Lenovo Lecoo Air 16 е првиот 16-инчен лаптоп во светот со тежина под 1 килограм, 2.5K екран и Intel Meteor Lake процесор, по цена од околу 700 долари. Lenovo го лансираше Lecoo Air 16 – лаптоп тежок само 1 килограм и дебел само 1 сантиметар. Неговата цена изнесува околу 700 долари, а премиерата е закажана за 30 октомври. Иако на пазарот веќе постојат ултралесни модели како ASUS Zenbook S13 и A14, кои исто така тежат 1 кг, Lenovo Lecoo Air 16 ...

Научниците открија необичен извор на гама-зраци во центарот на нашата галаксија и се сомневаат дека тоа би можело да биде првиот доказ за постоењето на темна материја. Веќе со децении, астрономите се обидуваат да го објаснат необичниот сјај на гама-зраци што доаѓа од срцето на Млечниот Пат. Постојат две главни теории: првата тврди дека светлината потекнува од судири на честички на темната материја, додека втората укажува на пулсари — ...

Трновитиот развоен пат и неприфаќањето од страна на корисниците, како и од маркетинг и издавачкиот сектор, го означија крајот на „револуционерниот“ план на Google за замена на интернет-колачињата. Иницијативата Privacy Sandbox, што Google ја започна во 2019 година со цел да развие технологии за заштита на приватноста кои би ги замениле колачињата од трети страни (third-party cookies) на интернетот, официјално е укината во нејзината првична ...

Кина започна со тестирања на возот CR450, кој се смета за најбрзиот воз во светот, пред неговото официјално пуштање во употреба. Возот достигна брзина од 450 километри на час за време на тестирање на брзата железничка линија Шангај–Чонгќинг–Ченгду. Прототипот CR450 беше претставен во ноември минатата година како брз воз способен да достигне 400 km/h, и оттогаш е подложен на континуирани тестирања според сите технички параметри. Во завршната ...

Преклопниот iPad би можел да биде одложен поради проблеми во развојот, пренесува Bloomberg. Компанијата првично планирала да го лансира уредот во 2028 година, но потешкотии со тежината и технологијата на екранот може да ја поместат премиерата до 2029 година. Повеќе извори тврдат дека Apple работи на уред со голем фолдабл екран, но информациите се разликуваат во однос на тоа дали ќе биде позициониран како iPad или како Mac. Се очекува уредот ...

Компанијата OpenAI најави лансирање на свој пребарувач заснован на вештачка интелигенција под името ChatGPT Atlas. Ова претставува голем чекор на компанијата во обидот да го симне Google од тронот како доминантен пребарувач на пазарот преку кој луѓето најчесто доаѓаат до информации на интернет. Компанијата изјави дека Atlas првично ќе биде достапен на MacOS, а наскоро ќе следи поддршка и за Windows, iOS и Android. OpenAI најави дека ...

Samsung денеска го објави лансирањето на Galaxy XR, нов хедсет за мешана реалност кој ќе конкурира на Apple Vision Pro. Со цена од 1.800 долари, Galaxy XR е 1.700 долари поевтин од новиот M5 Vision Pro, но значително поскап од VR-уредите на Meta. Според Samsung, уредот е создаден со „дизајн фокусиран на човекот“, кој обезбедува долготрајна удобност. Рамката е дизајнирана да ја распределува тежината меѓу челото и задниот дел на главата, за да ...

Претседателката на Xbox, Сара Бонд потврди дека новата генерација на конзоли на Microsoft е во развој. Пред оваа потврда, немаше недостиг од шпекулации и гласини за идните планови на компанијата во областа на конзолите, особено по неодамнешните контроверзии околу цените и излегувањето на нивната рачна конзола, произведена од ASUS. Иако многу детали за следната Xbox генерација сè уште се непознати, фановите сега барем знаат дека Microsoft ...

Организаторите најавија дека Game Dev Rev 2026 ќе се одржи повторно, на 15 октоври 2026, со амбиција настанот да прерасне во традиционален регионален форум за развој на видеоигри и креативни технологии На 16 октомври во Македонскиот народен театар се одржа првото издание на Game Dev Rev, првата интернационална конференција целосно посветена на индустријата за развивање видео игри во Македонија. Настанот го организираше Асоцијацијата на ...

Голем дефект на платформата Amazon Web Services (AWS) во регионот US-EAST-1 предизвика прекин во работата на бројни сервиси, меѓу кои Amazon, Alexa, Fortnite, ChatGPT и Snapchat. Проблемот траеше неколку часа и беше предизвикан од грешка во DNS системот. Во понеделникот наутро, голем пад на инфраструктурата на AWS предизвика повеќечасовен прекин на многу популарни интернет сервиси и апликации, меѓу кои Amazon, Alexa, Snapchat, Fortnite, ...

