Веќе извесно време се зборува дека Apple и Samsung „се борат“ за Perplexity, а сега пристигнаа и поконкретни информации кои го потврдуваат интересот за купување од страна на компанијата од Купертино. Според информациите што ги објави Марк Гурман од Bloomberg, раководителите на Apple сериозно дискутираат за можноста да го купат Perplexity AI – пребарувач базиран на вештачка интелигенција кој стекна значителна популарност во изминатата година. ...

И оваа година, по петти пат, A1 Македонија ја реафирмира својата посветеност кон поддршката на младите таленти, преку уникатната платена програма за пракса, A1 WayUp. Програмата нуди извонредна можност за најперспективните студенти да го направат првиот чекор во својата професионална кариера, во рамки на некои од најдинамичните и значајни области: автоматизација, анализа и визуелизација на податоци, развој на платформи, IT инфраструктура, сајбер ...

Многу суштества имаат способност да испуштаат видлив сјај, но луѓето не се меѓу нив. Сепак, како што истакнуваат истражувачите, ова можеби не е целосно точно. До 1923 година, бројни студии откриле дека луѓето луминисцираат на фреквенции кои би биле видливи доколку не беа премногу слаби за да ги забележиме. Новото истражување сугерира дека од моментот на зачнувањето, сите ние блескаме на свој уникатен начин. Исто така, можно е дека откривањето на ...

Корисниците на iPhone наскоро ќе можат да гледаат видеа директно на екранот на мултимедијалниот систем во својот автомобил, благодарение на претстојната надградба iOS 26, но со одредени ограничувања. Apple во најновата iOS 26 надградба за програмери најави поддршка за AirPlay видео во рамки на CarPlay системот. Новата функција ќе овозможи апликациите да интегрираат можност за репродукција на видео содржини од iPhone директно на екранот во ...

Иако Project Indigo може бесплатно да се преземе на iPhone 12 Pro, од Adobe препорачуваат користење на понови модели Adobe претстави нова мобилна апликација за фотографирање наречена Project Indigo. Станува збор за апликација развиена од тим на експерти од Adobe, меѓу кои е и Marc Levoy – пионер во компјутерската фотографија и еден од луѓето заслужни за напредните фотографски можности на претходните Google Pixel телефони. „Наместо да се сними ...

Револуционерен материјал кој би можел целосно да ја промени бродоградбата, роботиката и транспортот Научниците неодамна постигнаа голем пробив во развојот на метал што може да плови на вода, што претставува предизвик за досегашното разбирање на густината на материјалите. Оваа иновација отвора нови можности во области како што се поморскиот транспорт, роботиката, заштитата на животната средина и автономните машини. Клучот на оваа технологија е во ...

Прелиминарните фотографии откриваат дека Galaxy Z Fold 7 ќе биде најтениот и најлесниот преклопен телефон на Samsung досега. Samsung се подготвува на 9 јули да ја претстави новата генерација преклопни телефони, вклучувајќи ги Galaxy Z Fold 7 и Z Flip 7. Во пресрет на официјалната премиера, сè почесто се појавуваат информации и снимки на интернет, а најновата доаѓа од YouTube каналот TheSINZA, кој го прикажува моделот Z Fold 7 во висока ...

Во Русија започнаа клиничките испитувања на вакцината против рак под името „Ентеромикс“, соопшти главниот онколог на Министерството за здравство, Андреј Каприн. „Нашиот институт е прв на кој му беше доверено да спроведе отворено, едностепено клиничко испитување од прва фаза со оваа вакцина“, изјави генералниот директор на Националниот медицински истражувачки центар за радиологија (NMIT радиологија) за време на сесијата „Развој на ...

Нова анкета покажува дека повеќето луѓе преминуваат на нов iPhone поради проблеми со стариот уред, а не поради вештачка интелигенција, подобра камера или побрз процесор. Дали некогаш сте се запрашале зошто всушност го менувате мобилниот телефон? Дали тоа е поради некоја нова функција што ви го привлекла вниманието или едноставно затоа што вашиот стар уред веќе не работи како порано? Според најновото истражување на фирмата CIRP спроведено меѓу ...

Google планира летово да го интегрира својот најнапреден алат за генерирање видеа, Veo 3 директно во YouTube Shorts. Иако ова се најавува како револуција за креаторите, многумина се прашуваат дали содржината создадена со вештачка интелигенција ќе го намали квалитетот и автентичноста на платформата. Оваа информација ја откри извршниот директор на YouTube, Нил Мохан, за време на неговото обраќање на филмскиот фестивал во Кан, пренесува The ...

Резултатот од најновото истражување на научниците од Јужна Кореја е хибридна нуклеарна батерија што користи радиоактивен извор и перовскит за долготрајно и стабилно напојување – идеално за вселенски мисии, медицински уреди и воена опрема. Истражувачи од Корејскиот институт за наука и технологија DGIST развиле прва практична „бетаволтаична“ батериска ќелија од нова генерација, која може да обезбеди енергија со децении – без потреба од полнење. ...

