Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Нов чип што го развија истражувачите од MIT, Бостон и Нортестерн универзитетот користи попаметна модулација и алгоритамот GRAND за почист сигнал и помала потрошувачка на енергија, отворајќи го патот кон 6G мрежите. Истражувачи од MIT, Бостон Универзитет и Нортестерн Универзитет развијаа нов чип што би можел да го промени начинот на кој уредите комуницираат безжично. Овој чип троши помалку енергија, ја подобрува стабилноста на врската и го ...
Во делот за екологија од своето соопштение за iPhone Air оваа недела, Apple откри дека уредот е опремен со 3D-печатен титаниумски USB-C приклучок. Apple изјави дека 3D-печатениот титаниумски USB-C приклучок нуди три предности во споредба со оној произведен со конвенционален процес на ковање: тој е потенок, поцврст и користи 33% помалку материјал, со што е поеколошки. 3D печатењето на метал е познато и како метална адитивна изработка — процес ...
Камен примерок од кратерот Језеро на Марс, собран од роверот на NASA, Perseverance содржи минерали кои би можеле да бидат знак за древна микробна активност, соопштија научниците. Истражувањето објавено во списанието Nature покажува дека во примерокот, наречен Sapphire Canyon, се откриени минералите вивианит и грејгит. На Земјата, овие соединенија често настануваат како резултат на реакции предизвикани од микроорганизми. „Овие реакции се ...
Huawei развива преклопен телефон од средната ценовна класа со Pura X екран, планиран за четвртиот квартал од 2025 година, со компромис во перформансите, но со фокус на екранот. Huawei за оваа година планира нови модели на телефони со склоплив екран, а по троструко преклопливиот модел Mate XTs, компанијата се подготвува и за средната класа. Според информациите од профилот DigitalChatStation, во подготовка е склоплив уред кој ќе има ...
Со оглед на тоа што новата учебна година веќе започна, Samsung нуди дополнителна поддршка за ученици, семејства, професионалци и љубители на технологија. Во тек е акцијата „Back to School“, која трае до 30 септември 2025 година и носи бесплатен таблет за купувачите на Samsung телевизори. Со Samsung телевизорите можеш да се грижиш за твоето милениче, да го направиш домот попаметен и поудобен, да ги заштитиш твоите податоци и да добиеш подарок ...
Прелиминарните рендер фотографии од Galaxy S26 Edge откриваат редизајн со огромен модул за камери и ултратенко куќиште, кој несомнено е инспириран од новите iPhone 17 Pro модели. Apple пред два дена го претстави iPhone 17 Pro, а неговиот дизајн веќе стана главна тема во технолошките кругови. Додека едни го пофалија, а други го критикуваа новиот изглед, нема сомнеж дека токму Apple ќе ги диктира трендовите за следните генерации паметни ...
Новиот видео спот на Телеком веднаш го привлече вниманието на медиумите и јавноста, кои позитивно ја прифатија пораката за отфрлање на предрасудите. Видеото „Никој не се раѓа со предрасуди, тие се учат” е продолжување на комуникациската платформа #НаправиМесто, која Телеком ја започна лани, за да поттикне отвореност и меѓусебно разбирање коишто се важни за целосно да се поврземе. Снимањето на видеото се случуваше во градинката „Пролет“, во ...
Sony конечно го воведува она што Nintendo и Microsoft го имаат со години – новата апликација PlayStation Family, која главно служи како проширување на родителската контрола на конзолата. Сепак, родителите добиваат и неколку дополнителни придобивки. Апликацијата вклучува „внимателно воден“ процес на воведување во користење. Откако ќе се постават сите параметри, родителите можат да прават сè што веќе можеле на конзолата – да поставуваат ...
Xiaomi подоцна овој месец ќе претстави три уреди од својата водечка серија – Xiaomi 16, 16 Pro и 16 Pro Max, а сега на социјалната мрежа X се појавија наводни спецификации за моделот Xiaomi 16. Според изворот, смартфонот има 6,3-инчен LTPO OLED екран со 1,5K резолуција и фреквенција на освежување од 120Hz, три задни камери меѓу кои главната од 50 MP со OmniVision сензор, ултраширока од 50 MP и телефото камера од 50 MP со Samsung ISOCELL JN5 ...
Samsung Electronics објави дека ќе учествува на CES 2026 во Лас Вегас со најголемиот изложбен простор во историјата на компанијата. Лоциран во престижните Wynn and Encore Las Vegas, штандот на Samsung ќе означи нова ера на иновација и ангажман со клиентите. Овој рекордно голем премиум простор ја нагласува посветеноста на Samsung да испорача имерзивно искуство кое ги оживува најновите производи и визијата на компанијата. Со интегрирање на ...
