Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Денеска во македонското собрание се случи преседан. По многу неаргументирани отсуства од законодавниот дом, за кои претседателот на СДС немаше никакво оправдание ниту изговор, Венко Филипче денеска на големо изнанедување на сите во парламентот кои одамна се навикнаа на неговото отсуство, апансас се појави на седницата посветена на пратенички прашања. Претходно, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов, го прозва „лидерот“ на СДС, кој го ...
Францускиот фудбалски ас Килијан Мбапе ужива во заслужениот одмор по настапот на овогодишното Светско првенство, а деновиве вниманието на јавноста го привлекува и неговиот љубовен живот. Според странските медиуми, Мбапе престојува на Сардинија, каде што друштво му прави шпанската актерка Естер Експозито. Нивното заедничко појавување веднаш ги поттикна шпекулациите за романтична врска. Soccer star Kylian Mbappé and “Elite” star Ester Expósito ...
Американскиот глумец Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал беа принудени да го напуштат својот дом во југоисточна Франција, откако разорни шумски пожари го зафатија подрачјето каде што живеат со своите деветгодишни близнаци, Ела и Александар. Во писмо до градоначалникот на Брињол, Дидие Бремон, брачниот пар изрази страв дека не знае дали нивниот дом ќе ја преживее катастрофата. Тие порачаа дека, без оглед на исходот, ќе останат дел од локалната ...
Општина Ѓорче Петров продолжува со континуирана поддршка на културата, обезбедувајќи 2.720.000 денари за реализација на проекти од областа на културата, преку Јавниот повик за финансирање на културни програми и иницијативи. Со овие средства ќе се реализира богата и разновидна културна програма во текот на 2026 година, која ќе понуди содржини наменети за сите генерации и ќе придонесе за збогатување на културниот живот во општината. Во рамки на ...
Општина Гази Баба продолжува со инвестициите во предучилишното образование преку изградба на четири нови детски градинки во различни населени места, со цел создавање подобри услови за децата и поголема поддршка за родителите. Градоначалникот Бобан Стефковски информираше дека изградбата на градинката во Трубарево е целосно завршена, а објектот веќе обезбедува згрижување за 60 деца. Во Инџиково, пак, градежните активности се во завршна фаза, а ...
Џорџ и Амал Клуни беа принудени да го напуштат својот дом на југот на Франција поради шумските пожари што последните денови беснеат во делови од Европа. Познатиот холивудски актер и неговата сопруга беа евакуирани од нивната куќа во Франција, откако пожарите се доближиле до областа во која живеат. Двојката, заедно со своите деветгодишни близнаци Александар и Ела, живее во Брњол, гратче во регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег, кој е меѓу ...
Натали Портман повторно го привлече вниманието на јавноста, откако на социјалните мрежи ја објави првата фотографија на која јасно се гледа нејзиниот труднички стомак. Да потсетиме, актерката во април годинава откри дека со францускиот музичар Тонги Детабл го очекува своето прво заедничко дете, што беше големо изненадување за јавноста. Во интервју за магазинот „Harper’s Bazaar“, Портман тогаш зборуваше за својот професионален и приватен ...
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во градежните активности во ООУ „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче, каде што интензивно се работи на создавање услови за воведување едносменска настава од 1 септември, согласно насоките и препораките на Министерството за образование и наука. Летниот распуст се користи за уредување и адаптација на училишниот објект, со цел учениците новата учебна година да ја ...
„За една компанија, времето потребно за добивање документ не е само административно прашање, туку директен трошок и фактор што влијае врз нејзината конкурентност. Доколку институцијата доцни, доцни и компанијата. Со новите електронски услуги ги поедноставуваме и забрзуваме постапките и создаваме подобри услови за компаниите што произведуваат, извезуваат и ја движат македонската економија“, истакна министерот за дигитална трансформација, ...
Судскиот совет на денешната седница го избра судијата Зоран Герасимовски за вршител на должноста претседател на Апелацискиот суд Скопје откако досегашната претседателка Мери Дика вчера беше избрана за судијка на Уставниот суд. За в.д. претседател на Апелацискиот суд Скопје беа предложени Тања Милева и Зоран Герасимовски, а Советот одлучи функцијата привремено да ја извршува Герасимовски. Истовремено, беше донесена одлука за распишување оглас ...
