Белград
12ᴼ /
11ᴼ
„Брисел нема најава за блокада на ИПАРД средствата на кои што сме како држава корисници. Напротив, нашата борба против корупцијата која што ја водиме во моментов и дополнителните проверки кои што ги правиме во самата Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, се силно пофалени од страна на Брисел“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. „Она што веднаш по сознанието односно ...
Ким Кардашијан откри дека користела ChatGPT за подготовка на правните испити – и тоа не ѝ се исплатело. Во гостување со Тејана Тејлор за серијалот „Lie Detector Test“ на Vanity Fair (3 ноември), таа призна дека често се потпирала на вештачката интелигенција за совети во учењето. „Го користам за правни совети,“ рече Кардашијан, која дипломираше право во мај. „Кога имам прашање, сликам нешто и му го праќам.“ Но кога Тејлор ја праша дали тоа го ...
Повеќе од 1.500 летови беа откажани во САД денеска, а над 1.200 беа одложени поради продолжениот делумен прекин на работата на федералната влада, што предизвикува хаос во авиосообраќајот четврти ден по ред. Според податоците на веб-страницата за следење летови FlightAware, денеска се откажани над 1.550 летови, додека вчера биле откажани 2.950, а речиси 10.800 биле одложени – што е најтешкиот ден за американската авијација од почетокот на ...
Професорот Љубомир Фрчкоски во интервју за емисијата „Во Центар“, изјави дека актуелната власт ја довела Македонија во состојба на политичка еутаназија, а како последна стратегија ѝ преостанува „динамика на прогон“ и напад врз институциите на правдата. „Единствена опција што ќе остане, што е прилично авторитарен завршеток, е да се обиде да го сруши обвинителството и судството – да ја земе таа ‘вампирска вилица’. Без обвинителството и судството, ...
Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека Северноатлантската алијанса поминува низ период на нестабилност поради непредвидливото однесување на американскиот претседател Доналд Трамп. Во интервју за весникот Газета Виборча, Туск нагласи дека НАТО и понатаму останува од суштинско значење за безбедноста на Полска и на Европа. – НАТО со години ја докажа својата ефикасност на бројни места и во различни ситуации. Денес алијансата можеби се наоѓа во ...
Во интервјуто за „Во Центар“ со Васко Ефтов, универзитетскиот професор Љубомир Фрчкоски оцени дека популистичката и националистичка политика на ВМРО-ДПМНЕ доживеала прв сериозен удар, иако партијата формално остварила победа на локалните избори. „Оваа популистичка, националистичка и ужасна политика на ВМРО претрпе прва лузна – нивниот пад од 140 илјади гласови е важен. Тие победија со 59 општини, но проблемот е што не знаат што да прават со тоа, ...
Заклетвата не е само патриотски зборови, туку израз на решеност, истрајност и верност, порача денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод полагањето заклетва на 29-та класа питомци на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“, истакнувајќи ја важноста на нивната улога во зачувувањето на слободата, безбедноста и стабилноста на државата. Таа нагласи дека новите офицери стапуваат во служба во време на глобални предизвици, воени ...
Вршителот должност градоначалник на општина Гостивар и кандидатот кој доби најмногу гласови во првиот круг на локални избори, Валбон Лимани смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно. Тој во одговор на новинарско прашање околу најавите за негова смена смета дека Уставниот суд треба да го реши прашањето кој ќе го води Гостивар до повторувањето на изборите кои пропаднаа заради слаба излезност. – Јас сум избран како в.д. ...
Македонската фудбалска репрезентација попладнево ги стартуваше мини подготовките за двата ноемвриски натпревари, контролниот дуел со Летонија в четврток во Скопје и завршниот квалификациски дуел за пласман на Светското првенство 2026 против Велс на 18 ноември во Кардиф. Селекторот Благоја Милевски повика 28 фудбалери, меѓу кои го нема повредениот Езџан Алиоски, додека во репрезентативниот табор се вратија Бојан Димоски, Лирим Ќамили и Кристијан ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп помилува клучни личности осомничени за вмешаност во планот за организирање алтернативен список на гласачи и откривање на изборни измами за време на изборите во 2020 година, изјави денеска американскиот обвинител за помилување, Ед Мартин. Тој додаде дека помеѓу помилуваните и е поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани. – Трамп помилува над 70 истакнати личности, за кои се тврди дека се вмешани во ...
