При археолошките ископувања на Помпеја, Италија кои се одвиваа во последниве 12 месеци, откриени се исклучително добро сочувани сцени од Тројанската војна. Претставите на Парис и Елена од Троја, Аполон и Касандра, Леда со лебедот се прикажани на неверојатните фрески кои ги сокриле и сочувале лавата и пепелта од вулканот, пишува Би-би-си. Археолозите веруваат дека сцените со мотиви од Тројанската војна, на фреските во една трпезарија се некои ...

Според мене е несериозно да не излегува човек да гласа, но некогаш неминовно доаѓа до такви периоди и квазиапатични ситуации во демократија. Мислам дека соседите наши ги имаат поминато тие болести. Не знам кај нас дали се поминати, но мислам дека не – рече писателот Дарко Лешоски во утринската емисија „Слободен печат“ во соработка со ЦИВИЛ Медиа и Трн.мк. Тој додаде дека човекот мора самиот пред себе да биде чист и да излезе и да рече: ова е ...

Стотици деца питаат по улиците на главниот град и во внатрешноста на Северна Македонија. Дневните центри за згрижување на деца, чија цел е да се сузбие питањето, се преполни, но уште поголема е бројката на деца кои и понатаму се злоупотребуваат од страна на постарите, за питање, миење возила или продавање дребуии по улиците. Не може да се утврди точната бројка за децата на улица, бидејќи надлежните институции располагаат со различни податоци. ...

Во глобала во Универзала сала изгореа елементи кои што требаше да бидат дислоцирани од објектот. Се што беше вредно и за во музеј и за да се искористи, беше извадено уште во 2021 година од салата. Таму останаа стари материјали како иверица, стар челик и стар алиминиум, изјави денеска Лазар Арсовски, сопственик на компанијата која ја вршеше реконструкцијата на Универзалната сала, по средбата во Министерството за култура. Според него, сега ...

Откако минатиот викенд во црквата „Св. Софија“ во Охрид, за празникот Благовештение на Пресвета Богородица, беше отслужена Литургија по повод Третата недела од Великиот пост, заедно со Митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, Митрополитот на Имврос и Тенедос Кирил, во интервју за 360 степени изјави дека тоа што го добивме од Србија е лажен томос и е срам за Црквата. Митрополитот на Имврос и Тенедос, г. Кирил, десна рака на вселенскиот ...

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов го посетил повредениот 61-годишен Цане Србиновски, жител на село Дреновци во Општина Долнени, кој во неделата беше нападнат од мечка на планината Мукос, на месноста „Сеча“, во поширокот атар на селото Оморани на територија на Општина Чашка, соопшти ЦУК. Во разговорот со Ангелов, Србиновски детално раскажал како го нападнала мечката, како се чувствувал и какви повреди добил. ...

36. издание на Саемот на книга, кое годинава се одбележува под мотото „Приказна се чита“, повторно ќе се одржи во арената Борис Трајковски во периодот од 18 до 24 април. Во текот на седумте саемски денови посетителите ќе можат да си одберат книги од богатата понуда на домашни и странски автори од преку 60 издавачки куќи од Македонија и регионот, а ќе имаат можност и да присуствуваат на преку 30-те промоции на нови книги и автори, во рамките ...

По пожарот во Универзална сала, екипата на „Внимание, внимание“, ги прашува скопјани, дали пожарот можеше да се спречи ако Универзална беше реконструирана на време? Повеќето граѓани дадоа потврден одговор, како и на прашањето дали сметате дека реконструкцијата на Универзална треба да продолжи веднаш. „Треба да се процени што од тоа треба да се отстрани, да се отстрани веднаш, и да се реконструира, и конечно да се врати Универзална сала во ...

По објавувањето на сторијата за Чопер на Мета.мк, во 1 часот наутро ни пишаа луѓе кои нè известија дека кучето се наоѓа кај нив, во населбата Шуто Оризари. Тие ни рекоа дека го нашле како талка по скопските улици и дека веќе неколку дена се грижат за него. Со наше посредство, во 2 часот утринава, неговите сопственици успеаја да си го земат Чопер и сега тој конечно ќе може да отпатува заедно со нив во Германија, бидејќи веќе ги поседува сите ...

Британскиот премиер Риши Сунак се најде на удар на британската јавност поради патиките кои ги носеше за време на едно интервју. Зборуваше за фискалната политика и политиката за заштита на децата, но тоа беше ставено во втор план поради неговиот моден избор. Имено, тој се одлучи за моделот на патики Adidas Samba. Многу граѓани на социјалните мрежи се изјаснија дека залудно се обидува да им се додвори носејќи патики кои вообичаено ги купуваат ...

