уништило побарувачката за гориво, наведува Citigroup (Global Investment Bank and Financial Services). Банката во извештајот објавен во вторникот вели ...

Трамваите Tatra најдоа пазар во бројни социјалистички земји, од поранешна Југославија до Северна Кореја За време на Студената војна во Источниот блок се произведуваа многу работи, а посебна приказна беше трамвајот од поранешна Чехословачка. Малите трамваи на Tatra сега се враќаат на големо во германскиот град Дрезден, каде по долга пауза се најдоа на патиштата. Имено, тие во поранешниот град на Источна Германија се употребувале до 2010 ...

Во зависност од бојата, автомобилот може да биде до 27 отсто помалку вреден од просекот, но до 13 отсто повреден од просекот Ако купувате нов автомобил, еден од најважните избори е бојата. За жал купувачите во Европа веќе десетина години немаат премногу фантазија. Околу 75 отсто од новите продадени автомобили минатата година биле нијанси на сива, сребрена, црна и бела боја, а сите други бои држат само околу 25 отсто од пазарот. Меѓу нив ...

Во салонот има десетици хиперавтомобили, а најскап е Porsche 911 GT1 Strassenversion кој се продава за дури 15 милиони евра. Ниту една земја не е полна со егзотични суперавтомобили како Обединетите Арапски Емирати, но на ниту едно друго место во Емиратите нема да најдете толку голема концентрација на (пре)скапи егзотични автомобили како во салонот на F1rst Motors лоциран во градот на екстремите, Дубаи. Можеби досега сте слушнале за оваа ...

QNX системот е инсталиран во дури 68 проценти од новите електрични автомобили, а го користат 24 од 25-те најголеми производители на електрични автомобили BlackBerry повеќе не е главен играч во светот на мобилните телефони, но компанијата сè уште работи многу добро благодарение на автомобилите. BlackBerry Limited продолжува да произведува софтвер кој се користи во автомобилите, а деновиве објавија дека нивниот систем го користат повеќе од 215 ...

Автомобилот во суштина не се разликува многу од класичната Honda e, а неговата главна карактеристика е ексклузивната црвена боја – Premium Crystal Red Honda претстави ограничена серија од моделот Honda e. Автомобилот кој пристигна на пазарот пред две години сега има и свое специјално издание за Европа од кое ќе бидат произведени само 50 примероци. Honda ја лансираше оваа верзија со цел да го зголеми интересот за својот модел, а како промотер ...

Со последната одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,40% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 01.07.2022 година Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ...

Убедливо највредниот автомобилски бренд во 2022 година е Tesla со речиси 76 милијарди долари, што е повеќе од двојно повеќе од Toyota Светот на автомобилите драстично се промени во последните десет години. Електрификацијата и „војната“ против емисиите на CO2, како и растот на азискиот пазар драстично го променија односот меѓу најголемите, а суверен светски лидер е Tesla, без разлика дали се гледа проценката на вредноста на брендот или ...

Најголем дел од проблемите се поврзани со инфозабавните системи, а системите за помош при возење често предизвикуваат проблеми Новите автомобили имаат се повеќе недостатоци, покажува годишното истражување на организацијата за заштита на потрошувачите J.D. Power. Истражувањето е спроведено со 84.165 американски купувачи на автомобили, но е значајно и на глобално ниво. Резултатите од истражувањето за задоволство никогаш не биле толку лоши. ...

Почнувајќи од 1-ви јули, секој нов модел одобрен за сообраќај во Европската унија мора да биде опремен со системот Intelligent Speed Assistent (ISA), односно автоматски ограничувач на брзината Европскиот совет за безбедност во сообраќајот (ETSC) заедно со производителите на автомобили пред извесно време ги утврдија техничките стандарди на новиот задолжителен систем кој мора да биде вклучен во секој нов автомобил хомологиран во Европската ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
2.57
81%
1019
weather icon

Белград

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
68%
1021
weather icon

Загреб

0ᴼ / -2ᴼ
3.09
89%
1022
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1020
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
2.31
55%
1020
weather icon

Љубљана

0ᴼ / -2ᴼ
0.51
87%
1022
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
0.89
74%
1014
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
82%
1014
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
93%
1015
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
2.24
74%
1019
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
4.12
64%
1020
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
7.2
87%
1018
Currency

61.525

Currency

59.9831

Currency

73.2484

Currency

36.8536

Currency

41.58

Currency

65.4491

Currency

8.18023

Currency

0.58149

Currency

0.38035

Currency

0.52544

Currency

1.69383

Currency

0.6959

Алуминиум

2 $

Иридиум

135048 $

Кобалт

466 $

Никел

491031 $

Рутениум

14887 $

Калај

30 $

Сребро

975 $

Злато

86476 $

Бакар

8 $

Паладиум

29871 $

Платина

31415 $

Цинк

90699 $