ОХО продукција објави повик за кастинг за својот актуелен проект тв-серијата „Авантурите на една турбо-фолк принцеза“ Серијата во развој ги собра наградите на сите фестивали на кои се појави а сега е време да се најдат актери и актерки кои ќе ги оживеаат ликовите напишани од Андреј Волкашин и Петар Влчев. Се бараат актерка за главна женска улога на возраст од 20 до 35 години и актери за машки улоги на возраст од 25 до 50 години. Повикот е ...

Синоќа, Македонскиот народен театар, настапи со претставата „Народен пратеник“ на 42. Интернационални театарски средби „Брчко Дистрикт“ во Босна и Херцеговина. Салата беше исполнета до последното место – повеќе од 400 гледачи уживаа во изведбата со очигледно воодушевување, наградувајќи ја тимската актерска игра со неколкуминутен стоечки аплауз и овации, кои создадоа силна емотивна врска меѓу сцената и публиката. Селектор на годинашните средби ...

По незаборавната летна премиера во античката Хераклеја, каде повеќе од 3.000 посетители беа сведоци на спектакл под ѕвездено небо, Flowers Symphony оваа доцна есен пристигнува за првпат во Скопје. На 30 ноември 2025 година, со почеток во 20:00 часот, Македонската филхармонија ќе ја пречека симфонијата која ја слави убавината, љубовта и животот во изведба на Битолски Камерен Оркестар IWConnect во симфониски состав, под диригентската палка на ...

Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп објавува отворен повик за учество на второто издание на пичинг-форумот „Драмолетање“, кое ќе се одржи за време на 60. издание на фестивалот во јуни 2026. По успешното прво издание на форумот „Драмолетање“, кое овозможи простор за афирмација на нови автори и современи драмски текстови, продолжуваме со нов циклус посветен на развивање на македонската современа драма и поврзување на ...

Најгласното, најмоќното и најочекуваното електронско доживување на годината ќе се случи на 13 декември 2025 година во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. ARGY, едно од најистакнатите имиња на современата електронска сцена, доаѓа со спектакл каков што досега не сме виделе. Шоу што ги руши сите граници на звукот, продукцијата и енергијата. Во време кога светот живее во пулсот на електронската култура, Скопје ќе го почувствува врвот на тој ...

На 21 октомври (вторник), во фоајето на Националната опера и балет во 19 часот, ќе се одржи долгоочекуваниот мултимедијален настан „Дон Кихот во Скопје“. Концерт, премиера на македонско дело, изложба на уметнички слики и скулптури, како и промоција на книга, го чинат овој разновиден проект инспириран од култната приказна за славниот витез Дон Кихот на Мигел де Сервантес. Светска премиера ќе доживее Концертот за пијано, гитара, наратор и ...

Џим Кери е во преговори да глуми во филм „Џетсонс“ за „Warner Bros. Pictures“, а Колин Тревороу е во преговори да го режира истиот, потврди „Варајати“. Тревороу, кој неодамна го режираше „Jurassic World Dominion“, и Џо Епштајн се во преговори да го напишат и сценариото. Последниот игран филм „Џетсонс“ беше анимираниот филм од 1990 година „Џетсонс: Филмот“. Верзија во живо на популарната анимирана семејна приказна, која првпат се емитуваше во ...

Во сабота на 18 октомври во Драмски ќе се одржи премиерата на претставата „Куршуми над Бродвеј“ на режисерот Ненад Витанов. Претставата е четврта премиера во Драмски театар Скопје што се реализира од Годишната програма за драмска дејност за 2025 година. „Куршуми над Бродвеј“ е работена по текст на Вуди Ален и Даглас Мекграт. Режијата и драматизација се на Ненад Витанов, сценографијата на Валентин Светозарев. Костимите се изработени по ...

Со претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Егон Савин, Македонскиот народен театар ќе настапи на претстојните 42. Интернационални театарски средби „Брчко Дистрикт“ во Босна и Херцеговина. Фестивалската програма се одржува од 16 до 24 октомври, а МНТ ќе настапи на втората фестивалска вечер, утревечер, на 17 октомври. Фестивалот „Брчко Дистрикт“, со речиси половина век традиција, важи за еден од најрелевантните во ...

По одличниот прием и распродадениот концерт одржан на 15 март годинава, популарниот женски бенд Фрајле повторно доаѓа во Скопје со два концерта во Македонската филхармонија – на 16 и 18 октомври 2025 година, со почеток во 21 часот. Концертите се во организација на Прагма продукција. Публиката веќе има можност да се увери во емоцијата и уникатниот музички израз на Фрајле – уште од минатогодишниот настап во Центарот за култура во Битола, кога ...

По одличниот прием и распродадениот концерт одржан на 15 март годинава, популарниот женски бенд Фрајле повторно доаѓа во Скопје со два концерта во Македонската филхармонија – на 16 и 18 октомври 2025 година, со почеток во 21 часот. Концертите се во организација на Прагма продукција. Публиката веќе има можност да се увери во емоцијата и уникатниот музички израз на Фрајле – уште од минатогодишниот настап во Центарот за култура во Битола, кога ...

