Младите велешани можат да се приклучат на платформата „Зелени можности“ кадешто ќе можат да пренесуваат свои идеи и да ги искажат проблемите со коишто се соочуваат во денешно време, но и да предложат и активност на којашто заеднички ќе работат. Со регистрација на платформата исто така, младите ќе можат да ги читаат и сите новости што се однесуваат на нив, да следат конкурси за Еразмус+ програмата и во реално време да се допишуваат со останатите ...

Од ноќеска на полноќ за два денари ќе поевтини ЕУРОСУПЕР БС-95. Цените на останатите нафтени деривати остануваат непроменети, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 80 денари за литар, додека литар ЕУРОСУПЕР БС – 98 и натаму ќе се продава по 82 денари, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) по 73 денари, Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) по 72, а Мазут ...

За крај на работната седмица, 10 нови издумани Крлевизми од афористичарот Атанас Крлевски кој Ви предлага да читате Издумани Крлевизми, да се смеете и размислувате, бидејќи тоа му годи и на умот и на духот. -Останав принц и откако ми го украдоа белиот коњ. -Лекарот ми препорача повеќе течности. Сега покрај ракија пијам и пиво. -Паднав на ниски гранки. Конечно сум свој на своето. -Умната глава и ѕид турка! -Паметен меѓу будали? Изгубен случај! ...

Топлиот бран кој ќе започне да добива на интензитет и тоа уште од утре и за време на викендот додека во текот на следната седмица ќе стане дури и екстремно топол, објави метео прогнозерот Славчо Поповски на Метео Аларм. „Тоа значи дека очекуваме екстремно високи температури на воздухот кој насекаде низ Македонија ќе надминуваат 30 степени. На повеќе места температурите ќе се искачуваат до околу 35 степени, додека во централните и во ...

Евидентираните невработени лица како активни баралите на работа во Центар за вработување Велес, кои имаат желба да започнат сопствен бизнис, до 21 јуни, годинава, можат да се пријават за учество во Проектот за самовработување со кредитирање. -Невработеното лице може да добие кредит од најмалку 5.000 евра до најмногу 10.000 евра, по негов избор како кредитобарател, а за секое новоотворено работно место дополнително по 5.000 евра, при што ќе се ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,49 % во однос на одлуката од 3.6.2024 година. Од ноќеска на полноќ за два денари поевтинува Еуросупер-95, односно еден литар од ова гориво наместо како досега 82, ќе се продава за 80 денари. Малопродажната цена на ...

Полициски службеници од Отсекот за општ криминалитет при Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, во 23:45 часот го лишеле од слобода четириесет и две годишниот А.Д од село Сојаклари, велешко. – При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека ги одзел од фирма во Велес во која бил вработен. Одземеното било вратено на сопственикот, а А.Н. бил задржан во ...

Над еден килограм златен накит во вредност од 4 милиони денари е запленет од страна на царинските службеници при влез на граничен премин Богородица, со што воедно е спречен обид за избегнување плаќање увозни давачки во висина од еден милион денари. Златото е откриено при личен претрес на еден патник кој се обидел накитот да го скрие во внатрешниот дел на панталоните и долната облека коишто ги носел на себе. Истото било спакувано во четири ќеси ...

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразуваат загриженост за говорот на омраза кон новинарите, особено новинарките, на социјалните мрежи во земјава. Овој вознемирувачки тренд претставува сериозна закана за слободата на медиумите и ги поткопува демократските вредности и принципи што ги поддржуваат Македонија и нејзините меѓународни партнери. Дополнително ваквите притисоци ...

Риболовец, вчера вечер, околу 21:30 часот пријавил на 112 дека забележал безживотно човечко тело пред влив на реката Тополка во Вардар, во близина на последните куќи на јужниот излез од градот. Центарот за управување со кризи ги известил МВР, ДЗС, ТППЕ Велес, Општина Велес како и Доброволното друштво „Македонски спасител“ од Велес по што следела операција за безбедно извлекување на човечкото тело. Тоа е извлечено денеска, претпладне, околу 10:00 ...

