Официјалните лица издале дозволи за нешто помалку од 500 кафеави мечки да бидат застрелани од ловци. Тоа е околу 20 отсто од вкупната популација, според официјалните податоци, и би го намалило бројот на мечки во Шведска на околу 2000, што е пад од речиси 40 отсто од 2008 година. Големиот број издадени дозволи ги загрижи заштитниците на природата кои велат дека големата популација на предатори во Европа може да се соочи со исчезнување во некои ...

Пајазит Пајазити ја оцрни судската фела во целост, молкот на Судскиот совет е само доказ зошто треба да биде реформиран.Ако институциите во правосудството на целата очигледна незаконитост не го разрешат Пајазити, тогаш сами потврдуваат дека се испостава на ДУИ и Филипче, смета ВМРО-ДПМНЕ. Пајазити не само што го овозможи бегството на Блерим Рамадани, туку и условно го осуди Иџет Мемети, кој призна дека земал поткуп, дело за кое е предвиден ...

Од мај следната година граѓаните на Македонија, ќе треба да платат виза од седум евра за влез во Шенген зоната. Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Џонсон потврди дека Европскиот систем за информации и овластување за патување (ETIAS), според кој британските и другите граѓани ќе треба да аплицираат за укинување на визите пред да влезат во ЕУ, најверојатно ќе стапи на сила од мај следната година. Системот ETIAS ќе бара од државјаните кои ...

Астрономите го кажаа своето пред синоќешното појавување на Месечината – сина супермесечина, сина е затоа што овој месец по вторпат е полна , а супермесечина е затоа што е најблиску можно до Земјата која не е топка туку елипса. И, феноменот ќе трае три дена за Земјаните. Астролозите од друга страна даваат многу поголемо значење отколку атрактивните за око снимки кои доаѓаатѕ од Сао Паоло, Ерусалим, Бејрут ( таму не е портокалова), некаде во ...

За да си ги обезбеди основните потреби, на едно четиричлено семејство во август годинава му се потребни 61 199 денари. Тоа, како што објави Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), е зголемување на минималната синдикална кошничка за 629 денари во споредба со претходниот месец. Од ССМ соопштија дека во периодот од јануари до август, минималната кошница е зголемена за 4 036 денари, а од кога се пресметува по новата методологија, односно од ...

Овие показатели ги објави проф. д-р Хусеин Торос од Техничкиот универзитет во Истанбул (ITU) за ТВ Хабертурк. Податоците беа собрани во рамките на студија спроведена од специјализиран тим. Според научникот, за зголемување на атмосферското загадување придонеле и температурните рекорди забележани во првите седум месеци од оваа година. Студиите на тимот покажаа намалување на честичките и зголемување на сулфур диоксид, озон и јаглерод моноксид. ...

Сепак, Одделот за паркови и рекреација на Њујорк вели дека којотите се вообичаени низ целата сојузна држава Њујорк, вклучително и урбаните области. Според надлежните, при средба со којот, не треба да се паничи. „Повеќето од нив не се опасни за луѓето… Нема причина да се верува дека којотите за коишто станува збор се нездрави (заболени или заразни, з.п.) или претставуваат закана за безбедноста на луѓето. Меѓутоа, како и со сите диви животни, ...

Очигледна е намерната и организираната тенденција да се носат кучиња скитници по градовите во Македонија, истите со камиони се истовараат на пример на главниот плоштад во Скопје. Кои од институциите се надлежни да ги откријат сторителите, бидејќи организирано се сака да се постигне грда слика и страв кај граѓаните. Нашата редакција има информации и за поплаки од странски туристи кои биле нападнати. Проблемот не е ограничен само на Скопје. И ...

За време на вчерашните протести во централниот кварт „Кројцберг“ кон полицајците беа фрлани камења, јајца и пластични шишиња. Еден од учесниците беше повреден откако беше удрен во врат од камен, а еден учесник на контра-протест исто така беше удрен во глава и повреден. Полицијата соопшти дека 250 луѓе се собрале на плоштадот „Морицплац“ пред да тргнат во марш кој прераснал во протест со околу 1000 учесници. Пред почетокот на маршот, ...

Оваа година изложбата се состои 25 фотографии од 19 автори ,а темата на конкурсот беше „МОДЕРНИТЕ АРХИТЕКТОНСКИ СИМБОЛИ НА БИТОЛА “ – Задачата за фотографите беше на креативен начин да се направи фотографско сведоштво на објектите и инфраструктурата со датум на изградба после 1950 година. Стручното жири во состав Дражан Брачиќ – Фотограф, Александар Котевски – Кинематографер и Илија Тирицовски – продуцент од пристигнатите 90-тина фотографии ...

