Белград
12ᴼ /
11ᴼ
До крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво, со пониски утрински температури, најавува УХМР. Утре ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе изнесува 4 степени, а максималната 16. Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд и слаб до умерен ветер од северен правец. ...
Инспекциските служби на Општина Центар спроведоа вонредни инспекциски надзори на плоштадот „Филип Втори“ и на влезот на Старата скопска чаршија, соопштуваат од Општина Центар. „При контролата беше утврдено постоење на повеќе диво поставени и заградени објекти. За истите се донесени решенија за нивно отстранување, во рок од 5 дена. Доколку сопствениците не ги отстранат објектите во наведениот рок, Општина Центар ќе пристапи кон нивно ...
Здружението на тениски професионалци (АТП) денес го ажурираше своето рангирање во поединечна конкуренција. Шпанецот Карлос Алкараз повторно стана играч број 1 во светот. Тој го престигна Италијанецот Јаник Синер, кој падна на второто место. Топ 10 на најновата АТП ранг-листа објавена на 10 ноември: 1 (2). Карлос Алкараз (Шпанија) – 11.050 бодови 2 (1). Јаник Синер (Италија) – 10.000 3 (3). Александар Зверев (Германија) – 4.960 4 (5). Новак ...
Долгометражниот филм „Ритам на животот“, плод на соработката на продукциски куќи од неколку земји, меѓу кои и „Круг филм“ од Скопје, освои три награди на 66 Филмски фестивал во Солун, каде што беше и премиерно прикажан, јави дописничката на МИА од Атина. Филмот доби две награди од публиката во категориите „Грчки филм“ и „Meet the Neighbors“, како и наградата „Crew United“. Главен продуцент на „Ритам на животот“ е грчката продукциска куќа „Соул ...
Поранешниот генерален секретар на ОН, Бан Ки-Мун, го повика Доналд Трамп да се врати во глобалните напори за борба против климатските промени. Белата куќа тврди дека „климатските цели“ ги „убиваат другите земји и ќе ја убиеја Америка“ доколку Трамп не интервенирал. Во интервју за Sky News пред климатските разговори на КОП30, кои почнуваат денеска во Бразил, Бан изјави: „На климатската криза не и гајле каде живеете – дали во Соединетите Држави, ...
Традиционалната изложба „Кумановски ликовни уметници 2025“ ќе биде отворена вечерва во уметничката галерија Куманово, соопштија надлежните од Националната установа Музеј Куманово. Ова е една од најстарите изложби и се одржува во чест на денот на ослободување на градот. Отворањето на изложбата е закажано за 19:30 часот. – Ова е нејзиното 69 издание на кое ќе се претстават творци кои живеат и работат во Куманово. Изложбата има долга традицијата ...
Украина воведе нови санкции врз осум високи функционери на Кремљ, вклучувајќи го и специјалниот пратеник Кирил Дмитриев, како и врз пет руски издавачки куќи за злосторства против Украина и Украинците, објави канцеларијата на претседателот Володимир Зеленски на 9 ноември, пренесува Кијив Индипендент. „Ќе се обратиме до Амазон и други продавачи за да престанат да ја продаваат литературата“ на издавачите, изјави шефот за санкции на Украина, ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска со објава на Фејсбук информира дека во Аланија, Турција ја примил Глобалната награда за дипломатија од Глобалниот совет за новинарство (GJC). Наградата на Гаши му била врачена од Мевлут Чавушоглу, актуелен пратеник и поранешен турски министер за надворешни работи. Гаши посочува дека наградата е признание за посветеноста на Собранието за зајакнување на парламентарната дипломатија, транспарентноста ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски најави дека Украина планира да нарача 27 системи за противвоздушна одбрана Патриот од американски производители, со цел да ја зајакне одбраната на земјата. Тој во интервју за Гардијан истакна дека европските земји би можеле да му ги испратат на Кијив системите Патриот што ги имаат. Зеленски истакна дека рускиот претседател Владимир Путин наредува „терористички напади“ врз енергетскиот систем на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа на неговата социјална мрежа Truth Social ги оцени новинарите на британската телевизиска мрежа Би-Би-Си како „корумпирани“ по соопштението за оставките на генералниот директор и уредничката на информативната програма, кои биле вмешани во контроверзна монтажа на еден од неговите говори. – Највисоките луѓе во Би-Би-Си, вклучувајќи го и Тим Дејви, шефот, сите даваат отказ/се отпуштат, бидејќи беа фатени ...