Спарувањето на фотоволтаичните електрани со сѐ поевтините батериски системи за складирање би можело да значи дека електричната енергија од тие постројки ќе може да се користи 24/7/365 во многу региони и држави, покажуваат нови податоци. Енергетскиот и климатски „think tank“ Ember ја објави својата нова анализа со наслов „Сончевата електрична енергија секој час, секој ден пристигна и ќе го промени сѐ“. Насловот произлегува од заклучоците на ...

Новиот дизајн е во согласност со насоката Material 3 Expressive и носи поедноставен прием на повици, заоблени елементи и модерна естетика. Google започна со воведување на голема визуелна промена во својата апликација Phone, најавувајќи нова ера на корисничкиот интерфејс пред доаѓањето на Android 16 верзијата. Оваа промена е дел од пошироката дизајнерска насока наречена Material 3 Expressive, која веќе е присутна во апликации како Gmail, Google ...

Мобилниот гејминг сè повеќе станува популарен секоја година, а очигледно за тоа е свесен и OnePlus, кој наводно подготвува нова линија мобилни телефони наменета за гејмери. OnePlus наводно работи на сосема нова линија мобилни телефони специјално дизајнирани за гејмери. Доколку се точни гласините, овие телефони ќе имаат поголеми батерии од досегашните OnePlus модели, врвни SoC процесори и специјални физички копчиња за играње. Како што пренесува ...

Нови рендери откриваат суптилни унапредувања кај Galaxy S25 FE во димензиите и камерите, додека чипсетот останува мистерија Samsung деновиве тешко ги чува тајните – по појавувањето на официјалните рендери за телефонот Galaxy Z Fold 7, сега се појавија и првите CAD-фотографии од моделот Galaxy S25 FE. Иако не се очекува уредот да биде претставен за време на Galaxy Unpacked настанот следниот месец, објавените прелиминарни фотографии нудат увид во ...

Споменување на стриминг на музика без загуба на квалитет се појави во кодот на апликацијата на неколку места, што значи дека оваа функција е сè поблиску до нејзиното доаѓање на Spotify. Извршниот директор на Spotify, Даниел Ек, уште минатото лето потврди дека планираат да им понудат на корисниците поскап пакет со висококвалитетен стриминг, но дека сè уште се работи за рана фаза од развојот. Речиси една година подоцна, се појавија информации кои ...

Новата епизода од серијалот „Best Phones Forever“ укажува дека Apple повторно „позајмува“ функции од Pixel, со тивка најава што може да очекуваме од Pixel 10. Во најновото продолжение на анимираниот серијал „Best Phones Forever“, Google повторно се шегува на сметка на iPhone, овој пат поради новитетите во iOS 26, кои – според нив – одамна им се добро познати на корисниците на Pixel телефони. Во епизодата со наслов „Responding to MORE Rumors“, ...

Со замената на двете телефото камери со една, Oppo ризикува деградација на квалитетот при големо зумирање. Според најновите информации од Кина, Oppo Find X9 Pro ќе користи еден 200 MP телефото сензор, а не две одделни телефото камери како неговиот претходник. Наместо често користениот Samsung ISOCELL HP9 сензор, компанијата се одлучила за новиот ISOCELL HP5, сензор со големина од 1/1.56″, кој досега не бил користен во перископски камери. Изворот ...

Станува збор за навистина едноставна апликација која всушност има само една задача – кога ќе се појави оглас на YouTube што може да се прескокне, апликацијата го детектира и едноставно автоматски го прескокнувa. Огласите се нужно зло, а добро позната е фактата дека секоја услуга или сервис кој се нуди бесплатно, всушност заработува од корисниците – само на поинаков начин. Никој не ги сака огласите на YouTube, а нив има сè повеќе, додека ...

Интервју со Александар Богоевски, Извршен директор на ЕМОФ Скопје 2025 по повод претстојниот Европски Младински Олимписки Фестивал, кој од 20 до 26 јули ќе се одржи во Скопје и Куманово Колкава е важноста за Македонија да биде домаќин на еден ваков голем меѓународен спортски настан и кои се стратешките придобивки за државата и за спортот? Организацијата на ЕМОФ Скопје 2025 има исклучително стратешко значење за Македонија – и на спортски и на ...

Според сè поголем број гласини, Apple нема да ја промени големината на дисплеите кај iPhone 18 Pro моделите следната година, но сепак тие ќе изгледаат значително поразлично од она на што сме навикнати. Кинескиот дојавувач Digital Chat Station, базиран на Weibo изјави дека Apple ќе остане со дисплеи од 6.3 инчи и 6.9 инчи за iPhone 18 Pro и iPhone 18 Pro Max, соодветно. Како потсетување, тоа се истите големини како кај тековните iPhone 16 Pro и ...