Google воведува најавување преку број на мобилен телефон и контакти за обновување на налогот, со предупредување за нови хакерски методи и кражба на телефони. Google ги предупреди корисниците на Gmail што поскоро да ги заштитат своите налози со додавање passkey заштита и промена на слабите лозинки, бидејќи хакерите сè почесто добиваат пристап со користење украдени акредитиви. Ситуацијата дополнително се влошува со сè почестите случаи на ...

Платформата X тестира промена во начинот на кој се прикажуваат линковите на iOS, со цел да го задржи вниманието на корисниците во самата апликација. Досега, при кликнување на линк, страницата се отвораше во цел екран и целосно го покриваше оригиналниот пост, што често доведуваше до помала интеракција — помал број на лајкови, коментари и споделувања. Со новиот пристап, оригиналниот пост ќе остане видлив на дното на екранот, што ќе овозможи ...

Настанот ќе вклучи свечено отворање и пет тематски панели, на кои повеќе од 30 истакнати говорници ќе ги претстават најновите индустриски решенија, креативни иновации и механизми за финансирање што ја придвижуваат циркуларната економија Македонија се наоѓа на праг на нова индустриска трансформација. Бизнис Акцелератор УКИМ, во име на ЕИТ заедницата во Македонија, започна иницијатива за 2025 година со цел да ја зајакне циркуларната економија ...

Пристигнува Realme GT 8 Pro флегшип со Ricoh GR камера, 200 MP перископ и поддршка за 4K 120 fps Dolby Vision Realme се подготвува за претставување на својата нова премиум серија телефони – моделите Realme GT 8, а компанијата сега официјално ги потврди речиси сите детали за камерата на GT 8 Pro. Телефонот ќе има троен систем на камери, предводен од главен 50 MP Ricoh GR сензор. Главниот објектив користи 7P асферично леќe со високи ...

За нешто помалку од три години, писмената содржина на интернетот драматично се промени. Имено, според анализата на Graphite.io, која опфатила 65.000 URL-адреси помеѓу 2020 и мај 2025 година, содржината генерирана од вештачка интелигенција сега сочинува повеќе од половина од сите онлајн статии. Пресвртницата се случила кратко по лансирањето на ChatGPT кон крајот на 2022 година, означувајќи почеток на експоненцијалниот раст на текстови напишани ...

Samsung Electronics, глобален лидер во иновативната дисплеј технологија, продолжува да го поставува стандардот за гејминг телевизори со својата линија OLED, QLED и Neo QLED модели. Дизајнирани за да ги задоволат постојано растечките потреби на гејмерите, овие телевизори нудат извонредна имерзија, перформанси и разновидност, правејќи ги најдобар избор за сите љубители на гејмингот. Гејминг телевизорите на Samsung се создадени за да обезбедат ...

Со четвртата бета верзија на iOS 26.1, iPadOS 26.1 и macOS 26.1, Apple воведе ново подесување кое им овозможува на корисниците да го прилагодат изгледот на Liquid Glass. Преку новиот прекинувач, корисниците можат да изберат помеѓу „јасен“ изглед на Liquid Glass или „затемен“. Јасниот изглед е тековниот дизајн на Liquid Glass — повеќе проѕирен и го прикажува заднината под копчињата, лентите и менито. Затемениот изглед, пак, ја зголемува ...

Сите модели од Galaxy S26 серијата на европскиот пазар би можеле да пристигнат со Samsung Exynos 2600, наместо со неодамна претставениот Snapdragon, според информациите од Counterpoint Research и познати дојавувачи како Ice Universe. Како што се наведува, Samsung планира 50/50 поделба меѓу Exynos 2600 и Snapdragon 8 Elite Gen 5. Моделите за САД, Кина и Јапонија ќе го користат Qualcomm чипсетот, додека Европа, Јужна Кореја и други пазари ќе ...

Целата iPhone 17 серија бележи голем раст на продажбата во споредба со минатогодишниот iPhone 16, а најголем раст има токму обичниот iPhone 17, кој сега нуди 120-херцен екран и 256 GB внатрешна меморија во почетната варијанта. Помина нешто повеќе од еден месец откако Apple ги пушти во продажба новите модели iPhone 17, а според најновиот извештај на Counterpoint Research, побарувачката за новите модели ги надминува резултатите од минатата ...

Новите прописи на ЕУ бараат сите полначи до 240 W да имаат USB-C приклучок, посебен USB-C кабел и ознака за моќност, а стандардот ќе стапи во сила најдоцна до 2028 година. Европската унија продолжува со процесот на усогласување на стандардите за полнење на електронските уреди. Откако веќе ги обврза производителите на телефони и таблети да користат USB-C приклучоци од 2024 година, а лаптоп компјутерите од 2026 година, ЕУ сега ја проширува ...

Крајната цел на проектот е намалување на пластичниот отпад, поттикнување на циркуларната економија и развој на еколошки решенија за индустријата за 3Д принтање Здружението ИНО ТЕХ КЛУБ Штип и Стартап Клуб Скопје организираат уникатeн настан за тестирање на рециклиран филамент за 3Д принтање и запознавање со можностите за трансформација на пластичен отпад во вреден производ. Настанот ќе се одржи на 28 октомври 2025 година (вторник) во Стартап ...