Со официјалниот плакат и програмата на 11. издание на „Битола Шекспир Фестивалот“, Народен театар – Битола го најави овогодинешното издание кое ќе започне на 14 ноември и ќе трае до 21 ноември 2025 година. На 14 ноември, 81. роденден на НУ Народен театар Битола ќе се прослави со свечено отворање на „Битола Шекспир Фестивалот“ и премиера на едно од најизведуваните дела на Шекспир „Макбет“ во режија на Сабо К. Иштван од Унгарија. На 15 ноември ...

Легендарната песна „Дан љубезни“ од југословенскиот бенд „Пепел ин кри“ е овековечена со нова верзија на песната и видео запис, најавувајќи го регионалниот хит „Бело се пере на деветдесет“ со актерката Аница Добра во една од главните улоги. Оваа нова носталгична филмска верзија на песната, поставена во ритам на валцер, е снимена по повод големата годишнина – 50 години од објавувањето на песната. Бендот „Пепел ин кри“, во тоа време ...

Со особена чест го најавуваме првиот фестивал за рана музика во Македонија – „Dulcia Sonant“, посветен на истражување и оживување на музиката од византиската, средновековната и раноренесансната традиција. Во два последователни концерти ќе оживее звукот на едно одамна замолчено време – преку ретки инструменти, древни напеви и извонредни интерпретации. На 16 октомври во 20:00 ч. во кино „Мис Стон“ ќе се одржи концертот „Помеѓу Кукузел и ...

Добитници на годинашната дрѓавна наградата во областа на културата и уметноста за 2025 година се: актерот Гоце Тодоровски, писателот за деца и возрасни Александар Кујунџиски, поетот, романсиер, драмски писател и новинар Братислав Ташковски и писателот академик Божин Павловски, соопштија денеска од одборот за доделување н наградата. „Наградата се доделува за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на ...

ГРЧКИОТ РЕЖИСЕР ЕМАНУЕЛ КОНТАНТИНИДИС ВО УМЕТНИЧКА РЕЗИДЕНЦИЈА ВО МНТ СО ОТВОРЕН ПОВИК ЗА РАБОТИЛНИЦА – „ЛЕВИЈАТАН“ Неодамна, МНТ стана дел од најпрестижната театарска мрежа – Европската театарска конвенција (ETC), која обединува 63 театри од 31 земја. Со ова членство, МНТ се приклучи кон семејството на најголемите и највлијателни театри во Европа, со отворени врати за копродукции, размена на претстави, резиденции на уметници и нови европски ...

Во фоајето на НУ Центар за култура Битола, на 15 октомври 2025 (среда) во 19.30 часот, ќе биде отворена изложбата на фотографии „Чоканче“, посветена на една од најзначајните битолски рок групи. Да ја погледнеме рок приказната што ја напишаа членовите на Чоканче! Од првиот настап на 12 март 1983 година на „Рок Парадата“ во салата на кино „Партизан“, па сè до денес — Чоканче останува симбол на битолскиот бунт, енергија и музичка автентичност. ...

Низ градот кружат приказни дека легендарниот витез Дон Кихот и неговиот верен придружник Санчо Панса пристигнале во македонската престолнина. Според сведоштва на граѓани, херојот од Ла Манча и неговиот сојузник биле забележани на неколку познати локации – најпрво на Скопското Кале, потоа во Старата скопска чаршија, пред Националната опера и балет, а подоцна и кај Камениот мост и плоштадот „Македонија“. Од Амбасадата на Шпанија потврдија дека ...

На 22 октомври, во 20 часот, на малата сцена во Македонскиот народен театар ќе биде одиграна јубилејна 50-тата изведба на монодрамата „Торонто експрес“, работена според мотивите на збирката есеи „Тибам Штркот“ од Зоран Спасов-Ѕоф и во режија на Јордан Симонов. Во претставата игра Александар Микиќ. По изведбата е предвиден коктел за публиката, заедно со екипата од претставата, музика и дружење. „Торонто експрес“ е агенција за помош при ...

Седум хит претстави од регионот гостуваат на сцената на Драмски од 25 до 31 октомври. Ревијалниот театарски фестивал на театрите членки на Регионалната унија на театри – РУТА започнува во сабота на 25 октомври со копродукциската претстава „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – своето не го даваме“ во режија на Иван Пеновиќ по текст на авторот Душан Јовановиќ. Во копродукцијата учествуват ансамблите ...

Хрватската рок легенда Дадо Топиќ издаде нов студиски албум насловен како „Ponovo na cesti“, кој содржи десет песни. Албумот е официјално објавен на сите дигитални платформи од денес, а наскоро ќе биде достапен и на ЦД. Овој албум претставува комбинација од одличен тим за пишување и богата продукциска работа. Поголемиот дел од музиката на албумот е дело на Брано Ликиќ, кој е и продуцент на албумот, додека остатокот од тимот за пишување го ...

