Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Иако новите iPhone модели од оваа година штотуку стигнаа во продавниците, веќе кружат нови информации за следната генерација на iPhone. Марк Гурман од Bloomberg сподели детали за сосема новиот преклопен iPhone кој треба да се појави следната година – вклучувајќи го дизајнот, цената и повеќе. Според неделниот билтен Power On, се очекува преклопниот iPhone да изгледа неверојатно слично на два iPhone Air модели поставени еден до друг, што би ...
NASA ѝ додели на компанијата Blue Origin нарачка за CLPS (Commercial Lunar Payload Services) мисија со опција за испорака на ровер во регионот на Јужниот Пол на Месечината. NASA VIPER (Volatiles Investigating Polar Exploration Rover) ќе бара испарливи ресурси, како мраз, на површината на Месечината и ќе собира научни податоци за поддршка на идните истражувања на Месечината и Марс. „NASA го предводи светот во истражување на поголем дел од ...
Од 19 септември, Џејми Караматиќ официјално ја презеде функцијата генерален директор на рудникот за олово и цинк САСА од Македонска Каменица. Тој доаѓа на местото на Крис Колбурн, кој претходно оваа година беше унапреден во главен оперативен директор на групацијата Централ Азија Металс (CAML). Џејми Караматиќ (Jamie Karamatic) е искусен рударски инженер со повеќе од 20 години меѓународно работно искуство во подземни и површински рударски ...
Сеприсутниот AI помошник се интегрира во Game Bar на компјутерите со Windows 11 и наскоро ќе пристигне во мобилната апликација Xbox, нудејќи им на играчите совети, препораки и помош во реално време без прекинување на играта. Microsoft го најави официјалното лансирање на својот AI алат наречен Gaming Copilot, осмислен како персонализиран асистент за Xbox играчите. Овој AI помошник е дизајниран да дава препораки, поддршка и различни информации ...
Елон Маск верува дека благодарение на ракетата Starship, човештвото до 2055 ќе воспостави самoodржлива колонија на Марс. Населувањето на Црвената планета повеќе не е само научна фантастика, туку реална визија, тврди Маск. Основачот и директор на SpaceX смета дека човештвото би можело да воспостави одржливо и самoodржливо населување на Марс до 2055 година, под услов да се направат клучни исчекори во технологијата на тешки ракетни лансирања. ...
Gartner прогнозира дека многу брзо, до 2026 година, ARM компјутерите ќе сочинуваат повеќе од 55% од пазарот на AI PC, додека x86 ќе остане доминантен во бизнис-секторот Трендот на AI PC забрзано го менува пазарот на компјутери, отворајќи простор за нови архитектури и модели. Најновиот извештај на меѓународната истражувачка и консултантска компанија Gartner покажува дека ARM процесорите ќе играат клучна улога во наредните години, додека ...
Huawei го претстави Watch GT 6 со траење на батеријата до 21 ден, TruSense мерење и повеќе од 100 режими за вежбање. Под слоганот „Ride the Wind“, Huawei на медиумски настан во Париз ја претстави новата генерација свои уреди, а главното внимание го привлече серијата Huawei Watch GT 6. Заедно со неа, премиера имаа и моделите Huawei Watch Ultimate 2, Huawei Watch D2, како и новата серија Huawei nova 14, Huawei FreeBuds 7i и Huawei MatePad 12 X. ...
Претседателот на Xiaomi тврди дека дизајнот на камерата кај новиот iPhone 17 Pro Max не е копиран од Apple, како и дека прескокнувањето на серијата 16 не е направено за усогласување со именувањето на Apple. Xiaomi се подготвува да ја претстави својата нова серија на врвни смартфони кон крајот на овој месец, па претседателот на компанијата Лу Вејбинг на Weibo го спореди Xiaomi 17 Pro Max со новиот iPhone 17 Pro Max на Apple. Во кратко видео ги ...
Samsung Galaxy S26 Ultra со AI екран носи подобра приватност, прилагодливи агли на гледање и врвен дизајн, поставувајќи нов стандард меѓу телефоните. Samsung Galaxy S26 Ultra го означува доаѓањето на нова ера во технологијата на приказ кај паметните телефони. Додека ја задржува препознатливата големина на екранот од 6,89 инчи, која ја имаше и неговиот претходник Galaxy S25 Ultra, овој модел носи револуционерни иновации во областа на: ...
