Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Министерот за одбрана Владо Мисајловски упати честитка до граѓаните, припадниците на Армијата и вработените во Министерството за одбрана по повод 2 Август – Илинден, истакнувајќи дека овој датум претставува најголемиот празник и еден од најзначајните симболи на македонската државност. Во честитката, Мисајловски нагласува дека Илинден ги претставува идеалите на слободата, самобитноста, патриотизмот и љубовта кон татковината, оценувајќи дека ...
Сончево и топло време ќе преовладува денеска во државава. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Скопје, слично време со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 38 степени. Топлото време ќе продолжи и до крајот на следната недела кога дневните температури се ...
„Драги сограѓани, За мене, 2 Август, Илинден, е најсветиот македонски ден, денот на којшто во 1903 година, македонската републиканска идеја се отелотвори во Крушевската Република и денот кога во 1944 година, на АСНОМ, по вековна борба, се реализира правото на македонскиот народ на национална држава, во којашто се гарантираат правата на малцинските заедници Илинден е персонификација на исконска желба, решеност, стаменост и храброст за ...
Македонија денеска ги одбележува двата Илиндена – 123 години од Илинденското востание и Крушевската Република и 82 години од Првото заседание на АСНОМ, два најзначајни настани за македонската државност. Централниот настан традиционално ќе се одржи во Крушево, каде ќе се обрати потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски. Одбележувањето ќе почне со положување цвеќе на гробот на првиот претседател на Крушевската Република, Никола Карев и ...
Земјотрес со интензитет од 4,7 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран во јужна Италија во близина на Неапол. Епицентарот на земјотресот бил во областа Кампи Флегреи западно од Неапол на длабочина од три километри. Земјотресот предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија и мала материјална штета на зградите во Неапол и околината. Локалните власти соопштија дека поради претпазливост го прекинале локалниот железнички и ...
Завршена е изградбата на новата водоводна и канализациона мрежа на улицата Фаик Коница (поранешна Дижонска 15) во Општина Чаир, проект реализиран со финансиска поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање во вредност од 6,9 милиони денари. На теренскиот увид по повод завршувањето на проектот присуствуваа министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа и претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамет ...
Големата награда на Германија би можела да се врати во календарот на формула 1. Разговори за враќање на Ф1 на патеката во Хокенхајм се веќе започнати. Последната трка се одржа во 2019 година. Новите инвеститори се подготвени за нови вложувања и патеката повторно да биде организатор на трка во формула 1. Последните години проширувањето на Ф1 надвор од Европа е поголемо. Голем интерес за организација на трки има во земјите од Африка, Азија, па ...
Утре, 2 август, Македонија ќе го одбележи Илинден – Денот на Републиката, еден од најзначајните државни празници, со кој се чествуваат два клучни историски настани: Илинденското востание од 1903 година и Првото заседание на Антифашистичкото собрание за народно ослободување на Македонија (АСНОМ) во 1944 година. Илинденското востание, кое започна на 2 август 1903 година, останува симбол на борбата за слобода и самостојност, а Крушевската ...
Новоизбраниот претседател на Колумбија, Абелардо де ла Есприела, политичар поддржан од САД, денеска вети дека ќе ја интензивира борбата против герилските групи и нарко-картелите. Десничарот Де ла Есприела ќе ја преземе претседателската должност на 7 август во градот Кали, по владеењето на Густаво Петро, првиот левичарски претседател на Колумбија – земја која е светски рекордер во производство на кокаин, пренесува „Фигаро“. Церемонијата на ...
Шведска воведе построги казни за кривични дела поврзани со банди, овозможувајќи им на судовите да изрекуваат затворски казни до двапати подолги од претходно, додека земјата се пресметува со организираниот криминал. Според новиот закон, кој денеска стапи во сила, членовите на банди осудени за одредени прекршоци може да се соочат со казни до двапати поголеми од претходниот максимум. На пример, член на банда фатен со огнено оружје претходно се ...
Најголемите светски корпорации што произведуваат ултрапреработена храна ги попречуваат глобалните напори за справување со кризата со дебелината, бидејќи поднесуваат тужби против владите кои се обидуваат да промовираат поздрава исхрана, изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус. Тој ги обвини глобалните прехранбени компании дека го попречуваат усвојувањето на клучните мерки за ...
