Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Враќањето на Жозе Мурињо во Реал Мадрид, 13 години по неговиот прв мандат, е една од најинтригантните приказни пред почетокот на новата сезона. Но, покрај резултатите, најголемо внимание ќе привлекува односот меѓу искусниот португалски стратег и англиската ѕвезда Џуд Белингам. Белингам, кој има 23 години, се наоѓа во клучен период од својата кариера. По одличниот настап на Светското првенство, од него се очекува да стане лидер на Реал Мадрид, ...
Англиската фудбалска асоцијација (ФА) ќе го повлече писмото со кое претходно ја поддржа кандидатурата на Џани Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА, по бурните реакции што ги предизвика неговиот план за продажба на удел во комерцијалните права на Светското првенство. ФА кон крајот на јуни испрати писмена поддршка за реизборот на Инфантино, но сега донесе одлука таа официјално да биде повлечена. Овој потег следува по соопштението на ...
Иранските власти извршија смртна казна над двајца мажи осудени за шпионирање во корист на Израел, пренесоа денеска иранските медиуми. Во извештаите се наведува дека „Омид Бехзад и Пурија Сафват, двајца платеници на ционистичкиот режим“, за време на Рамазанската војна и Дванаесетдневната војна, им испраќале на офицери на Мосад координати, слики и информации за воени и безбедносни центри, пренесе иранската новинска агенција Фарс. Се наведува ...
Едно лице е убиено, а друго е повредено во руски воздушен напад во областа Запорожје во југоисточна Украина, јави Укринформ. Шефот на регионалната воена администрација, Иван Федоров информира дека „наведувана бомба уништила приватни куќи во Новотроицк, предизвикувајќи пожар“. Во текот на изминатите 24 часа, руските вооружени сили извршија 1.083 напади врз 49 населени места во Запорошката област, јавија локалните медиуми. Едно лице е убиено, ...
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Иран, Есмаил Багеи, изјави дека Ормуската Теснина никогаш нема да се врати на состојбата пред војната. Багеи тврди дека разговорите што се водат меѓу Иран и Оман за Ормуската Теснина не се во никаква врска со отворањето или затворањето на тој пловен пат, пренесе иранската новинска агенција Фарс. Тој рече дека затворањето на Ормуската Теснина било последица, како што наведе, на ...
Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар останува стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции. Во текот на 2 август се регистрирани вкупно 84 први прегледи, што е за 27 повеќе во споредба со претходниот ден, кога беа евидентирани 57 прегледи. И покрај дневното зголемување, бројот на прегледи останува значително понизок во однос на пикот од 18 јули, кога беа регистрирани вкупно ...
Две лица се во тешка состојба откако се урна зграда на градилиште до бензинска пумпа во центарот на Сиднеј. Итните служби биле известени за уривањето во квартот Ултимо денеска непосредно пред 11 часот по локално време, а по пристигнувањето затекнале ѕид и покрив кои се урнале врз блиските автомобили, пренесува Еј-Би-Си Њуз. Маж во шеесеттите и маж во триесеттите години биле извлечени од под урнатините и пренесени во болница во тешка состојба. ...
Во врска со случајот што во последните дена е предмет на јавен интерес, а се однесува на третманот на пациентка, Министерството за здравство информира дека, по налог на министерот, Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) спроведува вонреден инспекциски надзор во сите три здравствени установи во кои била третирана и тоа Општа болница Струмица, Клиничка болница Штип и Универзитетска клиника за неврологија Скопје. Во наредните денови ...
Три лица загинаа, а две се ранети на Крим како последица на ноќниот напад на украинските вооружени сили, соопшти шефот на регионот Сергеј Аксјонов. „Непријателот почна уште еден ноќен напад врз Крим. За жал, има жртви. Три цивили загинаа, а двајца се повредени“, напиша Аксјонов на Телеграм. Изразувајќи сочувство до семејствата и пријателите на жртвите и брзо закрепнување на повредените тој нагласи дека властите ќе ја пружат потребната помош и ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во интервју за МИА нагласува дека се работи на трајно и одржливо решение за одблокирање на нашиот европски пат, но вели дека не смее да споделува детали од разговорите со цел да не ги осуди на неуспех. Тој уверува дека граѓаните треба да бидат спокојни дека Владата јасно знае како го има добиено својот легитимитет, јасно го следи ставот на граѓаните во однос на ова прашање и ...