Три дрона беа забележани над нуклеарната централа Доел во близина на Антверпен во Белгија. Ова беше објавено во недела навечер, 9 ноември, од портпарол на енергетската компанија Енги, операторот на централата, според Дојче Веле. Тој појасни дека инцидентот не влијаел на работењето на централата. Властите се информирани. Како што објави белгиската новинска агенција Белга, претходно, вечертa на 6 ноември, дронови забележаа прекинати операции во ...
– На денешната прес-конференција сакам да ја информирам јавноста дека информациите коишто ги споделив со вас за можната суспензија на ИПАРД 3 програмата се покажаа како точни, истакна пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски на денешната прес-конференција.. Тој нагласи дека „во петокот околу 16 часот, од страна на националниот координатор за авторизација преку механизмот за суспендирање на плаќања, е донесена и дистрибуирана до македонските власти ...
Научници од Универзитетот во Дарем учествуваат во создавањето на нов тип на камера која ќе помогне во потрагата по живот на планети надвор од нашиот Сончев систем. Истражувачите се дел од британски тим кој развива високо-резолуциска камера што ќе биде вградена во идниот телескоп на НАСА – Habitable Worlds Observatory (HWO), првиот во историјата наменет исклучиво за пронаоѓање Земјоподобни светови и анализа на нивните атмосфери. Професорот Ричард ...
Апсолутниот шампион во тешка категорија, Олександр Усик, се најде на петтото место на ранг-листата „Give Me Sport“ на најбогатите боксери на сите времиња. Богатството на Усик се проценува на 214 милиони долари. Првото место му припаѓа на Американецот Флојд Мејведер, со заработка од приближно 400 милиони долари. Второто место е за Саул Канело Алварез, со заработка од 300 милиони долари. Третото место му припадна на Џорџ Форман, исто така со 300 ...
Вчера, за време на јавен настап, министерката за образование, Весна Јаневска, во два или три наврати изрази незадоволство од комуникацијата на албански јазик на градоначалникот на Тетово, Билал Касами, со новинарите од медиумите на албански јазик. Наместо да се чувствува лошо што г-дин Касами зборува македонски како и албански, додека таа – и покрај тоа што живее во повеќејазична средина – не знае ниту еден збор на албански јазик, министерката ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ одговори на прашање за неговото можно пензионирање. – Низ целиот мој живот и кариера, секогаш имав план за неколку години однапред, што сакам и како да стигнам до таму. Откако ги постигнав апсолутно сите можни цели, ги споменав Олимписките игри во 2028 година затоа што сакам да играм уште многу години. Ако можам да се пензионирам на Олимписките игри под српското знаме, тоа би било одлично. Дали ќе можам да го ...
Од ноќеска на полноќ дизелот поскапува за еден денар, а бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за половина денар за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува, одлучи РКЕ. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,486 ден/кг и сега ќе изнесува 36,427 ден/кг. Според одлуката на Комисијата од полноќ бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 74,50 денари за литар, бензинот ЕУРОСУПЕР БС – ...
Месечината во Рак носи енергија на емпатија, грижа и топлина. Денес не трчај по резултати, трчај по мир. Потсети се дека домот не е само место, туку чувство. ♈ ОВЕН Денешната Месечина во Рак те повикува да се поврзеш со домот, семејството и внатрешниот мир. Можеш да почувствуваш блага сентименталност, но тоа е знак дека е време да го насочиш фокусот кон она што ти дава стабилност. Избегнувај импулсивни реакции — особено во комуникацијата со ...
По сударот на два воза што се случи вчера попладне во близина на градот Пезинок во Словачка, најмалку 79 лица завршија во болници, а најтешките повреди ги претрпеа три лица, имено повреди на градниот кош и стомакот, соопшти денеска Словачкиот центар за итни медицински операции. Судирот на возовите REX 1814, кој сообраќал од Нитра до Братислава, и Ex 620, кој сообраќал на линијата Кошице – Братислава, се случил околу 19:30 часот, кога еден од ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека до неколку граѓани, од страна на сторители кои лажно се претставуваат во име на директорот на Бирото за јавна безбедност, се упатени лажни покани во врска со наводна тековна истрага. Од Министерството посочуваат дека во пораките се даваат насоки за 24 часа да се оди до полициска станица или да се испрати повратен е-маил бидејќи наводно примачот на пораката е предмет на кривични истраги за низа ...
