Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска на полноќ се намалуваат за 1,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтинува за еден денар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,85 отсто. ...
Во полицискиот билтен на Сектор за внатрешни работи Велес, во текот на вчерашниот ден, евидентирани се два случаи поврзани со исчезнување на малолетнички во Кавадарци и во Велес. Семејството на првата ја пронашло и вратило дома додека по втората полицијата превзема мерки за пронаоѓање. „На 11 август 2024, во 14:30 часот, во Полициската станица Кавадарци, 35 годишно лице од Кавадарци, пријавило дека претходната вечер, околу 23.00 часот, на ...
Владата ја донесе одлуката по информации на Институтот за Јавно здравје и метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи. Владата соопшти и препорака за работодавачите од кои се очекува да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено со цел да се избегне изведување на градежни и други работни активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Исто така, од установите за ...
Триесет и девет годишната Десанка Илова е дипломиран економист со 8,5 годишно работно искуство во Подрачната единица на Фондот за здравство во Велес. Илова е именувана за раководител со овластување од страна на директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, на 1 август, 2024 година. -Досегашното работно искуство ми дава за право да кажам дека добро ја познавам работата на институцијата. Ќе се залагам за реализација на ...
Седумте нови афоризми на Никола Бошковски Коки, напишани за оваа недела и наменети за читателите на Дума.мк гласат: „Му завидувам на вирусот на грипот, тој може да направи избор која жена ќе ја легне в кревет.“ „Зад затворени врати,комуницираат само оние политичари,кои на отворените јавни ТВ дебати, не умеат уста да отворат.“ „Кога амбициозните жени ќе се обидат да прејдат од зборови на дела,наместо ракавите,го засукуваат здолништето.“ ...
Полициски службеници на СВР Велес го лишиле од слобода С.М. (56) од општина Чашка бидејќи во центарот на село Лисиче, вчера вечер, во 22:40 часот, ја загрозил сигурноста на повеќе лица, упатувајќи им закани а во еден момент и го стартувал неговото патничко моторно возило „Шкода Фелиција“, без регистарски ознаки, со што предизвикал страв кај присутните. -За настанот бил известен Јавен обвинител од Основно Јавно Обвинителство Велес и по целосно ...
Центар за управување со кризи информираше дека вчера, сабота, 10 август 2024 година, на територијата на Македонија имаше вкупно 42 пожари на отворен простор, од кои во моментов шест се активни, пет се под контрола и 31 се изгаснати. Помеѓу активните повторно е пожарот помеѓу селата Ореше и Папрадиште, во Општина Чашка. Според очевидци огнот повторно се разгорел на опожарената површина, во текот на вчерашниот ден, од кога гори шума со повеќе ...
Велешанката Елена Цветкова која боледува од карцином на око и нос има потреба од финансиска помош за неопходно лекување во Турција. Потребните се 50.000 евра, за оперативен зафат коишто семејството само не може да ги обезбеди. Потребна е заедничка граѓанска помош. Доколку сте во можност, кој колку може, помогнете. За вашите донации отворени се телефонски броеви како и трансакциска сметка, а исто така и фондација за онлајн донирање. „Секоја ...
Осумдесет и четири годишниот М.Б од Скопје е пренесен во Општа болница Велес, вчера околу пладне и задржан на лекување, поради здобиени изгореници по телото којшто се последица на пожар во дворот на куќа во село Оморани, велешко. -Пациентот е примен и добил здравствени услуги на Одделението за хирушки болести. Нему му била укажана прва специјалистичка медицинска помош која продолжува и денеска по одлуката на лекарите хирурзи пациентот да биде ...
Се работи на изградбата на новиот дел, во должина од 200 метри, на Кеј на река Вардар, во центарот на Велес. На градилиштето, помеѓу Мало Мовче и Стар Мост, во моментов се врши расчистување на вегетацијата којашто по извршено геодетско обележување на објектот констатирано е дека се наоѓа на трасата за ѕидот на кејот во изградба. Од општина Велес одговорија на новинарското прашање на Дума.мк за тековните градежни зафати на градилиштето на оваа ...
Афористичарот Атанас Крлевски за читателите на Дума.мк избра 15 нови афоризми од неговиот богат творечки опус: „Бракот ми е песна, Жена ми е кантавтор!“ „Бракот не е филм за да има режисер и главен лик.“ „Брачниот живот ми е како на филм… безвучен!“ „Некои вистини тешко се откриваат. Покриени се со многу лаги.“ „Годините не се важни, ако ти се погодени протезите.“ „Некогаш од сечење ленти се абеа ножиците. Денес – ’рѓосуваат!“ „Нема не ...
