Белград
8ᴼ /
7ᴼ
Грациозни и елегантни, двете водителки на емисијата „Везилка", Ирена Спировска и Адријана Алачки ги заслужија сите комплименти, стилизирани во екстравагантни тоалети од ЕЛЕНА ЛУКА. Досега имавме можност да ги видиме во неколку различни изданија и двете стилски компатибилни, во впечатливи модели на нашиот бренд, што секоја емисија го освојуваат вниманието на телевизиската публика. Меѓу безвременска и авангардна, секоја тоалета има своја приказна ...
И оваа пролет со нетрпение ги очекуваме живите бои распослани со целиот колорит, каде секако посебно место заземаат фустаните со дезен. Без разлика дали станува збор за дневна или вечерна прилика фустаните со принт ќе се вклопат во секој аутфит. Долгите денови и сонцето ќе ја разбудат фантазијата за впечатливи комбинации. Пролетните фустани со дезен ќе можат да се комбинираат со патики, сандали, ниски чизми или високи потпетици, во зависност од ...
Зад инспирацијата на Зухаир Мурад за пролетната колекција прикажана на модната недела во Париз, стојат златните денови на француската ривиера од 70-те. Како што вели и самиот дизајнер, тоа беше време на гламурозни забави, преубави прослави и бои на зајдисонцето. Мурад ја оживеа секси-романтиката преку лесните материјали како тул, шифон, жерсе, со додатоци од везови макраме, нанижани бисери и мониста. Фустаните кои што потсетуваа на златното ...
Минатата година беше вистински моден бум за нашиот модел Мухамед Енуз, кој успешно ја заокружи со едиторијалот за модното списание Гензо. Енуз, кој е интернационален модел, има работено за повеќе светски брендови како Balmain, Moncler, а беше дел и од кампањата за новиот парфем на дизајнерот Јони Пеци . Уникатен, харизматичен и моден според сите стандарди, тој едноставно припаѓа на светскиот моделинг. Неговата матична агенција Моделс ИН ...
Во декадите што сме ги оставиле зад нас, се случиле многу револуционерни промени во секое поле, технологијата, културата, политиката, социјалните норми... Додека светот добивал нов општествен облик, модата зборувала на свој начин. И тогаш, и денес преку неа се одразувала секоја голема промена на која што човештвото се привикнувало на свој начин. Од високите платформи во 70-те, до бикините со висок струк во 40-те, секоја декада си имала свое ...
На онлајн платформата Etsy ќе наидете на бесконечно креативни идеи, реализирани како рачни изработки кои ќе ви ја збогатат содржината на секојдневието. Во сегментот на домашното уредување, периодов хит на оваа платформа се мини теписите во форма на храна: пица, кроасан или можеби цреши е вашиот избор? Духовити, колоритни, симпатични, заедно со себе носат ведрина во просторот и се ефективен декор кога сакате да го разиграте просторот. Идеално би ...
Со сето она што досега го има постигнато во модната индустрија, 56 годишната Синди Крафорд е сама за себе бренд. Екс супермоделот е едно од најпознатите лица во модниот свет, а несомнено и едно од најубавите што некогаш се нашле на насловните страни и под рефлекторите на модната писта. Крафорд е помеѓу најомилените дами и кај модните дизајнери, за многумина и главна инспирација во креативниот процес. Синди никогаш не престанува да ги воодушевува ...
Кога ќе се погледне последната пролетна колекција на Ели Сааб се буди чувство на грандиозност и раскош. Во рамки на модната недела во Париз, сите 69 дизајни што продефилираа на пистата со потпис на либанскиот дизајнер, зрачеа со величенственост. Сакав да предизвикам кралско чувство, совршенство. Сааб дефинитивно ја потопува својата колекција во златно-сончева аура, која со себе носи вечен сјај на величенственост. За минимализмот едноставно нема ...
Со своите настапи на актуелното регинално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд", талентираната струмичанка Славица Ангелова воодушевува одново и одново. Покрај раскошниот глас што веќе ја издвојува како еден од фаворитите, Славица секогаш изгледа комплетно и светски на сцена. Уште од самиот почеток на шоуто таа соработува со нашиот етаблиран моден бренд ЕЛЕНА ЛУКА, евидентно по секогаш совршено направениот стилски избор што импресионира на ...
Модата низ годините може да раскаже фасцинантна приказна. Постојат безброј парчиња, што не смеат да останат во заборав и едноставно заслужуваат втора шанса. Наидовме на еден Инстаграм профил Timeless Vixen, зад кои се крие една вљубеничка во винтиџ модата, поточно во винтиџ фустаните. Лорен Лепир е колекционерка на облека од минатото, која низ своите објави на Инстаграм ги запознава следбениците со парчињата што ги носи низ еден помалку ...
