СЛУШНИ ЈА ВЕСТА (создадено со вештачка интелигенција) Премиерот Христијан Мицкоски денеска во одговор на новинарско прашање кога ќе се официјализира коалицијата со владините партнери ЗНАМ и со ВРЕДИ и како ќе настапат на локалните избори, одговори дека разговорите се конструктивни и оти очекува процесот да се финализира во втората половина на август. -Што се однесува до настапот на локалните избори, разговорите се исклучително конструктивни, ...

Во рамки на предметот „Синдром“, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен предлог против 36 лица, осомничени за серија кривични дела поврзани со незаконско посредување за добивање права на туѓа нега и инвалидска пензија по цена од 150 до 5000 евра. Обвинетите, меѓу кои има лекари, адвокат и службени лица, делувале преку две организирани криминални групи, злоупотребувајќи ја својата ...

СЛУШНИ ЈА ВЕСТА (создадено со вештачка интелигенција) Владата на денешната седница го усвои предлог законот за изменување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со што следи покачување на пензиите, соопшти владината прес-служба. Пензиите ќе пораснат во два наврати по илјада денари, во месеците септември (исплата на први октомври) и во март наредната година (исплата на први април). „Ова значи дека пензиите ќе пораснат за нови две ...

Имајќи го предвид кумулативниот ефект на продолжениот топлотен бран, Владата ја усвои информацијата и издаде препораки до работодавачите кои важат од 23.07 до 26.07, со кои се препорачува ослободување од работни обврски за бремени жени и лица постари од 60 години, Како што информирата од Влада со оваа мерка се овозможува и работа од далечина, флексибилно и двократно работно време каде што е изводливо. Претходно, Министерството за здравство ја ...

СЛУШНИ ЈА ВЕСТА (создадено со вештачка интелигенција) Во летните месеци, високите температури значително го забрзуваат расипувањето на храната, што го зголемува ризикот од труење. Посебна внимателност е потребна при купување, складирање и подготовка на лесно расипливи продукти, како месо, млеко, јајца, риба и готови јадења. Стручните лица препорачуваат храна да се купува исклучиво од проверени продажни места. Важно е да се внимава на ...

Вредноста на синдикалната минимална кошница за четиричлено домаќинство за месец јули 2025 година изнесува 65.328 денари, што е зголемување од 630 денари во однос на јуни 2025 (64.698 денари), соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Доколку во пресметката се вклучи изнајмување стан од 60 квадратни метри, вредноста на кошницата за јули достигнува 80.703 денари. Храна и пијалаци Вредноста на синдикалната минимална кошница за храна и ...

СЛУШНИ ЈА ВЕСТА (создадено со вештачка интелигенција) Општина Гостивар известува дека вечерва, на 21 јули 2025 година, во соработка со овластената фирма ДПТУ „ПРОНТТО“ ДООЕЛ, ќе се спроведе терестичка адултицидна дезинсекција на целото подрачје на општината, со цел уништување на возрасни форми на комарци и други штетници. Акцијата ќе започне по 23:00 часот и ќе трае до раните утрински часови. Интервенцијата ќе се изведува согласно однапред ...

На 20 јули 2025 година, околу 18 часот, во Полициската станица во Гостивар било пријавено дека при интервенција на пожар во атарот на селото Форино, пожарникар бил вербално нападнат од непознато лице. Според пријавата, лицето Л.А. (33) од село Чегране, вработен во Територијалната противпожарна единица – Гостивар, околу 15 часот заедно со колеги интервенирал на терен за гасење на пожар, кога им се доближило непознато лице, старо околу 60 ...

СЛУШНИ ЈА ВЕСТА (создадено со вештачка интелигенција) Земјоделските производители да ги наводнуваат културите, особено пролетните, окопните и индустриските, зашто високите температури значително влијаат на нивото на влагата во почвата, предупредуваат агрометеоролозите. Топлото време, посебно најавениот бран со над 40 степени што се најавува за претстојната недела ќе се одрази, велат, и врз повеќегодишните растенија кај кои резервите на вода и ...

СЛУШНИ ЈА ВЕСТА (создадено со вештачка интелигенција) Гостивар и земјава ќе бидат зафатени од интензивен топлотен бран во текот на работна недела пред нас, при што се очекуваат дневни температури од 36 до 39 степени Целзиусови, со минимални ноќни вредности околу 19–20 степени. Управата за хидрометеоролошки работи издаде портокалово предупредување за регионот. Неделата започнува жешко – во понеделник и вторник температурата ќе се искачи до 38 ...

СЛУШНИ ЈА ВЕСТА (создадено со вештачка интелигенција) Говорејќи за успешни и долготрајни врски, многумина велат: Сè додека постои љубов, сè друго – секоја пречка може да се надмине. Но, во реалноста, многу врски што започнале со голема страст и искрени чувства – не преживуваат. Порталот „Индекс“ прашува: Зошто? Според бројни терапевти и советници за врски, постои еден фундаментален елемент што често е поважен во среќната врска, и од самата ...