Во 37 пожари на отворено коишто се изгаснати во државата, во текот на вчерашниот ден, Центар за управување со кризи го евидентира и пожарот во Општина Чашка помеѓу селата Папрадиште и Ореше. Во текот на вчерашниот ден огнот што се разгоре на првично ставениот под контрола пожар на површината со дабова и букова шума, млади насади од шума и ниска вегетација повторно од воздух го гаснеа два ер трактори од Кипар како и 10 вработени на ЈП ...
Родум од Никомидија, од мајка христијанка и татко незнабожец. Мајка му се викаше Евула, а татко му Евсторгиј. Како момче ја изучи лекарската наука. Свештеникот Ермолај го повика кај себе, го научи на верата во Христа и го крсти. Пантелејмон чудотворно излечи еден слеп кого другите лекари залудно го лечеле: го излечи со името на Христос и го крсти. Од завист лекарите го обвинија дека е христијанин, па Пантелејмон излезе на суд пред царот ...
Сите три концерти на мегаѕвездата Тејлор Свифт што требаше да се одржат во Виена се откажани, откако полицијата уапси две лица осомничени за планирање напади. Едното лице, 19-годишник, како што објавуваат австриските медиуми е со потекло од Северна Македонија. Се трага по уште три лица. Генералниот директор за јавна безбедност при австриското МВР, Франц Руф, го опиша 19-годишниот уапсен во Терниц како „непосреден главен сторител“, додека ...
Полициски службеници од СВР Велес го лишиja од слобода С.М.(50) од село Ореше, општина Чашка, поради сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. Тој се сомничи дека во вторникот на 6 август 2024 околу 12:00 часот предизвикал пожар во реонот на селата Папрадиште и Ореше, при што изгорела поголема површина со нискостеблеста шума и остатоци од сеча. Полицијта од приведениот жител на Ореше ...
Истекоа многу големи количини течен пост дигестат поточно ферментирано течно ѓубриво што се користи за наѓубрување на земјоделски површини. Оваа материја е причина за денешниот помор на риби во река Вардар, кај Градско. Таа е производ после завршената ферментација во дигесторите за производство на биогас, констатираат во првичниот извештај, по извршен вонреден инспекциски надзор, двајца државни инспектори на инспекторатот за заштита на ...
Во езето „Младост“ од денеска попладне има околу 60 тони помалку растителна маса и алги во распаѓање измешани со остатоци од фекално потекло. Новата извадена количина од езерската површина ја извлекоа две цистерни на биогасната електрана во Сарамзалино, во која сопственост има компанијата „Централинвест“ на велешанецот Кочо Анѓушев. Процесот на извлекување на половина од оваа вкупна количина на штетната материја започна вчера попладне и ...
Повторно се активираше пожарот откако вчера на пладне заврши гаснењето од воздух со два хеликоптери и од земја со доброволци граѓани, претставници на граѓански здруженија и шумарски работници на стопанство „Бабуна“ од Велес. Претпладнево, околу 10:33 часот, на опожарената површина со дабови и букови насади прво се појавил чад а потоа и пламен. Центар за управување со кризи ја следи состојбата и во пладневната изјава, директорот Стојанче ...
Родена е во Рим од родители христијани. Од детството научена на верата во Христа. Најусрдно ревнуваше да ги извршува сите Божји заповеди. Со сведоштвото на нејзиниот вистински благочестив живот и вера ги упатуваше на патот на спасението и другите. Кога и умреа родителите, го раздаде имотот на сиромасите, а самата се замонаши. Како монахиња со уште поголем жар и ревност ја проповедаше верата во Христа не криејќи ја од никого, иако во тоа време ...
Биогасната централа крај Градско на државата ќе треба да и плати 110.000 евра за истекување на пост течно ѓубриво во река Вардар додека одговорното лице на фирмата, категоризирана како среден трговец, уште 6000 евра, во денарска против вредност. Казната е изречена согласно одредбите на Законот за заштита на животна средина. Казнените одредби се применуваат по извршен вонреден инспекциски надзор на двајцата државни инспектори за заштита на ...
