Сезоната на наградување и официјално е отворена. Вчеравечер во Лос Анџелес се одржа јубилејното, 80-то издание на престижните филмски награди Златни глобуси, манифестација која важи за релевантен прогнозер за тоа каков амбиент може да очекуваме на Оскарите. По една година пауза поради обвинувањата за дискриминација и расизам, настанот сега повторно имаше телевизиски пренос, се разбира во пакет со гламурозниот црвен тепих. Вечер на Стивен ...

„Цел живот сонував да создадам нешто што би било корисно за сите. Сакав да учам, да читам и длабоко да проучувам работи кои, некогаш и не беа во моја област, па и по цена на непреспиени ноќи"... Ова е кратка приказна за една жена по име Злата Барти од Долац на која и' успеа од длабока криза на нозе да застане цел еден град. Заради дотогаш незапамeтено невреме во историјата на Југославија, професорката од Сараево Злата Барти во 1955 година, ...

Сѐ што креира Јајои Кусама е бесконечно, велат од Harper's Bazaar, а ние апсолутно ќе се согласиме со таквиот впечаток. Точка е и Сонцето и Месечината и Земјата на која живееме, така гледа на светот 95-годишната Кусама, една од највилјателните јапонски уметници која поради ментално нарушување има халуцинации, а нејзините точки се еден ефективен начин како да се справи со тоа. И така нејзината точкаста уметност го обиколи светот и стана ...

Кејт Винслет важи за една од најблагородните дами на Холивуд и една од омилените актерки, а за тоа не се заслужни само нејзините улоги и талент, туку и нејзината човечност и природност, како раритет во светот на славните. И таа своја спонтаност и природност ја прикажа неодамна во уште една ситуација, која веруваме дека младата новинарка Марта ќе ја памети засекогаш. Имено, тинејџерката Марта го имаше првото интервју во својата новинарска кариера ...

Деловните комбинации, особено во зимскиот период, честопати претставуваат предизвик, кој е во тесна релација и со тоа каква работна функција извршуваме и каква е деловната политика на нашето работно место. Дополнително во зима, приоритетот е секогаш на практичноста, па првиот услов што треба да го исполни нашата деловна облека е во неа да се чувствуваме пријатно и топло. Но, тоа не значи дека функционалниот и прагметичен деловен изглед, ...

Стартот на Новата година вообичаено го следат и нови почетоци. Размислуваме за освежување на изгледот, ги планираме новите патувања за годината, а некој пак се одлучува да го промени амбиентот во домот и ентериерот. Ако планирате конечно да му ја исполните желбата на вашето дете и да ја преуредите детската соба или пак сте во фаза на размислување за ново детско катче, почнете со креветот. Едно од клучните парчиња мебел што ја одредува целата ...

Уште една актерска легенда ја напушти домашната сцена. Во 85-та година од животот почина македонската театарска, филмска и телевизиска актерка Катерина Крстева, која беше позната како Мара Попара, по улогата во филмот „Во кафулето кај Гене". Тажната вест ја сподели Македонскиот народен театар. N MEMORIAM - Катерина Крстева (1938 - 2023) Со огромно жалење ја споделуваме веста за смртта на актерката Катерина Крстева (1938 - 2023), дамата на ...

Крајот на годината во модниот свет го обележува тажна вест – во 81-та година од животот, денеска почина славната модна британска дизајнерка Вивиен Вествуд. Веста на Твитер и Инстаграм ја потврдија од нејзиниот моден бренд од каде велат: Вивиен почина мирно во кругот на своето семејство во Лондон. Се огласи и нејзниот сопруг и креативен партнер Андреас Кронталер. „Ќе продолжам со Вивиен во срцето. Работевме до самиот крај и ми даде многу нешта со ...

Некои луѓе им пркосат на стандардите кои што се поставени во светот на модата. Една од нив е Роса Саито која на 71 година им покажа на сите што значи да се биде модел. Уште од најрана возраст оваа убавица почнала да се интересира за пеење, цртање и пишување и било јасно дека во неа лежи голема креативност. Но, животот не бил баш најлесен за Роса. По долгогодишната грижа за својата неподвижна мајка, и самата се реализирала како родител на три ...

Годинава што изминува многу познати личности докажаат и покажаа како треба да се негува сопствениот стил. Сепак на листата најдобро облечени домираа неколку од нив. Ријана Ријана годинава за прв пат стана мајка, а нејзиниот труднички стил беше еден од највпечаливите изминатава година. Бела Хадид Бела секако важи за модна икона, но годинава ќе остане запаметана по модниот перформанс што ја одбележа годината, кога на самата писта за неколку ...

За време на празниците е прилично тешко да се оддолее на богатите трпези и сета таа храна што просто не мами да ја пробаме. Во ред е да се проба, но не е во ред ако се претера. Сигурно не би сакале да застанете на вагата и непријатно да се изненадите. За тоа да не биде така, споделуваме неколку совети како да останете фит, а истовремено да го задоволите празничниот апетит. Бидете активни Не практикувајте седење на кауч подолго време. Да, време ...