Пред нас е февруари, месец во кој топлата облека, плетенините и чизмите, се задолжителни во нашето секојдневие, па ние ќе ви предложиме 28 идеи како да го направите овој месец стилски позабавен. Предноста на зимските месеци е што нудат бесконечни можности за комбинирање во слоевити аутфити, па оттука нема изговори за креативноста во секојдневното стилизирање. Понекогаш е доволно само да одберете топол шал со интересен дезен, за вашиот дневен ...
Откако Гучи ненадејно остана без креативниот директор Алесандро Микеле, модниот свет се прашуваше кој ќе биде неговиот наследник. По повеќе од два месеци тајност, модната куќа конечно го објави името. Станува збор за Сабато Де Сарно, 39 годишен италијанец, кој ќе има задача да ја оправда својата нова функција. Де Сарно можеби не е познато име, но сепак е веќе добро упатен како функционира оваа индустрија. Во модниот свет за прв пат зачекорува ...
Доколку сте и вие од оние кои уживаат во возбудливи патувања, ова бајковито возење со воз покрај Алпите е токму за вас. Возот наречен Glacier Express нуди незаборавно искуство што сигурно ќе сакате да го споделите со пријателите. Патниците покрај неверојатниот поглед кон Алпите, можат да искусат и многу гастрономски специјалитети и услуга како од филм. Возењето трае осум часа, при што се поминуваат два големи швајцарски ресорти Цермат и Сент ...
Уличната мода знае да изненади, да восхити, а понекогаш и да шокира. Многумина се обидуваат да го пренесат тој уличен моден сенс преку својот објектив, а една таква е и фотографката Рајмонда К, која на инстаграм се преставува како Street Style SPY. А што оваа “шпионка” неодамна селектирала да објави од улиците на Копенхаген, Париз, Милано, Лондон погледнете во продолжение. View this post on Instagram A post shared by Street Style SPY - Raimonda ...
Она што италијанската модна куќа го покажа со својата пролетна колекција може да се дефинира со два збора – леснотија и светлина. Уметничкиот директор на Fendi Ким Џонс, во една прилика и самиот изјави дека сака светлина во облеката, наспроти тежината и здрвеноста што според него, ја има постојано и насекаде. Сакам кога нештата лебдат, елеганција, но со младешки дух. Пролетната колекција е своевидно продолжение на есенската и одговор на она што ...
Знаеме дека една од најдобрите комбинации се миди фустан со чизми. Добивате елеганција и комфор и подготвени сте за секоја прилика. Но, од она што можеме да забележиме во последниве години, се позастапени се и патиките кои што одлично се вклопуваат во деловни комбинации и фустани. На инстаграм наидовме на Пиа Грејс, кул 50+ блогерка која што на интересен начин ги спојува фустаните и патиките. Пиа има повеќе од 100.000 следбеници кои што без ...
Актуелниот блокбастер и продолжение на филмскиот хит од 80-те, „Тop Gun: Maverick", со Том Круз во водечката улога, кој патем е номиниран во повеќе категории на претстојните Оскари, има своја импликација во дефинирањето на актуелните модни трендови. А тоа најдиректно го гледаме во најавата на старо-новиот хит во уличната мода за претстојната пролет – бомбер јакните. Веќе забележуваме како си го заземаат своето место во излозите на „hight ...
Вредните раце на луѓето кои стојат зад македонскиот бренд Farina's handmade создаваат прекрасни изработки за различна употреба. Најчесто за работа користат глинамол, а откако дизајнот ќе биде изработен, истиот се слика со акрилни бои и се премачкува со епоксидна смола. Другиот тип на накит го изработуваат од форекс, на тој начин што аплицираат слика на него и на крај ги премачкуваат со смола. Резулатот е навистина воодушевувачки, разновиден ...
Модната куќа Валентино вчера ја престави својата најнова пролет/лето колекција со печат на уметничкиот директор Пјерпаоло Пичоли. Она што ги подгреа и така љубопитните очи беше колекцијата инспирирана од ноќните клубови, а сето шоу се одвиваше под мостот Александар III во француската метропола. Слобода на изразувањето отелотворена во гламур и екстраваганција, состанок на високата мода и ноќниот живот. Акцентот се стави на облеката како алатка за ...
Популарната британска артистка Џеси Џеј поминува низ посебно емотивен период. Повторно е бремена и оваа информација неодамна ја сподели со јавноста преку фотографии и видеа на нејзиниот Инстаграм профил. Со оглед на трауматичниот период кога пред една година имаше спонтан абортус, не изненадува и тоа што во описот под фотографијата кога ја објави убавата вест, стои: - View this post on Instagram A post shared by Jessie J (@jessiej) Од тогаш, ...
