Во пресрет на крајот на изборната кампања, коалицијата Национална алијанса за интеграција објави откажување на сите активности планирани за претседателот Али Ахмети во петок, со цел тој да учествува на утрешниот протест во Тирана за поддршка на лидерите на поранешната ОВК. Опишувајќи го ова како „чин на национална солидарност и сеќавање на жртвата што ја донесе слободата“, портпаролот на ДУИ, Арбер Адеми рече дека партијата ја затвора долгата ...

„СДСМ бараше минималната плата да се зголеми на 500 евра, но Мицкоски и неговата влада тоа не го прифатија,“ изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на граѓанската трибина во Маврово и Ростуше. Тој истакна дека владата на ВМРО-ДПМНЕ ги игнорираат предлозите што директно влијаат врз стандардот на граѓаните, а резултатот е стагнација на платите и намалување на куповната моќ. „Премиерот Мицкоски мисли дека во Македонија може добро да се ...

Октомври продолжува да носи динамични астрофинансиски можности, а 20-от ден од месецот се издвојува како особено поволен за два хороскопски знака. Рибите и Лавовите се вистински среќници кога станува збор за финансиите! До крајот на октомври би можеле да почувствуваат конкретни материјални придобивки и нови можности за професионален раст. Еве што им предвидуваат ѕвездите. Риби За Рибите, од 20 октомври, па се до крајот на месецот, носи јасен ...

Оваа објава расплака многумина на социјалните мрежи. Внуката на Владимир Блажев-Панчо, Мина Блажев, сподели неколку фотографии и порака со која расплака многумина. Во својата емотивна објава таа му се обрати на Панчо, а на нејзините зборови никој не можеше да остане рамнодушен. Инстаграм/ Мина Блажев Мина сподели и неколку фотографии на кои е и Панчо, а во пораката напиша дека тој не може без неговата екипа, па решил повторно да им се ...

Пред точно осумнаесет години, на денешен ден, 16 октомври 2007 година, Македонија и целиот регион беше потресен од веста дека во страшна сообраќајна несреќа животот го загуби нашиот Тоше Проески, македонската музичка легенда која имаше само 26 години. Тоше зад себе остави бројни хитови кои и денес живеат меѓу луѓето што го сакаа. Само неколку часа пред трагедијата, тој го даде своето последен интервју, во кое, за првпат, откри дека се ...

Песната „Ако утре ме нема“ отсекогаш била една од најемотивните балади на дуото „ДНК“, но по трагичната смрт на Владимир Блажев – Панчо и неговиот колега Андреј Ѓорѓиески, нејзините зборови добија сосема ново значење. Денес, стиховите на оваа песна звучат како болна најава на судбината која подоцна ќе ги спои двајцата музичари на небото. Во едно свое интервју, Панчо зборуваше за тоа како настанала песната – зборови што денес, со потресна ...

Милорад Цаиќ – Цајо, едно од најпознатите имиња на скопската урбана сцена, човек кој зад себе има десетици модни, музички и забавни проекти, сподели емотивна објава посветена на своите поранешни соработници и пријатели – Панчо и Андреј од легендарното дуо „ДНК“. Во својот статус, Цајо се потсети на деновите кога токму тој бил нивни прв менаџер, во времето кога сè уште настапувале одделно – Андреј во „ТНТ“, а Панчо во „ОК бенд“. Нивната ...

Македонската пејачка Теа Трајковска, која беше една од најблиските пријателки и соработнички на Владимир Блажев – Панчо, се прости од него со потресна порака објавена на социјалните мрежи. Панчо, еден од најпрепознатливите членови на дуото ДНК, на 14 октомври ја изгуби битката за живот по седум месеци болничко лекување од тешките повреди здобиени во пожарот во Кочани. Нивната музичка соработка започна со песната „Рушевини“, а од тој момент ...

Жена од Скопје на социјалните мрежи попладнево објави дека паднало големо парче ламарина од зграда на која се работи на тротоар и велосипедска патека на скопскиот булевар „Илинден“. „Ало Скопје? Можеме ли безбедно да се движиме без да се плашиме за сопствениот живот? Колку жртви се потребни за да се стави некој ред на сите случувања околу нас? Една минута пред да падне овој лимов поминав од тука и немаше ниту луѓе, ниту некаков знак дека ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека по локалните избори нема да се одржат предвремени парламентарни избори и најавува дека фокусот ќе биде на расчистување во судството и во обвинителството и одговорност од сите што ја злоупотребиле власта од т.н. „црна коалиција на СДСМ, ДУИ и Левица“. Предвремени избори ќе нема, имаме стабилна коалициска влада, која функционира одлично, изјави денеска Николоски, при посетата ...

Полицијата од Тетово вчера попладне го приведе М.М. (28) од селото Челопек, по пријава дека во Клиничката болница во Тетово агресивно се однесувал кон медицинскиот персонал и физички го нападнал Л.А. (31) од село Желино, лекар кој се обидувал да му укаже лекарска помош. Според МВР, по пристигнувањето на полицијата, осомничениот продолжил со агресивното однесување и нападнал и еден од полициските службеници. М.М. е задржан во полициска ...