Компанијата SpaceX изминатиот викенд лансираше 56 нови Starlink сателити со помош на ракети Falcon 9, со што го надмина бројот од вкупно 10.000 сателити лансирани во ниска орбита околу Земјата. Овој пресврт беше постигнат со 132. лансирање на Falcon 9 во 2025 година, со што беше изедначен претходниот годишен рекорд за лансирања, иако остануваат повеќе од два месеци до крајот на годината. Од тие 10.000 сателити, во моментов во функција се ...

Секој има телефон, но не секој има уред што ја разбира неговата енергија, креативност и ритам на живот. Galaxy S25 FE не е само паметен телефон – тој е твојот партнер во создавање, изразување и поврзување. Од моментот кога ќе го земеш во рака, сфаќаш дека овој телефон не е направен само да се користи, туку да те инспирира. Секој пат кога сакаш да направиш фотки или селфи со Galaxy S25 FE, заборави на филтри и обработка. Камерата создава ...

Huawei во Кина го претстави својот најнов преклопен телефон Nova Flip S, кој претставува надградба на минатогодишниот модел Nova Flip. Nova Flip S доаѓа во нови бои: Feather Black, White, Azure Blue, Green, Soft Pink и Star Black, како и со пониска почетна цена од 3.388 кинески јуани (околу 475 долари) за верзијата со 8/256 GB меморија, што го прави еден од најдостапните преклопни телефони на кинескиот пазар. Телефонот е опремен со нов, сè ...

iOS 26.4 се очекува да ја воведе новата, целосно редизајнирана верзија на Siri, потпомогната од Apple Intelligence, но не сите се задоволни од тоа колку добро функционира. Во својот неделен билтен Power On, новинарот на Bloomberg, Марк Гурман објави дека одредени софтверски инженери во Apple изразиле „загриженост“ за перформансите на новата Siri. Сепак, тој не сподели конкретни детали за потенцијалните недостатоци. Се очекува iOS 26.4 да биде ...

Тим истражувачи од Канада и Кина успеа да создаде „универален“ бубрег, кој теоретски може да биде прифатен од секој пациент. По една деценија работа, истражувачите се поблиску од кога било до клучен пробив во трансплантацијата на бубрези – можноста за трансплантација на органи од донори со различни крвни групи, што би можело значително да го скрати времето на чекање и да спаси животи. Тим научници од Канада и Кина успеа да создаде ...

Тутунот е дел од македонска историја ‒ мирис на сушен тутун, листови пожолтени од сонцето и долга традиција што се прераскажува како жолто злато. Македонија била центар на тутунската индустрија на Балканот и главен производствен центар за тутун, цигари и научни сознанија за тутунот. Денес, трговијата на големо со производи од тутун е меѓу најдинамичните сегменти на домашната економија: високи приходи, тесни маржи и силна концентрација кај ...

Иако iPhone 17 серијата се продава одлично, трите водечки компании за истражување на пазарот потврдуваат дека Samsung и понатаму го задржува првото место на глобалниот пазар на паметни телефони. И покрај тоа што iPhone 17 серијата, која е во продажба од септември, предизвика светска еуфорија и одлични резултати во продажбата, Apple сè уште не успеа да ја преземе лидерската позиција од Samsung. Според трите извештаи на најголемите истражувачки ...

Компанијата Meta, која стои зад Facebook, Instagram и WhatsApp, соопшти дека од 2026 година на платформата WhatsApp ќе бидат забранети четботови од трети страни. Како што пренесува PC Mag, четботовите ќе бидат забранети на платформата од 15 јануари 2026 година, а единствениот достапен chatbot ќе биде оној зад кој стои Meta AI. Овој потег може да има влијание врз WhatsApp клиентите на алатки како ChatGPT, кој беше интегриран во WhatsApp во ...

Светскиот економски форум во пресрет на октомври, месецот за подигнување на свесноста за кибер безбедноста, го објави извештајот Global Cybersecurity Outlook 2025 според кој во првите 10 месеци од 2025 година компаниите и организациите се соочуваат со зголемен ризик од кибер-напади. Бројот на неделни кибер-напади по организација во 2025 година е зголемен за 58% во однос на претходните две години, со просек од 1.984 напади неделно. Причината? ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
58%
1013
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
4.63
62%
1015
weather icon

Загреб

11ᴼ / 9ᴼ
3.09
52%
1014
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
55%
1017
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
2.4
88%
1018
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
65%
1015
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
75%
1012
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
62%
1012
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
50%
1012
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
4.12
78%
1017
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 9ᴼ
2.06
49%
1015
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
3.6
89%
1013
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Сребро

2179.44

Паладиум

44753.84

Платина

61858.04

Бакар

10.65

Иридиум

258288.78

Калај

43.91

Алуминиум

3.19

Родиум

358480.82

Цинк

0.00

Кобалт

3.86

Злато

144593.23

Рутениум

56199.51