Белград
9ᴼ /
8ᴼ
Два дена Скопје беше со блокирани улици и редица автомобили кои чекаат, блокирани булевар со полицикси автомобили, полицајци го регулираа сообраќајот поради организацијата на митингот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во блиизна на зградата на Владата. Дел од граѓаните велат дека им пречи вревата од собирите, кога тие се одржуваат на улици и во близина на зградите каде што живеат. Сепак можеби ова беше многу врева за ништо. Фотографиите и видеата од ...
Целиот концепт на еколошки прифатлив град стана сè поприсутен со текот на годините, а еден таков пример на мегаград во Малезија наречен „Forest City“ со години е „град на духови“. Мегаградот требало да биде голема кинеска инвестиција кога проектот бил за првпат претставен, но таму не живее речиси никој. Крајбрежниот град во Малезија – чија изградба чинела 100 милијарди долари – е дизајниран да смести до милион луѓе, заедно со терен за голф, ...
Претседателот на Боцвана, Мокгвеци Масиси се закани дека ќе испрати 20.000 слонови во Германија, во период кога двете земји се расправаат околу увозот на ловечки трофеи. „Не се шегувам. Многу е лесно да се седи во Берлин и да се има мислење за нашите работи во Боцвана. Ние ја плаќаме цената за зачувување на овие животни за светот“, изјави Масиси за германскиот таблоид Билд, пренесува Политико. Масиси ја нападна германската влада, а особено ...
Северна Македонија е во Европа. Треба да биде во ЕУ. Заслужува целосна евроатлантска интеграција. Потребни и се поотворени пазари. ЕУ е светлата иднина на државава, изјави американската амбасадорка Анџела Агелер, која се надева дека ова прашање ќе биде поставено за време на изборите. Агелер во интервју за Клик Плус на ТВ 21 рече дека тие будно ќе ги следат изборите, но исто така будно ќе следат и дали има мешање од странство. – Искрено немам ...
Според прогнозата на УХМР, во наредните денови ќе продолжи периодот на претежно сончево и релативно топло време со појава на повремена умерена облачност Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). „Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени“, велат од ...
Нема култура без публика, вели директорката на „Охридско лето“ Наташа Поповиќ, која најавува неколку културни настани во месец април кои може да се проследат во Националната опера и балет и Драмскиот театар во Скопје, но и во „Света Софија“ во Охрид. -На 11 април во НОБ во Скопје е претставата „Госпоѓиците од Авињон“, на 6 и 8 април во МНТ се игра претставата „Бесачи“, на 6 април во Драмскиот театар ја имате претставата „Кафез кај кокони“. На 30 ...
Претседателството на Советот на ЕУ и претставници на Европскиот парламент постигнаа договор за Регулативата за формирање на Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан, која е централен инструмент за финансиска поддршка на Планот за раст на регионот што го промовира Еврокомисијата во ноември 2023 година, јави дописникот на МИА од Брисел. Со овој инструмент се обезбедуваат финансии за реализација на Планот за раст на Западниот Балкан за ...
Неопходно е вложување на максимални напори за заштита на животната средина преку интегриран систем за управување, селекција и третман на сите видови на отпад. Иако државата има стратегија на национално ниво, работите во пракса тешко се спроведуваат, беше речено на регионалната средба во рамките на проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво“. Целта на настанот беше да обезбеди поддршка на регионалниот систем за управување со отпад ...
Маргарита Арсова, филмски уредник во МКЦ, ни ја раскажа приказната за тоа како дошле до идеја да го снимаат филмот „ Ефтеркланг: Македониум бенд“, со данскиот бенд Ефтерланг, и објасни зошто го одбрале токму споменикот Македониум. Таа од блиску го раскажа целото искуство за читателите на Трн и за тоа како поминал филмот на премиерата во Данска. Режијата на филмот е на на Андреас Јонсен, а во продукција на МКЦ, Rosforth и Rumraket, на еден од ...
Собранието како претставнички орган на граѓаните и носител на законодавната власт во Северна Македонија, според Уставот може да биде составено од 120 до 140 пратеници, но во сите досегашни состави биле избирани по 120 пратеници. По парламентарните избори од 2011 година, бројот на пратеници се зголемил на 123 пратеници, поради изборот на тројца пратеници од дијаспората, но во најновиот пратенички состав од 2016 година повторно има само 120 ...