Ватикан поведе истрага против бискупот на Кадиза и Сеуте, Рафаел Зорноза, кој е обвинет дека повеќе пати сексуално злоупотребил тинејџер во 90-тите години од минатиот век, додека бил свештеник во Мадрид. Тоа е прв познат случај против шпански бискуп обвинет за педофилија. Жртвата летово испрати жалба, преку писмо адресирано до римската Дикастеријата за доктрина на верата, во кое ја опишал злоупотребата и побарал преземање мерки. Тинејџерот го ...
Во емисијата „Во Центар“ на Васко Ефтов, под наслов „Кои лоби групи сакаат да го сменат Венко Филипче“. Фрчкоски го спомна Пендаровски и рече: „Ме чуди тоа што мешетари Стево Пендаровски. Нема потреба од тоа. А мешетари без везе“, рече Фрчкоски. Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во објава на Фејсбук вели дека изјавата на Фрчкоски е целосно одлепена од реалноста и фактите и дека никогаш не мешетарел „Во врска со изјавата на Љубомир ...
Познатиот НБА тренер и играч Лени Вилкенс почина синоќа на 88-годишна возраст. Тој беше играч, тренер и член на „Куќата на славните“. За време на неговата 15-годишна играчка кариера, Вилкенс беше деветкратен НБА Ол-стар и двапати ја водеше лигата по број на асистенции. Беше играч-тренер четири сезони – три со Суперсоникс и една со Блејзерс – пред да се посвети на тренерската работа со полно работно време. Вилкенс ги предводеше Соникс до ...
Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје денеска се одржа свечена заклетва на 29-та класа питомци и слушатели од Курсот за офицери и штабни службеници. Заклетва положија вкупно 59 кандидати – 31 питомец и 28 слушатели. Дополнително, дел од Академијата ќе бидат и пет питомци од Босна и Херцеговина и двајца од Црна Гора. На свеченоста присуствуваа претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Силјановска – Давкова, ...
Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ги сподели своите впечатоци од победата на Големата награда на Бразил. Британецот стартуваше од пол-позицијата и заврши на првото место. За време на церемонијата на искачување на подиумот, публиката го исвирка. Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, заврши втор, додека Макс Верстапен од Ред Бул заврши трет. – Неверојатна трка! Ја посветувам оваа победа на еден од моите ментори, Жил де Феран. Викендот беше ...
Театри од Полска, САД, Хрватска, Англија, Бугарија и Македонија ќе учестуваат на најновото издание на „Битола Шекспир фестивал“. Од НУ Народен театар-Битола, домаќин и организатор на фестивалот информираа дека 11-то издание се совпаѓа со 14-ти ноември, денот на основањето на првиот македонски театар. -„Битола Шекспир фестивал“ ќе го отвориме со роденска премиера на шекспировата претстава „Макбет“ во режија на Сабо Иштван, наш гостин од Унгарија. ...
Од опозициската СДСМ реагираат дека растот на цените ја „јаде куповната моќ“ на граѓаните и дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо конкретно. – Последните податоци за инфлацијата потврдуваат дека, спротивно на уверувањата на власта, таа останува висока и ја јаде куповната моќ на граѓаните, се наведува во партиското соопштение. „Храната и безалкохолните пијалаци поскапеа за 7%, а платите и пензиите не го следат растот на трошоците за живот.“ ...
Шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, упати апел до американскиот претседател Доналд Трамп да ја преиспита одлуката за повлекување на Соединетите Американски Држави од оваа клучна здравствена агенција на Обединетите нации. Драстичните кратења на финансирањето и најавеното заминување на САД веќе го потресуваат глобалното јавно здравство, кое и онака е силно погодено по пандемијата, пишува Политико. Соочен со ...
„Храбриот нов театар“ е мотото под кое ќе се одржи 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, од 12 до 19 јуни 2026 година. Ова мото е поткрепено и со визуелен идентитет на фестивалот за кој и годинава се погрижи дизајнерката Ема Велковска, објавија од МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп. Ана Стојаноска, уметнички директор на фестивалот: „Насловот на денес култниот роман на Хаксли – „Храбриот нов ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на својот официјален Инстаграм профил објави дека разговарал по телефон со Дијана Хрка и со Угљеша Мрдиќ и ги замолил да го прекинат штрајкот со глад. „Утрово разговарав по телефон со г-ѓа Хрка и Угљеша Мрдиќ. Ги замолив да го прекинат штрајкот со глад, за да не си наштетат, за да имаат време за каква било политичка борба. Ја замолив г-ѓа Хрка да размисли и ја повикав во Претседателството на разговор“. ...