Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди и со повремено засилен, до силен ветер од северен правен, повремено и локално со брзина до 70км/час, најизразен ветерот ќе биде Долж Повардарието и во источните предели од државата. -Денеска и утре ќе има појава на локален дожд, додека на повисоките планини, над 1700/1800 метри надморска височина ќе има појава на повремен снег. Да напоменам дека локално е можна и појава на ...

Жителите на селата Иванковци, Мамутчево и Кумарино добија ново улично осветлување, откако во изминатиот период беше спроведена комплетна замена на постоечката мрежа. Од Општина Велес соопштија дека во наредниот период продолжуваат активностите на терен за целосно заменување на старото со ново улично осветлување како и со отстранување на дефектите во мрежата. Со тоа, новото осветлување ќе биде целосно функционално и ќе придонесе за поголема ...

Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, во 16:00 часот ги лишеле од слобода триесет и две годишниот В.М и десет години помладиот Ј.А како и двајца малолетници, сите од Велес. При извршен преглед кај В.М била пронајдена и одземена зелена растителна материја. – Лицата биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител, а со малолетниците бил извршен разговор во ...

Театарската претстава „Фамилијата Адамс“ во режија и адаптација на Теа Беговска, оваа сабота, со почеток во 20:00 часот ќе гостува на театарскиот фестивал на комедија „5РЕ“ во Велес. Во претставата на драмски театар Скопје како главни улоги настапуваат Предраг Павловски како Гомез Адамс, Трајанка Илиева Вељиќ како Мортиша Адамс, Нина Елзесер како Венздеј Адамс, Сашо Тасевски како Фестер Адамс, Томислав Давидовски како Пагзли Адамс, Гордана ...

Дизел горивата и бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 95 од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денари по литар, а цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 74 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 76, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 66,5, а Екстра лесно ...

Акцијата „Чист град 2025“, која има за цел да го подобри изгледот на јавните површини во Велес и да ја заштити животната средина со отсранување на хаварисани, искористени и напуштени моторни возила, приклучни возила како и земјоделски машини од нивните сопственици кои се оставени на јавните површини ќе започне на 14 април, годинава. Истата ќе биде спроведена од страна на Општина Велес и МВР-СВР Велес и ќе биде реализирана во две фази. Првата ...

Десет големи дела, создадени за време на пандемијата од страна на чешкиот уметник Онджеј Мишек, вчеравечер беа изложени во Ликовен салон во Велес. Делата кои ја сочинуваат изложбата „Насликај го својот живот“ се инспирација на уметникот од претходни скици направени додека работел во Бангкок. Изложбата е поделена на два дела: еден поврзан со неговите студентски денови во Полска, а другиот со искуствата од Тајланд. Делата обработуваат теми од ...

Шест ученици на ООУ„Панко Брашнаров“, минатиот викенд, ги освоија први места на Регионалниот натпревар по предметот Географија. Тие го повторија минатогодишниот успех со што ова велешко основно училиште во натпреварите по Географија лидер е во регионот. Даниел Чолаков, Јоанна Трајковска, Ангел Димов, Евгениј Ѓуров, Стефан Прпев и Дамјан Ангелески се учениците за кои училиштето вели дека се негова добитна комбинација и за претстојниот државен ...

Шеесет годишниот Т.М, вчера, во 08:28 часот бил пронајден починат во близина на семејната куќа во село Ореше, Општина Чашка. Од Сектор за внатрешни работи Велес соопштија дека лекар од Итна медицинска помош Велес констатирала смрт без видливи траги на насилство. -По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, додаваат од СВР Велес. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Велес. Дума.мк Сподели: ...

Додека лозаропроизводителите ја очекуваат одлуката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во Тиквешкиот лозарски регион, лозарите на работилници за утврдување на производствена цена на килограм грозје. Вчера вечер беа одржани две работилници, по една во Кавадарци и во Неготино. На работилниците пред лозаропроизводителите беше претставена методологијата на формирањето на производната цена за килограм грозје од страна на ...

По ладниот бран кој директно се спушти од Сибир и во месец април донесе и снег на повеќе места и во повеќе градови низ државата , следува период на се потопло време како преку ден така и во ноќните и утринските часови. Поточно, во постепен пораст ќе бикдат и минималните утрински како и максималните дневни температури на воздухот. Метеорологот Славчо Поповски објасни дека температурите наутро во следниот период на повеќе места ќе бидат ...