Студија од февруари 2024 година, објавена во списанието „Nutrition Research Reviews“, покажа дека јаткастите плодови како бадеми, кикиритки, фстаци и ореви можат да им помогнат на луѓето полесно да ги постигнат своите цели за губење на тежината , пишува „Health“. Студијата покажа дека јаткастите плодови можат да бидат дел од исхраната на оние кои сакаат да ослабат бидејќи тие придонесуваат за губење на тежината, вели авторката на студијата ...

На терен во моментов се голем број на полициски екипи и амбулантно возило, а местото е оградено со полициска лента. Според очевидци, лицето најверојатно било адвокат. Во близина до телото има електричен тротинет. Се очекуваат официјални информации од МВР. Ова е втора престрелка во последното деноноќие, откако вчера во пукање во скопската населба Ченто, едно лице е повредено. На 19.08.2024 околу 20.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека ...

Во првите седум месеци од 2024, бројот на продадени плаг-ин хибриди во Кина е пораснат за 70% во однос на истиот период лани. Најголемиот кинески производител BYD ја има зголемено светската продажба за 13 односно 44 проценти. Во Европа на месечно ниво продажбата во јули е намалена за 7,8% а за седум месеци е останата иста како лани. Во Германија, најголемиот европски пазар за електрични возила, продажбата во првите седум месеци паднала за ...

Astroscale соопшти дека во вторник ќе потпише петгодишен договор со Јапонската агенција за воздушно истражување (JAXA) за отстранување на отпадот од орбитата на Земјата. Иако не е познато кој стои позади оваа компанија и каде ќе завршат парите, сепак идејата е одлична за бизнис зделка Притоа, тие ќе развијат ново вселенско летало наречено ADRAS-J2, кое ќе го опремат со технологија за роботска рака за фаќање вселенски отпад. Целта е да се ...

Вечерва, со почеток во 21:00 часот во црквата Св. Софија во Охрид, во рамките на 64-то издание на фестивалот Охридско лето, ќе имате можност да го проследите концертот на Ками Тома-виолончело и Жулиен Брокал-пијано. Ками Тома е возбудлива челистка чија што ведра личност излегува на површина преку музиката која ја изведува. Ками верува дека музиката има моќ да ги спојува луѓето и да ги инспирира независно од нивните културни различности. ...

Времето денеска претпладне умерено облачно со слаб до умерен јужен ветер. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер(над 60км/ч.) и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. УВ индексот ќе има вредност 6. Во Скопје претпладне умерено облачно, попладне и во вечерните ...

„Рекордот за максимална температура на површината на морето беше срушен вчера во Средоземното Море, со дневна просечна температура од 28,90°C“, соопшти водечкиот шпански Институт за поморски науки. Претходниот рекорд е забележан на 24 јули 2023 година, со просечна вредност од 28,71°C. Овие прелиминарни наоди се земени од сателитски податоци од програмата Copernicus на Европската Унија за набљудување на Земјата. Тоа значи дека две ...

Денес во 15.30 часот во Владата ќе се оддржи средба помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и градоначалничката на Скопје Данела Арсовска. Средбата доаѓа по бројните реакции на скопските општини и ЗЕЛС и министерот за локална самоуорава Перински дека градот има акутен проблем со хигиената и складирањето на сметот. Бараме одземање на надлежностите и ингеренциите, назначување на владин повереник и започнување на процес на расформирање на овие две ...

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 12.08.2024 до 16.08.2024 зема 208 примероци за физичко-хемиска и 208 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 47 мерни места во Градот Скопје. ...

Македонистите од Албанија, Бугарија, Италија, Јапонија, Кина, Полска, Р. Кореја, Романија, Руска Федерација, САД, Словенија, Србија, Турција, Украина, Унгарија, Хрватска и Чешка Република, ќе ги изучуваат македонскиот јазик, литература и култура, а 81 учесник на 51. Меѓународна научно конференција ќе ја развиваат македонистиката како наука. Како што е најавено, свеченото отворање на 57. Летна школа на МСМЈЛК ќе биде утре во Конгресниот ...

