Белград
9ᴼ /
8ᴼ
На вонредна седница на Македонската асоцијација за рударство (МАР) која се одржа на 29 мај, за нов претседател на Асоцијацијата е избран Диме Петроски, дипломиран инженер геолог со повеќе од 23 години искуство во рударскиот и геотехничкиот сектор. Со богата професионална кариера што започнува уште во 1998 година како теренски инженерl, Петроски во својата кариера успешно раководел со значајни проекти за истражување, развој и стабилизација на ...
Веќе некое време кружат шпекулации дека Samsung ќе ја воведе Ultra верзијата во својата Fold серија, а сега пристигна и првиот официјален тизер што го најавува доаѓањето на моделот Fold7 Ultra. Паметниот телефон ќе пристигне годинава заедно со основниот Z Fold7, Z Flip7 и Z Flip FE. Новите преклопни телефони на Samsung ќе бидат претставени на настан во Њујорк, закажан за почетокот на јули. Тизерот прикажува тенок профил на моделот Z Fold7 Ultra, ...
Huawei официјално откри кога ќе биде премиерата на серијата Pura 80, а датумот е 11 јуни. Компанијата сподели слика и краток текст на својата страница на кинеската социјална мрежа Weibo. Минатиот месец, еден од високите менаџери на компанијата изјави дека Pura 80 серијата ќе биде пуштена во јуни. Сега веќе ја имаме и точната дата. Освен новите смартфони Pura 80, компанијата ќе претстави и други паметни уреди. На споделената слика се гледа ...
Нови контактни леќи ја претвораат инфрацрвената светлина во видлива, овозможувајќи им на корисниците да гледаат во темнина и да разликуваат спектри на инфрацрвено зрачење – сето тоа без батерија Научници од областа на невронауката и науката за материјали развија контактни леќи кои овозможуваат инфрацрвен вид, претворајќи инфрацрвена светлина во видливи бранови должини. За разлика од ноќните очила кои бараат батерии и комплексна опрема, овие леќи ...
Внатрешен документ открива дека ChatGPT до средината на 2025 година би можел да се интегрира во телефони, апликации и оперативни системи како сеопфатен AI асистент. ChatGPT нема да остане само алатка за разговор – OpenAI има амбициозен план да го претвори во „супер асистент“, според внатрешен документ со наслов „ChatGPT: H1 2025 Strategy“, кој излезе на виделина во рамки на антимонополската истрага против Google. Документот открива дека OpenAI ...
Компанијата Paradromics успешно вгради имплант во човечки мозок, со што ѝ се придружи на ривалите, меѓу кои е и Neuralink. Како што е познато, Елон Маск е сопственик на Neuralink, компанија која претходно вгради имплант во човечки мозок — т.н. BCI имплант (интерфејс мозок-компјутер). Сега, во таа сфера ѝ се приклучува и компанијата Paradromics, која соопшти дека извршила имплантација, а потоа и отстранување на BCI уред за време на операција ...
Поради Законот за дигитални пазари (DМА), Microsoft веќе овозможува деинсталирање на прелистувачот Edge и отстранување на резултатите од Bing од пребарувањето на компјутери кои користат Windows оперативен систем, но сега оди уште подалеку. Оваа недела беше објавено дека корисниците на Windows во Европскиот економски простор (ЕУ плус Исланд, Лихтенштајн и Норвешка) ќе имаат можност да го деинсталираат Microsoft Store и да избегнат дополнителни ...
Од 1 јуни, нов генерален директор на Пивара Скопје е Огњен Лазиќ. Тој доаѓа на местото на Душан Митрев, кој е унапреден на нова позиција во рамки на Coca-Cola HBC групацијата. Новиот генерален директор Лазиќ доаѓа од позицијата директор за маркетинг и комерцијална извонредност во „Бамби“, Србија. Има богато искуство во индустријата за пијалаци и финансиски менаџмент, како и во управување со развој на стратегии за раст на бизнисот. „Голема чест е ...
Само оваа среда на 4 јуни, од 10.30 до 14.30 часот, Скопје ќе добие нова еднодневна и уникатна автобуска линија за млади! ЈСП пушта вонредна линија што не само што ќе ве однесе до посакуваната дестинација, туку ќе понуди и необично искуство. Се тргнува од Студентскиот дом „Гоце Делчев“, се кружи низ градот со постојки на најактивните младински точки (ФИНКИ, Архитектонски, Пошта, Рекорд, УКИМ, Капитол, Пелагонија…) и се враќа назад. На оваа ...
Новата сертификација од Microsoft гарантира пренос на податоци, полнење и приказ преку USB-C без никакви проблеми Microsoft конечно реши да стави крај на хаосот кој владее околу различните USB-C стандарди кај уредите со Windows 11. Со доаѓањето на верзијата Windows 11 24H2, компанијата ќе бара од производителите строго придржување кон прецизно дефинирани USB-C стандарди, со што ќе се елиминираат нејаснотиите и проблемите со пренос на податоци, ...