Македонската музичка сцена има свои вистински бисери, а меѓу нив е и Ефто Пупиновски – пејач чиј глас и интерпретации веќе со децении се дел од нашата колективна меморија. На 10-ти октомври со почеток во 20.00 часот во Центар за култура – Битола, битолчани и сите љубители на македонската песна ќе имаат ретка можност да уживаат во неговиот голем солистички концерт во Центар за култура Битола, посветен на јубилејот 45 години од постоењето на ...

Скопје повторно ќе биде на мапата на регионалната модна сцена со концепт што не само што прикажува стил, туку го редефинира. Од 29 октомври до 5 ноември 2025, градот ќе го живее 31-то издание на Fashion Weekend Skopje powered by UNIBank – најзначајната модна платформа во земјата, која повеќе од една деценија го поврзува светот на дизајнот, индустријата и културата. Под слоганот „Одржлива мода и креативна традиција – развој на иновативни ...

Од 9 до 11 октомври 2025 година, македонската публика ќе има можност да ги погледне три понови словенечки филмови на Деновите на словенечки филм во Кинотека. Фестивалот ќе биде отворен во четврток, на 9 октомври, со долгометражниот филм „Спасение за почетници” (2024), во режија и сценарио на Соња Просенц. Филмот на хумористичен и трагикомичен начин ги истражува современите општествени прашања, во реимагинација на „Теорема” од Пјер Паоло ...

По повод 100 години од раѓањето на грчкиот композитор Микис Теодоракис, на 8 октомври во Националната Опера и Балет во Скопје, со почеток во 20 часот, ќе се одржи свечен концерт во организација на Баги Комуникации а во соработка со Амбасадата на Грција во Северна Македонија. Микис Теодоракис (1925–2021) е еден од најголемите композитори на 20 век. Неговото име е нераскинливо поврзано со музиката за филмот „Гркот Зорба“, која стана светска ...

Една од најнадежните и најперспективни македонски пејачки од новата генерација, младата Марија Спасовска, по речиси една година пауза има нова песна. Во перидот кој е зад неа младата пејачката беше посветена на студиите и факултетот на американскиот „Сити колеџ“ во Солун, каде покажа дека не е врвна во креирањето и изведбата на соспствената музика, туку и во совладувањето на знаењата, зашто Марија беше прогласена за најдобар студент меѓу ...

Во вторник (7-ми октомври) во малата сала на НУ Завод и музеј – Битола ќе се реализира проектот „За историските објекти, заштитени со закон, од османлискиот период“ која се состои од изложба и видео проекција. Во проектот учество зедоа Љупчо Стојановски професор по историја и Орхан Демири, имам во Исхак Челеби џамија и професор по исламски науки. Покрај нив работеа повеќе лица како сниматели, видео монтажери и фотографи. Проектот е реализиран ...

Вторник, 7 октомври 2025 година со почеток во 20.00 часот, во Центарот за култура Битола ќе се одржи концерт со наслов „Бајка“, на кој ќе настапи врвната виолинистка и диригентка Анна Кондратенко, концерт-мајстор на Македонската филхармонија. Во овој концерт, Кондратенко ќе се претстави во двојна улога – како солистка на виолина и како диригентка на Камерниот оркестар составен од членови на Македонската филхармонија. Концертот ќе биде ...

Во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода, синоќа, во присуство на бројни филмски работници и љубители на филмската уметност, беа доделени наградите на јубилејното 10. издание на МФФ Киненова. „Гран при“ доби филмот „Паноптикон“ на Ѓорѓи Сикарулиѕе. Филмот е копродукција на Грузија, Франција и Италија. -Исклучителна режисерска интуиција во раскажувањето приказни која се базира на клише, но далеку ги надминува границите на ...

2 октомври, Скопје: Шведскиот филм „Престолонаследникот и враќањето на Тиранинот“ од Торд Даниелсон е најдобар кај јуниорите (шесто до деветто одделение), а рускиот „Од почеток“ од Полина Кондратева е најдобар за кадетите и сениорите (прва до четврта година средно) на 13. „Џифони Македонија“, што заврши синоќа. Вообичаено, по изгледаните филмови во повеќе категории, жирито на фестивалот кое се состои од сите негови учесници, гласаат за ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
57%
1014
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
2.06
59%
1015
weather icon

Загреб

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
61%
1016
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
52%
1016
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
3.1
86%
1017
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
3.09
78%
1016
weather icon

Атина

10ᴼ / 9ᴼ
5.14
72%
1011
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
71%
1012
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
46%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
78%
1016
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
56%
1017
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
89%
1010
Currency

61.6238

Currency

53.1629

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.63227

Currency

0.33549

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Рутениум

56199.51

Калај

43.91

Бакар

10.65

Алуминиум

3.19

Злато

144593.23

Цинк

0.00

Иридиум

258288.78

Платина

61858.04

Кобалт

3.86

Родиум

353658.21

Сребро

2179.44

Паладиум

44753.84