„Воениот рок ќе трае два месеца. Мислам дека ќе имаме многу подобра, посилна и поквалитетна слика на вооружените сили од досега. Ставот на владата е дека нема простор за штедење кога станува збор за вооружените сили на Хрватска“, изјави Анушиќ. Хрватска никогаш не го укина воениот рок, туку го замрзна во 2008, со што во земјата веќе постојат законодавство и пракса според која обуката се одвиваше порано, се правдаат од министерството. ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. УВ индексот ќе има вредност 8. Како што соопштија од УХМР, во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне со умерен развој на нестабилна облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен ...

Украинските сили не можат да користат британско оружје на руска територија освен кога се бранат, изјави Министерството за одбрана. „Јасно појаснуваме за време на процесот на подарување дека опремата треба да се користи во согласност со меѓународното право“, додаваат тие. Но она што изрично се забранува е употреба на британски ракети со долг дострел.Политиката значи дека на руското бојно поле може да се видат противтенковски ракети, ...

Власта има индиции дека одредени структури со голем капитал се обидуваат да предизвикаат меѓуетнички инциденти и конфликти, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање. Мицкоски апелираше до јавноста да остане смирена и да не подлегнува на провокации и нагласи дека сторителите на таквите провокации ќе одговараат пред надлежните органи. „Имаме индиции за елементи коишто располагаат со огромни милионски суми пари. ...

Вчера во попладневните часови започнаа четири нови шумски пожари. Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов соопшти дека пожари избувнале во Ресен и Охрид на Галичица, на планината Лубин кај селото Цер, во месноста викана Клепало, Беровско и во месноста викано Чупино Брдо кај кривопаланечкото село Луке. Од вчера во справувањето со пожарите повторно е вклучена и Армијата, додека на двапати беше активиран и ЕУ-механизмот за помош. Пожарникари, ...

Откривањето и брзото ширење на мајмунски сипаници во источниот дел на Демократска Република Конго, неговото откритие во соседните земји кои претходно немаа случаи на мајмунски сипаници и можноста за понатамошно ширење во Африка и пошироко се загрижувачки, рече д-р. Тедрос Аданом Гебрејесус, генерален директор на СЗО. Светската здравствена организација (СЗО) во средата ги прогласи мајмунските сипаници за глобална здравствена криза по втор пат ...

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утрово, 15.08.2024 година, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Централна Македонија и припаѓа на епицентралното подрачје Гевгелија-Гуменџа, 140 km југоисточно од Скопје, информира Сеизмолошката опсерваторија. Земјотресот се случи ...

„Ecce Homo Macedonicus: Осмо светско чудо“ е насловена најновата поставка на еминентниот македонски скулптор Жарко Башески, која привлече големо внимание кај љубителите на уметноста, а која во Научниот уметнички центар „Куќата на Уранија“, при МАНУ во Охрид, може да се проследи до 27 август. Изложбата ги претставува извонредните десет веќе познати дела на уметникот, кој е еден од најдобрите светски хиперреалисти. Неговите скулптури се толку ...

По препорака од МЕД, птицата беше однесена во Зоолошката градина во Скопје, но и покрај обидите на вработените да помогнат, таа почина по два дена. Во писменото известување до јавноста, од МЕД додаваат дека фактот што пожарникарите доброволци успеале да го фатат младиот орел, зборува во колку лоша состојба се наоѓал, а резултатите од рентген снимките покажале дека не бил жртва на огнено оружје и немал скршеници. – Во отсуство на центар за ...

Околу 25 тони вода, загадена со радиоактивен отпад, истекоа од блок два на јапонската нуклеарна централа Фукушима-1, објавија утринава јапонските медиуми, повикувајќи се на енергетската компанија „Tokyo Electric Power“. Увидот на зградата на реакторот откри дека околу 25 тони вода истекле во подрумите преку канализацијата. Не е откриено надворешно истекување. Се наведува дека робот ќе се користи за подетален преглед. Нуклеарната катастрофа во ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
76%
998
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
9.26
61%
997
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
92%
996
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
7.2
87%
1000
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.79
100%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
97%
996
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
4.47
87%
1001
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
4.12
58%
997
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
3.6
71%
999
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 6ᴼ
5.81
96%
1001
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
7.2
87%
998
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
5.14
66%
1005
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Сребро

2733.78

Калај

48.78

Родиум

339994.14

Кобалт

64.04

Злато

157561.16

Платина

83354.78

Рутениум

45750.51

Паладиум

55781.55

Иридиум

221848.72

Алуминиум

3.09

Бакар

12.12

Цинк

3.29