За потребите на Гостивар денеска се ангажирани три цистерни со питка и техничка вода, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. -Едната цистерна на ТППЕ Гостивар, една на Бехтел и Енка и една од Боговиње. Истите до сега по два пати се упатени кон граѓаните и се планира до вечерва да бидат пратени уште со по два турнуса на дотур, кажа Ангелов. Дистрибуцијата се врши во тесна координација со Општинскиот штаб ...

Пожарот кој синоќа беше подметнат на дваесетина километри од Кавадарци, но пожарникарите успеаја да го стават под контрола, попладнево е реактивиран, соопштија од Дирекцијата за заштита и спасување. Оттаму велат дека огнот е проширен на тешко пристапен терен, а се интервенира и со два „ер трактори“. Градоначалникот Митко Јанчев во објава на фејсбук, вели дека пожарот e во околината на сeлото Раец и состојбата останува сериозна. -Сите ...

„Лицемерието изгледа вака. Доаѓа еден час на клиника, со фото апарат, се фотографира среде операција, и потоа на концерт на Харис Џиновиќ или на јахтата на Заев. И се така. Хуманизацијата не е успешна затоа што народот знае и за кинеските вакцини, и за модуларната болница и за тендерите, и за распаднатите и ограбени здравствени институции кои ги остави зад себе без “око да му трепне”. И што е најважно, не заборава!, напиша на својот фејсбук ...

На ул. „Христо Татарчев“ во Скопје, мотоциклист со мопед изгубил контрола и паднал на коловозот. Со тешки телесни повреди се здобила сопатничката, додека со а со телесни повреди се здобил возачот. На 02.08.2026 околу 23:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Христо Татарчев“ во Скопје С.М.(22) од Скопје додека управувал мопед изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката ...

Кувајтскиот министер за нафта Тарик ал Руми, во интервју за јапонската новинска агенција Кјодо, изјави дека Кувајт води преговори со Саудиска Арабија и другите арапски држави за изградба на нов нафтовод, кој ќе ја заобиколи стратешката Ормуска Теснина. Тој посочи дека извозот на нафта од Кувајт „целосно е запрен“ поради фактичкото затворање на Ормуска Теснина од страна на Иран. Според ал Руми ќе биде потребна „најмалку една година“ за да се ...

Во Стар Дојран, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија лишиле од слобода 35 годишно лице од Ресен (полициски службеник). Како што информира Министерството за внатрешни работи, денеска (03.08.2026) во 04:00 часот во Стар Дојран, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија лишиле од слобода 35 годишно лице од Ресен (полициски службеник), постапувајќи по претходна пријава дека на 01.08.2026 и 02.08.2026 година во Стар Дојран ...

Од доцна синоќа во тек е спасувачка акција на крајбрежната служба на Грција по море, копно и од воздух, за пронаоѓање на исчезнат странски државјанин, кој заедно со уште седум лица, кои се спасени, биле на едрилица, што била пронајдена како плови без контрола во морскиот дел во близина на грчкиот остров Сими, јави дописничката на МИА од Атина. Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека синоќа, откако едрилицата била забележана како ...

ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение упати остри критики кон СДС, оценувајќи дека опозициската партија „сама се препознала“ во критиките за ширење нихилизам и дефетизам во јавноста. Од владејачката партија тврдат дека СДС, предводена од Венко Филипче, со своето делување создава чувство на несигурност и страв кај граѓаните, испраќајќи пораки дека државата нема перспектива и дека младите единствената иднина ја гледаат надвор од земјата. Во ...

Апелациониот суд во Ниш правосилно ја запре истрагата против Радослав Драгијевиќ, татко на Дејан Драгијевиќ, кој е обвинет за убиството на двегодишната Данка Илиќ. Со ова е потврдена претходната одлука на Вишиот суд во Неготин, донесена на 1 јуни, против која жалба поднесе Вишото јавно обвинителство во Заечар. Според портпаролката на Апелациониот суд, Тамара Савиќ, жалбата на обвинителството е одбиена како неоснована, бидејќи не се обезбедени ...

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, учествуваше како главен говорник на Втората меѓународна конференција за борба против дискриминацијата, организирана во Каиро од страна на Генералниот секретаријат на Лигата на арапските држави, во соработка со ICESCO (Исламска светска образовна, научна и културна организација). Конференцијата собра претставници на парламенти и влади, меѓународни организации, академици и верски ...

Во НБА речиси ништо не изгледа невозможно, а новата идеја поврзана со Леброн Џејмс би можела да биде една од најнеобичните во историјата на лигата. Според информациите што кружат во американските медиуми, доколку официјално стане играч на Филаделфија 76ерс, „Кралот“ нема да живее во Филаделфија, туку ќе ја задржи својата резиденција во Њујорк. Уште понеобично е тоа што до тренинзите и натпреварите би патувал со приватен хеликоптер, минувајќи ...