Мароканската влада соопшти дека дезинформациите на социјалните мрежи и трговците со луѓе стојат зад масовното преминување на мигранти во шпанската ексклава Сеута. Министерството за внатрешни работи соопшти дека преминувањата биле поттикнати од дезинформации на социјалните мрежи, трговија со луѓе и погрешно толкување на одлука на шпански суд, што ги навело мигрантите да веруваат дека можат да влезат во Европа без веднаш да бидат вратени. ...
Обилни дождови и поплави погодија делови од јужна Индија во текот на викендот, при што во државата Керала загинаа најмалку 11 лица, илјадници луѓе се раселени, додека во свлечиште во соседната држава Карнатака загинаа три лица, соопштија надлежните локални служби. – До вчера речиси 7.700 луѓе се евакуирани во околу 275 прифатни центри ширум Керала – изјави премиерот на таа држава В. Д. Сатисан. Тој потврди дека денеска ќе се сретне со ...
Низ сите црковни општини на Австралиско-сиднејската епархија достоинствено и молитвено беше одбележан големиот празник – Илинден. Од Австралиско-сиднејската епархија информираат дека во сите храмови биле отслужени свети литургии, на кои беше прочитано Илинденското послание на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. – Во својата порака тој истакна дека трите Илиндени – 1903, 1944 и 1991 година – се сведоштво за ...
Денешниот ден носи интересни можности, но и неколку предизвици за сите хороскопски знаци. Некои ќе добијат добра вест на работа, други ќе имаат шанса да ги подобрат љубовните односи, а трети ќе треба внимателно да ги планираат своите финансии. Овен Ќе бидете полни со енергија и подготвени за нови предизвици. На работа ве очекува можност да се истакнете, а во љубовта искрен разговор ќе ги расчисти недоразбирањата. Бик Фокусирајте се на ...
На илјадници луѓе им беше наредено да евакуираат делови од Спокен во источната американска сојузна држава Вашингтон, додека пожарникарите се борат со неколку шумски пожари. Властите вчера го издадоа предупредувањето за евакуација од највисок степен поради „тековна или непосредна“ закана, повикувајќи ги жителите веднаш да ги напуштат погодените области и да не се враќаат додека противпожарните екипи ја продолжуваат својата работа. Гувернерот ...
Кубанската национална електроенергетска мрежа доживеа колапс доцна синоќа, соопшти државната електроенергетска компанија наведувајќи дека околу 10 милиони жители на островската земја се во мрак. Компанијата „Union Electrica de Cuba“ не изнесе дополнителни детали во своите објави на социјалните мрежи. До најновиот прекин во снабдувањето дојде по три прекини на струја на ниво на целата земја во текот на јули во момент кога е во сила ...
Големиот пожар што избувна во петокот во централна Грција и веќе е проширен во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а во кој загинаа две лица по судар на хеликоптери што учествува во гаснењето, сè уште не е ставен под контрола и четврти ден, нешто помалку од 500 пожарникари се борат со огнената стихија, јави дописничката на МИА од Атина. Утрово, со оглед на тоа што е намален интензитетот на ветерот, започна и гаснење од ...
Во текот на изминатото деноноќие регистрирани се вкупно 30 пожари на отворен простор. Во моментот нема активни пожари, информира Центарот за управување со кризи. Според нивните информации, 29 пожари се изгаснати, а само еден е под контрола. Станува збор за пожарот меѓу селата Слатина и Грешница во општина Македонски Брод каде гори нискостеблеста шума и ниска вегетација. Во текот на изминатото деноноќие регистрирани се вкупно 30 пожари на ...
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение порача дека нема да дозволи, како што наведуваат, омразата и песимизмот да станат „национална идеологија“, оценувајќи дека државата треба да продолжи по патот на економскиот развој, стабилноста и зачувувањето на националните интереси. Во соопштението се прави паралела меѓу историските борби за создавање на македонската држава и денешните предизвици, при што од партијата истакнуваат дека актуелната генерација ...
Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека руската армија ноќеска извршила напади со дронови врз три брода со воен товар во Црното Море и врз еден товарен брод со испораки за украинските трупи во пристаништето во градот Николаев. „Во текот на изминатата ноќ силите на Руската Федерација извршија напади врз транспортна инфраструктура што ги опслужува вооружените сили на Украина“, се вели во соопштението. Руското Министерство за ...
