Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Музејската продавница лоцирана во Порта Македонија од денеска е повторно отворена. По подолг период, граѓаните, но и туристите во специјализираната продавница на Музејот на Македонија, ќе може да пронајдат бројни сувенири и разни производи. Од Музејот посочуваат дека музејската продавница ќе работи од понеделник до сабота, од 9 до 17 часот. В недела и на државни празници продавницата нема да работи. Дел од понудата во музејската продавница се ...
Во вториот квартал годинава најголемата постигната цена на стан продаден од инвеститор по метар квадратен изнесува 206.640 денари (3.360 евра) односно за 50 метри квадратни стран во Центар платени се 168.000 евра, покажува денеска објавениот Извештај од Регистарот на цени и закупнини за периодот април – јуни годинава. Од продажбите на стари станови, најголемата постигната цена по метар квадратен е во Охрид и изнесува 197.408 денари (3.200 ...
На 30.07.2026 во 06:45 часот во СВР Битола било пријавено дека на пешачки премин на бул.„1 Мај“ во Битола, патничко возило „лада“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 70-годишниот П.Ш. од Битола, удрило во 59-годишната М.М. од Битола. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.М., констатирани во болницата во Битола, информира МВР. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола. На 30.07.2026 во 06:45 часот во СВР Битола било ...
Клиничката болница Битола влегува во силен инвестициски и модернизациски циклус. Во периодот од 2024 до 2026 година е набавена современа медицинска опрема во вредност од над 30,4 милиони денари, со која се заменуваат апарати стари повеќе од 20 години, за кои веќе не постоеше можност за сервисирање и техничка поддршка. Особено значајна е замената на дигесторот на Одделението за патологија – апарат набавен пред околу 55 години, уште од ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево на охридскиот аеродром го пречека премиерот на Република Србија, Ѓуро Мацут, кој престојува во посета на нашата земја. -Домаќин на посетата е претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Во фокусот на разговорите ќе бидат натамошното унапредување на политичкиот дијалог и продлабочувањето на економската соработка меѓу двете земји, објави Мицкоски. Охрид, како град ...
Во врска со регистрираната појава на бела отпадна пена во реката Вардар кај вливот на реката Лепенец на 24 јули 2026 година, Државниот инспекторат за животна средина, во координација со сите надлежни институции, веднаш презеде серија вонредни теренски и лабораториски активности. -Инспекторите на ДИЖС спроведоа вонредни инспекциски надзори кај индустриските субјекти во зоната кои се под државна надлежност. При надзорите не беа евидентирани ...
Новата генерација полициски службеници 2025–2026 беше промовирана денеска, со што Министерството за внатрешни работи доби 496 нови полициски службеници. Во своето обраќање министерот за внатрешни работи Панче Тошковски истакна дека полициската професија не е само работно место, туку животен избор и повик кој бара храброст, чесност, професионалност и човечност. -Со денешната свечена заклетва не добивате само работно место, туку прифаќате ...
ЈЗУ Клиничка болница Битола денес пред премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Сашо Клековски промовира нова медицинска опрема и инвестиции во таа здравствена установа. Претседателот на Владата и ресорниот министер од директорката Ненси Лозанче беа информирани за нововоспоставените соработки на таа здравствена установа со институции од државата. -Клиничка болница Битола прва во Македонија започна со соработката со ...
На 30.07.2026 во СВР Велес било пријавено дека околу 08:20 часот на експресниот пат на делницата од Градско кон Прилеп, во близина на Градско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 44-годишната А.Д. од Битола и патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(48) од Скопје. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на патничкото ...
На Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ денеска се одржа свеченост на која беа промовирани 36 питомци од 26. класа и 1 питомец кој дипломираше на Воената академија „Вест Поинт“ во САД, во прв офицерски чин – потпоручник и 16 слушатели од Курсот за стручно оспособување и усовршување за офицери за службите на Армијата во чин –поручник. На денешната свеченост се обрати министерот за одбрана Владо Мисајловски кој на новите офицери во ...