Протагонистката на култниот филм The Devil Wears Prada, Ен Хатавеј се појави во леопард принт и потврди дека овој ултра секси тренд се враќа. Овој look e само еден од многуте што актерската одлично знае да ги носи, а истото го мислеа и присутните на ревијата на Валентино за време на неделата на висока мода во Париз. Ен гордо парадираше во мини фустан и хулахопки со кристали целосно во леопард принт. Високите потпетици како да се спојуваа со ...
Во потрагата по урбани ликови, кои што очајно му требаат на времето во кое што живееме, среќни сме кога имаме можност да наидеме на некој таков. Убаво е кога знаеш точно кој си, што сакаш, а уште подобро е кога своите таленти можеш да ги изразиш на најдобар можен начин, да ги преточиш во приказна што ја топли душата и ги разбудува сетилата. Тоа ни го кажа и покажа Жарко Иванов, продуцент, режисер, аниматор, научен истражувач на книжевноста, ...
Реномираната градежна компанија ELENA LUKA HOME го најавува новиот ексклузивен станбен објект DIVINE Под падините на Водно, веднаш по подвозникот и познатото училиште Кузман го сместивме префинетиот објект DIVINE. Неговата уникатна архитектура, мермерните вертикали и кружните сводови се одликите на историската Викторијанска архитектура чија и основна функција е да тежнее кон елеганција измешана со најсовремени форми и трендови од модерната ...
Во потрагата по урбани ликови, кои што очајно му требаат на времето во кое што живееме, среќни сме кога имаме можност да наидеме на некој таков. Убаво е кога знаеш точно кој си, што сакаш, а уште подобро е кога своите таленти можеш да ги изразиш на најдобар можен начин, да ги преточиш во приказна што ја топли душата и ги разбудува сетилата. Тоа ни го кажа и покажа Жарко Иванов, продуцент, режисер, аниматор, научен истражувач на книжевноста, ...
Првите срамежливи снегулки деновиве ни ја најавија снежната сезона. А ние ја дочекуваме подготвени, „вооружени" со топол шал-ќебе, дебела јакна или капут и многу плетенини во плакарот. Но, како сето тоа да го искомбинираме, а повторно да оставиме простор за малку креативност и стилска препознатливост? На Инстаграм профилот @_tajana_j, зад кој стои босанската модна блогерка Тајана Јанјош, ќе наидете на експресивни зимски комбинации кои спојуваат ...
Стравот од неприфаќање од средината секогаш бил ризик фактор за бришење на индивидуалноста која нѐ прави посебни. Но, тој ризик никогаш не бил поголем од сега, кога со глобализацијата целиот свет се сведе на едно мало село. Затоа и впечатокот дека сѐ почесто и сѐ повеќе е присутна тенденцијата луѓето да наликуваат едни на други, се разбира како вештачка творба, како нешто што е наметнато. Да се биде во „калапот" подразбира да се биде на ...
Од многуте прекрасни дестинации што навистина вредат да се посетат го издвојуваме Дрвенград, изграден по замислата на српскиот режисер Емир Кустурица. Ова етно село беше создадено за снимањето на филмот Животот е чудо, во периодот од 2003 до 2004-та, а идејата на Кустурица била да создаде град кој што ќе изгледа како некој да живее таму. Местото е лоцирано близу селото Мокра Гора, во западниот дел на Србија. За неговата креација режисерот во ...
Генијалноста и креативното лудило на модните писти, на актуелната Недела на висока мода во Париз, директно се поврзани со исто толку возбудливата улична мода деновиве, во француската престолнина. Познати светски ѕвезди и влијателни ликови од светот на модата (Ана Дело Русо, Кјара Ферањи, Кирстен Дантс се само дел од гостите), придонесоа за особено атрактивната стилска глетка на париските улици. Како итаат од една до друга ревија, брзајќи да се ...
Неделата на висока мода продолжува, а со тоа и изненадувањата што дизајнерите ни ги приредуваат. Следни на листата се Viktor & Rolf со нивната пролет/лето колекција наречена Late Stage Capitalism Waltz. (Валцер во доцниот капитализам) Самото име донакаде ги појаснува дизајните, но за дел од нив постојат само два збора – мода наопаку. Фустани што "лебдат" и висат, тоалети што завземаат дијагонални позиции, создавајќи чувство на апстрактен ...
Балканската музичка естрада вчеравечер повторно се собра на веќе традиционалното доделување на Балканските музички награди MAC, кое се одржува во Штарк арената во Белград. Манифестацијата на која им се одаваат признанија на најуспешните од регионалната музичка сфера, цели да се профилира како настан од светски ранг и е на добар пат ако се земе во предвид целата организација, продукција и грандиозната сцена. Меѓу најатрактивните гости на првата ...