Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
До сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни и на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи, повремено како локално невреме со пообилен пороен дожд, ветер и град, соопшти УХМР. Од недела ќе има повеќе сончеви периоди и ретка појава на пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Најсвежо преку денот ќе биде утре и во сабота, а потоа температурите ...
Педесет и осум годишниот Т.А од Велес, рано утрово во сообраќајна незгода се здобил со тешки телесни повреди на глава констатирани во ЈЗУ Општа болница Велес. Како што информира порпаролката на велешка болница Марина Андова, велешанецот утрово во 05:00 часот бил донесен во ургентната единица по што бил упатен на Оддел за радиодијагностика кадешто му било направено КТ на цело тело и констатирани му биле тешки повреди на глава. Поради тежината ...
Пожарникарите на Територијалната противпожарна единица Велес, вчера, интервенираа во гаснење на три пожари од кои првиот за повторна одбрана на манастирот „Свети Димитрија“ над село Степанци, Општина Чашка, вториот настанат на велешките гробишта на црква „Свети Спас“ и третиот во близина на гробиштата кај село Оризари. Двата пожари се изгаснати. Дојавата за доближува на пожарот до појасите за одбрана на манастирот „Свети Димитрија“ во село ...
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува длабоко жалење за загубата на новинарот Менде Младеновски и сочувство до семејството и пријателите. Колегата Младеновски беше долгогодишен новинар и главен и одговорен уредник на „Битолски весник“, како и дописник на „Нова Македонија“. Има издадено и авторски книги со наслов „Во прво лице“ каде што може да се најдат сите негови колумни во кои низ годините прави осврт од свој агол за ...
„Состојбата со пожарите на отворен простор повторно се влошува. Апел до граѓаните да бидат исклучително внимателни за да не предизвикаат пожар. Доколку забележат сомнително поведение молам веднаш да пријават на 112 или на некој другар, пријател или познаник кој информацијата ќе ја пренесе во МВР,“ апелира Стојанче Ангелов директор на Центар за управување со кризи. Во текот на вчерашниот ден, вторник, 27 август, имаше вкупно 37 пожари на ...
Православните верници денеска го слават празникот Успение на Пресвета Богородица, кај народот познат и како Голема Богородица. Еден од најголемите христијански празници кога се одбележува земниот крај на Пресвета Богородица, денот кога таа се вознесе на небото и го предаде својот дух во рацете на Спасителот. Празник на мајката на животот Именден празнуваат: Марија, Мара, Марена, Марица, Марјан, Маријана… Меѓу дванаесетте големи христијански ...
Денеска во Клубот на новинари се одржа комеморација во чест на починатиот колега Саше Димовски. Покрај неговото семејство, присутни беа колеги од различни медиуми, судии, обвинители и пријатели. За неговите професионални и лични придонеси во новинарската фела зборуваа Васко Маглешов, Младен Чадиковски, Убавка Јаневска, Ленче Здравкин, Аслан Вишко и Огнен Јанески. Во рамките на комеморацијата, харфистката Мерсиха Шукри имаше музичка посвета во ...
Во шумски пожар кај село Степанци, во кој од саботата гори мешана шума, од утрово освен од земја во негово гаснење е вклучен и ер-трактор на Центарот за управување со кризи. Во негово гаснење, освен вработени од Шумското стопанство „Бабуна“, кои на терен се од саботата, вклучени се и припадници на Армијата, од МВР, СВР Велес, вработени во Општина Чашка и месното население. Од Регионалниот центар за управување со кризи информираат дека засега ...
Министерството за образование и наука го објави повикот за субвенциониран студентски оброк за академската 2024-2025 година. Освен тековните студенти, можат да се пријават и потенцијалните бруцоши, односно оние граѓани кои во меѓувреме ќе аплицираат за упис во прва година на факултет. МОН прифати две од трите барања на УСС на УКИМ, за студентски оброк до 5 септември ќе може да аплицираат и бруцоши За нив, во соработка со високообразовните ...