Американските сенатори постигнаа привремен договор со кој ќе се стави крај на парализата на буџетот што блокираше дел од јавните услуги рекордни 40 дена, јавија неколку медиуми. Републиканците и демократите во Сенатот се согласија да ја финансираат владата до јануари, јавија Си-Ен-Ен и Фокс Њуз. Мерката веднаш беше ставена на гласање, очигледно со поддршка од доволен број демократи, а текстот потоа ќе биде проследен до Претставничкиот дом. ...
Традиционални грчки и модерни мелодии подготвува младинскиот хор од Солун за настапот во Скопје следната сабота, што воедно ќе биде нивно прво претставување кај нас, а советникот по музичко образование во источен Солун, Андонис Константинидис во разговор со дописничката на МИА од Атина открива дека на концертот ќе присуствуваат и деца од Кочани. Концертот насловен „Wandering Echoes“ ќе се одржи на 15 ноември во малата сала на Македонската ...
Генералниот директор на Би-Би-Си, Тим Дејви, и извршната директорка на вестите, Дебора Тернес, поднесоа оставки по критиките дека документарецот на Би-Би-Си „Панорама“ ги довел во заблуда гледачите со монтажа на говор на американскиот претседател Доналд Трамп. Во својата оставка, Тим Дејви наведе: „Сакав да ве известам дека одлучив да го напуштам Би-Би-Си по 20 години. Ова е целосно моја одлука и останувам многу благодарен на претседателот и ...
Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо даде свое видување за настапот на тимот по два натпревара без голови. Реал вчера одигра 0:0 со Рајо Ваљекано во натпреварот на гости од 12. коло на шпанското фудбалско првенство. – Свесни сме за нашата ситуација. Треба да можеме да балансираме помеѓу добрите и тешките периоди. Сезоната е долга, очекувањата се огромни, но се справуваме со нив и се подготвуваме за нив. Второто полувреме од натпреварот можеше да ...
Астролошки хроники со Анаис Во секој знак се крие мелодија — вибрација што ја движи душата и телото на различна фреквенција. Некои ја слушаат низ зборови, некои низ ритам, а некои низ тишината меѓу двата такта. Во ова космичко издание на „Астролошки хроники со Анаис“, ќе ги откриеме светските пејачи што најдобро ја отелотворуваат енергијата на секој хороскопски знак. Ова не е само зодијачки водич, туку мал универзум на звуци, карактери и емоции ...
Чистење на резервоарот на вода во селото Рашче ќе се врши денеска поради што без вода ќе бидат населените места Рашче, Копаница и Бојане. Од „Водовод и канализација“ информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 до 13 часот. Исто така, поради водоводен приклучок на улицата „Христо Смирненски 13“ од 9 часот до завршување на интервенцијата без вода ќе бидат корисниците на дел од истата улица, поточно на потегот од Зур – Маркет до бул. ...
Апелацискиот суд во Париз денеска ќе одлучува дали поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор. Саркози е осуден на пет години затвор, а пред три недели беше упатен на извршување на казната, иако поднесе жалба на пресудата. Саркози е осуден дека за време на претседателската кампања во 2007 година добил нелегални средства од режимот на тогашниот либиски лидер Моамер Гадафи. Кривичниот суд во Париз не пронајде ...
Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Косово, амбасадорот Џерард Мекгурк, високо ја оцени работата на Централната изборна комисија (ЦИК) на Косово и на сите оние кои беа вклучени во организацијата на вториот круг од локалните избори во 18 од вкупно 38 општини. – Со затворањето на гласачките места за вториот круг од локалните избори, им честитам на претседателот на Централната изборна комисија, Крешник Радониќи и на сите кои учествуваа во управувањето и ...
Над четири и пол илјади тони отпад се собрани во акцијата за чистење на Скопје што ја почна новиот градононачалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски веднаш по преземањето на градоначалничката функција. Во изјава дадена вечерва на плоштадот „Македонија“ по изминувањето на 72 часа, Ѓорѓиевски рече дека акцијата е успешно реализирана и дека во неа биле вклучени над две и пол илјади работници. – Освен што беа чистени сите микролокации со контејнерите, ...