Голманот на репрезентацијата на Зеленортските Острови, Жозимар Евора Дијаш, попознат како Возиња, конечно пристигна во Чиле за да го комплетира трансферот во Коло Коло. Четириесетгодишниот чувар на мрежата, кој беше едно од најпријатните изненадувања на Светското првенство 2026, слета во Сантијаго по неколку одложувања што предизвикаа сомнежи околу реализацијата на трансферот. На аеродромот го пречекаа бројни навивачи со знамиња, транспаренти ...

Напад со украински дрон врз најголемиот руски онлајн трговец „Вајлдберис“ (Wildberries) предизвика пожар во логистички центар во Владимирската област, источно од Москва, соопшти денеска компанијата. Гувернерот Александар Авдеев изјави дека две лица се повредени во нападот. Украина ги напаѓа објектите на „Вајлдберис“ од средината на јули, обвинувајќи го трговскиот синџир дека ги снабдува и потребите на руската армија во војната против Украина. ...

Министерот за здравство и социјални служби на Соединетите Американски Држави, Роберт Ф. Кенеди Помладиот, оцени дека САД за време на пандемијата на Ковид-19 направиле низа грешки, посебно во врска со мерките за затворање и односот кон стручњаците со поинакви ставови. Истовремено, тој најави промени во пристапот кон подготвеноста за пандемија, истражувањата на вирусите и безбедноста на храната. Во интервју за Си-ен-ен, Кенеди ги повтори ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска соопшти дека досегашниот секретар на Советот за национална безбедност и одбрана (СНБО), Рустем Умеров, ќе биде именуван за нов директор на украинската Надворешна разузнавачка служба, додека поранешниот министер за внатрешни работи Игор Клименко ќе ја преземе функцијата секретар на СНБО. Зеленски, како што јавија локалните медиуми, промените на челото на безбедносните институции ги најави ...

Сончевото и многу топло време ќе продолжи до крајот на неделава. Од четврток во попладневните часови локално се најавуваат дожд и грмежи. – Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која наместа ќе надмине 40 степени Целзиусови. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи – велат од УХМР. Од среда ...

Хиларија Болдвин проговори за својот брак со холивудскиот актер Алек Болдвин и за бројните коментари што ги добива поради нивната 26-годишна разлика во возраста. Поранешната учесничка во шоуто „Dancing with the Stars“ имала 27 години и работела како инструкторка по јога кога го запознала тогаш 53-годишниот Алек Болдвин. По само една година врска, двајцата се венчале, и покрај критиките што ги следеле уште од самиот почеток. Денес, ...

Војната на Блискиот Исток силно ја погоди потрошувачката во еврозоната, а новите геополитички шокови би можеле повторно да го закочат економското закрепнување, се наведува во денеска објавената анализа на Европската централна банка (ЕЦБ). Вредноста на индексот на доверба на потрошувачите (ЦЦИ) меѓу февруари и април падна за околу 12 поени, што е удар чиј интензитет е речиси споредлив со падот од 15 поени забележан во првите два месеца по ...

По повод Светската недела на доење, што годинава се одбележува под мотото „Доење за одржлив почеток во животот – да го зајакнеме тоа што функционира“, Министерството за здравство потсетува дека доењето е најприродниот и најбезбедниот начин на исхрана на новороденчињата и доенчињата. Мајчиното млеко ги обезбедува сите неопходни хранливи материи за правилен раст и развој, го зајакнува имунитетот, го намалува ризикот од бројни заболувања и ...

Летото е совршено време да ги споите уживањето и грижата за здравјето. Доколку сакате од одморот да се вратите поодморени, во подобра форма и можеби со неколку килограми помалку, пливањето е една од најдобрите физички активности што можете да ги изберете. Оваа активност ги активира речиси сите мускулни групи, согорува голем број калории и е многу понежна за телото во споредба со многу други видови тренинг. Покрај тоа, вежбањето во вода е ...

Активноста во преработувачката индустрија на еврозоната продолжи да расте во јули, а производството достигна највисоко ниво во речиси четири и пол години, но побарувачката останува слаба, што ја доведува во прашање одржливоста на закрепнувањето, покажа денеска објавениот извештај на агенцијата „S&P Global“. Вредноста на индексот на менаџерите за набавка (PMI) за преработувачката индустрија во еврозоната, кој го објавува „S&P Global“, ...

Враќањето на Венус Вилијамс на WTA турнир повторно заврши со елиминација уште во првото коло. Американската тениска легенда беше поразена од Камила Рахимова од Узбекистан со 6:4, 6:1 на Роџерс купот во Монтреал, во меч што беше одложен поради дожд. Вилијамс, која настапи со специјална покана од организаторите, не успеа да ја прекине негативната серија. Ова беше нејзин 11. последователен пораз во првото коло на WTA турнирите, а последната ...