Цените на угостителските услуги во периодот јануари – мај година, во однос на истиот период лани, се зголемени за 5.9 %, а во однос на декември 2023 година, се повисоки за 1.8 %, соопшти Државниот завод за статистика. Во мај годинава, пак, во споредба со април, угостителските услуги поскапеле за 0.3 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите: Храна за 0.4 %, Алкохолни пијалаци за 0.5 % и Безалкохолни пијалаци за 0.6 %. ...

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец мај 2024 година. Корисниците на парични права што поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 5 јуни 2024 година. Со цел да се избегне метеж ...

Премиерата на документарниот филм „Се извинувам, Кежаровски тука живее“ од авторот Миле Бошњаковски, ќе се одржи на 25 јуни, вторник, во 19 часот, во киното „Фросина“ – Младински културен центар . Документарецот „Се извинувам, Кежаровски тука живее“ содржи директно сведоштво на Кежаровски за настаните поврзани со неговото брутално приведување, судскиот процес и затворска казна кои во видео записот се поместени во два дела, во вкупно времетраење ...

Со долги аплаузи од страна на присутната публика беа поздравувани учениците од општинското основно музичко училиште „Стефан гајдов“ кои вчеравечер на големата сцена во велешкиот театар одржаа завршен концерт и го одбележаа патрониот празник на училиштето. Тие музицираа на инструментите коишто ги изучувале во текот на изминатата година и приредија вистинско уживање за сите присутни. Во текот на претходната година, музичкото училиште настапуваше ...

Царинските службеници на Меѓународен Аеродром Скопје при контрола на куферите на еден патник од Турција открија дури 22 часовници од брендот „Ника“ во вкупна вредност од 272 илјади денари кои патникот не ги пријавил при влез во државата. Патникот кој пристигнал со лет од Истанбул, саатчија по професија, на прашање на царинските службеници дали има нешто за пријавување одговорил дека нема ништо по што бил упатен на контрола со скенер. Часовниците ...

Педесет годишниот Е.А од село Бистрица, вчера, бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од полициска канцеларија Демир Капија. Тој агресивно се однесувал и физички ја нападнал својата невенчана сопруга, 35 годишната С.Т којашто живеела во истото село. Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека за настанот е известен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Кавадарци и се преземаат мерки за расчистување на случајот. ...

Во Велес, попладнево измерени 31,4 целзиусови степени. Попладнево е многу топло низ Македонија, токму поради влијанието на топлиот бран кој продира од јужните географски широчини, односно од Африка кон нашата држава. Најтопло во 14 часот беше во Кавадарци, Струмица и во Гевгелија каде се измерени 33 степени, најниска температура од градовите е измерена вообичаено во Крушево и тоа 22 степени, соопшти Метеоаларм. Во продолжение на табелата подолу ...

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од 2024 година е 1.2%. Во првото тримесечје од 2024 година, поголем пораст е забележан во секторите: -Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од ...

Континуираниот развој на македонската стрип сцена доведува и до интензивирање на меѓународна стрип соработка и застапеност на разни конкурси и фестивали. Врз основа на воспоставена комуникација и објавен јавен конкурс на СУПЕРТОН –Фестивал на стрип и анимација во Шибеник- Хрватска, Македонскиот стрип центар Велес учествуваше со свои изданија . Во голема конкуренција изданието СТРИП АЛМАНАХ 2024 влезе во најтесен круг на избрани стрип списанија ...

Во Драмски театар Пловдив, вчера, започнаа пробите за претставата „Без крв“ на истоимениот роман на Алесандро Барико. Како што информираат од театарот текстот на претставата е на Александар Секулов, додека сценската адаптација и режија на Дијана Добрева. Претставата е дел од двегодишниот меѓународен проект „Манифест“ на велешкиот театар „Ј.Х.К – Џинот“ заедно со драмскиот театар Пловдив. -Проектот се спроведува со поддршка на министерствата за ...

Од наплата на патарина во првите пет месеци од годинава се собрани 1.454.587.856 денари (23.651.835 евра) што во однос на истиот период за 2023 година претставува зголемување или повеќе остварен приход за 132.635.906 денари (2.156.681 евро). -Тенденцијата за зголемен остварен приход во 2024 година е константна, со пораст од 10,2 проценти за периодот јануари-мај годинава, информираа за МИА од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). ...