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, нема кредибилитет да зборува за јавното здравје, тврдејќи дека во периодот кога бил министер за здравство постоеле анализи кои укажувале на неисправност на водата за пиење во Гостивар. Од партијата наведуваат дека микробиолошки анализи од ноември 2020 година, како и од февруари и март 2021 година, покажале дека водата не ги исполнувала законските критериуми за безбедност. Според ...
Американскиот претседател Доналд Трамп најави нов круг разговори со ирански претставници, откако привремено ги откажа понатамошните напади врз Иран. Преговорите треба да се одржат денеска, им изјави Трамп на новинарите синоќа во претседателскиот авион „Air Force One“ додека патуваше од Њу Џерси за Вашингтон. Тој не кажа каде ќе се одржат, колку долго би можеле да траат ниту кој ќе учествува, пренесе ДПА. Трамп исто така повтори дека ...
Светиот пророк Езекил Син на свештеник од градот Сарира. Одведен во ропство во Вавилон со царот Јехонија и со многу други Израилци. Живеејќи во ропство Езекил пророкуваше дваесет и седум години. Беше современик со пророкот Еремија. И додека Еремија учеше и пророкуваше во Ерусалим, дотогаш Езекил учеше и пророкуваше во Вавилон. Пророштвата на Еремија ги дознаваа во Вавилон, а пророштвата на Езекил во Ерусалим. Пророштвата на обајцата свети ...
Земјотрес со јачина од 5,1 степен го погоди Египет рано утрово, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки. Американскиот геолошки завод првично ја процени јачината на 5,3 степени, но подоцна ја коригираше на 5,0. Земјотресот се случи околу 3 часот наутро по локално време на релативно мала длабочина од 10 километри во близина на градот Фајед, сместен на Суецкиот Канал. Засега нема извештаи за штети или жртви. Силните земјотреси се ...
Битола годинава потврдува дека е еден од најживите културни центри во државата. Во пресрет на големиот македонски празник Илинден, градот се соочи со исклучително голем интерес од посетители, при што речиси и да немаше слободни сместувачки капацитети. Кулминацијата на празничната атмосфера беше спектакуларниот концерт на Здравко Чолиќ, кој на едно место собра околу 20.000 посетители од земјата и регионот, а поддржувач на настанот беше Општина ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен, а во источните делови од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната од 33 до 39 степени. Во Скопје ќе биде топло и ветровито. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени. Топлиот бран од југ ќе продолжи до крајот ...
Бразилскиот фудбалер Ендрик нема да биде дел од тимот на Реал Мадрид во новата сезона. Тренерот Жозе Мурињо јасно му ставил до знаење на раководството дека не смета на 20-годишниот Бразилец, и покрај неговите добри настапи за време на позајмицата во Лион. Ендрик има договор со Реал до летото 2030 година, а според најавите, клубот повторно ќе го испрати на позајмица за да продолжи со својот развој и да добие поголема минутажа. Бразилскиот ...
Македонскиот Дејвис куп репрезентативец Олег Приходко го загуби финалето на ИТФ турнирот во полскиот град Козалин што се играше за награден фонд од 30.000 долари. Тој беше поразен од Португалецот Тиаго Переира со 2-0 во сетови (61 75) за 68 минути. Во првиот сет Приходко поведе со 1:0 во гемови, но потоа ривалот направи серија од шест гема и поведе во мечот со 1:0. Во вториот сет беше изедначено до последниот гем немаше брејк, а во 12.гем ...
Актуелниот светски шампион во рели, Себастијан Ожие, доживеа сериозна несреќа на Финското рели. Французинот излета од патеката со голема брзина, се преврте неколку пати и се удри во дрво, а по сето тоа, тој и неговиот заменик-совозач Жулиен Инграсија беа однесени со хеликоптер во болница на медицински прегледи. Несреќата се случи во претпоследната етапа денеска, кога Себастијан Ожие ја држеше водечката позиција. Неговата Тојота заврши надвор ...
Цепелинот на нашите ракометари против Франција се најде во листата на ТОП 5 најубави голови во првата фаза од натпреварите на ЕП за кадети во Белград. Делото е на Бобан Поповски кој постигна извонреден гол од цепелин кој се најде на третото место на ТОП 5 листата формиранаод ЕХФ за најубави голови на ЕП. The M18 #ehfeuro2026 preliminary round 𝗧𝗢𝗣 𝟱 𝗚𝗢𝗔𝗟𝗦 are here! 🔥 Which one is your favourite? 🤔 #followthefuture #handball ...