СЛУШНИ ЈА ВЕСТА (создадено со вештачка интелигенција) Легендарниот италијански репрезентативец Кристијан Виери, коментирајќи го трансферот на Лука Модриќ во Милан, истакна дека искуството и квалитетот на хрватскиот фудбалер се непроценливо богатство за секој клуб. „Во Италија, фудбалер од неговата класа може да одигра 40 натпревари со цигара во уста“, рече 52-годишниот Виери за весникот „Кориере дела Сера“. Модриќ ќе го прослави својот 40 ...

Ноќеска 30 минути после полноќ на улицата „Живко Брајкоски“ во Гостивар, полициски службеници од полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар, го лишиле од слобода Н.М.(54) од Гостивар кој управувал патничко моторно возило „Цитроен“ со скопски регистерски таблици, под дејство на алкохол, односно со утврдени 1,77 промили алкохол во крвта, информира СВР Тетово. Н.М. е задржан во полициска станица и по документирање на ...

Во лето, многу луѓе не сакаат да подготвуваат специфични оброци кои бараат многу време. Ако сте еден од нив, шакшуката е идеална опција бидејќи е брза за подготовка и во исто време хранлива. Тоа е јадење кое станува сè попопуларно на социјалните мрежи, а главните состојки се доматен сос и јајца. Потребни состојки: Подготовка: Во големо тавче, загрејте го маслото, додадете го сечканиот црвен кромид и пржете две минути. Потоа додадете ја ...

СЛУШНИ ЈА ВЕСТА (создадено со вештачка интелигенција) Во хрватската општина Врлика е потврден случај на антракс, а надлежните институции спроведуваат мерки кои опфаќаат задолжителна вакцинација на добитокот, а луѓето кои биле во контакт со него ќе примат антибиотик, соопштено e на вонредна прес-конференција во Загреб. Месото од животните од фармите каде е заразен добиток не смее да се консумира, пренесуваат хрватските медиуми. Хрватскиот ...

Во светот на слатките, малку производи предизвикуваат толку спротивставени мислења како бонбоните од сладунец. За едни тие се уникатно гастрономско уживање, за други – неподнослив вкус од кој бегаат со години. Но, што всушност е сладунецот и зошто предизвикува толку силни реакции? Сладунецот се добива од коренот на растението Glycyrrhiza glabra, познато по природниот засладувач глициризин – супстанца 50 пати послатка од шеќерот, со ...

Вчера (19-ти јули) во 14 и 50 часот во СВР Тетово, 20 годишниот Х.Х. од Косово со привремена адреса на живеење во Гостивар, пријавил дека од 16-ти јули до пријавувањето, на неговиот мобилен телефон му стигнувале пораки дека преку неговата банкарска картичка биле извршени трансакции при онлајн плаќања кои истиот не ги извршил и дека при злоупотреба на неговите трансакциски податоци бил оштетен со парични средства во износ од 750 долари. ...

СЛУШНИ ЈА ВЕСТА (создадено со вештачка интелигенција) СВР Тетово информира дека вчера (18-ти јули) година во 16 и 25 часот од Ургентниот центар Гостивар е пријавено дека кај нив е донесено повредено лице при работа. Постапувајќи по пријавата констатирано е дека се работи за странски државјанин од Албанија, К.Ф.(25 години) кој работејќи во село Форино со дрва, се здобил со тешка телесна повреда. Поради карактерот на повредите истиот е ...

СЛУШНИ ЈА ВЕСТА (создадено со вештачка интелигенција) Сокот од лимон одамна се смета за природно добро кое не само што го освежува телото, туку и нуди низа здравствени придобивки. Иако е силно кисел и често се користи како додаток во пијалаци и јадења, свежо исцедениот лимонов сок е вистинска ризница на корисни хранливи материи. Доволно е да се додаде мала количина лимон во вода, и веќе добивате напиток кој може да го поддржи варењето, ...

Летово носи, меѓу другото, и нови правила на популарните европски туристички дестинации. Оваа сезона, на пр. Портофино во Италија и Албуфеира во Португалија воведоа низа забрани за одење бос, пиење алкохол на улиците, јавна голотија, „пикник“ и друго, сѐ тоа со високи казни за прекршителите. Малото крајбрежно гратче Портофино на италијанската ривиера, познато по луксузните јахти и гламур, одлучи да забрани цела низа однесувања што до неодамна ...