Првото издание на Велешко лето свечено ќе биде затворено оваа сабота, на 31 август, со концерт на велешанецот Тони Андреев. Во Амфитеатар на Младински парк со почеток во 21:00 часот младиот велешанец ќе приреди забава за сечиј вкус. Пред концертот ќе бидат доделени и наградите од поетскиот и ликовен конкурс. Денеска, на агендата за Велешко лето е едукативно креативна работилница на МДПС „Премиера“ којашто е насловена „Испревртена приказна“ и ...
Вкупно 21 мобилен телефон „Ајфон 15 Про“ со проценета вредност од еден милион денари се запленети на Меѓународниот аеродром Скопје по детална контрола на стока декларирана за увозно царинење. Непријавените мобилни телефони биле откриени при детална физичка контрола на пратка од Дубаи која била наменета за фирма од Скопје. Како што соопштија од Царинската управа, дополнително уште 11 мобилни телефони „Ајфон 15 Про“ во вредност од 799 илјади ...
Ново модуларно училиште со три училници, канцеларија за наставниците, тоалети и други помошни простории за парно затоплување се гради во село Бањица, во Општина Чашка. Училиштето треба да биде готово до крајот на месец октомври, бидејќи од први ноември во него треба да биде преместена новоформираната албанска паралелка којашто годинава ќе биде комбинирана со шест ученика во второ одделение и пет првачиња. Оваа паралелка претходната година по ...
Од вчера на пладне до вчера вечер траеше акцијата на шестте пожарникари спасители со две противпожарни возила на Територијалната противпожарна единица Велес за гаснење на шумскиот пожар што беснееше кај манастир „Свети Ѓоргија“, над село Степанци, во Општина Чашка. Огнот пустоши мешана шума со квалитетна дрвна маса. Поточно, велешките пожарникари заедно со шумарски работници на ШС „Бабуна“ интервенцираа на крак од големиот пожар што повторно ...
Од 19 до 25 август, тестирани се вкупно 597 материјали во лабораториите каде се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 1,8 отсто во однос на минатата недела. Регистрирани сe 213 нови позитивни случаи, со намалување од 21,4 проценти во однос на минатата недела, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен попладнево. „Во тековната недела, ...
Дванаесет ученици во една паралелка во ООУ„Тодор Јанев“ во населба Чашка и 11 ученици во исто така една паралелка во подрачното училиште во село Мелница годинава ќе го започнат своето образование во учебната 2024/25 година. Освен овие 23 првачиња на територијата на Општина Чашка за прв пат во ученички клупи од септември, годинава, ќе седнат и четири ученици во подрачното училиште на ООУ „Петре Поп Арсов“ во Извор. Едно прваче ќе има и ...
Бензините на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а цената на дизел горивата останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,74 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 77 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 79, ЕУРОДИЗЕЛ ...
Пожарот во село Оморани, Општина Чашка, сеуште е активен. Со пожарот е зафатена лисна маса и мешана шума коишто предизвикува големо чадење. Фронтот на пожарот е голем. Утрово во 06:30 часот почна со дејство хеликоптерот на МВР Ми -171, но ефектите од гасењето се многу мали, соопшти Центар за управување со кризи. -Ангажирани се 25 припадници на МВР на специјална единица и 25 припадници на Армијата кои се веќе на местото на пожарот. Истите се ...
Понеделнички седум нови афоризми од велешкиот афористичар Коки за читателите на Дума.мк. -Колку многу правнички, толку повеќе дупки во законот. -Некогаш по патиштата, луѓето ги пресретнувале и ограбувале разбојници со пушки, а денес…тоа го прават модерниве арамии со бесрамно, енормно зголемени патарини. -Ако цениме според наталитетот, и во сексот западнавме во долгови. -Баба ми вели, дека сексот е интелектуална работа, но кој со својот ...
Главниот инспектор за ловство, Зоран Вуич побарал додека екипа на Зоолошка градина Скопје составена од биолог, Милошевски Јорданчо и ветеринарен техничар, Сашо Панчев се упатила во близина на Дебарски Бањи, месност викана „Пијане“ каде возрасна кафена мечка била фатена во стапица за диви свињи, соопшти Центар за управување со кризи. „Бидејки сеуште не е формиран интервентниот тим на државно ниво за справување со големи цицачи (неговото ...