Полицијата спроведе голема акција во гостиварското село Добридол, откако на социјалните мрежи беше објавено видео од пукање за време на семејна веселба. Во координирана акција на полициски службеници од СВР Тетово, денеска беа извршени претреси на повеќе локации, при што се приведени шест лица, едно лице е повикано на службен разговор, а пронајдени и одземени се повеќе парчиња оружје и муниција. Според информациите од Министерството за ...
Сервисот на третиот „ер трактор“, што беше оштетен во невремето во Скопје, успешно е завршен, објави денеска Дирекцијата за заштита и спасување. Во текот на денот е извршен е пробен лет, при што е утврдено дека авионот е функционален. „Ер тракторот“ се враќа во употреба во борба против пожарите, нагласија од ДЗС. Сервисот на третиот „ер трактор“, што беше оштетен во невремето во Скопје, успешно е завршен, објави денеска Дирекцијата за ...
Европската Унија во вторник преку видеоконференција ќе одржи итен состанок на министрите за внатрешни работи на земјите членки посветен на масовните преминувања на мигранти во шпанската ексклава Сеута. Ирска, која претседава со ЕУ, денеска соопшти дека го свикала состанокот на Советот на ЕУ за правосудство и внатрешни работи, со кој ќе претседава ирскиот министер за правосудство, внатрешни работи и миграции, Џим О’Калахан. Рано денеска, 22 ...
Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, денеска, во рамки на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ 2026, ја пречека коњаницата пред столбот на Крушевската Република. По пристигнувањето на коњаницата и формирањето на свечената поворка, собраниската делегација, предводена од потпретседателот Милошоски, се упати кон Гумење, каде што положи свежо цвеќе и им оддаде почит на истакнатите борци и дејци од македонската историја. ...
Израелската војска денеска уби двајца Палестинци и уништи два магицини за лекови во близина на една болница во Појасот Газа. Владата на Израел сè уште не соопшти дали го прифатила договорот меѓу САД и Хамас за разоружување на палестинското милитантно движење против кое војуваше. Здравствените служби во Појасот Газа соопштија дека во воздушен напад двајца Палестинци биле убиени во населбата Шеик Радван во градот Газа. Израелската војска ...
Во случај на закана од војна, мнозинството Полјаци не би се пријавиле доброволно да ја бранат земјата, покажаа резултатите од анкетата спроведена од институтот Ибрис за потребите на радио Зет. Во исто време, висок процент од испитаниците рекле дека би останале во Полска во случај на војна, пренесува радио Зет. Институтот за истражување на пазарите и општествените феномени Ибрис објави како Полјаците одговориле на прашањето „Дали би се ...
Иднината на Иран ќе ја обликува народот на Иран, објави денеска на својот профил на Х иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, нарекувајќи ги припадниците на иранскиот народ „херои“ затоа што, според него, се спротивставија на војната што САД и Израел ја водат против земјата. Пезешкијан рече дека конфликтот почнал на 31 јули 2024 година со убиството на политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханија, за време на неговиот престој во Техеран на ...
Шпанските власти денеска почнаа да монтираат 500-метарска пливачка препрека на морската граница меѓу Сеута и Мароко, откако при масовното преминување на мигранти во изминатите денови загинаа најмалку 67 лица. Во меѓувреме, Шпанија соопшти дека во текот на изминатата ноќ не биле регистрирани нови случаи на илегално влегување во ексклавата. Според податоците на шпанските власти, од четвртокот досега околу 50.000 луѓе влегле во Сеута по копнен и ...
Топлотниот бран продолжува ширум Италија, а бројот на градови за кои е издаден црвен метео-аларм е значително зголемен, соопшти денеска италијанското Министерство за здравство. Како што се наведува, црвеното предупредување денеска важи за 19 од вкупно 27 следени градови, вклучувајќи ги Фиренца, Болцано, Перуџа, Рим, Торино, Болоња, Бреша, Неапол, Венеција и Верона, пренесува „Кориере дела сера“. Температурите го достигнуваат својот пик од 37 ...
