Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи се согласи на компромисен договор за отворање на Ормуската Теснина, што доведе до тоа американскиот претседател Доналд Трамп да го откаже планираниот напад врз Иран, пренесе израелскиот Канал 12, повикувајќи се на два дипломатски извори запознаени со деталите од преговорите. Според предлогот, бродовите што влегуваат во Персискиот Залив преку Ормуската Теснина би влегувале од иранските ...
Три лица загинаа, а 15 се повредени во експлозија што синоќа избувна во близина на едно кафуле во центарот на Москва, потврди руското Министерство за внатрешни работи. -Московската филијала на МВР работи на местото на инцидентот. Според достапните информации, денеска околу 20:10 часот по локално време се случила експлозија во близина на летна бавча на кафуле, во која три лица загинаа, а 15 се повредени, изјави синоќа претставник на МВР. ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски порача дека 2 Август – Илинден е најсилниот доказ за вековната борба на македонскиот народ за своја самобитност и државност, истакнувајќи дека тој историски пат започнал во 19 век, а својата кулминација ја достигнал со независноста на Македонија во 1991 година. Во изјава од Крушево по повод одбележувањето на националниот празник, Николоски нагласи дека идејата за македонската држава ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во своето обраќање во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, по повод одбележувањето на националниот празник 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, порача дека секоја генерација има свој Илинден, со своја мисија и задача, а сегашната има задача да ја зачува државата силна, да ја направи просперитетна, да ја направи праведна и повторно да ја направи земја во која луѓето ќе веруваат дека вреди да се ...
Струмичките пожарникари утринава успешно спасија мајка и дете кои паднале во провалија покрај трим-патеката што води кон манастирот „Св. Илија“. Од Територијалната противпожарна единица Струмица информираат дека спасувачката акција започнала околу 05:15 часот, кога тим од пожарникари-спасители бил испратен на местото на настанот. По пристигнувањето на местото на настанот, пожарникарите со употреба на соодветна спасувачка опрема успешно ги ...
Најмалку еден жител загина, а седуммина се ранети во руски воздушен напад врз јужниот украински регион Херсон, соопшти синоќа на Телеграм шефот на регионалната воена администрација, Олександар Прокудин. Нападот, кој исто така бил проследен со артилериски оган, оштетил неколку згради и возила, соопштија властите. Регионот Херсон, кој се наоѓа на линијата на фронтот, повеќепати е цел на руски напади. Во Никопол, во регионот Дњепропетровск, ...
Илинден не е само датум, туку завет, карактер и најсилен доказ дека постојат народи кои можат да бидат окупирани, напаѓани, предавани и потценувани, но никогаш покорени, порача премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, по повод одбележувањето на националниот празник 2 Август – Илинден, Денот на Републиката. -Слободата не започнува на границите на една држава, туку во срцето на еден народ, ...
Илинден е најсилниот симбол на македонската борба за слобода и сопствена држава. Во него се испреплетуваат идеалите на илинденците од 1903 година и делото на генерацијата што преку АСНОМ ги постави темелите на современата македонска државност, велат во честитката по повод Илинден од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Тој е сведоштво за истрајноста, пожртвуваноста и непоколебливата волја на народот да живее достоинствено и слободно. Крушевската ...
Свети пророк Илија е еден од најпочитуваните старозаветни пророци и светители, почитуван во христијанството, јудаизмот и исламот. Живеел во IX век пр. н.е. на просторот на денешен Израел и Палестина. Познат е како ревносен чувар на вистинската вера. Неговиот ден се празнува на 2 август и е еден од најголемите празници во македонскиот народ – Илинден. Се слави како духовен и национален симбол. За неговото величие говори и тоа што тој се ...
Финансиските проблеми на Асвел продолжуваат и францускиот клуб сега се соочува со обврска да плати околу 1,2 милиони евра за кршење на правилата на Евролигата за финансиска стабилност и фер-плеј. Според правилата на системот за финансиска контрола на Евролигата, Асвел потрошил помалку за плати на играчите во текот на сезоната 2025/26 од минимумот дозволен според правилата за конкурентска рамнотежа. Доколку Асвел не го подмири долгот, може да ...