Данка Илиќ од Бор, девојче кое немало ни две години, е убиено на 26 март 2024 година во Бањско Поље. Нејзиното тело се уште не е пронајдено! Срѓан Јанковиќ (50) и Дејан Драгијевиќ (50) се осомничени за злосторство против дете на кое Србија сè уште не памети. Тие во полиција го признаа делото, но одбраната во Вишото јавно обвинителство Заечар ја изнесе само Дејан. Според одлуката на судот и на двајцата им е одредена мерка притвор до 30 дена. ...

Повеќе детали поради истрагата која е во тек не се откриваат. Министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска посочи дека надлежните работат на расчистување на случајот, а дотогаш побара да не се излегува со шпекулации, единствено откри дека реагирал и трудовиот инспекторат… „Обвинителството е на терен и ја спроведува истрагата за што е тоа што го предизвика тој страотен пожар во Универзална сала, додека тие не излезат со своите ...

Во кинеската провинција Јунан, има ресорт кој е како реплика на Санторини, а бидејќи Кинезите биле вљубени во грчкиот остров, местото е хит кај нив. Санторини е една од најатрактивните дестинации во Грција. Но, освен за Европејците, Грција сепак е далечна дестинација и само патот дотаму може да чини мало богатство. За повеќето Кинези, кои се практично на другиот крај на светот, Грција, а со тоа и Санторини е недостижна дестинација. Но, добро ...

Сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец. Во Скопје сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се движи во интервал од 4 до 10°C, а максималната од 23 до 29°C. Информација од утрово: Минимална температура (во °C) 0 Берово, 5 Маврови Анови, Попова Шапка, 6 Крива Паланка, ...

Песок се црпи од коритото на река Брегалница во село Софилари, штипско, реагираат жителите. Според нив ова е загрижувачка слика и бараат да се стопира црпењето на песок. Велат дека со црпењето песок се уништува коритото на реката, а опасност претставува и за животната средина. Жителите на штипското село Софилари пријавиле и во Општина Штип, а пријавата пристигнала и до градоначалникот. Општинскиот инспектор за животна средина, Влатко Панов, ...

Ако до пред извесен период конфекциите бараа работник плус, денеска се соочуваат со недостиг на работа. Државата станува прескапа за европската мода. Ангел Димитров од Организација на работодавачи денеска изјави дека ситуацијата се менува од ден на ден. Странските партнери се насочени кон далечниот Исток, и нашата држава се соочува со проблем да остане без доволно работа. -Ситуацијата се менува од ден во ден. Додека до пред месец дена баравме ...

Жителите на населбата Камник, ресторанот и стрелиштето во Општина Гази Баба, како и улицата „Струшка“ и дел од улицата „Јуриј Гагарин“ утре ќе имаат прекинато водоснабдување. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, во Камник прекинот е поради уличен дефект ф-100 милиметри на улица „Љубиша Самарџиќ“ (поранешна „Камник“), Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот. Додека на улиците „Струшка и „Јуриј Гагарин“ ...

Ученици од основни училишта и нивните родители во рамки на одбележувањето на муслиманскиот празник Фитр Бајрам, делеа слатки на градскиот плоштад во Гостивар. Настанот го организираше општина Гостивар во соработка со основните училишта и градинките. На пригодно уредените штандови децата заедно со родителите и наставниците служеа од традиционалната баклава, сокови и други слатки. Аслијан Снопче раководителката на општинскиот сектор за ...

ЈП Лајка ве поканува на забава под маски вас и вашето милениче. Маскембалот ќе се одржи на 14 април во 12 часот на Школка во Градски Парк, Скопје. Ќе се избира најдобро маскирано куче и најдобро маскирани сопственик и куче, а за најдобрите и најинвентивни учесници нашите спонзори обезбедија возбудливи и вредни награди. Како и сите настани на ЈП Лајка и овој има за цел да го насочи вниманието на важноста на посвојувањето на бездомно куче. „Без ...

Идниот понеделник, 15 април со почеток од 18.30 часот на улица Македонија во центарот на Скопје по повод Светскиот ден на уметноста ќе се постават неколку актови со улични живи статуи, каде што истите ќе ја раскажат својата улична приказна, отсликана во само една смрзната слика. Музички настап ќе има Емил Ејупи квартет. Настанот е дел од програмата за култура на Општина Центар за 2024 година. – Уметноста е забележан момент. Смрзната слика ...

Големен буџетски дефицит и инфлација која што има тренд на намалување – ова е сликата за нашата земја во најновиот 21. редовен извештај на Светска банка за земјите од Западен Балкан наречен Заживување на растот. Ваквите економски перформанси, според Светска банка, се должат на влошените економски активности кај нашите главни трговски партнери, пред сѐ во Германија, но и поради неусогласеноста на растот на платите и на продуктивноста на ...