Руските воени сили извршија воздушни удари врз објекти на транспортната инфраструктура во пристаништата во Одеса и Николаев во Украина, а кои наводно ги користат украинските вооружени сили, соопшти руското Министерство за одбрана. „Како резултат на нападот со високопрецизно воздушно оружје и беспилотни летала, во пристаништето Одеса се оштетени резервоари со гориво и мазива наменети за снабдување на украинските вооружени сили, додека во ...
На настанот присуствуваа претседателот на Владата на Република Северна Македонија, г. Христијан Мицкоски, министерот за транспорт, г. Александар Николоски, генералниот директор на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, г. Марјан Стефановски, како и градоначалникот на Општина Дебар, г. Фисник Мела. Церемонијата го означи успешното завршување на проект од особено социјално значење, преку кој 47 семејства ...
Нуклеарна електрана Запорожје денеска, по 23-ти пат во текот на воениот судир, остана без надворешно напојување со електрична енергија, соопшти директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси. „Тоа уште еднаш укажува на несигурната ситуација во поглед на нуклеарната безбедност на таа локација“, предупреди Гроси во објава на Х. За време на исклучувањето на последниот преостанат далевод на електраната, ...
Кошаркарска јуниорска репрезентација на Македонија (У18) ја извојува втората победа на ЕП од Дивизијата „Б“ во Хрватска. Нашите млади кошаркари го играа натпреварот против Исланд за пласман од 13 до 16 место. Избраниците на Мишо Тодоровиќ се израдуваа на втората победа на првенството, добивајќи го натпреварот со 86-74. Григориј Ѓорѓевиќ беше најефикасен кошаркар со 18 поени, еден повеќе од Ѓорѓи Цветковски кој постигна 17. Утре (11.30 часот) ...
Ракометната селекција до 18 години го претрпе и третиот, пораз на ЕП во Белград. Во натпревар кој директно решаваше за третото место во А групата, подобра од Македонија беше селекцијата на Шведска која го доби натпреварот со 29-33. Од самиот старт противникот ја наметна својата игра и го отвори натпреварот со три врзани голови (0-3), на кои македонските јуниори не успеаја да одговорат. Шведска ја контролираше играта и во продолжението, фала ...
И покрај повеќенеделните напори, епидемијата на ебола во Централна Африка не само што не е под контрола, туку и се влошува во Демократска Република Конго, при што се зголемува ризикот од нејзино ширење во соседните земји, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). Оваа епидемија е најголемата со која земјата се соочила досега, наведува здравствената агенција на ОН. „Потребно е значително да се зголемат активностите за одговор ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на социјалната мрежа „Трут Соушл“ објави дека и покрај противењето на некои сенатори го поддржува именувањето на Тод Бланш за главен државен обвинител. „Ако сенаторите Корнин и Тилис, двајцата лути бидејќи не ги поддржав, не сакаат да го одобрат Тод Бланш, еден од најпочитуваните професионалци во земјата, за главен државен обвинител на САД, тогаш јас ќе го задржам Тод на функцијата в. д. главен ...
Јавното комунално претпријатие „Стандард“ попладнево упати апел до дебрани да ја користат водата одговорно и исклучиво за неопходни потреби. – Свесни сме дека во изминатите денови и недели голем број жители во неколку населби од градот се соочуваат со недостиг на вода за пиење. Целосно го разбираме незадоволството и тешкотиите што оваа состојба ги предизвикува, но сите заедно треба да помогнеме во оваа ситуација. Од први јули воведовме ...
Амбасадите на САД во неколку земји од Блискиот Исток ги предупредија американските граѓани за можна ескалација на регионалниот конфликт и ги повикаа да бидат подготвени да го напуштат регионот. „Американските граѓани кои во моментов се наоѓаат во регионот треба да почнат да размислуваат или да се подготвуваат да го напуштат Блискиот Исток во случај на ескалација“, се вели во предупредувачкото соопштение објавено на социјалните мрежи од страна ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека благодарение на ефикасната работа на полициите на Шпанија и Мароко, мнозинството од мигрантите кои илегално влегоа во северноафриканската шпанска ексклава Сеута се вратени назад во Мароко и дека ниту еден од нив не стигнал до европското копно, самата Шпанија која се наоѓа на другата страна од Гибралтарскиот Проток, ниту до другите земји од Европската Унија. Фон ...