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција обвини дека во периодот кога Венко Филипче бил министер за здравство, институциите располагале со информации за стотици случаи на неисправна вода за пиење, а јавноста не била навремено информирана. „Граѓаните се труеле со години, а СДС и Филипче како министер молчеле иако добиле анализи од приближно 400 испитувања за загадена вода. За 400 испитувања не било ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети Одделението за семејно насилство при СВР Скопје, каде што се запознал со секојдневната работа на службениците, предизвиците со кои се соочуваат и резултатите што ги постигнуваат во справувањето со семејното насилство. Тошковски објави дека статистиката за последните пет години покажува промени во бројот на пријавени случаи. Во 2022 година биле евидентирани 326 пријавени настани, ...
На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски ја коментираше состојбата со водата за пиење во Општина Гостивар, како дел од пратеничкото прашање на лидерот на опозициската партија СДСМ. Премиерот потсети на состојбите со водата за пиење во времето кога господинот Филипче беше министер за здравство и посочи: „Има луѓе од вашата пратеничка група од Прилеп. Извештај од Центар за ...
ООУ „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче од 1 септември ќе воведе едносменска настава, со што ќе стане второто основно училиште во Општина Аеродром што ќе го примени овој модел. Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во градежните активности во училиштето, каде во текот на летниот распуст се реализираат адаптации и уредувања за создавање услови за новата организација на наставниот процес. Според најавите, ...
Амазонската дождовна прашума важи за една од најнепрекинатите природни области во светот, но според новите откритија, таа изгледала многу поинаку пред речиси две илјади години, објави „Сајенс-алерт“ (ScienceAlert). Цивилизацијата Аквири, која постоела од околу 600 година пр.н.е. до 850 г. н.е., преобразила голем дел од југозападен Амазон, со своите населби и градењето загадочни земјени структури. Наодите првично објавени во списанието „Нејчр“ ...
Новата книга „Уметноста на трошењето пари“ од авторот на светските бестселери: „Психологија на парите“ и „Исто како и секогаш“, Морган Хаусел, излезе од печат на македонски јазик во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Може ли парите навистина да нè направат посреќни? Одговорот не зависи само од тоа колку имаме туку и од тоа како ги користиме. Во „Уметноста на трошењето пари“, Морган Хаусел, еден од најчитаните современи ...
Ребалансот на Буџетот предвидува значително зголемување на средствата за капитални инвестиции, локален развој, инфраструктура и проекти за заштита на животната средина, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, на денешната прес-конференција. Според него, вториот клучен столб на ребалансот е развојот на општините преку реализација на конкретни проекти кои директно ќе влијаат врз квалитетот на животот на граѓаните. „Кога зборуваме за ...
Влатко Миладиноски одржа голем концерт во Античкиот театар Хераклеја во Битола, кој привлече повеќе од 2.500 посетители од Битола и од повеќе градови низ Македонија. Во преполниот антички локалитет, публиката уживаше во изведбата на најпознатите песни на Миладиноски, пеејќи заедно со него во текот на целата вечер. Концертот беше проследен со силни емоции и атмосфера која уште еднаш ја потврди популарноста на македонската народна музика меѓу ...
Филмот „Бикини Мун“ во режија на Милчо Манчевски, ќе биде прикажан вечерва(вторник) во 20.15 часот во Кинотеката на Македонија. Проекцијата е во рамките на фестивалот „Скопско лето“. Филмот ја имаше премиерата во 2018 година. Сценариото е на Манчевски, заедно со В.П. Розентал, а главните улоги ги толкуваат: Кондола Рашад, Сара Голдберг, Вил Јановиц. Во центар за престој за бездомници во Њујорк, документарна екипа ја наоѓа Бикини Мун Дејвис, ...
Со концертот „Звук што расте“, вечерва (30 јули), свечено ќе биде затворено 47. издание на фестивалот „Скопско лето“. Завршната фестивалска вечер ќе се одржи на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан, со почеток во 20:30 часот. Во рамките на концертот, Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“ ќе одбележи значаен јубилеј – 40 години постоење и континуирано музичко творештво. Под диригентската палка на ...