Од 18 до 21 септември Ровињ повторно ќе стане епицентар на знаењето, инспирацијата и незаборавната вечерна програма. Додека деновите на Weekend.18 се резервирани за предавања, панели и дискусии со водечки светски и регионални експерти, ноќите традиционално ѝ припаѓаат на забавата. Weekend веќе со години е познат по единствениот спој на бизнис нетворкинг и врвна музика, а токму вечерните програми му даваат на фестивалот посебна енергија. Кога ...
По повеќегодишно исчекување, најпопуларниот сервис за стриминг на музика воведува звук со висока резолуција за своите претплатници. Опцијата постепено се воведува во повеќе од 50 земји, а Македонија не е во првиот бран. Претплатниците на услугата Spotify Premium можеби неодамна добија зголемување на цените на месечните претплати, можеби Spotify ќе почне да им ги укинува сметките доколку ги плаќаат со VPN преку некоја „поевтина“ земја, но ...
Rimac претстави батерија со цврст електролит која се полни од 10% до 80% за само 6,5 минути и нуди голема енергетска густина. Rimac Technology, развојниот и производствен огранок во сопственост на Rimac Group, ја претстави револуционерната батерија со цврст електролит за електрични автомобили, која ветува дека дополнувањето на пат ќе биде побрзо од точење гориво и купување кафе. Новата батерија, развиена во соработка со компаниите ProLogium ...
Астронаутите кои се наоѓаат на Меѓународната вселенска станица, снимија извонредни фотографии од целосното затемнување на Месечината за време на изминатиот викенд. Затемнувањето се случи во ноќта од недела кон понеделник (7 кон 8 септември), беше видливо од поголемиот дел на источната хемисфера и воодушеви многумина ширум западна Австралија, Азија, Африка и Европа. Беше видливо и од 400 километри над Земјата, што е просечната висина на која ...
Apple го лансира најголемото софтверско освежување во последните десет години: iOS 26, iPadOS 26, watchOS 26 и macOS 26 Tahoe пристигнуваат на 15 септември со новиот Liquid Glass интерфејс. Иако за време на претставувањето на iPhone 17 беа само накратко споменати, Apple тивко ја ажурираше својата веб-страница и го откри датумот кога корисниците ќе можат да ги преземат новите верзии на оперативните системи. Почнувајќи од 15 септември 2024 ...
Huawei ја објави листата на телефони и таблет уреди со поддршка за Wi-Fi 7+, носејќи побрз интернет, помало доцнење и постабилна конекција. Huawei денес ја прошири листата на уреди кои добиваат поддршка за новата Wi-Fi 7+ технологија на ниво на процесор. Освен најновите модели паметни телефони, на списокот се додадоа и некои од врвните уреди од средната класа. Оваа функција носи значително побрзи мрежни перформанси, поголема стабилност и ...
Google Gemini сега овозможува преземање аудио фајлови и автоматско креирање транскрипт со временски ознаки и препознавање на говорници. Google повторно ја унапреди својата Gemini апликација и им овозможи на корисниците да испратат аудио фајлови, кои потоа АИ ги претвора во транскрипт за само една секунда. Оваа функција е особено корисна за водење белешки од состаноци или предавања, бидејќи ја елиминира потребата од повторно преслушување на ...
Во организација на Стартап Клуб Скопје, самитот ќе донесе над 1000 учесници од целиот регион – стартапи, инвеститори, истражувачи, студенти, фриленсери и AI ентузијасти Подгответе се за нешто што досега не сме го виделе кај нас. Од 27 до 30 ноември 2025, Скопје ќе стане дом на Startup Revolution Summit.ai – четиридневен регионален настан кој ќе ги собере на едно место визионерите од светот на технологијата, претприемништвото и вештачката ...
Google ја донесе функцијата Scroll and Translate за Circle to Search, а Samsung Galaxy телефоните први ќе уживаат во оваа моќна AI можност – пред сите други Android модели. Google официјално ја претстави унапредената верзија на функцијата „Circle to Search“ за Android, а први што ја добиваат се Galaxy уредите. Новата опција се вика „Scroll and Translate“ и овозможува содржината на екранот да се преведува во реално време додека корисникот ...
Новата анализа на примерок собран од астероидот Бену понуди увид во тоа како тој се формирал. Истражувањето објавено во списанијата Nature Astronomy и Nature Geoscience дава детали за гранулите што беа собрани и донесени на Земјата во септември 2023 година како дел од мисијата OSIRIS-REx, предводена од американската вселенска агенција NASA. Овие три студии открија дека Бену е астероид близу Земјата, но неговиот состав сугерира дека ...
