Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Зголемена фреквенција на возила има на граничните премини кон Грција и Србија. Авто мото сојузот на Македонија соопшти дека на граничниот премин Табановце за влез и излез од земјава се чека повеќе од еден час, а на граничниот премин Богородица за излез од земјава се чека околу 30 минути. На граничниот премин Блаце за излез од земјава се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез ...
До Институтот за јавно здравје нема новопријавени лабораториски потврдени случаи на западно-нилска треска, соопшти Министерството за здравство. На Клиниката за инфективни болести се примени тројца пациенти кај кои постои сомнение за заболувањето и за кои се очекуваат резултатите од лабораториските испитувања. – Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје и здравствените установи, продолжува со засилен ...
Лидерите на 22 земји-членки на Европска Унија, на иницијатива на Италија и на Данска, бараат итен и единствен одговор на мигрантскиот бран во Сеута. Тие во писмото испратени до претседателите на Европскиот совет, Европската комисија и Советот на ЕУ бараат да се одржи итна видеоконференција на министрите за внатрешни работи, на која ќе се процени ситуацијата и ќе се дефинираат координирани мерки. Тоа подразбира брза мобилизација на достапните ...
Претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар денеска ќе биде пуштена на домашно лекување откако вчера беше хоспитализирана поради здобиени полесни повреди во сообраќајна несреќа. Несреќата се случила во тунелот Кастелец, а Пирц Мусар била однесена во болница во Изола. Според полициската управа во Копер, во несреќата што се случила во петокот околу 17 часот на крајбрежниот автопат, учествувале две службени полициски возила кои патувале во ...
Со туристи на подолг престој, попатни посетители и зголемена фреквенција на возила, Дојран го започна илинденскиот празничен викенд. Редици возила беа забележани на граничниот премин „Дојран” пред седум часот наутро, а во уште поголем број колони се чекаше на ГП „Богородица” во Гевгелија. Според податоците на Министерството за внатрешни работи, во изминатите 24 часа преку граничниот премин „Богородица“ излегле 11.905 лица, додека приближно ...
Полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија вчера го лишиле од слобода 32-годишниот А.Х. од Струмица, кој бил затекнат како управува патничко возило „голф“ што претходно било пријавено како одземено. Како што соопшти МВР, околу 20:30 часот на улицата „Маршал Тито“ во Струмица, полициските службеници го запреле возилото со струмички регистарски ознаки, кое било сопственост на Ц.Б. од Струмица. Претходно истиот ден, сопственикот во ...
Деветгодишно девојче од Куманово се здобило со тешки телесни повреди откако било удрено од патничко возило на регионалниот пат Куманово–Скопје. Како што информира Министерството за внатрешни работи, сообраќајната несреќа се случила вчера во 15:53 часот. Во девојчето удрил автомобил „Фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од 20-годишниот Б.А., исто така од Куманово. Повреденото дете било пренесено во Општата болница во ...
Илинден – факел и светилник на историски и национален незаборав Илинден е час -славен. Илинден е миг – револуционерен. Илинден се борбените месеци и крвавите години на македонскиот дух од 1903-та. Незаборавник. Илинден е крвава и славна победа на НОБ/НОВ. Илинден е државотворниот АСНОМ. Непокор. Илинден е историски чин. Илинден е незаборавник – Илинденска епопеја. Вечен илинденски оган кој тлее низ години, декади и векови. Илинден е ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска во Дебар присуствуваше на пуштањето во употреба на новиот станбен објект и доделувањето на клучеви за социјалните станови на семејства од ранливите категории. Мицкоски истакна дека за него претставува посебна чест што има можност симболично со доделувањето на клучевите на едно семејство да го означи почетокот на користењето на новиот станбен објект. -Им посакувам многу среќа, здравје и што ...
Екипите на јавните претпријатија на Град Скопје го расчистија првиот дел од Градскиот парк од последиците на силното невреме што пред неколку дена го зафати Скопје. Засадени се нови садници, санирана е оштетената урбана опрема, а просторот повторно е достапен за посетителите. Интензивно се работи и во вториот дел од Градскиот парк каде што се отстрануваат последиците од невремето, се санираат штетите, се отстрануваат старите и оштетени дрвја ...