Според најновите информации, Google ќе го одржи својот „Made by Google“ настан на 13 август, на кој ќе ја претстави новата Pixel 10 серија смартфони. Овие уреди потоа ќе се појават во продажба на 20 август, тврдат познатиот дојавувач MysteryLupin и порталот Android Headlines. Се очекува дека Google годинава, како дел од серијата Pixel 10, ќе претстави четири смартфони: стандардниот модел, Pro, Pro XL и Pro Fold, а на истиот настан се предвидува ...
Perplexity е како млада девојка на која ѝ се додворуваат двајца богати момчиња – Samsung и Apple. Samsung ѝ нуди брак со мираз, односно инвестиција од 500 милиони долари и и го ветува секој Galaxy телефон. Apple е повнимателен додворувач – ја фали, но засега не сака да се врзе. Дали Perplexity ќе седи на две столчиња? AI пребарувачот Perplexity стана новата ѕвезда околу која се вртат најголемите производители на мобилни телефони во светот. ...
Легендарниот дизајнер на Apple, Сер Џони Ајв и сопругата на Стив Џобс, Лорин Пауел Џобс дадоа обемно интервју за Financial Times за нивната соработка и планови во областа на вештачката интелигенција. Во разговорот зборуваа за минатото, за промените во технолошката индустрија и за мотивацијата зад новите проекти поврзани со вештачката интелигенција. Сер Џони Ајв, човекот кој стои зад дизајнот на iMac, iPod и iPhone, го напушти Apple во 2019 ...
Бидете безбедни кога купувате преку интернет следејќи ги овие совети и користејќи ги вградените безбедносни функции на Samsung паметните телефони Купувањето преку интернет стана составен дел од нашиот секојдневен живот бидејќи нуди удобност, разновидност и конкурентни цени. Сепак, со развојот на е-трговијата, и сајбер криминалците ја засилија својата активност за да украдат чувствителни информации и да извршат измами. Во овој текст ќе зборуваме ...
WhatsApp наскоро ќе ја зајакне приватноста на своите корисници, овозможувајќи им да го сокријат својот телефонски број во разговорите. Промените ќе бидат видливи во четовите, а правилата ќе бидат строго утврдени. Делењето телефонски број со непознати лица секогаш носи ризик, а жените особено може да се соочат со непријатности. Исто така, постојат бројни измами и спам-пораки, па дури и давање број на една личност може да доведе до несакани ...
Со потенкиот Blade 16, Razer во својот гејминг лаптоп вгради AMD Ryzen AI процесори и до Nvidia GeForce RTX 5090 графичка картичка, како и OLED екран со 240 Hz. Razer Blade се наоѓа на врвот на понудата на гејминг лаптопи и е еден од синонимите за премиум сегментот, што подразбира и очекувано висока цена. Razer не го смени дизајнот и основниот изглед во однос на претходната генерација, но во новиот модел Blade 16 покрај поновиот хардвер, ...
Компанијата Microsoft во својот пребеарувач Bing воведе генератор на видеа поттикнат од вештачка интелигенција. Bing Video Creator е поттикнат од Sora и создава кратки видеа врз основа на текстуални упити. Оваа бесплатна функција веќе пристигнува во мобилната апликација на Bing, а се планира подоцна да биде достапна и за десктоп компјутери, како и во Copilot Search. Microsoft инвестираше милијарди долари во OpenAI за да го поддржи нејзиниот ...
Останува нешто помалку од една недела од почетокот на WWDC 2025 конференцијата за програмери, а воведната Keynote презентација на Apple е закажана за понеделник, 9 јуни во 10 часот наутро по пацифичко време (19 часот по македонско време). Во пресрет на годишната конференција за програмери, Apple ја ажурираше својата WWDC страница со новиот слоган „Sleek peek“, кој го заменува претходниот слоган „On the horizon“ што беше користен изминатите ...
Се работи за прв таков модел во градскиот сегмент со хибриден погон, се гордее со најниски емисии на CO2 на пазарот, а ќе биде и најмоќниот Aygo досега произведен, со дури 114 коњски сили од 1,5-литарски бензински мотор и електромотор. Toyota го претстави освежувањето во понудата на својот најмал градски кросовер. Нивниот Aygo X станува прв автомобил во својот сегмент со „вистински“ хибриден погонски систем. Неговите конкуренти обично имаат мали ...
Влашката заедница претставува еден од најстарите и највитални културни и историски слоеви во македонското општество. Преку вековите, Власите не биле само сведоци, туку и активни учесници во развојот на трговијата, образованието, науката, уметноста и граѓанското општество – не само во Македонија, туку и пошироко на Балканот и во Европа. Тие се жив доказ дека и помалите заедници можат да имаат огромен придонес во општото добро, ако имаат поддршка ...
