Британскиот премиер Кир Стармер „не планира“ да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, како што предложија францускиот претседател Емануел Макрон и италијанската премиерка Џорџа Мелони, изјави денеска портпаролот на Даунинг стрит. – Премиерот не планира да разговара со претседателот Путин. Неговата цел очигледно е да ја поддржи Украина во постигнувањето праведен и траен мир и да ја постави земјата во најсилната можна позиција за ...

Незадоволни граѓани од Куманово, кои во изминатите години работеле за американски компании во воените бази во Ирак и Авганистан, и денеска излегоа на протест пред зградата на Управата за јавни приходи. Тие повторно побараа надлежните институции да ги земат предвид доставените докази за нивниот престој и работа во странство, како што се пасоши со гранични печати и потврди од работодавци, со цел утврдување на реалната даночна состојба. ...

Заврши распитот на осумте приведени лица поврзани со вчерашната акција во Управата за јавни приходи, соопштија од Основниот кривичен суд. По нивното произнесување, како и по разгледување и ценење на доставените факти и докази, Судот го прифати предлогот на надлежното обвинителство и на сите осум лица им изрече мерка притвор во траење од 30 дена. Притворот е определен поради постоење на сите три законски основи – опасност од бегство, можност ...

Од Јавната установа Национален парк Шар Планина информираат дека директорот на установата, заедно со раководството на Одделението за заштита на природата и ренџерската служба, реализирал проширени теренски контроли во рамки на Националниот парк, конкретно во зоната на Попова Шапка, со цел надзор над почитувањето на законската регулатива и заштитата на природните вредности. При контролите било утврдено дека на државен имот се врши дејноста ...

Иранските претставници се исклучени од Минхенската безбедносна конференција по бруталното задушување на протестите во Иран, јави ДПА. – Пред неколку недели беше испратена покана до поединечни претставници на владата на Иран, изјави денеска портпарол за ДПА. „Во услови на актуелните настани, Минхенската безбедносна конференција нема да ги задржи овие покани“. Министерството за надворешни работи во Берлин претходно предупреди да не се канат ...

Министерството за внатрешни работи информира дека во рамките на проектот „Безбеден град“ од 20 до 31 јануари 2026 година ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор. Тестирањата ќе се реализираат секој ден, од 8 до 20 часот. За време на спроведувањето на овие активности возилата на локациите на кои се врши тестирањето нема да бидат пропуштани додека трае постапката. Во првата недела од ...

Мерка притвор во траење од 30 дена е определена за осум лица поврзани со вчерашната акција во Управата за јавни приходи – УЈП. – Заврши распитот на осум приведени лица поврзани со вчерашната акција во Управата за јавни приходи – УЈП, а по нивно произнесување, како и ценење на фактите и доказите, прифатен е предлогот и на сите осуммина им е определена мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од сите три точки, односно ...

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) информира дека денеска спровел вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци по добиена наредба од министерот за здравство, а во врска со третманот и лекувањето на доенче У.М на оделот за педијатрија во таа здравствена установа, кое почина 14 јануари. Од ДСЗИ наведуваат дека со оглед дека во тек е патоанатомска обдукција, точната причина за смрт ќе ...

Европската Унија стои зад оние што се залагаат за подобар живот, слобода и достоинство, но промена на режимот во Иран не е дел од нејзината политика, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика, Ануар ел Ануни. – Она што го гледаме на теренот е легитимно вистинско протестно движење на народот на Иран, со легитимни аспирации за подобар живот, слобода и достоинство. Ние стоиме зад нив затоа ...

На веб-страницата на Министерството за здравство (МЗ) од денеска е активиран електронски модул на кој лекарите што во моментот работат или специјализираат во странство може да изразат интерес за соработка со нашиот здравствен систем. – Во рамките на нашите заложби за дигитализација во здравството овој електронски модул претставува директен канал за стручна соработка со дијаспората, со цел полесно мапирање профили и експертизи кои може да ...

Џеф Ландри, специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Гренланд и гувернер на Луизијана, изјави дека шефот на државата планира во март да го посети арктичкиот остров и изрази увереност дека може да се постигне договор, објавија британските медиуми. „Навистина верувам дека треба и може да се постигне договор ако посетата стане факт“, рече Џеф Ландри во денешното интервју за каналот „Фокс њуз“ по состанокот на ...