Фудбалската асоцијација на Велс (ФАВ) стана првата федерација која официјално ја повлече својата поддршка за реизбор на Џани Инфантино за претседател на ФИФА, јави денеска телевизијата Скај Спорт. Истиот извор наведе дека одлуката е резултат на загубената довербата во раководењето на Инфантино со ФИФА, по контроверзниот обид за продажба на удел во Светското првенство на приватни инвеститори. Во дописот на ФАВ што официјално е испратен до ФИФА ...

Враќањето на Жозе Мурињо во Реал Мадрид, 13 години по неговиот прв мандат, е една од најинтригантните приказни пред почетокот на новата сезона. Но, покрај резултатите, најголемо внимание ќе привлекува односот меѓу искусниот португалски стратег и англиската ѕвезда Џуд Белингам. Белингам, кој има 23 години, се наоѓа во клучен период од својата кариера. По одличниот настап на Светското првенство, од него се очекува да стане лидер на Реал Мадрид, ...

Англиската фудбалска асоцијација (ФА) ќе го повлече писмото со кое претходно ја поддржа кандидатурата на Џани Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА, по бурните реакции што ги предизвика неговиот план за продажба на удел во комерцијалните права на Светското првенство. ФА кон крајот на јуни испрати писмена поддршка за реизборот на Инфантино, но сега донесе одлука таа официјално да биде повлечена. Овој потег следува по соопштението на ...

Иранските власти извршија смртна казна над двајца мажи осудени за шпионирање во корист на Израел, пренесоа денеска иранските медиуми. Во извештаите се наведува дека „Омид Бехзад и Пурија Сафват, двајца платеници на ционистичкиот режим“, за време на Рамазанската војна и Дванаесетдневната војна, им испраќале на офицери на Мосад координати, слики и информации за воени и безбедносни центри, пренесе иранската новинска агенција Фарс. Се наведува ...

Едно лице е убиено, а друго е повредено во руски воздушен напад во областа Запорожје во југоисточна Украина, јави Укринформ. Шефот на регионалната воена администрација, Иван Федоров информира дека „наведувана бомба уништила приватни куќи во Новотроицк, предизвикувајќи пожар“. Во текот на изминатите 24 часа, руските вооружени сили извршија 1.083 напади врз 49 населени места во Запорошката област, јавија локалните медиуми. Едно лице е убиено, ...

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Иран, Есмаил Багеи, изјави дека Ормуската Теснина никогаш нема да се врати на состојбата пред војната. Багеи тврди дека разговорите што се водат меѓу Иран и Оман за Ормуската Теснина не се во никаква врска со отворањето или затворањето на тој пловен пат, пренесе иранската новинска агенција Фарс. Тој рече дека затворањето на Ормуската Теснина било последица, како што наведе, на ...

Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар останува стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции. Во текот на 2 август се регистрирани вкупно 84 први прегледи, што е за 27 повеќе во споредба со претходниот ден, кога беа евидентирани 57 прегледи. И покрај дневното зголемување, бројот на прегледи останува значително понизок во однос на пикот од 18 јули, кога беа регистрирани вкупно ...

Две лица се во тешка состојба откако се урна зграда на градилиште до бензинска пумпа во центарот на Сиднеј. Итните служби биле известени за уривањето во квартот Ултимо денеска непосредно пред 11 часот по локално време, а по пристигнувањето затекнале ѕид и покрив кои се урнале врз блиските автомобили, пренесува Еј-Би-Си Њуз. Маж во шеесеттите и маж во триесеттите години биле извлечени од под урнатините и пренесени во болница во тешка состојба. ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
5.44
28%
1012
weather icon

Белград

30ᴼ / 30ᴼ
3.85
48%
1016
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.99
35%
1017
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
2.07
36%
1013
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
7.57
41%
1012
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 27ᴼ
1.34
47%
1018
weather icon

Атина

34ᴼ / 31ᴼ
2.68
35%
1010
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
2.65
39%
1012
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
0.91
38%
1012
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
3.13
60%
1012
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 29ᴼ
1.79
25%
1018
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 26ᴼ
3.96
100%
1010
Currency

61.53

Currency

53.2154

Currency

71.7145

Currency

37.7198

Currency

38.2597

Currency

66.0329

Currency

7.91009

Currency

0.65176

Currency

0.33823

Currency

0.52555

Currency

1.11901

Currency

0.56102

Калај

56.36

Алуминиум

3.28

Рутениум

53852.50

Родиум

278103.96

Кобалт

56.29

Бакар

13.23

Паладиум

43628.56

Сребро

2044.16

Иридиум

252383.36

Злато

139576.04

Платина

56038.75

Цинк

0.00