Пожарот над село село Оморани официјално не бил пријавен ни на бројот 112, ниту преку Секторот за операции и координација во Центар за управување со кризи. Известување за огнот сепак стигнало, вчера вечер, во 18:50 часот до Главниот штаб од страна на концесионерот на ловиштето на планината Мукос со слика и локација од пожарот, одговори ЦУК на прашањето на Дума.мк. „ Главниот штаб утврди дека се работи за пожар, којшто 12 дена, претходно, беше ...
Дел од средствата наменети за проекти на општините во вредност од 250 милиони евра се предвидени во ребалансот и веќе на следната владина седница во вторник очекуваме да почнат полека да се користат за потребите на граѓаните преку општините, најави премиерот Христијан Мицкоски. Министерството за локална самоуправа, посочи Мицкоски, набрзо ќе објави јавен повик, на кој општините ќе треба да аплицираат со проекти и тие проекти потоа ќе бидат ...
„Успешна е крводарителска акција во Чашка,“ соопшти денеска на Фејзбук, велешката организација на Црвен Крст. Триесет и еден крводарители даруваа исто толку крвни единици. Од нив за првпат крв дарувал еден жител на населбата и станал дел од најхуманото семејство во државата. „Крводарителската акција се одржа во организација на Црвен крст на РСМ, Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина, а помогнати од Општина Чашка и ...
Горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,12 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 77,5 денари за литар ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 79,5, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 69,5, а Екстра ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади соопштува дека согласно со Законот за празниците на РM („Службен весник на РМ“, бр.21/98 и 18/07), 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија. Министерството за социјална политика, демографија и млади на граѓаните од православна вероисповед им го честита празникот. Дума.мк ...
Пожарникарите на Територијалната противпожарна единица Велес, вчера вечер, имаа полни раце работа. Прво интервенираа по примена дојава во 21:30 часот за запален автомобил над браната во село Лисиче. Со едно противпожарно возило и тројца пожарникари спасители по пристигнување на лице место интервенцијата се состоела од догасување на возилото и истовремено гаснење на запалена сува трева зафатена од пожарот што започнал во возилото. ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни годинава изнесува 41.939 денари и е за 14,8 отсто повисока отколку во истиот месец лани. Според податоците на Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите Финансиски дејности и дејности на осигурување за 24,6 отсто, Административни и помошни услужни дејности 22,9 и Јавна управа и ...
Ненадејно, вчера вечер, во 23:00 часот, во Велес, на 69 годишна возраст, почина др Љубчо Синадиновски долгогодишен лекар специјалист по гинекологија и акушерство. Др Синадиновски е дипломец на Медицински факултет во Скопје, во генерација 1984/85 година. Веднаш по дипломирањето две години беше лекар кој стажира во тогашната здравствена установа Медицински центар Велес додека во 1987 година беше примен во редовен работен однос како лекар којшто ...
Телото на починатиот осумдесет и две годишен В.Д од Република Србија било пронајдено, вчера претпладне, околу 11:55 часот, во Демир Капија, во близина на река Вардар на место викано „Арсова Лака“. Информација за пронаоѓањето била пријавена во Одделение за внатрешни работи Неготино. – Лекар на Итна медицинска помош во Неготино констатирал смрт, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Неготино. По наредба на јавен обвинител, телото на ...
Од оваа зима кавадарчани ќе уживаат и во зимските спортови! Општина Кавадарци денес доби голема донација која означува почеток на развој на зимските спортови во кои ќе уживаат сите генерации. Денес со одлука на Совет на општина Кавадарци, нашиот убав град прими донација од 231.660,00 евра, од кои 115.000,00 евра се средства донација од Комерцијална Банка и 115.000,00 евра се средства донација од Кожувчанка ДОО. Оваа донација е во материјални ...
Полициски службеници од Отсекот за општ криминал при Сектор за внатрешни работи Велес, вчера вечер, во 20:00 часот го лишиле од слобода Е.А.(33) од Велес. Тој се сомничи дека од со употреба на сила и алат влегол во домот на 84 годишен велешанец и одзел предмети. -Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а Е.А. бил приведен во полициска станица. Известен бил јавен обвинител, соопшти Биљана Ѓаковска потпаролка на СВР ...