Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 мг/м³ во текот на два последователни денови) е надминат на мерните места во Скопје – Центар, Гази ...
Можеби не е во согласност со празничниот дух, но ако се најдете себеси како изговарате пцовки, научниците велат дека можеби сте на вистинскиот пат. Ново истражување покажа дека пцуењето може да ги подобри физичките перформанси со тоа што го турка мозокот во „состојба на проток“. „Во многу ситуации, луѓето - свесно или несвесно - се воздржуваат од користење на целата своја моќ. Пцуењето е лесно достапен начин да се чувствувате фокусирани, ...
Лос Анџелес Лејкерс ја победи Јута Џез со 143:135 со маестрална изведба на Лука Дончиќ. Словенечкиот кошаркар постигна дури 45 поени, додавајќи 14 асистенции и 11 скокови во својот петти трипл-дабл во сезоната. Одлиечн беше и Босанецот Јусуф Нуркиќ со 15 поени, 8 скокови и 7 асистенции. Јута играше без водечкиот стрелец Лаури Марканен, додека на Лејкерс им недостасуваа стандардните стартери Де'Андре Ејтон и Остин Ривс, но публиката виде добар ...
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека дојде време тој и европските лидери повторно да влезат во дијалог со рускиот претседател Владимир Путин, во контекст на актуелните напори предводени од Соединетите Американски Држави за прекин на војната во Украина, пишува весникот Le Figaro. „Мислам дека ќе биде корисно повторно да разговараме со Владимир Путин“, изјави Макрон за новинарите по самитот во Брисел, каде што Европската Унија ...
Српскиот кошаркар Никола Јокиќ ноќеска испиша историја во многу важен параметар, станувајќи центар со најмногу асистенции во историјата на НБА. Јокиќ синоќа стигна до 5.661 асистенција во историјата на НБА, надминувајќи го Карим Абдул-Џабар како водечки центар на сите времиња. Му беа потребни 789 натпревари помалку од иконата. Српскиот кошаркар го постигна овој подвиг во победата на Денвер над Орландо од 126:115. Сепак, Јокиќ не беше ...
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50-60 магла има на патните правци Неготино-Градско и Неготино-Демир Капија, извести АМСМ. Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патниот правец Струмица ...
Во руските напади во близина на украинското црноморско пристаниште Одеса беше убиена жена синоќа, а градски округ претрпе прекини во електричната енергија и другите комунални услуги, соопштија официјални лица. Гувернерот на регионот Одеса, Олех Кипер, пишувајќи на Телеграм, рече дека руски дрон уби жена која преминувала мост во нејзиниот автомобил југозападно од Одеса. Нејзините три деца се повредени во инцидентот. Кипер апелираше до жителите ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени. Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 ...
По Светското клупско првенство за мажи, Меѓународната фудбалска федерација започнува исто натпреварување за жени. Временскиот период на овој пилот-проект на ФИФА е веќе познат, бидејќи треба да започне на 5 јануари и да заврши на 30-ти истиот месец во 2028 година. Не е познато каде, освен дека последователниот избор ќе падне на земја со топла клима во тој момент, во однос на инфраструктурата и финансиите, подготвена да биде домаќин на 16 ...
Давиде Анчелоти, син на познатиот италијански стратег Карло Анчелоти, кој моментално е селектор на Бразил, беше отпуштен од Ботафогу. Анчелоти јуниор го презеде бразилскиот клуб во јули оваа година и тоа беше негов прв ангажман како главен тренер. Анчелоти го водеше Ботафогу на 33 натпревари, забележувајќи 15 победи, 10 нерешени и 8 порази. Во бразилското првенство, Ботафогу заврши на 6. место и беше елиминиран во осминафиналето на Копа ...
Ако живеете во урбана средина каде има зголемени концентрации на загадувачи во воздухот, постојат препораки за исхрана во текот на зимските месеци. Меѓу храната што се препорачува се зелка, брокула, спанаќ, пиперки, цитрусни овошја, киви, јаболка, како и јаткасти плодови и семиња. Во текот на зимските месеци, жителите на урбаните средини често се изложени на зголемени концентрации на загадувачи во воздухот, што негативно влијае првенствено на ...