Инвестицијата на Microsoft во Швајцарија покажува како големите американски компании се прилагодуваат на европските регулативи. Локалното чување на податоци станува регулаторна реалност, а Швајцарија го искористува тоа за привлекување на големи инвестиции. Одлуката за инвестиција од 400 милиони долари беше објавена за време на состанокот во Берн меѓу швајцарскиот министер за економија, Гај Пармелен, и потпретседателот на Microsoft, Бред Смит. ...
Астрономите открија мистериозен објект на оддалеченост од 15.000 светлосни години од Земјата, кој редовно испраќа двеминутни пулсирања на секои 44 минути, во радиобранови и рендгенски зраци. Објектот е именуван ASKAP J1832–0911, по австралискиот радиотелескоп ASKAP кој прв го детектирал. Неговата необична емисија сигнализирала можен влез во сосема нова класа на космички феномени познати како долгопериодични радио транзиенти (LPT – long-period ...
Невидливото зрачење од цела мрежа на приватни сателити се заканува засекогаш да ја онеспособи радио астрономијата од Земјата. Невидливото зрачење што „протекува“ од приватните сателити, како оние од мрежата Starlink на SpaceX, им пречи на радио астрономите во обидите да детектираат важни сигнали од вселената. Доколку ситуацијата не се стави под контрола, научниците предупредуваат дека наскоро може да ја достигнеме „критичната точка“, по која ...
Поканата за ексклузивен настан на Google на 27 јуни предизвикува шпекулации за рана промоција на Pixel 10 телефонот Иако Google неодамна ја заврши својата годишна I/O конференција, изгледа дека компанијата веќе подготвува нов голем настан, овојпат фокусиран на хардверот. Традиционално, Pixel телефоните се претставуваат помеѓу август и октомври, но нови сигнали укажуваат дека Pixel 10 би можел да биде претставен многу порано оваа година. Некои ...
Извршниот директор на Twitch, Дeн Кланси уште во февруари најави значајни промени за 2025 година, а изгледа дека тие полека се реализираат. Twitch на конференцијата TwitchCon Europe најави низа нови функционалности кои треба да го подобрат корисничкото искуство. Меѓу најзначајните новитети се издвојуваат: воведување вертикални преноси во живо, можност за емитување во 2K резолуција, како и опција за премотување. Имено, вертикалните преноси ќе им ...
Под мотото „Каде брзаш? Не брзај за да стигнеш!“ стартува кампањата за безбедност во сообраќајот на ОКТА, Министерството за внатрешни работи (МВР) и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП). Целта на кампањата е подигнување на свеста во јавноста за важноста на поголемото внимание на сите учесници во сообраќајот. Во рамките на кампањата ќе бидат преземени низа активности кои на иновативен начин ќе информираат, ...
Долга жолта колона од насмеани лица на велосипеди, тротинети, ролерки, скироли, бебешки колички и други превозни средства кои не загадуваат, вчера попладне се слеваше низ скопските улици во центарот на градот. Зборното место беше кај Порта Македонија, а крајната дестинација Градскиот парк, каде што беше закажана големата забава на најмасовниот настан на тркала „Вози право, вози здраво“ vol.9. Стопанска банка и оваа година совршено го ...
Новиот преклопен смартфон на Honor би можел да добие батерија од 6.100 mAh и профил на куќиштето под 9 мм кога е затворен, што го прави уште помоќен и попрактичен наследник Honor Magic V5 сè уште не е официјално претставен, но најновите информации најавуваат клучни унапредувања. Уредот со ознака на модел MHB-AN10 неодамна ја поминал кинеската CMIIT сертификација, што го потврдува неговото постоење, иако не открива технички детали. Сепак, со оваа ...
Новите информации за процесорот Snapdragon X2 Elite на Qualcomm откриваат дека овој чип за лаптоп компјутери би можел да добие вграден ултра-брз RAM од 64 GB. Иако Qualcomm сè уште официјално не објавил кога ќе ги претстави новите верзии на процесори Snapdragon за лаптопи, познато е дека годинешниот Snapdragon Summit ќе се одржи од 23 до 25 септември на Хаваи. Се очекува на овој настан да бидат претставени не само Snapdragon X2 Elite, туку и ...
Avenza Maps е апликација што е специјализирана за работа со геореференцирани мапи и нуди можност за навигација дури и кога нема достапна интернет конекција, што значи дека ќе функционира беспрекорно дури и во најзапуштените делови од светот… Avenza Maps не е класична апликација за навигација како Google Maps или Waze. Наместо да се потпира на класични патни мапи и онлајн пребарување рути, Avenza е специјализирана за работа со прецизни ...