Два автомобили, вчера, биле опожарени во скопската населба Црниче во Општина Кисела Вода. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат дека опожарувањето на возилата било пријавено вчера, во 01:55 часот и оти станува збор за возила „фолксваген џета“ со скопски регистарски ознаки и „форд фокус“ со српски национални ознаки. Возилото „фолксваген џета“, како што информираат од МВР, било сопственост на правно лице од Скопје, додека „форд ...
Администрацијата на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ острани 10 метри кубни отпад од излетничките места Водно и Матка, каде неделава се реализираше тридневна акција за чистење . Од претпријатието посочуваат дека во акцијата учествувале околу 70 административци кои ги собирале расфрланите отпадоци од паркингот на средно Водно, како и од падините на парк-шумата сè до врвот, каде што целосно е исчистен просторот околу Милениумскиот крст и ...
Инспирирани од последните случувања во Македонска пошта, Центарот за современи уметности постави скулптура на полжав пред Поштата во Скопје со порака „Поштата е брза, само споро стигнува“. – Идејата за акцијата „Поштата е брза, само споро стигнува“ е инспирирана од фактот дека иако веќе помина и 1 Април многу граѓани сè уште добиваат новогодишни честитки, а на некои и тие им доцнат. Состојбите во кои се наоѓа акционерското друштво во државна ...
Викендот кој доаѓа, територијата на Македонија ќе биде под влијание на нов топол бран од Африка кој ќе услови нов значителен пораст на тмпературите и истите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени. Времето и понатаму ќе биде стабилно, суво и претежно сончево, со појава на мала локална облачност, се вели во метео прогнозата на Славчо Попоски. Сепак во недела, особено Долж Повардарието и во источните предели повремено ќе засилува ...
Најсилниот земјотрес во последните 25 години предизвика пустош во делови на Тајван. Ден подоцна, спасувачките екипи продолжуваат да трагаат по затрупани и исчезнати лица. Земјата денеска се тресеше и во Јапонија. Работите за спасување и расчистување на урнатините продолжуваат по силниот земјотрес во Тајван во кој загинаа најмалку девет лица, а стотици беа повредени. Службите за итни случаи успеаја да извлечат шест рудари заробени во затрупаниот ...
Потрагата по исчезнатата Данка Илиќ (2) имаше трагичен крај. Утринава се уапсени две лица осомничени дека го убиле девојчето, а потоа и го фрлиле телото во дива депонија покрај „Старобањски пат“ кај Бор, објави АТВ. Како што потврдија за АТВ, криминалистичката полиција од Бор ги привела работниците на јавното комунално претпријатие „Водовод“, С.Ј.(50) од селото Лука и Д.Д.(50) од селото Злот. „С.Ј. е осомничен дека со службеното возило „фиат ...
Во нашето раздвижено Скопје, темпото на живот ретко е бавно, сепак постои светилиште на мислата и истражувањето што годишно ги повикува љубопитните и вљубениците во пишаниот збор. Саемот на книгата во арената Борис Трајковски, е почитувана институција на книжевната традиција, зборува за непопустливата моќ на пишаниот збор и неговиот капацитет да обедини многу различни луѓе под знамето на знаењето и имагинацијата. Тоа е настан што, од година во ...
Денес, 4 април, на Светскиот ден на бездомни животни, од ЈП „Лајка“ потсетуваат дека во светот има 600 милиони бездомни животни кои секојдневно се соочуваат со борба за опстанок, се соочуваат со глад, болести, изложени се на екстремни горештини, студови и жега и што е уште почесто, тие се бркани од непријателски расположени и насилни луѓе. Овој ден не поттикнува да размислиме за нашите одговорности кон овие ранливи суштества. Тоа нѐ поттикнува ...
И утрово тешко се вози низ низ Скопје и ретко кој успеа да стигне до потребната дестинација. Делот на булеварот Илинден пред зградата на Владата е затворен во двата правци а сообраќајот се пренасочува кон околните сообраќајници. Делот од „Илинденска“ беше затворен ненадејно вчера попладне затоа што се поставува бина за претстојниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата што се одржува вечерва, па така со сигурност градот и попладнево ќе биде ...
Без голема тензија со веќе познати ставови многу пати елаборирани во јавноста, а малку за тоа што може да ја очекува државата во иднината помина првата телевизиска дебата меѓу лидерите на двете најголеми партии, Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски во студиото на Канал 5. Најголем дел од дебатата се вртеше околу францускиот предлог, преговарачката рамка, измените на Уставот, се повторуваа работите што се одамна познати, се зборуваше за ...