Прво им се радуваа на цветовите во различни бои, потоа учениците на ова државно училиште за лица со посебни потреби во Велес со помош на дефектолозите, специјалните едукатори и рехабилитатори заедно ископаа 59 дупки во земјената површина во кои беше засаден по еден зумбул за секој млад изгубен живот во страотната трагедија, во кочанската дискотека. Училишната Зелена градина.најнапред беше преплавена со мали детски лопатчиња додека ...

Петнаесет средношколци од Велес денеска беа дел од работилница за уметност на поправката и основата употреба на алатите во секојдневниот живот. Тие во просториите на Младински центар Велес, најнапред следеа презентација на којашто беше објаснета основната употреба на алатите а потоа беа споделени и совети за нивно безбедно користење. Младите средношколци откако ја проследија презентацијата, гледаа кратки видеа преку кои дополнително се ...

Пет основни училишта од велешкиот регион учествуваа на натпреварот „Соработувај со природата за здравје“ кој го организираше ССОУ „Димитрија Чуповски“ по повод 7 април, светскиот ден на здравјето. Учениците за време на натпреварот покажаа голема креативност и истражувачки дух при презентирањето на своите теми. Целта беше да се поттикне размислување за тоа како природните науки и природата можат да се користат за создавање на нови решенија за ...

Рекордни 183 крвни единици беа донира во неколку часа на крводарителската акција којашто ја организираа вешелкиот Црвен крст заедно со Мото клубот „Носачи на крстот“ и институтот за трансфузиона медицина. Граѓаните подавајќи ја својата рака и дарувајќи крв со цел да спасат повеќе човечки животи ја потврдија солидарноста и човечноста кои се темелни вредности во заедницата. Од големо значење е и учеството на десет волонтери од Клубот на млади, ...

Детската дебелина или обезитетот кај децата, станува сѐ посериозен здравствен проблем на глобално, но и на локално ниво. Прекумерна телесна тежина кај децата предизвикана од зголемено количество на масно ткиво, може да има сериозни последици врз здравјето и развојот на детето. На оваа тема денеска се одржа и настан во Јуроп Хаус Велес кадешто преку презентација и примери им беа соопштени основните информации на граѓаните околу обезнитетот. ...

Пожарот на велешката депонија во Територијалната против пожарна единица Велес бил пријавен вчера, 6 април, неколку минути пред 11:35 часот. Двајца пожарникари на депонијата го гаснеле огнот до 13:20 часот со едно противпожарно возило. Според командирот Димче Јовановски по интервенцијата пожарот бил локализиран и целосно изгаснат иако проблеми создавал силниот ветер, што во текот на денот, дуваше во велешко. Од ТППЕ Велес апелираат до ...

Тројца приватни специјализанти интернисти и тројца гинеколози акушери како и по еден ендокринолог, гастроентерохепатолог,нефролог, психијатар и радиолог треба да станат дел од високостручниот медицински персонал на ЈЗУ Општа болница Велес. Пријавени приватни специјализанти од овие медицински гранки има на конкурсот на Министерството за здравство, којшто официјално завршува утре, 8 април, 2025 година. Според првичните информации којшто ...

Тројца приватни специјализанти интернисти и тројца гинеколози акушери како и по еден ендокринолог, гастроентерохепатолог,нефролог, психијатар и радиолог треба да станат дел од високостручниот медицински персонал на ЈЗУ Општа болница Велес. Пријавени приватни специјализанти од овие медицински гранки има на конкурсот на Министерството за здравство, којшто официјално завршува утре, 8 април, 2025 година. Според првичните информации којшто ...

Актерката Слободанка Чичевска која годинава е добитничка на наградата за животно дело „Петре Прличко“ на фестивалот за комедија „5РЕ“, на публиката и се обрати со зборовите: „Сум играла со чичко Петре на сцената. И Петре Прличко имаше трема кога ја добиваше наградата за животно дело на „Војдан Чернодрински“. Драга публико, секогаш ми бевте ветер во грбот и се надевам дека ако барем малку од некоја улога што сум ја одиграла ви остане во срцето ...

Велес викендов беше домакин на меѓународниот натпревар во кајак организиран од страна на велешкиот „Кајак кану клуб Арка Борец“. Првиот ден, во саботата се одржа кајакарскиот натпревар во класик дисциплина на кој учествуваа четириесетина натпреварувачи додека во неделата и покрај студеното време се одржа второто коло од Европскиот куп во Градскиот парк кадешто беа прогласени и победниците. Во најпопуларната категорија К1 сениори првото место ...