Од Агенцијата за аудио и аудиовузуелни медиумски услуги (АВМУ) ги информираат инфлуенсерите, влогерите, креаторите на содржини, јутјуберите, односно физичките лица кои се даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање, дека со измени на законската медиумска легислатива во 2023 година подлежат на регулација и имаат обврска да се регистрираат во АВМУ. -Со измените на медиумската легислатива во јули 2023 година, првпат официјално беше ...

Учебната година во сите основни и средни училишта на територијата на целата држава почнува на 20 јануари, потврди денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, која беше во посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) – Штип. – Вчера веќе имавме изјава од Министерството за здравство и од Институтот за јавно здравје дека нема да има пречки за новата учебна година. Апелирам до родителите, до учениците, да бидат редовни во ...

Соопштение на СДСМ Владата на Мицкоски донела одлука со која се отвора вратата за нови 10000 странски работници во земјата во 2026 година. Одлуката од денеска стапува во сила и се однесува на значително зголемен број во споредба со лани, од дури 4 500 лица. Доаѓаат таканаречените економски работници, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Иако во Македонија сè уште има речиси 100.000 невработени и стапката на ...

Националниот парк „Шар Планина“ информира дека при теренски контроли на државен имот е утврдено нелегално вршење превоз на скијачи со ратраци, спротивно на важечката законска регулатива и правилата за заштита на природните вредности на паркот. Од управата на паркот посочуваат дека операторот кој ја вршел дејноста немал склучено договор или спогодба со институцијата, како што е предвидено со Одлуката за режим на движење со моторни возила на ...

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 13 јануари, во својот дом во Чучер Сандево, неовластено држел автомат STEN MKII кое на граѓаните им е целосно забрането, како и 71 куршум ...

Експлозија предизвика голем пожар во Утрехт. & BREAKING : A powerful explosion triggered a major fire streets of Utrecht, Netherlands forcing evacuations, Dutch authorities said a possible gas leak, though investigations are ongoing; there is no immediate link to terrorism, amid the Netherlands reporting over 1,500 explosive… pic.twitter.com/9mmwi1b1GJ — Dhruv Mishra (@DhruvMishra1607) January 15, 2026 Неколку лица беа повредени откако ...

Литванските власти денеска ја обвинија руската воена разузнавачка служба ГРУ за планирање обид за палење на фабрика што снабдува радиобранови скенери за украинската војска. Шестмина граѓани на Шпанија, Колумбија, Куба, Русија и Белорусија се уапсени и обвинети за нападите од 2024 година, а секој се соочува со казна затвор до 15 години доколку биде осуден, изјави за новинарите високиот обвинител, Артурас Урбелис. „Злосторствата биле ...

Премиерот Христијан Мицкоски информира дека во текот на вчерашниот ден во Собранието се одржал состанок на ниво на координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во врска со законот за прекршоци и оти некои работи, кои биле нејасни за ДУИ, биле разјаснети поради што очекува тој да биде донесен на следната собраниска седница и „Безбеден град“ да почне непречено да се применува од 1 февруари. Мицкоски не прецизира кога би имал средба ...

Специјализираните мобилни апликации за откажување од пушењето се ефикасна поддршка за пушачите што се обидуваат да се ослободат од зависноста од тутунот, покажува нов научен труд. Истражувањето, спроведено од кинески научници, укажува дека ваквите апликации се особено успешни кога се користат заедно со лекови за откажување од пушењето, но може да бидат корисни и сами по себе. Експериментот е спроведен на речиси 12.800 испитаници опфаќајќи ...

Американката глумица Џоди Фостер во ново интервју за НПР раскажа како била спасена од сексуална злоупотреба во Холивуд – тоа е затоа што стекнала моќ во филмската индустрија на прилично млада возраст. Дел од таа моќ, вели, произлегол од номинацијата за „Оскар“ на 12 години за улогата во филмот „Таксист“ на Мартин Скорсезе, кој ја поставил на побезбедна основа во споредба со други глумци тинејџери. – Навистина морав да го испитам тоа – како ...

Мечка по четврти пат ја ограби слаткарницата Глејдс Хоуммејд Кендис (Glades Homemade Candies) во туристичкиот град Гатлинберг, јавува локалната телевизија Вејт (WATE). Според снимката од надзорната камера, животното ја скршило стаклената врата, ги превртело полиците и извадило надвор садови со благи работи. Сопствениците велат дека веќе 35 години произведуваат благи производи, но ваквите упади се сериозен проблем. Тие додаваат дека преземале ...