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска во Дебар изјави дека е особено значаен моментот кога 47 семејства од најранливите категории добиваат можност да живеат во нови станови. -Навистина е убав момент кога можеме да видиме 47 среќни семејства кои од денеска ќе имаат станови што ќе можат да ги користат во еден исклучително добро изграден објект тука во Дебар, изјави Николоски. Тој посочи дека станува збор за лица ...
Украина собори само една од 27 руски балистички ракети за време на денешниот голем руски напад, бидејќи земјата нема пресретнувачки ракети, што се користат за американските противвоздушни системи „Патриот“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој наведе дека Русија истрелала вкупно 35 ракети, од кои 27 балистички и 185 беспилотни летала врз Киев и регионите на Дњепропетровск, Суми, Харков и Полтава. Според Зеленски, украинската ...
Министерството за здравство информира дека состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции, информираат од МЗ. На 31 јули се регистрирани вкупно 60 први прегледи. Иако е забележано дневно зголемување, вкупниот тренд останува значително понизок во споредба со пикот од 18 јули, кога беа евидентирани 649 прегледи. Од 14 до 31 јули се регистрирани вкупно 4.543 први прегледи. Досега се ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, по повод 2 Август – Денот на Републиката, упати честитка до граѓаните, истакнувајќи дека овој празник нè обединува околу вредностите врз кои се гради и зајакнува нашата држава и нè потсетува на заедничката одговорност да ја зајакнеме со дела, визија и посветеност. -2 Август нè потсетува на идеалите за слобода и самоопределување, поставени врз двата столба на нашата историја: Илинденското востание ...
Претседателот на владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска изјави дека процесот за нормализирање на водоснабдувањето во Гостивар е во завршна фаза и изрази очекување дека уште денес граѓаните ќе добијат вода што ќе биде безбедна не само за техничка употреба, туку и за пиење и подготовка на храна. Одговарајќи на новинарски прашања за обвинувањата од опозицијата во врска со состојбата со водоснабдувањето и спроведувањето на ...
Министерството за здравство внимателно го следи случајот со 19-годишната пациентка и е во постојана комуникација со надлежните здравствени установи. Со цел целосно, објективно и стручно утврдување на сите околности поврзани со лекувањето на пациентката, Министерството издаде налог до Државниот санитарен и здравствен инспекторат да изврши вонреден инспекциски надзор. По добивањето на инспекцискиот наод и целокупната медицинска документација, ...
Над 300 пожарникари интервенираат во големиот пожар што избувна вчера наутро во областа Виотија во централна Грција, што сè уште не е ставен под контрола, а во текот на ноќта од бројот 112 за итни случаи беа испратени пораки за превентивна евакуација на четири населени места, јави дописничката на МИА од Атина. Пожарот избувна вчера наутро и поради силниот ветер, што сè уште дува во областа, огнената стихија брзо се прошири и утрово се активни ...
Со кревањето на знамето на Крушевската Република на Гумење и свечена програма, вечер во Крушево почнува традиционалната манифестација „10 Дена Крушевска Република“, со која стартуваат чествувањата по повод Илинден – Денот на Републиката и 123-годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република. Програмата започнува претпладне со положување цвеќе на гробот на Дамјан Груев, по што делегација на манифестацијата и на Општина Крушево ќе ...
Сообраќајот на државните патишта во земјава утрово се одвива непречено и по суви коловози, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Табановце за влез во државата и на Богородица за излез се бележи поголема фреквенција на возила, при што времето на чекање изнесува од околу 30 минути до еден час. На останатите гранични премини од ...
Агенцијата за поморски трговски операции на Велика Британија (УКМТО) соопшти дека во Ормуска Теснина, во близина на брегот на Оман е погоден танкер од „непознат проектил“. Моторот на бродот е оштетен, но нема повредени луѓе и причинета еколошка штета. Инцидентот се случи околу 20 километри североисточно од оманскиот град Лима. Иран бара бродовите да ја користат рутата низ Ормуска Теснина долж неговиот брег, повторувајќи дека само рутата ...
