Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 39 Целзиусови степени. Во Скопје, исто така се очекува сончево и топло време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а ...

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ, потврди дека оваа година ќе се натпреварува на Мастерс турнирот во Синсинати. Натпреварувањето ќе се одржи од 13 до 23 август. – Со задоволство објавувам дека оваа година ќе играм во Синсинати за прв пат од 2023 година. Тогаш играв едно од најдобрите финалиња на Мастерс турнири во мојата кариера. Едвај чекам да се вратам и да настапам за вас, го цитираше прес-службата на турнирот Ѓоковиќ. ...

Организаторите на трката во Формула 1 во Остин, САД, објавија дека се подготвени да бидат домаќини на втора трка од шампионатот во сезоната 2026 доколку е потребно, објави „ESPN“. Претходно, извештаите покажаа дека непријателствата во Иран би можеле да доведат до откажување на трките на Блискиот Исток на 21. и 22. етапа од шампионатот – во Доха (Катар) и Абу Даби (ОАЕ). Се разгледува опцијата за завршување на сезоната на патеката Имола во ...

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Дамјан Робев и следната сезона ќе го носи дресот на Работнички. Клубот од Градски Парк и официјално потврди дека договорот со Робев е продолжен на уште една сезона. „Со задоволство ви соопштуваме дека македонскиот репрезентативец, Дамјан Робев, потпиша нов договор со КК Работнички и ќе ги брани нашите бои и во наредната сезона. Искусниот бек и еден од носителите на играта продолжува да го дава ...

Заминувањето на Марио Хезоња од Реал Мадрид прераснува во вистинска трансфер-драма. Шпанскиот гигант одбива да го ослободи хрватскиот репрезентативец, тврдејќи дека не ги исполнил условите за едностран раскин на договорот. Според „Марка“, Хезоња на 20 јуни само го објавил своето заминување, но не обезбедил официјален ангажман во НБА, ниту, пак, ја исплатил договорената отштета од еден милион долари, која сè уште не е намирена. Поради тоа, ...

Ракометниот клуб Е.Пелистер ги извести своите навивачи дека од 31 јули во 14:00 часот официјално започнува продажбата на сезонските билети за сезоната 2026/27. Продажбата ќе трае до 18 август, а со сезонскиот билет љубителите на ракометот ќе имаат можност да ги следат сите домашни натпревари на Е. Пелистер и Е. Пелистер 2 во текот на сезоната. За цена од 4.000 денари, навивачите ќе добијат пристап до сите домашни натпревари на Еурофарм ...

Фудбалскиот тренер Еди Хау и официјално се раздели со Њукасл. Според информациите на ББЦ 48-годишниот стратег го напушта клубот со непосреден ефект, со што завршува речиси петгодишниот период во кој го врати Њукасл меѓу англиската и европската елита. Многумина во Англија сметаат дека моментот е изненадувачки, бидејќи ваквата одлука можела да биде донесена уште по крајот на минатата сезона. Наследник на Хау се очекува да биде актуелниот тренер ...

Според шпанскиот весник„Марка“, Кралската шпанска фудбалска федерација (РФЕФ) покренала дисциплинска постапка против Барселона по пријава од Атлетико Мадрид. Јорганџиите тврдат дека Барселона воспоставила контакт со аргентинскиот напаѓач надвор од дозволениот период за преговори. Жалбата била поднесена на 30 јуни, а Федерацијата веќе официјално ја известила Барселона дека е отворена истрага. Алварес останува главна трансфер-цел на Барселона. ...

Англискиот фудбалски репрезентативец Џон Стоунс официјално стана ново засилување за Интер. „Нероаѕурите“ го објавија потпишувањето на договорот со 32-годишниот англиски репрезентативец како слободен агент. Договорот на поранешниот играч на Манчестер Сити ќе биде до средината на 2028 година. Англичанецот за првпат ќе игра надвор од својата татковина. Минатата сезона одигра девет натпревари во Премиерлигата, а исто така учествуваше и на пет ...

Фудбалерите на Шкендија остануваа и натаму на европската сцена и тоа како единствен македонски претставник откако го помина второто квалификациско коло во КЛ. Во ревеш дуелот со словенечкиот Браво, тимот на Шкендија со пресврт дојде до победа со 3-1. Така тетовци ја анулираа негативата од првиот меч во Љубљана што го загубија со 1-2. Првата опасност беше пред голот на словенечкиот тим. Во 10.минута по уфрлувањето од левата страна, во последен ...

Францускиот студент Дидие Гаспар Овен Максимилијан (19), кој беше обвинет за нарушување на јавниот ред и мир во Сингапур затоа што излижал сламка од машина за сокови и ја вратил во машината, денес беше казнет со 600 сингапурски долари (400 евра). За тоа кривично дело, најстрогата казна што е предвидена е три месеци затвор, јавува телевизијата BFM. Дидие Гаспар Овен Максимилијан призна дека објавил видео на социјалните мрежи на кое се гледа ...