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Прилеп, Борче Чупетрески, денеска јавно објави писмена изјава заверена кај нотар, со која официјално се откажува од платата и сите надоместоци што законски му следуваат доколку ја извршува функцијата градоначалник. „Мене со пари не ме купувате. Во животот сум имал и премногу и премалку, но секогаш сум имал достоинство и чест. Како човек на морал и принципи, изјавувам дека нема да работам за ...

Ако само се „разлиста“ фејсбук-профилот на Владимир Блажев – Панчо, прво што паѓа в очи се бројните хуманитарни акции и повици кон луѓе „завртете на овој број“ за да се помогне некому кој е во неволја, или кој е болен. Добрина, и насекаде добрина и хуманост! Но, неколку објави наведуваат да се замислиме и колкумина, покрај добрината и искреноста што ја ширел, не му возвраќале баш со иста мера. На пример, на почетокот на март, Панчо напишал: ...

По иницијатива на граѓани на Штип, преку социјалните мрежи беше споделен евент со повик за вечерва, 15-ти октомври 2025 година, да се организира настан на градскиот плоштад „Слобода“ во чест на Панчо, половина од легендарното македонско дуо ДНК, кој трагично почина вчера и ги скрши срцата на илјадници фанови. На овој емоционален настан, сите кои сакаат да ја оддадат својата почит, ќе имаат прилика да се соберат во 20:00 часот и да го ...

Бенџо живее кај хотелот на Халид и беше многу поврзан со пејачот. Смртта на Халид Бешлиќ го растажи целиот регион, а покрај семејството и пријателите за него тагува и неговото куче. Како што пренесуваат медиумите, домашниот миленик на познатиот пејач одбива да јаде по погребот и тагува за својот газда. Принтскрин/ Јутуб „Бенџо ништо не јаде. Кучето на Халид“, напиша еден корисник на ТикТок и со оваа објава предизвика бура од реакции. За ...

Тажната вест за смртта на Панчо го растажи регионот И денес на социјалните мрежи можат да се прочитаат тажни пораки со кои многумина се збогуваат од пејачот Владимир Блажев-Панчо, еден од фронтмените на групата ДНК. Во страшната несреќа што се случи на 16 март во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани згаснаа животите на 63 лица. Инстаграм Таа кобна ноќ ДНК имаше настап, а покрај Панчо кој по седум месеци тешка борба им подлегна на повредите загина ...

Тажна вест што го потресе регионот Целиот регион се сеќава на страшниот пожар што се случи во ноќниот-клуб во Кочани кога згаснаа животите на 62 млади лица, а вчера животот го загуби и Владимир Блажев Панчо, седум месеци по несреќата. Панчо почина во болницата Систина каде се лекуваше по несреќата, но за жал, по седум месечна борба, им подлегна на повредите. Принтскрин/ Јутуб, ДНК – Животе брате Покрај големите хитови кои што ќе останат ...

И додека многумина се надеваа дека ќе оздрави, пејачот Владимир Блажев Панчо, почина во 46 година од животот. Пејачот и еден од фронтмените на ДНК, Владимир Блажев Панчо, почина по седум месец борба за живот. Познатиот музичар по повредите со кои се здоби во пожарот во ноќниот-клуб „Пулс“ во Кочани беше сместен во една приватна клиника, но за жал им подлегна на повредите. Докторите цело време се бореа за неговиот живот, но, за жал, Панчо, ја ...

Малата Нефес Вејселова е девојче кое треба да ужива во своето детство, да игра и да расте безгрижно. Но, нејзиниот живот денес е исполнет со болка и неизвесност. На ова преслатко шестгодишно девојченце му е дијагностициран тумор на мозокот, а единствениот начин да добие шанса за здрав и нормален живот е итна операција во Турција. Според протоколот издаден од Градската болница „Анкара Билкент“, на Нефес ѝ е потребна хируршка интервенција – ...

Владимир Блажев – Панчо беше основач на Sure Shotz, екипа која веќе две децении активно ја негува и промовира хипхоп-музиката. Тие се огласија на социјалните мрежи изразувајќи ја својата благодарност за се’ што има направено за музичката сцена. „Со длабока тага ве известуваме дека утрово не напушти Панчо, нашиот ментор, другар и постар брат. Како екипа сме му бескрајно благодарни за се’ што има направено за нас и за сцената, и ветуваме дека ...

Познатата актерка Весна Петрушевска, една од бројните блиски пријатели на Панчо, на својот Инстаграм-профил со емотивна видеообјава се прости од својот колега и драг пријател, кој по седум месеци борба подлегна на повредите. Весна, видно потресена во видеото, сподели трогателни зборови во негова чест: „Отиде и Панчо… го обвинивме, а беше невин. Сам си ја сакаше својата работа. Трчаше, како сите нас, за парче леб во оваа наша земја. Работеше ...