Во Општа болница „Д-р Ферид Мурад” Гостивар се регистрирани вкупно 45 нови прегледи, од кои 26 на инфективно (со две нови хоспитализации) и 18 на педијатриското одделение. Во моментот се хоспитализирани по двајца пациенти на инфективно и на одделението за педијатрија. Во Здравствени дом Гостивар се регистрирани 28 нови прегледи во дежурната служба. Во Општа болница „Д-р Ферид Мурад” Гостивар се регистрирани вкупно 45 нови прегледи, од кои ...
Под влијание на топол бран до крајот на следната седмица во земјата ќе преовладува сончево и многу топло време, со постепен пораст на дневните температури. Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, особено високи температури се очекуваат од среда, кога во одделни делови од државата максималната дневна температура ќе надмине 40 Целзиусови степени. Под влијание на топол бран до крајот на следната седмица во земјата ќе ...
„За една компанија, времето потребно за добивање документ не е само административно прашање, туку директен трошок и фактор што влијае врз нејзината конкурентност. Доколку институцијата доцни, доцни и компанијата. Со новите електронски услуги ги поедноставуваме и забрзуваме постапките и создаваме подобри услови за компаниите што произведуваат, извезуваат и ја движат македонската економија“, истакна министерот за дигитална трансформација, ...
Се следат анализите на водата за пиење од градскиот водовод во Гостивар и ќе продолжат во текот на викендот. Неблагодарно е да се предвидува кога граѓаните на Гостивар ќе може да ја користат водата за пиење, истакна денеска во Штип министерот за здравство, Сашо Клековски. -Се следат пробите, тие ќе продолжат и во текот на викендот. Значи, секој ден од повеќе кориснички места се земаат проби. Во моментот, штом три едно по друго проби ќе бидат ...
Официјално започнаа подготовките за реализација на инвестиција од 74 милиони евра за Клиничката болница во Тетово – најголемиот и најзначаен проект во историјата на оваа здравствена установа. Оваа инвестиција е уште еден доказ дека ВРЕДИ, како партнер во Владата, спроведува политики на конкретни резултати, а не празни ветувања. Овој повеќемилионски проект не е само рекордна бројка, туку гаранција дека граѓаните на Тетово и Полошкиот регион ќе ...
Египетските власти соопштија дека вчерашниот пожар што избувна на два брода во пристаништето Дамиета е предизвикан од беспилотно летало. Според првичната истрага за инцидентот во пристаништето Дамиета, пожарот бил предизвикан од дрон од непознато потекло. Засега никој не презеде одговорност за наводниот напад. Надлежните агенции продолжуваат со истрагите за да ги утврдат околностите на инцидентите и да преземат потребни мерки за зачувување на ...
Во раните утрински часови денеска на подрачјето на Скопје беше спроведена десеттата фаза од дезинсекцијата против возрасни форми на комарци, информираше градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Според него, активностите ќе продолжат и утре, во согласност со Годишната програма, законските обврски и Елаборатот подготвен од Центарот за јавно здравје – Скопје. Во текот на изминатите месеци беа реализирани повеќе третмани за сузбивање на ларвите и ...
Министерот за здравство, Сашо Клековски, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Златко Перински, градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов и доктори од Клиничката болница Штип, заедно со делегација на Светска банка, го разгледаа концептот за завршување и целосно опремување на новиот болнички комплекс. Планираната инвестиција, проценета на околу 6,7 милијарди денари, односно 109 милиони евра, треба да стави крај на ...
Аргентинскиот селектор Маурисио Покетино ќе продолжи на селекторската функција во репрезентацијата на САД, објави „The Athletic“. Договорот меѓу Фудбалската федерација на САД и 54-годишниот тренер за нов договор е близу до завршување. Покетино ја презеде функцијата селектор на репрезентацијата на САД во 2024 година, потпишувајќи договор до Светското првенство во 2026 година. Наводно му било понудено продолжување пред турнирот, но страните се ...
Американската Национална воздухопловно-вселенска администрација – НАСА соопшти дека новиот вселенски телескоп „Ненси Грејс Роман“ е подготвен за лансирање на 30 август, речиси девет месеци пред предвидениот рок. Телескопот, вреден околу четири милијарди долари, ќе биде испратен во вселената со ракетата „Фалкон хеви“ на „Спејс-Икс“. Телескопот ќе патува до Лагранжовата точка Л-2, оддалечена повеќе од милион километри од Земјата, каде што ќе ...