Скоро секој го искусил тоа. По обилниот оброк, кога некој е целосно сит, сè уште има место за десерт. Зад него стои вистински механизам во мозокот, а не слаба волја. Ситуацијата е позната. Оброкот е завршен, чинијата е празна и чувството на ситост е целосно. Потоа пристигнува десертот и одеднаш има место за него. Не е прашање на навика или недостаток на волја. Специфична ситост Феноменот се нарекува специфична ситеност. Мозокот не само што ...

Вулканскиот облак од кратерот на Етна на Сицилија достигна висина од околу седум километри и се шири кон западниот сектор на вулканот, а забележано е и паѓање на пепел во местото Бронте, пренесоа денеска италијанските медиуми. Во меѓувреме, активноста на исфрлање лава од кратерот Вораџине на Етна престана, а стромболската активност ослабна, наведуваат научниците. View this post on Instagram A post shared by Anadolu English (@anadoluagency) ...

Ф’стаците и кикириките се богати со хранливи материи кои го поттикнуваат здравјето, но дали едните е подобар избор за слабеење? Кога се споредуваат овие две намирници, важно е да се земе предвид не само бројот на калории, туку и содржината на хранливи материи кои обезбедуваат чувство на ситост и задоволство, што може да го олесни одржувањето на калорискиот дефицит подолг период, објавува Eatingwell. „Јатките како ф’стаците и кикириките ...

Кејт Касиди, девојката на покојниот пејач Лијам Пејн, го започна процесот на отстранување на една од тетоважите што му ги посвети на својот поранешен партнер. Во вторник, таа објави фотографија на својот Инстаграм профил од студио за ласерско отстранување тетоважи во Мајами, а сподели и видео од самиот третман. Видеото покажува како ласер поминува преку бројот „444“ на нејзината рака – тетоважа што ја направила во спомен на Пејн по неговата ...

Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Ова го објави претседателката на УЖ, Марија Митева која истакна дека ова е нова енергија и силен кадровски потенцијал, нагласувајќи дека силно верува во овие жени со богато професионално, академско, општествено и политичко искуство! -Елена Ивановска е избрана за Генерален Секретар на Унијата на жени! Ивановска е долгогодишен член на партијата со богато професионално ...

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, за првпат отворено проговори за долгорочните последици од лекувањето на ракот, нагласувајќи дека предизвиците не завршуваат со крајот на хемотерапијата. За време на ненадејната посета на Кралската болница Марсден во Лондон, каде што самата примила третман откако била дијагностицирана во 2024 година, Кејт разговарала со медицинскиот персонал и пациентите, споделувајќи го своето лично искуство од борбата со ...

Министерството за здравство информира дека го задолжи Центарот за јавно здравје–Скопје вечерва да спроведе дополнителна терестичка (од земја) адултицидна дезинсекција во населбата Драчево. -Оваа активност претставува превентивна мерка што се реализира врз основа на стручната информација и проценката на ризик изготвени од Центарот за јавно здравје–Скопје за состојбата со комарците и потребата од дополнителна адултицидна дезинсекција, како и ...

Словенечкиот судија Славко Винчиќ кому му беше доделена честа да го суди финалето на Светското фудбалско првенство меѓу Шпанија и Аргентина, првпат проговори за натпреварот кој беше круна на неговата судиска кариера. Винчиќ се осврна и на однесувањето на аргентинскиот капитен Лионел Меси. -Меси во текот на целиот натпревар се однесуваше исклучително спортски. Ги прифаќаше моите одлуки, разговаравме со меѓусебна почит и покажа класа каква што ...

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо и неговата долгогодишна партнерка Георгина Родригез конечно ќе стапнат на „лудиот камен“. Според пишувањата на светските медиуми тие наводно ќе се венчаат во сабота, 1 август, во луксузниот имот Квинта да Регалерија во Синтра, Португалија. Долго време се шпекулираше за нивната свадба, а можните причини за „одложувањето“ се шпекулираа бидејќи двојката е во врска од 2016 година, а се сврши минатата ...

Огромен леден брег се преврте покрај брегот на Гренланд, во близина на градот Илулисат, трет по големина на арктичкиот остров. Снимките направени во близина на брегот го покажуваат моментот кога голем блок мраз се откинува и се превртува во водата, предизвикувајќи моќни бранови што се шират кон брегот. Илулисат се наоѓа на западниот брег на Гренланд и е познат по својот истоимен леден фјорд, кој е наведен како светско наследство на УНЕСКО ...