Сопругата на Владимир Блажев – Панчо од дуото „ДНК“, Маја, се прости од него со потресна порака што ја растажи целата јавност. „Не се договоривме вака, душо моја, љубов моја, живот мој. Ме скрши на милион парчиња“, напиша таа на социјалните мрежи. Панчо и Маја ја крунисаа својата љубов на 2 октомври 2013 година во Скопје, избирајќи оригинален и длабоко симболичен начин да си се ветат еден на друг. Наместо да разменат класични бурми, тие ...

Бројни колеги, пријатели и соработници на социјалните мрежи се простуваат од Владимир Блажев – Панчо, кој денеска почина откако им подлегна на тешките повреди здобиени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Меѓу нив е и Каролина Гочева, која со емотивна објава на својот Инстаграм-профил му упати последен поздрав на својот долгогодишен пријател. Пејачката објави заедничка фотографија со Панчо и напиша: „Пане мој, другар и брат, срце ...

По смртта на Владимир Блажев – Панчо, членот на познатото дуо „ДНК“, со емотивна порака на социјалните мрежи се прости и инфлуенсерката Миа Костова, која важеше за негова блиска пријателка. На својот Инстаграм-профил, Миа објави кратка, но длабоко трогателна порака: „Џуџе, широко небо. Се измори, пејте заедно.“ Набргу потоа сподели и втора објава во која напиша: „Широко небо, Панчо. Не наоѓам зборови, џуџе… мислев нема да се дадеш.“ Миа ...

Македонската пејачка Елена Ристеска преку социјалните мрежи упати потресна и емотивна порака за смртта на нејзиниот долгогодишен пријател и колега, Владимир Блажев – Панчо. Ристеска изрази неверување и длабока тага, велејќи дека се чувствува скршена. „Ах бре Пане, ме скрши на милион парчиња! Не стигнав да ти кажам колку те сакам, а си замина!!! Останаа недоречени многу работи! Не знаев дека волку ќе боли како за роден брат! Ми беше брат кој ...

По страшната вест која денес одекна низ целата држава, дека нѐ напушти и Панчо од ДНК, бројни пријатели на музичарот, познати и непознати за јавноста, се простуваат од својот другар, соработник, сакан музичар, на социјалните мрежи. Секоја порака пече, боли. Боли заминувањето на млад и толку талентиран човек од нашето поднебје, од нашето соседство. Во низата зборови на збогувања, в очи ни падна „писменцето“ на Лила Стојановска, проследено со ...

Тажна вест денес ја растажи цела Македонија, посебно најблиските, но и неговите пријатели и фанови. Трагичната вест дека почина Владимир Блажев-Панчо, од групата ДНК, денес ги растажи сите оние што го познаваа, но и неговите бројни обожаватели што ја почитуваа и слушаа неговата музика. Панчо кој беше еден од членовите на ДНК почина во една приватна скопска клиника, каде се лекуваше скоро седум месеци. Принтскрин/ Инстаграм Тој беше еден од ...

На 13 октомври 2003 година, Македонија се прости со еден од своите највеличествени уметници, Ѓорѓи Колозов. Неговото име засекогаш остана врежано со златни букви во македонската културна историја. Со неоспорлива харизма, извонреден талент и исклучителна човечност, Колозов беше и останува синоним за вистинска уметничка големина и народен омиленик. Роден во живописното Богданци на 26 февруари 1948 година, Ѓорѓи Колозов уште од најрана возраст ...

Контроверзниот македонски шоумен Бојан Јовановски попознат како Боки 13 не престанува да ја „шокира“ јавноста. Откако деновиве беше осуден за „измама“ и „перење пари“, и тоа на пет години затвор, тој се огласи на социјалните мрежи. И тоа со најава за неговиот најнов документарен филм „Рекет“ за кој најави и прес-конференција на 15 октомври. „Почитувани медиуми, почитувана јавност, Ве покануваме на ден 15.10.2025 во 20ч во хотел Хилтон на ...

Младата пејачка Тијана Периќ зборуваше искрено за Гламур во нашата најнова емисија „Кафе муабети“ за својата последна песна „Само мој“, но откри детали и од нејзиниот љубовен живот. Тијана ја спомна и трагедијата што и се случи на Македонија, кога во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани, на концертот на ДНК, се случи пожар што однесе многу млади животи. Имено, Тијана се присети на последната средба со Сара Пројковска, која кобната вечер настапуваше ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
76%
998
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
9.26
61%
997
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
92%
996
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
7.2
87%
1000
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.79
100%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
97%
996
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
4.47
87%
1001
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
4.12
58%
997
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
3.6
71%
999
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 6ᴼ
5.81
96%
1001
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
7.2
87%
998
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
5.14
66%
1005
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Алуминиум

3.09

Калај

48.78

Платина

83354.78

Родиум

339994.14

Злато

157561.16

Бакар

12.12

Рутениум

45750.51

Паладиум

55781.55

Иридиум

221848.72

Сребро

2733.78

Цинк

3.29

Кобалт

64.04