Крајот на годината е резервиран за резимирање, но и за прогнозирање за тоа што нѐ очекува претстојните 365 дена. Во модните анализите се вклучени неколку клучни индикатори, меѓу кои се следат и тенденциите што ги наметнуваат најизвиканите модни брендови и аналитиката на влијателните модни медиуми. Ако се повикаме на нив, веќе може да добиеме една објективна прогноза за тоа кои тенденции ќе доминираат во 2023. 90-те години со својата естетика ќе ...

Додека владее празничната атмосфера со особено задоволство сакаме да гледаме убаво украсени елки. Година за година градовите низ Европа со многубројните декорации се обидуваат да го привлечат вниманието на мештаните и туристите. Имагинацијата нема почеток и крај, секоја елка е различна и интересна на свој начин. Некаде повеќе лампиони, а некоја плени со многубројни сијалички во разни бои. Креативност на сите страни и уживање за сите возрасти - ...

Таа е нежна и боженствена, сензуална и единствена. Обвиткана е во шепотот на нежната романтика, секогаш своја и препознатлива. Девојка со беспрекорен стил и шарм, која својата љубов ја пренесува со безвременски сјај. Токму таа е инспирација за новата Антонија Ристовска Bride колекција „Eternal Glow 2023“. „Колекцијата ја сочинуваат венчаници кои изобилуваат со богати текстури на материјали и везови. За оваа колекција во ателјето рачно ...

Пиењето утринско кафе за многумина е секојдневен ритуал. Покрај кафето, тука е и чајот за оние другите на кои не им треба многу за да се разбудат. Еден наш Инстаграм профил креира интересни чаши со кои што ќе посакате да ви започне денот. Ред празнични изданија и останати рачни изработки со интересни ликови на животни во 2Д и 3Д форма. Во чест на празничниот дух можеме да видиме и фино спакувани слатки задоволства, а како сето тоа изгледа ...

Празниците се за дарувања. И не само во материјална смисла, туку многу повеќе во духовна и емотивна, пресметана преку посветено време, љубов и внимание. Токму во таков празничен манир, писателката Кристина Краличин која беше дел од магичната празнична фотосесија на ЕЛЕНА ЛУКА, ѝ посвети поема на модната куќа со која периодов имаше одлична соработка и токму така и ја завршува годината. КОГА ЕСТЕТИКАТА ИМА ИМЕ Сензуална, елегантна, суптилна, ги ...

Иако деловниот изглед навидум претпочита неутрални нијанси, со задолжителните црни и бели тонови, сепак е добро понекогаш да бидете малку посмели. Зачекорете самоуверено во боја, одберете ја онаа што сметате дека најдобро ви прилега, а може да се одлучите и за две и повеќе нијанси. Некои дами умеат мајсторки тоа да го направат, па ако не сте сигурни во изборот, позајмете некоја идеја. Со бојата ќе внесете дополнителна позитивна енергија што на ...

Убавината ја надминува категоријата време, само кога е вистинска. Тогаш таа станува безвременска. Ирена Спировска е дама во која безрезервно може да пронајдеме пример за безвременска убавина, како целина, а празниците имаат таква сила уште толку да ја истакнат и да ја издвојат со сиот нејзин сјај. И неслучајно, вчеравечер под светлината на празничната магија, Ирена Спировска блескаше, во идеална хармонија со ексклузивната тоалета од ЕЛЕНА ЛУКА ...

Жакемус, француската модна куќа на младиот дизајнер Симон Порт Жакемус, за потребите на својата божиќна кампања, ја ангажираше кралицата на сексапилот Памела Андерсон. Брендот е препознатлив по своите вирални објави и умее да го привлече вниманието, а токму тоа го направи и со познатата актерка на својот Инстаграм профил. Во видеото ја гледаме Памела во бел фустан со драматичен шешир од колекцијата Le Raphia, односно истиот аутфит што го носеше ...

Убавите празнични излози се мелем за очите, а токму некои од нив се најдоа и на нашата листа. Креативни елки, панделки, сијалички во разни бои, интересни фигури па дури и лего коцки ги збогатија излозите на добар дел од познатите брендови низ целиот свет. Сета таа магија нема да ве остави рамнодушни и ќе посакате барем за момент да застанете и да погледнете. Еве за какви декорации се одлучија некои од нив. View this post on Instagram A post ...

Синоќа беше свечено презентирана најновата колекција „Циклус/Cycle" од модната дизајнерка Мирјана Јосифоска во просториите на „Јавна соба". Мирјана Јосифоска е млада модна дизајнерка со повеќегодишно искуство во изложби на своите креации. Позната е по своите рачно изработени шапки коишто ги изработува со занаетчиски техники на видно уникатен начин. Материјалите што ги користи се исклучиво одржливи, етички, од природно потекло, рециклирани и ...