УЕФА и нејзините 55 национални асоцијации стојат обединети. Едногласно и недвосмислено го отфрламе предлогот на ФИФА за пренесување на сопственички удели во Светското првенство и другите натпреварувања на ФИФА на приватни инвеститори, стои во објавата на ФФМ. Светското првенство е наследство, а не инвестициски производ Светското првенство не смее да се третира како инвестициски производ. Тоа претставува едно од најголемите наследства на ...

Еден месец по формирањето на Работниот тим (Task Force) за сузбивање на недозволената трговија со дрога, Министерството за внатрешни работи бележи значајни резултати во борбата против организираниот нарко-криминал. Засилената координација, побрзата размена на информации и заедничкото дејствување на организациските единици овозможија поефикасно откривање и сузбивање на криминалните структури кои се занимаваат со недозволена трговија со дрога, ...

Македонското Собрание ја заврши седницата на која требаше да се поставуваат пратенички прашања. Таа, како што беше најавено продолжи во 17:10 часот, но по барањето за пауза од еден час од Координаторот на пратеничката група на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Бобан Карапејовски, потпретседателката на Собранието Весна Бендевка рече дека седницата ќе заврши бидејќи со тој еден час пауза ќе се излезе од рамките на редовната работа до 18 ...

Во функција се камерите на Безбеден град во дел од општина Дебрца, наскоро ќе стартуваат и во Охрид Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека по извршеното финално тестирање ставени се во функција безбедносните камери на системот за сообраќаен надзор „Безбеден град„ на автопатската делница помеѓу селата Горенци и Требеништа, во општина Дебрца. Наскоро камерите на „Безбеден град“, ќе бидат во функција и на сообраќајниците ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на социјалната мрежа „X“ му одговори на Бујар Османи откако потпретседателот на ДУИ обвини дека Владата не успеала да склучи договор за изградба на железничкиот дел од Коридорот 8, односно пругата кон Бугарија. Николоски го демантира Османи посочувајќи дека во 2024 година како Влада, наследиле тендер за пруга што завршувал во слеп тунел до пола. – Дополнително, средствата од ИПА да се ...

По морски пат, со патролен брод на крајбрежната служба на Грција и два приватни чамци беше евакуирано 51 лице од плажата Превели во јужниот дел на Крит, поради големиот пожар што избувна вчера и сè уште не е ставен под контрола, јави дописничката на МИА од Атина. Од крајбрежната служба на Грција, објавија видео од акцијата за спасување и информираа дека се спровела во неповолни временски услови, со северни ветрови со јачина од 8 Бофори. ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на социјалната мрежа „X“ му одговори на Бујар Османи откако потпретседателот на ДУИ обвини дека Владата не успеала да склучи договор за изградба на железничкиот дел од Коридорот 8, односно пругата кон Бугарија. Николоски го демантира Османи посочувајќи дека во 2024 година како Влада, наследиле тендер за пруга што завршувал во слеп тунел до пола. – Дополнително, средствата од ИПА да се ...

Машката сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија квалификацискиот циклус во втората рунда од претквалификациите за пласман на Европското првенство 2029 ќе го започне на 30 август, кога ќе гостува кај Австрија. Натпреварот ќе се одигра во Виена со почеток од 16:05 часот во „Спорт Арена Виена“ и ќе претставува прв сериозен тест за избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал во битката за првото место во групата „Ф“, во која се ...

Првиот состанок на работната група на Македонија и Бугарија, посветен на подготовка и реализација на изградбата на заедничкиот прекуграничен железнички тунел на Коридор 8, се одржа денеска во Софија. Согласно Договорот, со работна група претседаваа замениците министри за транспорт на двете земји. Од наша страна претседаваше заменик министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири, а од страна на Бугарија, заменик министерката Цвета Тимева. ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
2.62
52%
1017
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
3.09
58%
1017
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
0.86
50%
1019
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
1.17
51%
1016
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
0.76
65%
1015
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 17ᴼ
0.52
87%
1020
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
1.79
39%
1011
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.2
43%
1013
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
3.82
50%
1015
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 23ᴼ
3.58
61%
1014
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 21ᴼ
2.24
47%
1020
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 25ᴼ
3.22
100%
1011
Currency

61.53

Currency

53.2154

Currency

71.7145

Currency

37.6073

Currency

38.2597

Currency

66.0329

Currency

7.91009

Currency

0.65176

Currency

0.33823

Currency

0.52555

Currency

1.11901

Currency

0.56102

Кобалт

56.29

Сребро

2044.16

Алуминиум

3.28

Калај

56.36

Иридиум

252383.36

Злато

139576.04

Рутениум

53852.50

Родиум

278103.96

Бакар

13.23

Платина

56038.75

Паладиум

43628.56

Цинк

0.00