Љубителите на проѕирни гаџети повторно имаат причина за радост, бидејќи новите слушалки на Nothing доаѓаат со корисни подобрувања. Nothing го претстави својот најнов модел TWS слушалки, Ear (3). Станува збор за нивниот водечки модел кој носи низа подобрувања во однос на претходникот, како што се редизајнирано куќиште, унапреден квалитет на звук, подобра автономија и нова функција за елиминирање на позадинска бучава при повици. Имено, Ear ...
iPhone 17 Pro носи поголема отпорност на падови, но лесно се гребе и ја губи бојата на рамките. Ако го цените изгледот, маската е задолжителна. Apple официјално ја пушти во продажба новата генерација од серијата iPhone 17 Pro, но веќе првиот ден се појавија критики од корисниците дека уредот не е доволно отпорен на гребнатини. На социјалните мрежи се појавија фотографии од продавници на кои изложените примероци имаат видливи траги од ...
Xiaomi ќе го лансира HyperOS 3 на 24 септември 2025 година, со нов интерфејс, подобрени перформанси и листа на првите уреди за глобалната бета програма. Xiaomi се подготвува за глобално лансирање на HyperOS 3 верзијата на 24 септември 2025 година. По бета програмата во Кина, сега и глобалните пазари се подготвуваат за едно многу важно ажурирање на екосистемот на Xiaomi уредите. Раниот пристап е важен за корисниците кои сакаат максимално да ја ...
Првиот ден од предавањата покажа зошто Weekend со години важи за уникатна комбинација од сериозни теми и врвен ентертејнмент, со спој на забава, вмрежување и нови искуства. Од вештачка интелигенција и енергетика до човечки ресурси, финансии и креативност – Ровињ овие денови не само што зборува за иднината, туку ја и обликува. Највозбудливиот викенд во годината официјално започна! Со синоќешната журка во Ровињ беше отворен Weekend.18, ...
Новата iPhone 17 серија нуди досега најголем скок во траењето на батеријата, а Pro Max моделот дури ги надминува телефоните со капацитет од 6700mAh. Траењето на батеријата е еден од најважните фактори при купување телефон, а Apple со iPhone 17 серијата го направи најголемиот напредок досега. Првиот бран тестови открива дека траењето на батеријата е значително продолжено, па новите модели ја стекнаа репутацијата како генерација со најголем ...
Станува збор за една од најпознатите апликации на iOS, која има за цел да помогне во намалувањето на времето поминато на смартфоните и развивање подобри дигитални навики, а која веќе некое време е достапна и на Android смартфоните Opal е апликација за сите оние кои сакаат да спречат прекумерно користење на паметните телефони и на тој начин да создадат поздрави дигитални навики – и тоа без потреба целосно да се исклучат од онлајн светот. Во ...
Технолошкиот гигант ја засилува трката во AI пребарувачите со целосна интеграција на Gemini, кој ќе им помага на корисниците со секојдневни задачи, организација и пребарување. Компанијата лансира пакет од нови функции со кои Gemini длабоко се вградува во Chrome. Тоа започнува со најавата дека за Gemini во Chrome повеќе нема да се бара членство и ќе почне да се воведува кај корисниците на Mac и Windows во САД, почнувајќи од денес. Сето ова е ...
Како се одвива дигиталната трансформација во финансискиот сектор, како финтек технологијата ги менува и им помага на традиционалните финансиски услуги, колку таа технологија може да се употреби во испораката на квалитетни и ефективни финансиски производи и услуги до крајните потрошувачи, но и како финтек индустријата ќе се развива во иднина и кој ќе го предводи тој процес, беа дел од темите на кои се дебатираше во рамките на Првата ...
Со завршувањето на четвртото издание на Ingram & Vendors Networking #4, Охрид уште еднаш се оквалификува како место каде што се создаваат новите насоки во ИТ-индустријата на регионот. Конференцијата собра речиси 200 учесници – ИТ експерти, бизнис-лидери, партнери и претставници на глобални и регионални компании. Настанот прерасна во форум на кој се вкрстуваат визии, технологии и практики што ја дефинираат иднината на дигиталната ...
Бројот на егзопланети што ги пронашла американската вселенска агенција NASA достигна 6.000, а ова е постигнато по само триесетина години истражување на светови надвор од нашиот Сончев систем. Пред само три години, оваа бројка изнесуваше 5.000. Барем номинално, стапката на откривање изгледа експоненцијална, што е секако добро, бидејќи теоретски би требало да постојат уште милијарди светови што може да се пронајдат. „Влегуваме во следното ...
Uber Eats планира повторно да ја тестира доставата на храна со дронови, овојпат во партнерство со Flytrex. Flytrex е еден од операторите на дронови што стојат зад Walmart-овата достава со дронови и веќе доставува храна во некои делови на САД. Тој е еден од четирите даватели на услуги што добија одобрение од Федералната администрација за авијација (FAA) за операции надвор од визуелната линија на видливост (BVLOS), при кои пилотите не можат ...