За второто место утрово е „мртва трка“ помеѓу Куманово, каде индексот на загаденост изнесува 255, и Скопје со индекс на загаденост 247. После нив следуваат Кавадарци и Крушево, каде индексот на загаденост изнесува 164, односно 176. Скопје утрово се најде на четвртото место на најзагадени градови во Европа со повеќе од 300.000 жители, веднаш зад Белград и Крајова, а најзагаден град во Европа денеска е повторно Сараево. Во Скопје, најголемо ...

Раководството на Алијансата за Албанците, предводена од Арбен Таравари, едногласно одлучи да поднесе колективна оставка, соопшти ТВ21. Одлуката беше донесена на последната седница на партијата и според соопштението, има за цел организациско освежување и вклучување на нови кадри. „Одлуката е донесена за спроведување длабоки и сеопфатни реформи кои ќе го зајакнат политичкиот профил и внатрешното функционирање на Алијансата за Албанците“, ...

Нови истражувања откриваат загрижувачки тренд во љубовните врски, познат како „менкипинг“, поради кој многу жени се откажуваат од излегувања и потрага по партнер. Терминот го создадоа истражувачите од Универзитетот Стенфорд, психологот Анџелика Ферара и социологот Дилан П. Вергара, и се однесува на „невозвратен труд што жените го вложуваат за да ги задоволат емоционалните и социјалните потреби на своите партнери“. Тоа значи дека жените се ...

Јас жалам што опозицијата после жестоките и рафални критики кон нашиот стратешки партнер Обединетото Кралство, сега истото тоа го прави кон САД, изјави премиерот Христијан Мицкоски, прашан за одлуката на Вашингтон да го запреди издавањето иселенички визи за 75 земји, меѓу кои и нашата. Претседателот на македонската Влада потсети дека Министерството за надворешни работи и трговија даде свој коментар и дека одлуката на САД е поврзана со ...

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници и пораки на социјалните мрежи. Пораките обично изгледаат како да доаѓаат од доверливи извори, како банки, државни институции, реномирани компании, но имаат за цел да ги измамат корисниците и да ги обезбедат нивните лични или финансиски податоци. ...

За време на викендот на пониските места се очекуваат слаби локални врнежи од дожд, додека на повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Во понеделник и вторник ќе има преодно стабилизирање на времето, со повеќе суви периоди. Од среда, пак, повторно се најавуваат врнежи, претежно од снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во текот на утрешниот ден минималните температури ќе се движат во интервал од -2 до 2 степени Целзиусови, ...

Имаше случаи кога се бараше мерка притвор од политички причини. Самиот Бубевски ми има кажано дека ова е политика, дека овој предмет мора да успее заради политиката. Јавното обвинителство не е алатка на политиката. Јавното обвинителство не е гранапче или не е огранок на некоја политичка партија. И за жал, тој истиот јавен обвинител, Гаврил Бубевски, кој е шеф на Основното јавно обвинителство-Скопје, на кого на 20-ти јануари ќе му истече ...

Јас жалам што опозицијата после жестоките и рафални критики кон нашиот стратешки партнер Обединетото Кралство, сега истото тоа го прави кон САД, изјави премиерот Христијан Мицкоски, прашан за одлуката на Вашингтон да го запреди издавањето иселенички визи за 75 земји, меѓу кои и нашата. Претседателот на македонската Влада потсети дека Министерството за надворешни работи и трговија даде свој коментар и дека одлуката на САД е поврзана со ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
87%
999
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
8.75
66%
998
weather icon

Загреб

5ᴼ / 4ᴼ
3.6
92%
996
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
5.14
87%
1001
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
0.76
100%
1003
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
98%
995
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
6.26
83%
1002
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
6.17
58%
998
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
76%
999
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
6.69
88%
1002
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 5ᴼ
5.66
92%
999
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
5.66
62%
1007
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Калај

48.78

Родиум

339994.14

Паладиум

55781.55

Сребро

2733.78

Злато

157561.16

Алуминиум

3.09

Платина

83354.78

Иридиум

221848.72

Кобалт

64.04

Бакар

12.12

Цинк

3.29

Рутениум

45750.51