Проф. д-р Владимир Мартиновски, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на 8 и 9 април беше во работна посета на Факултетот за хуманистика при Универзитетот ЕЛТЕ во Будимпешта. Деканот Мартиновски беше гостин на Лекторатот по македонски јазик во Будимпешта, што го води Златко Панзов и имаше можност лично да се запознае со Лекторатот, состојбата и предизвиците со кои се соочува. Лекторатот по македонски јазик во Будимпешта ...

Како што се наближува летото, сите почнуваме да размислуваме на одмор и кое место би сакале да го посетиме. Оваа статија е токму за тоа. Најпосетените градови во светот според Форбс. 1. Бангкок – главниот град на Тајланд е моментално најпосетениот град во светот. Се смета дека само од посетителите овој град заработува околу 14 билиони долари. 2. Лондон – главниот град на Англија долго време го држеше првото место на табелата како ...

На 10.04.2024 во 11.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Никола Карев“ во Скопје, товарно возило „мерцедес атего“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(41) од Скопје, удрило во велосипед управуван од А.Т.(68) од Скопје. На местото на несреќата од здобиените повреди починал А.Т., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Возачот на товарното возило бил лишен од слобода и задржан во полициска станица за ...

Со изведба на програмата „Паралели“ во Националната опера и балет вечер во 20 часот почнува јубилејното 20. издание на интернационалниот фестивал Танц-фест Скопје 2024. Фестивалското мото е „Сирово: од движење до виртуозност – 20 години Извонредност во современиот танц“. Програмата „Паралели“ ја означува соработката на фестивалот и Националната опера и балет и опфаќа три современи кореографии на домашни автори. -„Паралели“ претставува една ...

Деценискиот сон на штипјани за изградба на брана која ќе го реши проблемот со водноснабдувањето во градот станува реалност. Интензивно се работи на камено земјената брана која со висина од 33 метри која ќе формира вештачко езеро. Акумулациската вода пред сè, ќе биде наменета за водоснабдување со технолошка вода за потребите во Штип и интервентно дополнување на водоводниот систем. Проектот за кој сите власти констатираа потреба, но само на ...

Книгата за деца „Љубов во топка“ на авторката Ана Јовковска, ќе биде промовирана вечерва во 19 часот во КСП Центар Јадро во Скопје. За делото ќе зборува Владимир Мартиновски. Ова е седма книга на Јовковска, а воедно и втора илустрирана книга за деца, во издание на „Едиција светулка“. „’Љубов во топка’ е интерактивна илустрирана книга за деца од претшколска и раноучилишна возраст што го обработува проблемот на врсничкото насилство.“ – ...

Околу стотина муслимани вчера го прославија Рамазан Бајрам – крајот на Рамазан, во историска џамија која беше отворена за прв пат по 102 години во грчкиот град Солун, каде досега немаше јавни џамии. Адел Џобран (20), бегалец од Јемен, кој студира во Солун и работи во ресторан, изјави дека во тој град живее четири години и за прв пат има можност да се моли со своето муслиманско семејство. „Имаме среќа што ни се отвора џамијата и чувствуваме ...

Под мотото „Сирово: од движење до виртуозност – 20 години Извонредност во современиот танц“, Танц-фест Скопје го прославува јубилејот – 20 години постоење. Јубилејното издание започнува со програмата „Паралели“, која се остварува во соработка со Националната опера и балет, а Фестивалот ќе се отвори на денеска, 11 април со претставата „Госпоѓиците од Авињон“ во кореографија на Олга Панго, на музика на Калиопи Букле. Веќе на 16 април ќе се ...

Речиси секојдневно по скопските улици се регистрираат инциденти со тротинети, кои како предизвикувач некогаш се појавуваат и самите возачи на тротинети кои возат по несоодветни простории, некогаш нема патеки за нив, а таму каде што ги има е блокирано е од паркирани коли, а најчесто вината никој не ја презема. Најголемите инциденти се случуваат токму од малолетни деца кои не само што ги возат туку на тротинети се качуваат и по двајца. Во ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
76%
998
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
9.26
61%
997
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
92%
996
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
7.2
87%
1000
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.79
100%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
97%
996
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
4.47
87%
1001
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
4.12
58%
997
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
3.6
71%
999
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 6ᴼ
5.81
96%
1001
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
7.2
87%
998
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
5.14
66%
1005
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Злато

157561.16

Иридиум

221848.72

Бакар

12.12

Родиум

339994.14

Цинк

3.29

Рутениум

45750.51

Алуминиум

3.09

Кобалт

64.04

Платина

83354.78

Калај

48.78

Сребро

2733.78

Паладиум

55781.55