Nvidia и Intel најавија партнерство за развој на нови x86 процесори со RTX графика и чипови за дата центри, откако Nvidia купи акции на Intel во вредност од 5 милијарди долари, што претставува околу 5% удел во компанијата. Во неочекуван потег што го менува текот на целата индустрија, Nvidia и Intel објавија дека ќе развиваат нови генерации на x86 производи. Оваа соработка ги вклучува Intel x86 RTX SoC процесорите за гејминг PC пазарот, кои ...
Најуспешните компании денес својот успех, меѓу другото, го градат и одржуваат преку специфична корпоративна култура прилагодлива на промени. Ваквата култура поттикнува подобри перформанси, иновации и благосостојба на луѓето, кои всушност се движечката сила што стои зад успехот на компанијата. Ова го истакна Ивана Стојаноска, сениор менаџер за комерцијално работење во компанијата Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп (ФМТКП), зборувајќи за ...
Meizu 22 носи компактен дизајн, 6,3-инчен OLED екран, Snapdragon 8s Gen 4, три 50 MP камери и батерија од 5.510 mAh со 80 W полнење. Meizu 22 е официјално лансиран во Кина како најнов флегшип уред на компанијата чието име добро им е познато на љубителите на квалитетни телефони. Уредот има исклучително тенки рамки околу екранот и компактен дизајн, со 6,3-инчен OLED LTPO екран, 120 Hz освежување, 1,5K резолуција и максимална осветленост од ...
Huawei развива напреден уред за следење на шеќерот во крвта, планиран за 2026 година, што би можело да донесе револуција во носливите уреди со напредни здравствени функции. Huawei се подготвува во наредните денови да претстави нови паметни часовници, но според најновите информации, компанијата веќе развива напреден уред за следење на шеќерот во крвта, планиран за 2026 година. Ова би можел да биде голем исчекор во областа на носливите уреди ...
Иако Ray-Ban Meta од втора генерација веројатно ќе бидат повеќе продавани, сепак поинтересни се очилата Ray-Ban Display кои доаѓаат со вграден дисплеј во стаклото. Meta на конференцијата Meta Connect 2025 претстави два нови модели на своите паметни очила: Ray-Ban Display со вграден дисплеј во стаклото и Ray-Ban Meta од втора генерација. Ray-Ban Display имаат heads-up дисплеј во десното стакло со резолуција од 600 x 600, фреквенција на ...
Lenovo, на саемот IFA 2025, во рамките на настанот Lenovo Innovation World 2025 и под слоганот Smarter AI for All, го претстави своето најново портфолио иновации поттикнати од вештачка интелигенција. На почетокот на овој месец, Lenovo на саемот IFA 2025 го презентираше својот најнов портфолио иновации поттикнати од вештачка интелигенција, повторно со добро познатиот слоган – Smarter AI for All. Новата линија опфаќа компјутери со високи ...
Денес, во хотел „Мериот“ во Скопје, се одржа прес-конференција со која официјално започна петтата едукативна кампања „Засади желба“, во организација на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, Сава пензиско друштво АД Скопје и Триглав пензиско друштво АД Скопје, со поддршка од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС. Оваа година кампањата се одвива под мотото „Засади желба за стабилна иднина“, по повод ...
Најновите информации покажуваат дека полнењето на Samsung S26 останува на 25 W и 45 W, додека дури и уредите од средната класа на Android нудат 45 W или повеќе. Серијата Samsung S25, лансирана на почетокот на годината, стана најпродаван Android флегшип во светот, па логично е од генерацијата Galaxy S26 да се очекува уште повеќе. Сепак, досегашните информации укажуваат дека полнењето на Samsung S26 може да ги разочара корисниците. Според ...
Откако беше откриено дека претстојниот Xiaomi 17 Pro ќе има задно, односно секундарно, екрани, познатиот дојавувач на социјалната мрежа X, Ice Universe објави промотивно видео за овој уред. Xiaomi веќе потврди дека моделите Xiaomi 17, 17 Pro и 17 Pro Max ќе бидат официјално претставени овој месец. Пред самиот настан на лансирање, неодамна дознавме многу информации за нив. Постоењето на задниот екран кај моделот Xiaomi 17 Pro е потврдено уште ...
Вчера, на 17 септември, во хотелот Александар Палас, успешно се одржа првата конференција „Бизнис лидер“. Настанот, насловен „Обликување на иднината: Лидерство во ерата на трансформација“, ги обедини највлијателните и најуспешните бизнис лидери, претприемачи и претставници од јавниот и институционалниот сектор, со цел да се дефинираат стратешки насоки кои ќе го поттикнат растот и развојот на македонскиот бизнис сектор. Конференцијата започна ...