Кевин Пантер нема намера да ја напушти Барселона. Според шпанските медиуми, американскиот бек останува важен дел од плановите на каталонскиот гигант и на новиот тренер Александар Секулиќ. Пантер има договор со Барселона до летото 2028 година. Мозес Рајт веќе се пресели во Олимпија Милано, откако ја активираше клаузулата за раскин на договорот, додека Торнике Шенгелија е блиску до трансфер во Дубаи, каде повторно би соработувал со тренерот ...
Неделата носи силна енергија за нови почетоци, семејни средби и донесување важни одлуки. Денот е поволен за разговори, расчистување на недоразбирања и поставување нови цели. Искористете ја позитивната енергија за да направите чекор напред, но не заборавајте да најдете време и за одмор. ♈ Овен (21 март – 19 април) Денес ќе бидете полни со енергија и желба да преземете иницијатива. Ако долго време размислувате за промена или нов проект, сега е ...
Кошаркарскиот клуб Монако е информиран дека Комитетот за жалби на Француската кошаркарска федерација (FFBB) ја отфрлил жалбата на клубот откако не успеале да ја добијат потребната финансиска документација во продолжениот рок и дека клубот од Кнежевството нема да учествува во Француската лига следната сезона. Тимот од Кнежевството се актуелни шампиони на Француската лига, а прво беа одбиени од федерацијата на гореспоменатата земја на 3 јули ...
Коло Муани е на чекор до комплетирање на постојан трансфер во Јувентус, откако Пари Сен Жермен даде зелено светло за зделката. Францускиот напаѓач во недела ќе ги мине задолжителните медицински прегледи, по што треба официјално да стане нов член на „старата дама“. Според информациите на италијанските медиуми, трансферот е вреден 38 милиони евра, со дополнителни 12 милиони преку бонуси. За разлика од претходните преговори, овојпат станува збор ...
Феран Торес заминува од Барселона и би можел да направи голем трансфер во Пари Сен Жермен. Според информациите од Шпанија, 26-годишниот напаѓач веќе ја информирал управата на каталонскиот клуб дека сака да ја продолжи кариерата во Париз, а својата одлука наводно им ја соопштил и на соиграчите и на стручниот штаб. Шпанскиот репрезентативец зад себе има сезона од соништата. Торес постигна 21 гол во дресот на Барселона, а неговата вредност ...
Жоао Педро со Челси наскоро ќе стави потпис на нов договор со лондонскиот клуб до 2033 година. Одлуката на Челзи доаѓа откако интерес за Педро покажа Барселона. Каталонскиот гигант ја следеше ситуацијата околу напаѓачот, но самиот фудбалер јасно ставил до знаење дека неговата желба е да остане во Лондон и да продолжи да го носи дресот на Челзи. Педро е дел од долгорочниот проект и еден од играчите околу кои ќе се гради тимот во следните ...
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи предупреди против нова воена ескалација во конфликтот со САД, велејќи дека вооружените сили на Техеран ќе одговорат одлучно на каков било чин на агресија. Во порака на Телеграм по разговорот со саудискиот министер за надворешни работи Фејсал бин Фархан, Арагчи рече дека САД, Израел и сите заливски држави што се вклучени ќе сносат целосна одговорност за какви било нови напади. Откако почна ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го ставил на чекање планираниот нов бран воени напади врз Иран поради, како што опиша, напредокот кон дипломатски договор. Трамп на Трут Соушл наведе дека суспензијата е условена со брзо постигнување договор. Тој рече дека американската војска е подготвена да удри со сета своја сила, но дека Иран и другите земји во регионот побарале од Вашингтон да се воздржи од напад бидејќи биле договорени ...
Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, денеска, во рамки на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ 2026, ја пречека коњаницата пред столбот на Крушевската Република. По пристигнувањето на коњаницата и формирањето на свечената поворка, собраниската делегација, предводена од потпретседателот Милошоски, се упати кон Гумење, каде што положи свежо цвеќе и им оддаде почит на истакнатите борци и дејци од македонската историја. ...