Мултимедијалното случување со наслов „Македонско вино“, ќе понуди уникатно искуство кое ги поврзува уметноста, културното наследство и виното Во ЈУ Младински културен центар, на 21 јуни (сабота) со почеток во 21 часот ќе се отвори мултимедијалниот настан со наслов “КреАрт – Годишен уметнички фестивал”. Мултимедијалното случување со наслов „Македонско вино“, ќе понуди уникатно искуство кое ги поврзува уметноста, културното наследство и виното. На ...

Новата Starlink Performance антена овозможува значително повисока брзина, но бара дополнителна опрема и посложена инсталација SpaceX ја претстави новата Starlink Performance антена од третата генерација, наменета за професионални корисници, која овозможува интернет брзини од над 400 Mb/s. Тоа е значително повеќе во споредба со стандардните Starlink модели кои нудат меѓу 250 и 300 Mb/s. Оваа антена е посебно наменета за најоддалечените локации на ...

Најпопуларната платформа за мапи и навигација воведува вештачка интелигенција, велосипедски рути и зони со ниско загадување Google најави голем пакет нови и подобрени функционалности за Google Maps наменети за корисниците во Европа. Подобрувањата вклучуваат унапредувања за возачите, велосипедистите, корисниците на јавен превоз, како и поддршка за зони со ниско ниво на загадување. Најважната новина е воведувањето на вештачка интелигенција при ...

Во време на брзи промени, економски предизвици и зголемена потреба за финансиска стабилност, сè повеќе граѓани ги практикуваат навиките за штедење. Штедењето денес не значи само чување средства на страна, тоа е стратегија и начин да се обезбеди сигурност за подобро утре. Халкбанк, како банка која со години вложува во довербата на граѓаните, нуди штедни производи кои ги следат различните животни ситуации и потреби – од флексибилни решенија за ...

Автентикацијата преку passkey ќе ги замени лозинките и на платформите на Meta, почнувајќи од Facebook на мобилните уреди, а потоа и на Messenger. Од Meta соопштија дека ќе им овозможат на корисниците најава и потврда на идентитетот преку технологија на безбедносни клучеви (passkeys), наместо класичната проверка преку корисничко име и лозинка. Безбедносните клучеви се посигурен начин за најава кој користи уникатен потпис на уредот и некој од ...

Кинеската компанија на 2 јули во Шенжен ќе го претстави Magic V5 со камера од 200 MP, батерија од 6100 mAh и ултра тенко куќиште. Honor официјално потврди дека на 2 јули во Шенжен ќе го претстави својот нов преклопен телефон Magic V5, кој ќе доаѓа со камера од 200 MP, батерија од 6100 mAh и ултра тенко куќиште. Настанот ќе започне во 19 часот по локално време (13 часот по средноевропско време), а се очекува на него да бидат претставени и уште ...

Истражувачи открија протеин кој делува како лепак, помагајќи во поправка на оштетената ДНК. Австралиски научници од Универзитетот Меквари открија дека природно присутен протеин во човечките клетки има силна улога во поправка на оштетената ДНК — молекулата што ги носи генетските упатства за градење и одржување на живите суштества. Ова откритие, објавено во списанието Ageing Cell, би можело да биде клучно за развој на терапии за тешки болести ...

ChatGPT во рамките на WhatsApp сега може да користи слики како поттик и да создава илустрации. Бесплатните корисници имаат можност за до десет генерирања слики дневно. Кон крајот на минатата година, OpenAI овозможи интеракција со својот мегапопуларен ChatGPT преку WhatsApp. Сè што треба да направите за да пристапите до chatbot-от е да го додадете во вашите контакти и да му испратите порака преку WhatsApp на телефонскиот број +18002428478 (или ...

Новата верзија на стандардот NFC Release 15 овозможува постабилно поврзување и поголема практичност благодарение на зголемениот досег NFC Forum го претстави новиот технички стандард NFC Release 15, чие главно подобрување е зголемување на максималниот доsет на детекција меѓу уредите од досегашните 0,5 см на дури 2 см, што претставува четирикратно зголемување. Ова унапредување не само што ја подобрува стабилноста на врската меѓу NFC уредите, туку ...

weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
7.2
71%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
93%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
71%
1014
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
5.25
91%
1016
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
97%
1015
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
1.03
80%
1005
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
87%
1006
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
100%
1008
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
10.8
86%
1017
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1015
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
4.12
59%
1010
weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
76%
1010
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58801

Злато

135056.24

Калај

40.48

Кобалт

58.42

Рутениум

29192.88

Платина

52952.77

Алуминиум

2.91

Паладиум

46425.68

Бакар

10.95

Сребро

1878.05

Иридиум

145787.60

Родиум

255598.44

Цинк

3.23