Многумина денеска беа зачудени зошто додека се враќаа од своите работни места заглавија во сообраќаен хаос по улиците на Скопје. Причината за тоа беше затворањето на булеварот Илинден пред зградата на Владата каде се поставуваше бина за утрешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ. Поради затворање на оваа фреквентна делница низ центарот на Скопје се случуваше сообраќаен хаос што резултираше и со неколку помали сообраќајни несреќи кои дополнително го ...
Аеродромци пролетва треба да добијат неколку нови зелени површини, односно паркови како што тврдат од Општината. Од нив еден ќе се наоѓа во Стар Аеродром, вториот во Лисиче, а третиот во Ново Лисиче. Всушност ова е нова најава за парковите кои претходно беа промовирани, поточно за паркот на влезот во населбата Лисиче Муцунски објави уште пред две недели, додека пак во Стар Аеродром се садат нови дрвја и трева, а не се гради нов парк. „Заедно ...
Австриската полиција соопшти дека семејството на исчезнатoто двегодишно девојче Данка Илиќ претпоставува дека Данка е на видео-снимката направена на трамвајската станица во Виена, неколку дена откако девојчето на 26 март исчезна од местото Бањско поле близу Бор, во источна Србија. Потрагата по Данка до денеска, 3 април, трае веќе девет дена. „Откако роднините на исчезнатото девојче ја погледнале снимката, претпоставиле дека е многу веројатно ...
Дополнителниот-заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев за „Слободен печат“ изјави дека лекарот најден мртов во Железара не бил убиен во автомобилот туку таму било донесено телото. Ова пак, не го потврдуваат ниту демантираат од Обвинителството кои посочија да не се изнесуваат чувствителни информации во јавност, а додадоа дека не можат да кажат ништо оти МВР не го нашло убиецот. „Колегите сè уште работат, ги собираат информациите ...
Јавното претпријатие „Државни патишта“ известува дека од денес започнува можноста за електронско плаќање патарина и на наплатна станица на Коридорот 8, односно на автопатот Скопје-Тетово. На овој патен правец, најнапред во функција за електронска наплата е ставена наплатната станица Глумово. Граѓаните што сообраќаат низ наплатната рампа Глумово, можат да ги користат бенефитите од системот М-карта и М-таг. Исто така, на наплатната станица можат ...
Македонскиот град Скопје, еден од најмалку познатите главни градови во Европа, одбележува десет години откако помина низ необичен градежен проект дизајниран да го врати неговиот национален идентитет. Токму сред Скопје стои т.н „бронзен среден прст“ висок 22 метри насочен кон Грција. Се издигнува над градот, блеска на сонцето, џуџесто е сè друго на централниот Плоштад Македонија, пишува новинарот Мило Бревиц за Fodors Travel. „Ова е нашиот начин ...
Парата го врти светот, а во 2024 година, има повеќе пари ширум светот од кога било досега. Сега има рекордни 2.781 луѓе на листата на светски милијардери на Форбс, со вкупна вредност од рекордни 14,2 трилиони долари. Тие потекнуваат од 78 земји, од 77 во 2023 година. Соединетите Американски Држави остануваат земја со најмногу граѓани милијардери, со 813 кои вкупно вредат 5,7 трилиони долари, и двата рекорди. Класата на милијардери во Америка е ...
Пред неколку денови во скопската населба Црниче на филмски начин беше ограбен маркет од каде беше одземен сефот, откако влезната врата била пробиена со возило. На снимката може да се видат возило и лица кои се обидуваaт да го украдат сефот од маркетот. Додека е вклучен алармот, тие успеваат да го стават во багажник, тргнуваат, но сефот паѓа на патот во Црниче, па тие се враќаат повторно да го подгинат. -На 01.04.2024 во 03.58 часот во СВР Скопје ...
На 5 април (петок), во 11 часот, на малата сцена во Македонската филхармонија ќе се одржи комеморација за еден од највлијателните и најуспешни скопски музичари, композитори, текстописци, диџеи, издавачи и продуценти – Мирко Попов. Попов почина на 24-март. Претходно неколку дена беше хоспитализиран на скопскиот Клинички центар по мозочен удар. Мирко Попов беше сеприсутна појава во урбаниот, културниот и јавниот живот на Скопје и пошироко. Редовно ...
„Слушам дека и опозицијата најавува ветинг на политичарите. Бараат надлежните органи да испитале дали било кој од нас, несразмерно го зголемил имотот. Го поддржувам овој предлог и додавам уште еден параграф. Да го провериме нашиот имот и имотот на нашите блиски, не само во изминатите пет години, туку од 90 до денес, па да видиме дали ќе го поминат тој тест оние кои ги кршеа санкциите на ОН против тогашна Југославија и без закон за ...