Apple на вчерашниот медиумски настан ги претстави и AirPods Pro 3 безжични слушалки. Новиот модел пристигнува со подобрено активно поништување на бучава (Active Noise Cancellation), подобро вклопување во увото, унапреден звук и IP57 отпорност на пот и вода. Оваа генерација доаѓа со значително подобрени микрофони и напредна компјутерска обработка на звукот, кои носат многу подобро искуство при слушање. Благодарение на новите продолжетоци за ...
За разлика од премиум пристапот на Samsung и Apple, Nubia Air на пазарот пристигнува по цена од 250 евра. Во последната деценија мобилните телефони растеа во сите димензии, но 2025 година носи промена во спротивен правец – кон тенкост и леснотија. Samsung веќе го претстави својот ултра тенок адут, Galaxy S25 Edge, а многу брзо тоа ќе го стори и Apple со iPhone 17 Air. На тој список сега се приклучува и кинескиот ZTE со Nubia Air – модел кој ...
Кај iPhone 17 Pro моделите, Apple посебно внимание посвети на термичкото управување. Уредот користи сопствен vapor chamber систем, во кој дејонизираната вода затворена во комората се шири и кондензира за ефикасно преместување на топлината подалеку од компонентите Apple официјално ги претстави и iPhone 17 Pro моделите, кои носат неколку визуелни и технички новини. Најзабележлива промена е редизајнот на модулот на камери, кој сега се протега ...
Новиот стандарден iPhone 17 модел донесува ProMotion екран со 120 FPS, A19 чип, подобри камери и повеќе бои, со почетна цена од 799 долари. Apple денес официјално ја претстави новата генерација на iPhone уреди, а прв во понудата е основниот модел – iPhone 17. Овој телефон има поголем екран од 6,3 инчи, за првпат со ProMotion освежување на слика до 120 FPS, како и Always-On опција која го прикажува заклучениот екран во затемнет мод. Напојуван ...
Apple на денешниот медиумски настан ја претстави и новата серија паметни часовници – Apple Watch Ultra 3, Watch Series 11 и Watch SE 3 со нови функции и подобра батерија, како и новите безжични слушалки AirPods Pro 3. Фокусот на новите паметни часовници беше на поголема издржливост, подобрени здравствени функции и интеграција со Apple Intelligence системот на услуги базирани на вештачка интелигенција. Apple Watch Series 11 Новиот Apple ...
iPhone Air е дебел само 5,6 мм, што го прави најтенкиот iPhone досега. Рамката е изработена од титаниум со полиран финиш, а се одликува со прилично голем дисплеј од 6,5 инчи Apple вечерва ја претстави новата iPhone 17 серија смартфони, како и новата серија паметни часовници Apple Watch Series 11 и Apple Watch Ultra 2 и новите безжични слушалки AirPods Pro 3. На радост на корисниците, iPhone 17 конечно доби 120-херцен екран, а iPhone 17 Pro и ...
Дали сакате секојпат штом се разбудите, првата шолја кафе да ја пиете во мирна и организирана кујна, без да размислувате дали храната е свежа или дали ќе стигнете да завршите со перењето алишта. Ова веќе не е само желба, тоа може да биде вашето секојдневие благодарение на паметните Samsung уреди со вештачка интелигенција. Чист дом без напор Скапоценото слободно време од викендите кое толку често го трошите на чистење, сега може да биде ...
Samsung ги подготвува Galaxy Glasses во соработка со компаниите Google и Qualcomm, како конкуренција на очилата Meta Ray-Bans. Официјалната најава се очекува на 29 септември. Samsung, Google и Qualcomm со години работат на нова генерација носливи уреди базирани на Android XR платформата. Додека главниот фокус на јавноста е насочен кон Project Moohan хедсетот кој треба да конкурира на Apple Vision Pro, изгледа дека компанијата подготвува уште ...
Напредување на транспарентноста и изборот со Galaxy AI Технологијата се развива со голема брзина, станувајќи сѐ поинтелигентна со секоја секунда. Овие брзи напредоци ја оживеаја Galaxy AI, отклучувајќи нови нивоа на продуктивност, креативност и комуникација. Но, како што мобилната вештачка интелигенција станува понапредна, истовремено се појавуваат и нови грижи околу приватноста и контролата. Samsung ги адресира и двете на два клучни начини: ...
Македонскиот филм „СИЛЈАН” во режија на Тамара Котевска и во продукција на Конкордиа (Concordia) е годинашниот македонски кандидат за наградата „Оскар” за Најдобар интернационален филм. Одлуката ја донесе Комисијата за избор при Друштвото на филмските работници на Македонија, прифатена и одобрена од Американската академија за подвижни слики, уметност и наука, во состав: Томи Салковски – претседател на комисијата и продуцент, Лабина Митевска – ...