Ако ја следиме нишката на нашето потекло наназад, ќе стигнеме до ѕвездена експлозија. Сите атоми во нашите тела – јаглеродот во коските, железото во крвта, калциумот во забите – настанале во срцата на ѕвезди што умирале¹. Токму тие остатоци, распрснати низ милијарди светлосни години, се соединиле во формации што станале планети, океани, организми – и конечно, суштества што можат да размислуваат за тоа. Од таа перспектива, човекот не е надвор од ...
Коруптивните шеми и скандали на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во земјоделството ја доведуваат во прашање европската поддршка за реализација на ИПАРД-3 програмата, вредна 128 милиони евра, вели пратеникот од СДСМ Љупчо Николовски, на прес-конференција. Тој вели дека големиот скандал со директорот на Платежната агенција, Илија Стоилев, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, го докажува она на што постојано укажувавме, вистинската слика за ова владеење: држава заробена од ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски апелира случајот со директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој да се истражи докрај. Овој случај, според Трипуновски, е показател дека законите важат подеднакво и за сегашни и за поранешни функционери. Според Трипуновски, нема никаква загрозеност по ИПАРД средствата ниту по националните плаќања што ги имаме како држава. – Владата покажува ...
Демократската партија на Албанците вчера во Тетово го одржува Централното собрание. Членот на Централното претседателство на ДПА, Имер Алиу одговарајќи на новинарско прашање дали ќе станат дел од Владата, рече дека сè уште не добиле покана, но и дека нема да ја одбијат доколку добијат. Имери нагласи дека ќе почекаат да видат како ќе се развива ситуацијата во наредните денови. -Не, немаме добиено, но всушност нема да ја одбиеме поканата. Ќе ...
Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди денеска Јапонија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Епицентарот на земјотресот бил на отворено море, источно од островот Хоншу, на длабочина од 10 километри. Издадено е предупредување за опасност од цунами. Се очекува брегот на префектурата Ивате да биде погоден од бран висок еден метар. На граѓаните им е советувано да се оддалечат од брегот. Според ...
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски синоќа на неговиот официјален фејсбук-профил објави нови фотографии од акцијата за чистење на централното подрачје на главниот град, плоштадот „Македонија“ и кејот на реката Вардар. -Нашето убаво Скопје! Чисто и достоинствено!, напиша Ѓоргиевски на фејсбук. Акцијата „72 часа чисто Скопје“ што спектакуларно ја започна Ѓорѓиевски заедно со премиерот Мицкоски и градоначалниците на скопските оштинија почна ...
Три жени, на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи. Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ. Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред ...
Судијката на Окружниот суд на САД, Карин Имергут, донесе пресуда со која „трајно“ се забранува администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да распореди трупи од Националната гарда во Портланд, во сојузната држава Орегон. Во својата пресуда од 106 страници, судијката напиша дека судот утврдил оти „немало ниту побуна, ниту опасност од побуна“, ниту пак претседателот бил „онеспособен да ги спроведува законите на Соединетите Држави со ...
Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ Секое сознание е напад на интегритетот на битието. Колку е убаво да си расипан. И глуп. Снаодлив во времето на идиотите. Возач на камион за ѓубре кој по скопските улици парадира како Орешник или Бук на Црвениот плоштад во Москва. Пред Мицко. И Орце. Како Путин и Медведев. Јеботе бог. Затоа Македонецот бега од вистината за себе. По секоја цена. Но тој вид на одбрана е тешка самоизмама. Бидејки илузијата не сака да ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека до вторник претпладне ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во понеделник наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 литри на метар квадратен за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и суво, најавува УХМР. Најавените поројни и пообилни врнежи за денеска ќе бидат проследени со засилен ветер и услови ...
Македонски производители на земјоделски производи денеска се дел од Саемот на храна којшто под мотото „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“ се одржува во Скопје. На повеќе штандови, поставени во Градскиот парк, може да се вкусат квалитетни земјоделски производи од домашно производство од вино, природни сокови, мед, сирење, млеко од магаре…. – Овој саем ја отсликува македонската историја, место каде традицијата станува поблиску до ...