Заклучно со 30 јули, во државата се потврдени вкупно 13 случаи на западнонилска треска. Од нив, 10 пациенти се хоспитализирани на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, а тројца се наоѓаат во критична здравствена состојба, соопшти денеска Министерството за здравство. Поради актуелната епидемиолошка состојба и врз основа на стручната проценка на ризик, Министерството за здравство го задолжи Центарот за јавно ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска ја повика Шпанија брзо да ја врати контролата врз ситуацијата во Сеута откако десетици илјади мигранти влегоа на шпанска територија од Мароко, јави ДПА. „Заштитата на надворешните граници на Европската Унија е клучна во борбата против нелегалната миграција“, рече германскиот конзервативен канцелар. Тој, исто така, го повика Мароко „веднаш да ги прими назад нелегалните мигранти“, пренесе германската ...
Општина Чаир продолжува со реализација на инфраструктурните инвестиции во населбата Саат Кула, каде што интензивно се изведуваат работи за реконструкција на подземната инфраструктура, како дел од проектот за модернизација на комуналната мрежа и подобрување на условите за живот на жителите. Увид во текот на работите изврши претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамед Муртези, заедно со надлежните служби, при што беше констатирано дека ...
Франција денеска соопшти дека ќе ја зајакне контролата на границата со Шпанија. Одлуката е донесена откако во шпанската енклава Суета за неколку дена пристигнаа околу 50.000 мигранти од Мароко. – Со оглед на ситуацијата во енклавата Сеута, синоќа дадов инструкции веднаш да се зајакнат контролите на шпанската граница. Понатаму, ги активирам Граничните сили за брза интервенција за темелни проверки, објави францускиот министер за внатрешни ...
САД и Израел разгледуваат можност за воведување копнена блокада на Иран како една од опциите за засилување на економскиот притисок врз Техеран, објави денеска британскиот весник „Телеграф“. Според весникот, за оваа можност разговарале американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, како дел од пошироките размислувања за следните чекори во односите со Иран. „Трамп смета дека неговата сегашна стратегија за ...
Општина Илинден ја започна реализацијата на значаен инфраструктурен проект со отпочнување на изградбата на улицата „3“ во локалната економска зона во „Марино – Кадино“. Станува збор за капитална инвестиција која има за цел да ја подобри современата патна инфраструктура и да создаде поквалитетни услови за функционирање и развој на стопанството. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во текот на градежните ...
Бројот на загинати во мигрантската криза во шпанската енклава Сеута се искачи на 27, откако на брегот беа пронајдени уште шест тела на лица кои се обиделе да стигнат до територијата на Шпанија пливајќи од Мароко, додека шпанскиот премиер Педро Санчез пристигна во енклавата за да го координира одговорот на властите по масовниот прилив на мигранти, јави весникот „Паис“. Според проценките на шпанското Министерство за внатрешни работи, повеќе од ...
Премиерот Еди Рама денеска на испораката на првите 40 тактички возила за албанската армија произведени во земјата, изјави дека една од стратешките цели на Албанија во областа на одбраната сега стана реалност, бидејќи првата флота возила произведени дома според стандардите на НАТО е ставена на располагање на вооружените сили. Според него испорака на возилата, произведени во Албанија, од страна на компанијата „Тимак Дифенс“, претставува ...
Општина Бутел ја активираше гаранцијата за санирање на штетите на коритото на реката Серава, со што започнува постапката за целосна санација на сите утврдени оштетувања, информираа денеска од локалната самоуправа. Од Општината посочуваат дека со активирањето на гаранцијата се преземаат конкретни активности за отстранување на недостатоците на коритото, согласно договорните обврски. Проектот за изградба на речното корито на Серава, во должина ...