Државниот испитен центар за првпат формира 10 комисии по еден за секој предмет од матурата, кои ќе утврдуваат евентуални неправилности и препишувачи. Ова следува откако во сабота беше откриена Вибер-група во која беше споделен тестот по мајчин јазик и литература, односно поради прекршување на правилата и користење мобилен телефон за време на испитот. Ова го изјави Билјана Михајловска, директорката на Државниот испитен центар, во врска со ...

Во дневниот билтен на Сектор за внатрешни работи Велес евидентирани се случаи во Велес Градско, Кавадарци и Неготино. Случајот во Велес бил пријавен во 03:40 дека во казино во градот неколку лица го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка и употребен бил спреј – солзавец. Претходно, 15 минути по полноќ полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Кавадарци го лишеле од слобода триесет и седум годишниот М.К кој ...

Велосипедот не е само забава туку и потреба. Засега Велес не се наоѓа на листата на градови во кои велосипедот е замена за автомобилот. Сепак се зголемува бројот на велешани кои купуваат велосипеди но сепак нив не ги користат секојдневно за доаѓање на и за заминување од работното место, за пазарење и за други секојдневни потреби, констатира Зоран Јаневски претседател на ЗГ „Велес бајкинг“ на светскиот ден на велосипедот. Повеќе од три децении ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,29 % во однос на одлуката од 27.5.2024 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,467%, кај дизелот за ...

Велешкиот Црвен Крст, вчера, ја организираше Втората крводарителска акција во чест на Кочо Рацин, која што беше иницирана и поддржана од локалниот огранок на партијата „Левица“. Во акцијата што започна во 8:30 часот и траеше седум ипол часови собрани се 63 крвни единици. – Крводарителската акција е во чест на Коста Солев Рацин. Годинава во месец јуни се навршуваат 81 година од неговото загинување. Велес е градот на Рацин, така што ние како ...

Целосно е распродаден првиот самостоен концерт на велешанецот Благој Ламњов којшто вечерва со почеток во 20:00 часот ќе се одржи во велешкиот театар „ЈХК-Џинот“. На овој концерт неговите сограѓани ќе имаат можност во живо да ги слушнат песните од албумот „Nostalgic Love“ како и звуците од кларинетот на Ламњон кој на сцената вечерва ќе биде придружуван од шведскиот гитарист Петер Тегнер со кој заеднички ќе приредат вистинско уживање за публиката. ...

Велешанецот Мики Секуловски кој во изминатите девет месеци целосно се вложуваше за настапите во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, оваа сабота, на 8ми јули, ќе настапува под реден број 1 на финалната вечер. Општина Велес објави дека велешани ќе можат заеднички да ја поддржуваат нашата музичка ѕвезда Мики во Амфитеатарот на Младински парк и заеднички да ја гледаат финалната вечер со почеток во 21:00 часот. Градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев, ...

Фокусот на новата фотографија за категоријата граѓански фото објектив од велешанецот Атанас Крлевски бил насочен кон скулптурата насловена како „Блажена“ и поставена во центарот на градот пред поранешната Стоковна куќа. – Автор на скулптурата е велешкиот скулптор Илко Стојановски. Изработена е на првата меѓународна скулпторска колонија во Велес, 2019 година. Многу е интересна затоа и одлучив овој понеделник баш таа да биде дел од оваа ...

Не заминаа работниците, учениците и студентите од велешката Железничка станица утрово со патничкиот воз за Скопје којшто според возен ред поаѓа во 6:27 часот. Локомотивата што го влече патничкиот воз се расипала вчера попладне откако тргнала од скопската железничка станица во 16:55 часот. Патниците со месечни билети утрово се снаоѓале со друг превоз за да стигнат навреме на работните места, училишта и факултети. Тие не ќе можат ни да се вратат ...

weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
6.69
77%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
1.03
92%
1015
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
71%
1015
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
2.82
92%
1017
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
96%
1015
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
2.57
89%
1007
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
87%
1010
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
87%
1011
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
4.63
90%
1016
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
92%
1016
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
7.2
94%
1007
weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1013
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58842

Бакар

10.96

Платина

52864.82

Цинк

3.22

Рутениум

29192.88

Кобалт

58.42

Сребро

1876.20

Злато

134976.58

Иридиум

145787.60

Алуминиум

2.91

Паладиум

46361.38

Родиум

255598.44

Никел

473258.99