СЛУШНИ ЈА ВЕСТА (создадено со вештачка интелигенција) Со недостиг на медицински сестри се соочуваат земјите од регионот, меѓу кои и Македонија, но и дел од другите европски земји… Унијата на здруженијата на медицинските сестри, акушерки, стоматолошки сестри предводени од Здружението „За нас“ апелира да се отворат конкурси за вработување медицински сестри, бидејќи недостигаат 6 илјади. Од Министерството за здравство за МИА информираат дека во ...

Вчера (18-ти јули) во 17 часот и 55 минути во СВР Тетово, В.А. од село Железна Река гостиварско, пријавил пожар во неговата куќа во селото. Веднаш било постапено по пријавата и било констатирано дека во пожарот биле опожарени куќа сопственост на М.М. и плевна сопственост на Д.М. кои во целост биле изгорени, информира полицијата. Повредени лица нема, а пожарот бил локализиран од противпожарната единица на Гостивар. Увид на лице место извршила ...

СЛУШНИ ЈА ВЕСТА (создадено со вештачка интелигенција) Во последно време, ChatGPT стана еден од најкористените дигитални алатки за работа, учење и секојдневно информирање. Благодарение на својата способност да одговара на прашања од различни области – од програмирање до историја и финанси – луѓето сè почесто го вклучуваат во својата рутина. Податоците собрани од аналитички компании откриваат кои теми се најчести и зошто корисниците го избираат ...

СЛУШНИ ЈА ВЕСТА (создадено со вештачка интелигенција) Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На Табановце времето на чекање е 35 минути, на преминот Дојран време на чекање е 15-25 минути, а на Богородица времето на чекање за влез е 15 минути, а за излез од државата времето на чекање е 45 минути. На останатите гранични премини ...

Вчера (17.07.2025г.) во 21.34 часот во Полициската станица Гостивар е пријавено дека на ул.„Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, патничко возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Џ.И.(33) од Форино, гостиварско, со престој во Швајцарија, удрило во малолетен пешак од Гостивар. „Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.“, ...

СЛУШНИ ЈА ВЕСТА (создадено со вештачка интелигенција) Под влијание на топла воздушна маса од југ, од утре следува период на сончево и многу топло време со мала до умерена облачност, соопшти УХМР. Особено топло време се очекува во текот на следната работна седмица, кога дневната температура насекаде ќе биде над 30, на повеќе места ќе надминува 35, а наместа ќе биде и над 40 степени. Престојување во затворени, разладени простории, особено во ...

Норвешка, земја со богати нафтени резерви, продолжува да ги руши рекордите во електрификацијата на патниот сообраќај. Според последните податоци, електричните автомобили сочинуваат повеќе од 93 проценти од сите нови возила продадени во 2025 година, објави Норвешката администрација за јавни патишта. Главниот град Осло предничи во трендот, каде што речиси секое второ патничко возило е целосно електрично. Овој импресивен раст е резултат на ...

СЛУШНИ ЈА ВЕСТА (создадено со вештачка интелигенција) „Македонско најдобро“ е новата кампања преку која Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе се обиде да го зајакне и зголеми производството на домашни земјоделски производи, да ја подигне свеста за квалитетот и автентичноста на овие производи и да обезбеди полесен пристап на граѓаните до овие производи. Кампањата започнува со видео запис којшто денеска беше промовиран ...

СЛУШНИ ЈА ВЕСТА (создадено со вештачка интелигенција) Возниот парк на Јавното претпријатие „Комуналец“ Гостивар се подновува со механизација која ќе се користи за одржување на јавната хигиена. Како што информираа од Општината Гостивар за потребите на претпријатието обезбеден е нов камион, и веќе е направено негово примо-предавање, а нарачани се уште два. „Градоначалникот Ваљбон Лимани и директорката Арта Асани, при примо-предавањето, ...

Синоќа во Гостивар беше означен почетокот на Future Open Air Festival на класична, џез и експериментална музика, кој ќе трае три дена. Фестивалот повторно се организира по околу 20 години пауза, а сцената е поставена во Летниот амфитеатар покрај Вардар. „Во текот на три возбудливи дена ќе се нурнеме во прекрасните звуци на познати уметници и млади гостиварски таленти. Овој мал, но убав амфитеатар-еден од симболите на нашиот град овде покрај ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
68%
1015
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
3.13
55%
1014
weather icon

Загреб

18ᴼ / 17ᴼ
4.12
68%
1012
weather icon

Софија

19ᴼ / 17ᴼ
1.54
43%
1016
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
1.42
69%
1014
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
4.63
61%
1011
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
2.68
39%
1017
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
4.63
35%
1016
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
35%
1016
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
3.6
39%
1014
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 16ᴼ
4.63
77%
1013
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
52%
1017
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.946

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Сребро

2534.46

Рутениум

51376.89

Платина

66744.95

Злато

152465.86

Бакар

12.46

Калај

52.70

Родиум

319899.93

Алуминиум

3.53

Паладиум

49351.40

Кобалт

45.39