Четири лица загинаа, а нивните тела се пронајдени по лавината на планината Брод Пик, во северен Пакистан, потврди министерот за туризам, Џилџит Балтистан. Две тела се идентификувани, а преостанатите две се во постапка на идентификување, објави Би-би-си. По лавината од вчера десет планинари се водеа за исчезнати, а сега по шест од нив сè уште се трага. Експедицијата, врз која се спушти лавината, се состоеше од шест непалски алпинисти, еден ...
Мостот „Естакада“ се наоѓа на еден од најфреквентните влезови и излези од градот и претставува значајна сообраќајна артерија за илјадници граѓани кои секојдневно се движат кон и од општините што гравитираат во овој дел на Скопје. Тука секојдневно минуваат работници, ученици, семејства, компании и товарен транспорт. Санацијата на мостот опфаќа пристапни рампи на вкупна површина од 10.000 квадратни метри, со гребење на постојниот асфалт и ...
Новиот Извршен комитет е спој на младост, знаење и посветеност. Во неговиот состав се млади луѓе од различни професии и области, кои со својата работа и ангажман покажуваат дека Македонија има генерација што знае, умее и е подготвена да преземе одговорност, објави претседателот на УМС Тодор Конески. Во време кога често се зборува за иселувањето на младите, овој состав испраќа порака дека државата располага со млади кадри кои својата иднина ја ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека го следи случајот со враќањето на пасошот Борче Марковски, обвинет за злоупотреби, од страна на Основниот суд во Струга и посочи дека во него „има груба манипулација од, како што истакна, еден локален јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство, којшто е сочесник во овој процес“. Тој очекува истрага за овој случај затоа што, вели, од страна на надлежното Основно јавно обвинителство имало поинаков ...
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денес оствари средба со амбасадорот на Република Полска во Република Северна Македонија, Мариуш Бримаора, кој ја посети Општина Чаир по поставувањето на спомен-плочата посветена на истакнатиот полски урбанист и архитект Адолф Циборовски. За време на средбата се разговараше за исклучителниот придонес на Циборовски во обновата на Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година, со посебен акцент ...
Во понеделник ќе се прави анализа на цената на горивата – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тоа, потсети, е редовна процедура на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Клиничката болница во Битола, Мицкоски рече дека очекува набргу да биде објавен податокот за инфлацијата во јули. – Но врз основа на податоците што ги добивам од Државниот пазарен инспекторат, очекувам сосема ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за четвртиот мерен период за учебната 2025/2026 година. Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа: за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година, за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година, за третиот мерен ...
Индустриското производство во јуни 2026 година е зголемено за 6,5% во однос на јуни 2025 година, објави Државниот завод за статистика. Растот, според податоците, го обезбедила преработувачката индустрија која за една година обезбедила раст од 7,9%. Спротивно, производство во секторот „рударство и вадење камен“ во јуни на годишно ниво бележи опаѓање од 3,8%, додека, пак, секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ ...
Македонската Армија денеска доби 53 нови офицери на свечената промоција што се одржа на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“. Промовирани беа 36 питомци од 26. класа, 16 слушатели од Курсот за стручно оспособување и усовршување на офицери за службите на Армијата, како и еден питомец кој дипломирал на престижната Воена академија Вест Поинт во Соединетите Американски Држави. По повод промоцијата, министерот за одбрана Владо ...
Премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на Клиничката болница во Битола изјави дека здравството останува еден од клучните приоритети на Владата, нагласувајќи дека за оваа година се издвоени рекордни повеќе од една милијарда евра за здравствениот сектор. Тој оцени дека состојбата во здравството е резултат на долгогодишни проблеми кои, како што рече, не можат да се надминат преку ноќ, туку бараат време, финансиски средства и ...
Во рамки на редовната комуникација со сите инвеститори во ТИРЗ, директорот Гоце Димовски ја посети компанијата Шахтерм, каде беше извршен увид во текот на градежните активности кои започнаа во мај минатата година, а веќе до крајот на оваа година се очекува почеток со производство. За време на посетата, директорот Димовски оствари средба со менаџментот на компанијата, при што заеднички беше разгледана динамиката на реализација на проектот, ...