Празникот Свето Благовештение се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април. Меѓу народот повеќе е познат како Благовец, Благоец и се смета за тежок празник поради што тогаш не се работи. Некои други го сметаат за голем празник како Велигден. Легендата вели дека еднаш кога покрај прозорецот Света Дева Марија го читала Светото писмо, во книгата на пророк Исаија прочитала дека “ Девица ќе зачне и ќе роди син и ќе му го дадат името ...

Седум нови афоризми од велешкиот афористичар Никола Бошковски Коки за читателите на Дума.мк. -Секој од нас има некое хоби: луѓето денес најчесто собираат НАЧИНИ…како да преживеат. -Мојата соседка и на денот за шегување, не покажа воопшто чувство за шега, и понатаму продолжува секој маж да го сваќа сериозно. -Многу жени ја изгубиле својата мерка, освен онаа што им ја покажува вагата. -Политиката навистина може да создава чуда, од ...

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец Март 2025 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 04 Април 2025 година. ...

Акцијашите од здружението на граѓани Акцијаш – ветерани Велес, денеска, посадија 60 садници на Спомен Костурницата за трагично настраданите во пожарот во Кочани како и шоферот кој цел ден ги превезувал повредените. Тие акцијата ја започнаа со едноминутно молчење и оддадоа почит за загинатите. Претседателот на здружението Горан Петков особено го радува присуството на младите сограѓани на оваа акција којашто требало да ја одржат на 1-ви април, ...

Големи оштетувања на пругата помеѓу Скопје и Велес, на делница Лисиче –Драчево предизвикаа вчера обилните дождови од коишто надојде Маркова река. Втор ден од 30 до 40 минути дополнително доцнат возовите коишто сообраќаат на делницата Скопје – Велес – Скопје. Дума.мк дознава од вработени на Македонски железници дека нивни екипи денеска започнале со санирање на оштетениот насип на пругата, од околу стотина метри, на делницата Лисиче-Драчево. ...

Повторно е пуштен за сообраќај мостот кај Башино Село кој вчера беше затворен поради високиот водостој на река Вардар. Како што информираат од ЈПДП причината што мостот беше привремено затворен за сообраќај е чистењето на наноси од големи трупци и дрва коишто претставувале опасност за мостот. -Во периодот на повременото стопирање сообраќајот го регулираше МВР. Инаку, стручните лица на ЈПДП во текот на целиот ден беа на терен и ја следеа ...

Градоначалникот на Општина Росоман, Стојан Николов објави јавен повик во којшто се повикуваат земјоделците да пријават штети од ниски утрински температури, што го зафатија регионот пред неколку дена. „Општина Росоман ги повикува сите кои имаат материјални штети на земјоделски насади предизвикани од атмосферската непогода што ја зафати територијата на општина Росоман во периодот од 17 до 20 март 2025 година, да ја пријават штетата на своите ...

Црвениот крст на РСМ досега изврши вкупно две исплати на средства на семејствата на починатите и повредените лица кои се лекуваат во странство и во земјата. Во двата трансфери на финансиски средства вкупно исплатени се 60 милиони 850 илјади денари. „Во соработка со внатрешните професионални институции во државата, како и надлежните министерства и Владата, кои ги покриваат прашањата на проценките на видовите на штети во вакви ситуации, се ...

Колку е важно здраво да се храниме, дали здравата храна влијае врз нашето здравје, дали треба да ги отргнеме мастите и јаглехидратите за да ослабнеме, беа само дел од поставените прашања на денешната промоција на книгата „Ајде да јадеме“ од нутриционистот Антонио Велковски во медијатеката на градската библиотека „Гоце Делчев“ во Велес. Заинтересираните присутни граѓани внимателно ги слушаа одговорите и советите од Велковски којшто е магистер ...

ЕДС инфо поинт

49 минути - А1он - +2
weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
81%
997
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
4.63
66%
995
weather icon

Загреб

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
81%
995
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
0.0
81%
997
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
2.03
99%
999
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
995
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
4.02
69%
1002
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
72%
997
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
100%
997
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.13
90%
999
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 6ᴼ
3.6
93%
995
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
72%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Злато

157055.75

Паладиум

53434.54

Иридиум

221848.72

Платина

83354.78

Цинк

3.33

Калај

48.47

Кобалт

64.04

Бакар

11.66

Рутениум

45750.51

Родиум

336779.07

Алуминиум

3.07

Сребро

2457.28