Граѓани не можеле да закажат термин кај единствениот специјалист уролог во Општа болница Велес. Матични лекари не им издавале ни итни ниту редовни упати. На дел од велешани им бил потребен редовен термин за контрола или продолжување на хронична терапија но матичните не успевале да им закажат преку Мој термин. Дел од овие пациенти со сомнеж побараа да се препровери точноста на информацијата што ја добиле бидејќи сметаа дека Велес веќе нема ...
Сите пристигнати дела ќе бидат прегледа од жири комисија составена од стрип и ликовни дејци од Велес, а дел од нив ќе бидат изложени на свеченото отварање на Меѓународниот стрип салон во Велес, најзначајна стрип манифестација во Македонија, на 20 август, годинава. Според Томе Трајков , програмски координатор на Стрип центарот на Македонија, големата бројка се должи пред се на засилената работа и контакти со млади таленти од Македонија. -Многу ...
Пожарот помеѓу селата Папрадиште и Ореше, во текот на вчерашниот ден, го забележаа посетители на Планинарски дом во село Папрадиште, во општина Чашка. Меѓу нив е и Игор Смилев, член на Совет на општина Велес. Проценките се дека гори висококвалитетна дабова шума. Пожарот е пријавен во Центарот за управување со кризи. -Пожарот освен од земја со организирани вработени на ШС Бабуна и доброволци се гасне и од воздух. Два хеликоптери уште од рано ...
„На четириесет и осум годишна возраст, по добиени повеќе битки со болеста, почина новинарот Саше Димовски“. Саше ова е единствената реченица, што во овој момент ми одекнува во умот, откако го прочитав напишаниот пост на Фејзбук на Кате, на твојата Катерина, од далечната Чешка, во којшто таа се простува од тебе со огромна сестринска болка. И не и поверував, се додека не ја слушнав. Саше, ја слушнав Катерина! Овој пат со Катерина се договоривме ...
Полициски службеници од Полициската станица Кавадарци, рано утринава, во 01:30 часот го лишиле од слобода П.М.(25) од Кавадарци затоа што додека го управувал автомобилот марка „фолксваген голф“ со кавадаречки регистарски ознаки не застанал на знак за запирање. Кавадарчанецот набргу бил пронајден кога според полицискиот билтен тој агресивно се однесувал кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија. -По целосно документирање на ...
Извадените бехатон коцки на тротоарите на дел од централната градска улица „8 Септември“ укажаа, на крајот од работниот дел на минатата недела, дека најверојатно ќе започне нивната поправка. Градежни работници освен што ги извадија исто така го рамнеа слојот на ситен песок во подлогата на тротоарот од источната страна поточно од под јаворот на плоштад „С`рмаале“ или од ќошот пред зградата на Централен Регистер и Управа за јавни приходи се до ...
Понеделнички, како што е ред, афористичкиот поздрав на Никола Бошковски Коки ги содржи следниве нови седум афоризми за читателите на Дума.мк: „Покрај толку многу силеџии,лесно е денес да се оправда невиноста.“ „На некои партиски гласноговорници или портпароли, им се исплати живеењето „кучешки живот”: Лаеја, лаеја…и на крајот им успеа да ја зграпчат и да се насладуваат од фрлената, мрсна, директорска коска.“ „Ја запознав на нудистичка плажа,а ...
Полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес, вчера вечер, го лишиле од слобода М.К.(39) од Кавадарци по претходни оперативни сознанија и преземени мерки за пронаоѓање и фаќање на сторители на кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. -Вчера вечер, околу 21:.00 часот, во Велес, полициски службеници дале знак за запирање на патничко ...
Сообраќајната незгода се случила денеска, околу 11:11 часот, на одбележан пешачки премин, на улица ,,Наум Наумовски-Борче” во Велес. Таму патничкото возило ,,пасат” со велешки регистарски ознаки управувано од Н.Д.(28) од Велес удрило во пешакот Ѓ.П. (63) од Велес. Пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болницата во Велес, соопшти СВР Велес. -Пациентот Ѓ.П, 63 години, од Велес примен е во Ургентна единица на Општа ...
Патничо возило марка ,,фиат браво” со велешки регистарски ознаки, управувано од А.К.(75) од Велес, излетало надвор од коловозот на регионалниот пат Велес-село Извор, во близина на село Бусилци, во општина Чашка, вчера утро, околу 08:10 часот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката К.К.(70) од Велес , а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во болницата во Велес. -Пациентката беше донесена во Општа болница ...