Сите три Илиндена не се само датуми, туку се сведоштво дека Македонија постоела и постои, и дека живее во срцата на своите чеда, а нашата слобода е плод на духовната зрелост и жртвата на нашите предци. Но, слободата не е нешто што ни е дадено еднаш и засекогаш, туку е подвиг којшто треба да се чува. Како македонски народ, Илинден нѐ повикува на покајание и на враќање кон светите вредности – кон: верата, правдата, честа и достоинството, ...
Главниот настан на УФЦ настанот во Белград беше борбата помеѓу Србинот Урош Медиќ и Американецот Даниел Родригез. Домашниот миленик победи со нокаут после само 30 секунди од првата рунда и славјето во салата беше огромно, се палеа и факели. Родригез успеа да го погоди Медиќ во ногата, Србинот возврати на брутален начин. Успеа да упати директ во телото на Родригез и го собори на земја. Веднаш потоа, тој почна неселективно да го удира по сите ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски упати честитка до граѓаните, припадниците на Армијата и вработените во Министерството за одбрана по повод 2 Август – Илинден, истакнувајќи дека овој датум претставува најголемиот празник и еден од најзначајните симболи на македонската државност. Во честитката, Мисајловски нагласува дека Илинден ги претставува идеалите на слободата, самобитноста, патриотизмот и љубовта кон татковината, оценувајќи дека ...
Сончево и топло време ќе преовладува денеска во државава. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Скопје, слично време со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 38 степени. Топлото време ќе продолжи и до крајот на следната недела кога дневните температури се ...
„Драги сограѓани, За мене, 2 Август, Илинден, е најсветиот македонски ден, денот на којшто во 1903 година, македонската републиканска идеја се отелотвори во Крушевската Република и денот кога во 1944 година, на АСНОМ, по вековна борба, се реализира правото на македонскиот народ на национална држава, во којашто се гарантираат правата на малцинските заедници Илинден е персонификација на исконска желба, решеност, стаменост и храброст за ...
Македонија денеска ги одбележува двата Илиндена – 123 години од Илинденското востание и Крушевската Република и 82 години од Првото заседание на АСНОМ, два најзначајни настани за македонската државност. Централниот настан традиционално ќе се одржи во Крушево, каде ќе се обрати потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски. Одбележувањето ќе почне со положување цвеќе на гробот на првиот претседател на Крушевската Република, Никола Карев и ...
Земјотрес со интензитет од 4,7 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран во јужна Италија во близина на Неапол. Епицентарот на земјотресот бил во областа Кампи Флегреи западно од Неапол на длабочина од три километри. Земјотресот предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија и мала материјална штета на зградите во Неапол и околината. Локалните власти соопштија дека поради претпазливост го прекинале локалниот железнички и ...
Завршена е изградбата на новата водоводна и канализациона мрежа на улицата Фаик Коница (поранешна Дижонска 15) во Општина Чаир, проект реализиран со финансиска поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање во вредност од 6,9 милиони денари. На теренскиот увид по повод завршувањето на проектот присуствуваа министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа и претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамет ...
Големата награда на Германија би можела да се врати во календарот на формула 1. Разговори за враќање на Ф1 на патеката во Хокенхајм се веќе започнати. Последната трка се одржа во 2019 година. Новите инвеститори се подготвени за нови вложувања и патеката повторно да биде организатор на трка во формула 1. Последните години проширувањето на Ф1 надвор од Европа е поголемо. Голем интерес за организација на трки има во земјите од Африка, Азија, па ...
Утре, 2 август, Македонија ќе го одбележи Илинден – Денот на Републиката, еден од најзначајните државни празници, со кој се чествуваат два клучни историски настани: Илинденското востание од 1903 година и Првото заседание на Антифашистичкото собрание за народно ослободување на Македонија (АСНОМ) во 1944 година. Илинденското востание, кое започна на 2 август 1903 година, останува симбол на борбата за слобода и самостојност, а Крушевската ...
Новоизбраниот претседател на Колумбија, Абелардо де ла Есприела, политичар поддржан од САД, денеска вети дека ќе ја интензивира борбата против герилските групи и нарко-картелите. Десничарот Де ла Есприела ќе ја преземе претседателската должност на 7 август во градот Кали, по владеењето на Густаво Петро, првиот левичарски претседател на Колумбија – земја која е светски рекордер во производство на кокаин, пренесува „Фигаро“. Церемонијата на ...