Со ребалаансот на Буџетот за 2026 година се обезбедува дополнителна поддршка за граѓаните и се обезбедуваат повеќе средства за плати, здравство социјална заштита капитални инвестиции, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Третиот столб на Ребалансот е економскиот развој, кој мора да оди заедно со заштитата на животниот стандард и со подобри јавни услуги. Социјалните трансфери се зголемуваат за 2 милијарди и 234 милиони денари. Ова ...
БИК Август започнува мирно и стабилно – чувство кое ви е особено блиско и во кое се чувствувате сигурно. Добар ден за практично планирање на месецот – буџет, домашни работи или долгорочен проект. Во односите со најблиските чувствувате топлина и разбирање, а можен е и пријатен момент со партнерот. На работа вашата упорност ви носи резултати без непотребна напнатост. Вечерта е добра за мир и полнење на батериите пред активниот месец што ...
Претседателот на владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска (1 август) во 11:00 часот ќе престојува во Дебар, каде ќе присуствува на свеченото доделување на 47 станови за социјално загрозени категории граѓани. По доделувањето на становите, премиерот ќе даде изјава за медиумите. Право на користење на социјален стан имаат лица над 18 години кои до полнолетство биле згрижени во институции и други облици на згрижување деца без ...
Американските медиуми објавија дека американскиот претседател Доналд Трамп планира за време на викендот масовни напади врз Иран, вклучително и врз енергетската инфраструктура. – Јас многу силно ќе го нападнам и знаете, во одреден момент тие ќе кажат: Едноставно не можеме повеќе да издржиме, изјави Трамп на средбата со својот кабинет во претседателската резиденција Кемп Дејвид. Подоцна „Волстрит џурнал“ објави дека Трамп наредил нов напад со ...
Филипче да престане да глуми загриженост за јавното здравје бидејќи тој знаел, молчел и не постапувал додека бил министер, а институциите пријавувале бројни случаи на неисправна вода, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Каде беше Филипче кога до Министерството за здравство, со кое раководеше, пристигнувале извештаи за неисправна вода за пиење во повеќе општини? Во периодот кога Филипче беше министер, до институциите биле доставувани ...
Под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 32 степени, а во некои места ќе надмине 40 степени. Високите температури ќе се задржат и во текот на вечерните и ноќните часови. Под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот ...
Машката одбојкарска репрезентација на Македонија до 20 години ќе се сретне со силна конкуренција на Зонските квалификации за ЕП 2027 во Софија. Нашите млади одбојкари од 25 до 29 август, ги очекуваат предизвикувачки дуели против селекциите на> Бугарија, Белорусија, Србија, Русија и Турција. Турнирот ќе се игра по системот „секој со секого“, што гарантира пет квалитетни и исклучително тешки натпревари за македонските надежи. Мационалниот ...
Шпекулациите за иднината на четирикратниот светски шампион, Макс Верстапен, не стивнуваат, иако неговиот договор со Ред бул важи до 2028 година. Според бројни информации, во договорот постои клаузула што би можела да му овозможи предвремено заминување доколку не бидат исполнети одредени резултатски услови. Како најсериозни негови можни дестинации се споменуваат Мерцедес и Мекларен, иако Тото Волф и Зак Браун засега тврдат дека немаат планови ...
Поранешниот НБА-кошаркар Тај Лосон повторно се најде во центарот на скандал откако беше уапсен во американската сојузна држава Колорадо, под сомнение дека украл шише вотка од локална продавница, а потоа предизвикал инцидент и во полицискиот притвор. Според полицискиот извештај, инцидентот се случил во Касл Рок, каде што Лосон наводно ја напуштил продавницата без да плати шише вотка вредно 34 долари. Наводно, веднаш по излегувањето, го отворил ...
Еден од најголемите норвешки ракометни таленти, Цилјан Сагосен, и официјално го напушта Берген. По неколкунеделната трансфер сага, 18-годишниот репрезентативец кариерата ќе ја продолжи во данскиот Бјерингбро Силкеборг. Раководството на Берген потврди дека е постигнат договор со данскиот клуб околу обештетувањето за младиот бек, а според ТВ2, вредноста на трансферот може да достигне и до еден милион норвешки круни (oколу 100.000 евра). Сагосен ...