Малиот црн фустан секогаш бил и ќе остане на пиедесталот на модата. Тој е дел од сечиј гардеробер и сигурен избор кога не знаеме што да облечеме. Иако пред низа години беше симбол за поформални моменти и вечерни излегувања, во последниве години дизајнерите му даваат и малку поинаква улога. Денес малиот црн фустан гордо ја претставува креативноста на најразлични начини со интересни исечоци, богати текстури, волуменозни ракави, ремчиња, чипка... ...

Најмалите пациенти од Клиниката за детски болести во Скопје, деновиве имаа необична предновогодишна посета која многу ги израдува и им го разубави престојот во болница. Петта година по ред, оваа убава хуманитарна акција на Црвениот крст на град Скопје веќе премина во традиција за поздрав. Волонтерите на Тимот за одговор при катастрофи – Тим за спасување на планина, облечени во костимите на детските херои, Спајдермен, Бетмен, Мини Маус и ...

Викторија Бекам секогаш умее визуелно да изненади со својата креативна инспирација кога се во прашање нејзините вешто изработени парчиња. Така е и со најновата pre-fall колекција што можеме да ја видиме во американскиот Vogue. Она што ја карактеризира е исклучително моќна женственост, истовремено заводлива и примамлива за сечие око. Ако во првите 10 години нејзиниот креативен дух создаваше прагматичен гламур, сега работите се сосема поинакви - ...

Култен, затоа што веќе 70 години ги поврзува дерматологијата и beauty индустријата освојувајќи ги жените ширум светот. Создаден од париски дерматолог, прифатен од make-up артистите, денес познат во светот како „Оној француски крем". Lait-Creme Concentre е прв избор како подлога за шминка на make-up артистите ширум светот. Речиси и да не постои make-up артист во светот кој не користи барем еден Embryolisse производ. Култниот Lait-Creme Concentre ...

Симболиката на празничната семејна трпеза е далеку над „само декор" и допира до најдлабоките животни вредности. Тука се собира семејството, тука се разменува убавата мисла и добра енергија, а притоа се гостат сите сетила, со пријатни вкусови и мириси. Празничните денови имаат таква моќ, да секој добие можност ако сака, да го пронајде своето задоволство во било кој сегмент од таа празнична магија, а за многумина тоа е токму семејната новогодишна ...

Шал – ќебето оваа зима е полн погодок. Покрај тоа што е практично и топли кога најмногу треба, го дополнува изгледот на еден суптилно, елегантен начин. Сепак она што нам ни е најинтересно е тоа што може малку да си играме со начинот на кој што ќе го носиме. Зимата сама по себе ја наметнува потребата за повеќе слоеви и тука шал-ќебето доаѓа во прав момент. Последниве неколку години долгите, големи шалови се навистина популарни, особено се хит ...

Празничниот амбиент зачинет со малку модна магија има многу поинаква димензија. Всушност, празниците се убав повод за модна храброст и време кога може да си дозволиме малку повеќе сјај со кој ќе излеземе од комфорната зона на секојдневието. И ако тоа ви причинува задоволство, тогаш не двоумете се да блескате. Ако барате мотив и пример што ќе ве охрабрат да посегнете по своето блескаво, празнично издание, инспирација ќе пронајдете во гламурозните ...

На листата дестинации кои вредат да се посетат за новогодишните и божиќните празници го додаваме и италијанското гратче Локоротондо. Иако местото се наоѓа во јужна Италија и не асоцира баш на зима, сепак и во зимскиот, божиќен период има што да понуди. Сите декорации во градот се толку внимателно одбрани, што не постои друг збор освен совршено. Црвени тонови, на бели ѕидови, проткаени со златни нијанси од лампиони и малку зеленило. Мештаните на ...

Кој не би посакал барем еднаш во животот да посети бајковито, снежно и убаво украсено место, и тоа за време на празниците. Снегот и празничниот дух си го прават своето, па кога ќе наидеме на нешто магично, како ова малечко село во Крањска Гора, Словенија, едноставно посакуваме да го посетиме. Станува збор за Алпска Васица, место кое зрачи со автентичен празничен амбиент, обвиен со снежно бела покривка. Тука можат да се видат мноштво украсени ...

weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
8.23
72%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
93%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
71%
1016
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
3.43
92%
1017
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
95%
1015
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
2.24
86%
1008
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
87%
1009
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
76%
1011
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
9.26
91%
1017
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
2.06
88%
1015
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
6.17
77%
1008
weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
87%
1013
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58842

Кобалт

58.42

Платина

52952.77

Сребро

1878.05

Бакар

10.95

Алуминиум

2.91

Паладиум

46425.68

Родиум

255598.44

Злато

135056.24

Рутениум

29192.88

Иридиум

145787.60

Цинк

3.23

Калај

40.48