Од ноќеска на полноќ цените на бензините ќе се намалат за 2 денара, а цената на дизелот ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ). Од 19 декември од 0:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалуваат за 2,00 денара/литар. Малопродажните ...
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) објави дека наградниот фонд на Светското првенство 2026 ќе изнесува 655 милиони долари (558 милиони евра), што е зголемување од 50% во споредба со последното Светско првенство одржано во 2022 година во Катар. Титулата светски шампион ја брани Аргентина, која пред три години ја победи Франција во финалето по изведувањето на пенали. Секоја репрезентација што ќе се пласира на Светското првенство ќе добие ...
Украина не е подготвена да се повлече од регионот Донецк, а Русија се стреми целосно да го преземе Донбас, изјави денес претседателот на Украина, Володимир Зеленски, наведувајќи дека Соединетите Американски Држави во моментот бараат компромисно решение. „Сите ја знаеме позицијата на Русија. Тие сакаат да го окупираат целиот Донбас, а сега сакаат ние да се повлечеме од Донбас. Ова е нивниот отворен став. Нашиот став е исто така отворен – ние ...
Од сезонава во ски-скоковите воведени се црвени картони, а Турчин и Казахстанка се првите „среќни“ добитници. Турчинот Фатих Арда Ипџиолу е првиот натпреварувач во историјата на скијачките скокови кој е казнет со црвен картон и забране да се натпреварува во првите две наредни прилики. Сето тоа поради кршење на правилата за опрема, или поточно, повторување на таков прекршок. Оваа сезона беа воведени привремени суспензии од Светскиот куп и ...
Вселената е полна со нерешени мистерии, а тим што го користел вселенскиот телескоп James Webb на НАСА неодамна открил нешто необично. „Се сеќавам дека откако ги собравме податоците, нашата колективна реакција беше: 'Што е ова?' Ова е екстремно различно од она што го очекувавме“, рече Питер Гао од „Карнеги“ лабораторијата за Земја и Планети во Вашингтон, коавтор на студијата. Истражувачите всушност пронашле егзопланета наречена PSR J2322-2650b ...
Фудбалската федерација на Македонија распиша конкурс за избор на најдобро идејно решение за нов пехар наменет за шампионот на Македонија во првата лига (1.МФЛ). „Целта на конкурсот е да се изработи современо, препознатливо и автентично уметничко решение кое ќе ја симболизира традицијата, енергијата и победничкиот дух на македонскиот фудбал“ - стои во објавата на ФФМ. Право на учество: Право на учество имаат: академски уметници, дизајнери, ...
Можеби мислите дека вашите утра се здрави, но одредени дневни ритуали можат тивко да го зголемат вашиот холестерол со текот на времето. Еден од нив е прескокнувањето на појадокот. Истражувањата постојано покажуваат дека прескокнувањето на појадокот е поврзано со повисоки нивоа на холестерол, дури и кога тоа води до умерено губење на тежината. Прескокнувањето на појадокот може да го наруши и вашиот циркадијален ритам - внатрешниот часовник на ...
Мажите често се прашуваат што е тоа што навистина ги привлекува жените, а одговорот на ова прашање е често поедноставен отколку што изгледа на прв поглед. Иако добриот изглед е важен, она што навистина остава впечаток е карактерот, вниманието и начинот на кој мажот се однесува кон другите. Исто така, малите, искрени гестови и способноста да се биде поддржувачки во вистинско време често се поважни од физичката привлечност. Токму овие ...
Општина Гази Баба почна со уривање дивоградби. Градоначалникот објави дека од 5 часот утрово се урива дивоградба во Инџиково. „За урбаната мафија нема место во Гази Баба. Законот мора да се почитува. Во Инџиково од рано утрово во тек е акција за рушење на бесправно изграден објект. Во моментот на акцијата, објектот беше во приземје – карабина фаза, со јасна намера за надградба на уште еден кат. И покрај донесеното решение од градежниот ...
Грчкото Министерство за надворешни работи повтори дека Преспанскиот договор, со кој се реши деценискиот спор за името меѓу Атина и Скопје, е дел од уставот на Северна Македонија и е целосно обврзувачки за двете страни, како на меѓународно, така и на домашно ниво, објавија грчките медиуми. Соопштението од грчкото Министерство следи по коментарите на премиерот Христијан Мицкоски, кој рече дека ефикасно ја вратил употребата на „Македонија“ на ...
Марио Пинеида, 33-годишен лев бек на еквадорскиот клуб Барселона, беше брутално убиен среде улица во еквадорскиот град Гвајакил. Пинеида, повремен репрезентативец на Еквадор, за кого настапи 9 пати, беше застрелан пред месарница, потврди еквадорската полиција. Пинеида беше член на Барселона од Гвајакил, а клубот преку социјалните мрежи изрази длабоко жалење поради загубата на својот играч. Флуминенси, бразилскиот клуб за кој Пинеида играше во ...
Иако многу луѓе ја фрлаат кората од киви, таа всушност може да ги зголеми придобивките од овошјето бидејќи содржи повеќе хранливи материи, го зајакнува имунолошкиот систем и ги контролира нивоата на холестерол и крвен притисок. Ова овошје е особено добро за јадење поради неговата висока содржина на антиоксиданси и влакна. Еве 5 причини зошто треба да ја јадете кората од киви. Богата со антиоксиданси Кивито е богат извор на антиоксиданси, ...
Фудбалерите на Пари Сен-Жермен се победници на Интерконтиненталниот куп на ФИФА, односно поранешното Светско клупско првенство, со победата на пенали над Фламенгу, во кои голманот Матвеј Сафонов имаше историски настап. Матвеј Сафонов стана првиот голман во историјата на фудбалот кој одбрани четири последователни пенали во едно натпреварување на ФИФА. Тој го стори тоа за време на изведувањето на пенали со кое ПСЖ победи со 2:1 и ја освои ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до -1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени. Во Скопје, променливо облачно и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 6 степени. До ...
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска (четврток) без електрична енергија ќе останат: – од 8:00 до 9:00 часот, корисниците од бул. „Јане Сандански“ бр.70 (Општина Аеродром); – од 8:45 до 14:00 часот, дел од село Кондово, потрошувачите околу пругата и околу градинката (Општина Сарај); – од 9:00 до 11:00 часот, корисниците од ул. „14“ со Сопиште (Општина Сопиште); – од 10:00 до 13:00 часот, корисниците пат за село Долно Лисиче после ...
Петре Шилегов, поранешен градоначалник на Град Скопје и член на раководството на СДСМ, бара оставка на претседателот на СДСМ, Венко Филипче. „Македонското законодавство познава убиство од небрижност. Познава и убиство со умисла, но не познава (само) убиство со умисла !!!! Или тешка Ви е одговорноста ? Или Ви тежи договорот ? Или си СДСМ или си тезгарош !!! М ? Прашањата ќе ги поставиме после празниците. Да не се разводиме во меѓувреме. Демек, ...
Илјадници отпечатоци од диносауруси, кои датираат од пред 210 милиони години, се пронајдени во национален парк во Северна Италија. Отпечатоците, некои со пречник и до 40 см, се распоредени во паралелни редови, а многу од нив покажуваат јасни траги од прсти и канџи. Се смета дека диносаурусите биле просауроподи, тревопасни животни со долги вратови, мали глави и остри канџи. „Никогаш не би помислил дека ќе наидам на толку спектакуларно откритие ...
Синоќа, во легендарниот „Холидеј Ин“ – некогашниот „Гранд Хотел“, местото каде пред 33 години официјално е создаден Македонскиот олимписки комитет (МОК), се одржа свечената церемонија за 5-тото јубилејно издание на гала-манифестацијата Златна Олимпија 2025. На местото каде што започна македонската олимписка приказна, во присуство на над 200 високи гости – спортисти, спортски работници, спортската елита, претставници на дипломатскиот кор и на ...
Минхенски Баерн купи нов стадион вреден околу 7,5 милиони евра за да го задоволи растечкиот интерес на јавноста за натпреварите на женскиот тим. Додека првиот тим игра на „Алианц Арена“ со капацитет од 75.000 седишта од 2007 година, младинските тимови и женскиот тим досега го користеа тренинг кампот на клубот изграден во 2017 година. Капацитетот на стадионот од само 2.500 гледачи за брзо се покажа како недоволен, бидејќи популарноста на ...